скопје-сплит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 14:13:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопје-сплит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 12-ти мај сезонски авионски лет Скопје-Сплит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-12-ti-maj-sezonski-avionski-let-skopje-split/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-12-ti-maj-sezonski-avionski-let-skopje-split/#respond Fri, 28 Apr 2023 14:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=828735

Од 12 мај до средината на октомври ќе бидат воведени сезонски авионски летови од Скопје до Сплит, со кои хрватскиот национален авиопревозник „Кроација Ерлајнс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на туристичката сезона. Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Полетувањето од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде секоја среда и сабота во 05:45 часот наутро, а пристигнувањето на аеродромот во Сплит во 07:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите ќе бидат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта. Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Кроација Ерлајнс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација. Во првиот квартал од годинава на двата аеродрома во земјава превезени се речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41 проценти во однос на истиот период лани. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-12-ti-maj-sezonski-avionski-let-skopje-split/feed/ 0
ТАВ НАЈАВУВА: CROATIA AIRLINES ќе воведе сезонска авиолинија Скопје-Сплит, дознајте ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/#respond Fri, 10 Mar 2023 09:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=810328

Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути. За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје – Сплит, Croatia Airlines ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15-ти и 21-ви март, и за билетите во една насока и за повратните билети. Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на Croatia Airlines, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на Croatia Airlines на Меѓународниот Аеродром Скопје. Попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост. Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-najavuva-croatia-airlines-ke-vovede-sezonska-aviolinija-skopje-split-doznajte-gi-detalite/feed/ 0