скопска чаршија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 07:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопска чаршија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штајнмајер на прошетка низ Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmajer-na-proshetka-niz-skopskata-charshija-i-na-sredba-so-ekipata-na-medena-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmajer-na-proshetka-niz-skopskata-charshija-i-na-sredba-so-ekipata-na-medena-zemja/#respond Wed, 30 Nov 2022 07:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=768661

Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмајер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“. Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци. Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области. За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор, рече Штајнмајер и изрази уверување дека земјата може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но дека мора да продолжи со рефорската агенда. Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Северна Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtajnmajer-na-proshetka-niz-skopskata-charshija-i-na-sredba-so-ekipata-na-medena-zemja/feed/ 0
Градоначалникот на Чаир тврди дека со градежните работи не се сменила автентичноста на чаршијата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-chair-tvrdi-deka-so-gradeznite-raboti-ne-se-smenila-avtentichnosta-na-charshijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-chair-tvrdi-deka-so-gradeznite-raboti-ne-se-smenila-avtentichnosta-na-charshijata/#respond Tue, 14 Apr 2020 12:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=332037

Градежните активности во Старата Скопска Чаршија не се во насока да се измени автентичноста на чаршијата, туку да се замени оштетениот камен травертин со ист таков камен, да се задржи автентичноста и да се создадат подобри услови и за занаетчиите и за туристите, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу по низата реакции во јавноста. Тој денеска во изјава за медиумите нагласи дека за реализација на проектот ги имаат добиено сите потребни дозволи од надлежните институции меѓу кои и од Управата за заштита на културното наследство која врши надзор врз целиот процес. Проектот е финансиран од Светска банка со грант во износ од околу 600 илјади евра. – За содржината на проектот, кој го започнавме во декември 2019 година, како и за динамиката и неговите фази, во континуитет ја имаме известено јавноста. Овој проект за санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата Скопска Чаршија предвидува поставување на камен со ист материјал како и претходниот травертин на површина од 1.800 метри квадратни, дозволен според извештајот на лабораториската анализа за исполнување на условите, истакна Ганиу. Потребата од имплементација на проектот, како што рече, произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата во изминатиот период. – Камењата травертин што сега се вадат, не се продаваат како што некој сака тоа да го прикаже. Тие се собираат и складираат и во следниот период ќе ги класифицираме и ќе ги употребиме на улицата „Самарџиска“ во Чаршија, рече Ганиу. Проектот опфаќа и реставрација на 75 дуќани и унифицирање на излозите, поставување на натписи и тенди на објектите, целосна сигнализација на чаршијата…. – Целта не е да се направи измена на автентичноста на инфраструктурата на Старата Скопска Чаршија како што се стреми тоа да се прикаже во некои портали кои тенденциозно објавуваат информации без да ја набљудуваат содржината на проектот, рече Ганиу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-chair-tvrdi-deka-so-gradeznite-raboti-ne-se-smenila-avtentichnosta-na-charshijata/feed/ 0