скопска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 09:35:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дневниот билет почна да се продава во автобусите на ЈСП https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/#respond Mon, 18 Jul 2022 09:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=706871

ЈСП Скопје информира дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот. Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје. Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална. Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта. Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Во случај на појавен проблем од било каква природа, корисниците можат да се обратат на [email protected]. И натаму, корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“. Персонализираните картички се продаваат во центрите за персонализација на ЈСП Скопје и чинат 200 ден, а неперсонализираните во центрите за персонализација, во билетарнците на ЈСП, како и во возилата на ЈСП Скопје. Неперсонализираната „Скопска“ чини 150 ден и на неа има две гратис возења. Можност за купување/валидирање билет се нуди и со опцијата Mobipay (мобилно плаќање).  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/feed/ 0
Пензионерите мора да имаат „Скопска“ за да се возат бесплатно во автобусите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/penzionerite-mora-da-imaat-skopska-za-da-se-vozat-besplatno-vo-avtobusite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/penzionerite-mora-da-imaat-skopska-za-da-se-vozat-besplatno-vo-avtobusite/#respond Thu, 24 Mar 2022 13:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=652636

ЈСП Скопје потсетува дека пензионерите кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година. Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација. Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот). Сите центри за персонализација работат од понеделник до петок од 6 до 19.30 часот, а во сабота од 7 до 19.30 часот. -За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место. Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“. Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден, појаснуваат од ЈСП. Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/penzionerite-mora-da-imaat-skopska-za-da-se-vozat-besplatno-vo-avtobusite/feed/ 0
ФОТО: „Скопска“ повторно во продажба, овој пат со нов дизајн https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopska-povtorno-vo-prodazba-ovoj-pat-so-nov-dizajn/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopska-povtorno-vo-prodazba-ovoj-pat-so-nov-dizajn/#respond Thu, 10 Jan 2019 12:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=150537

ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички. -Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата, соопштуваат од претпријатието. ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги. -Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето. Раководството на претпријатието е уверено дека сите овие новини ќе придонесат за значително зголемување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед, се вели во соопштението на ЈСП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopska-povtorno-vo-prodazba-ovoj-pat-so-nov-dizajn/feed/ 0
Поскапуваат билетите за градскиот превоз?! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poskapuvaat-biletite-za-gradskiot-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poskapuvaat-biletite-za-gradskiot-prevoz/#respond Mon, 12 Nov 2018 10:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=126804

Според неофицијални податоци поскапуваат автобуските билети во градскиот превоз. По дознавањето на оваа информација компаниите веќе веднаш започнаа да се правдаат дека поскапувањето се должи на растот на цената на нафтените деривати. Реакцијата на дел од граѓаните е дека со зголемувањето на цените на билетите, веќе не се исплаќа да се возат со автобус, туку ќе се возат со автомобил. Додека пак еколошките организации, велат дека со зголемувањето на загадувањето на воздухот, граѓаните треба да се стимулираат да користат јавен превоз, а не да се одвраќаат со зголемување на цените. „Во текот на зимата кога загадувањето се зголемува Владата треба да се погрижи трошоците за јавен превоз да не се зголемуваат, бидејќи со тоа не ги охрабрува граѓаните да користат јавен превоз. Најголемиот дел од автомобилите во Македонија се стари и не ги исполнуваат еколошките стандарди, па затоа Владата треба да биде многу внимателна со зголемувањето на цените на билетите во јавниот превоз. Владата треба да размисли за субвенционирање на јавниот превоз за да ги задржи трошоците на исто ниво“, велат од Еко Герила – Еколошка организација. Веќе година ипол владата нема конкретни мерки против растот на цените на автобуските билети. Ако се покачат цените на билетите, негативно ќе влијае на граѓаните бидејќи едно лице од помалите градови акоработи во Скопје, ќе мора да даде речиси половина од својата плата само за патни трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poskapuvaat-biletite-za-gradskiot-prevoz/feed/ 0
ЈСП со новитет: Каде можете да ја надополните вашата „Скопска“? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-so-novitet-kade-mozete-da-ja-nadopolnite-vashata-skopska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-so-novitet-kade-mozete-da-ja-nadopolnite-vashata-skopska/#respond Fri, 01 Jun 2018 11:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=60971

ЈСП Скопје оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на ЈСП Скопје, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети, трафики и слично) на најфрекфентните места низ градот/општините. Планирано е до среда(6.06.2018) во функција да бидат ставени уште 15 апарати, информираат од ЈСП. -Сакаме да потенцираме, дека ЈСП Скопје уште истиот ден (28.05.2018) кога истече договорот со фирмата-мастер дилер за продажба на нашите услуги почна да ги оспособува апаратите во секундарната продажна мрежа. Во меѓувреме, ЈСП Скопје објави јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири. На колку дополнително места ќе може да се купува/надополнува „Скопска“ независно од досегашната развиена мрежа, ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка. Со оглед на досегашниот пројавен интерес, очекуваме во скоро време секундарната мрежа за продажба на нашите услуги да се прошири за значителен број локации.  Во случајов, за секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување „Скопска“, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб страната на ЈСП Скопје и слично, велат од ЈСП.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-so-novitet-kade-mozete-da-ja-nadopolnite-vashata-skopska/feed/ 0
„Скопска“ на ЈСП на патниците им „краде“ околу 90.000 денари дневно или 2.700.000 денари месечно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-na-jsp-na-patnicite-im-krade-okolu-90-000-denari-dnevno-ili-2-700-000-denari-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-na-jsp-na-patnicite-im-krade-okolu-90-000-denari-dnevno-ili-2-700-000-denari-mesechno/#respond Fri, 02 Feb 2018 15:44:46 +0000 http://kurir.mk/?p=17578

Патниците се жалат на системот за наплата на градскиот превоз. Од ЈСП признаваат дека се појавуваат проблеми и недоразбирања кој во континуитет ги решаваат со корисниците, пишува “Вечер”. Инаку, ЈСП секој ден на градските и приградските линии пушта во сообраќај по 300 автобуси кои превезуваат по 150.000 патници. Ако на тоа се додадат и автобусите на приватните превозници, тогаш бројката на превезени патници достигнува до 180.000 дневно. Доколку на секој десетти патник му се случи системот да му лапне по 5 денари, тоа значи дека во касата на ЈСП, поради системска грешка влегуваат по 90.000 денари дневно или 2.700.000 денари месечно. Патници кои ги користат услугите на јавниот градски превоз се жалат дека системот за наплата на автобуските картички им краде пари. Тие посочуваат дека многу често се случува да им биде украдено едно возење, или пак, еднаш терминалот во автобус да покаже дека на картичката имаат 5 денари кредит, а потоа при проверка на апаратот во билетара да добијат писмено известување дека воопшто немаат пари. – Има сериозен проблем во системот на наплата на билетите бидејќи неколку пати ми се случило да при надополнување на картичката “скопска” да ми дадат во билетарницата на ЈСП, известување дека немам пари, иако во автобускиот терминал ми покажа дека имам уште 5 денари и дека треба да си ја надополнам картичката. Како може тоа да се случува ако и двата апарати се поврзани во истиот систем, а покажуваат различно – изјави патничка за “Вечер”. Јавното сообраќајно претпријатие секој ден на градските и приградските линии пушта во сообраќај по 300 автобуси кои превезуваат по 150.000 патници. Ако на тоа се додадат и автобусите на приватните превозници, тогаш бројката на превезени патници достигнува до 180.000 дневно. Доколку на секој десетти патник му се случи системот да му лапне по 5 денари, тоа значи дека во касата на ЈСП, поради системска грешка влегуваат по 90.000 денари дневно или 2.700.000 денари месечно. Дека има, благо речено фалинки во системот, покажува и друг пример на патничка. Таа вели дека на 22 јануари ја надополнила картичката со 250 денари за десет возења кои треба да се искористат за две недели, во овој случај до 4 февруари. Таа вели дека иако имала уште едно возење од платените 10, денеска се изненадила кога во автобус апаратот и покажал дека нема повеќе слободни возења. Во билетарницата на ЈСП и кажале дека на 31 јануари и поминал рокот за искористување на платените 10 билети, што е четири дена пред дозволените 15 дена. – Едно возење ми е избришано иако имав да се возам уште еднаш – вели таа. Од ЈСП признаваат дека во текот на овој период колку што функционира системот, се појавуваат проблеми и недоразбирања кој во континуитет ги решаваат со корисниците. – Не ја отфрламе можноста да настанат некои грешки во самиот систем, или пак, од страна на човечки фактор. По утврдување на состојбата, доколку грешката е од страна на ЈСП “Скопје”, веднаш се обесштетуваат корисниците. Во конкретиот случај, доколку би го имале бројот на картичките, истите би биле проверени од страна на нашите служби, како би се решиле сите недоразбирања – стои во одговорот од ЈСП. Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, пред три месеци, на стартот на обавување на функцијата, рече дека има сериозна потреба од промена во системот на вадење на автобуските билети за ЈСП, во смисла на цената и поинаков тип на услуги. Шилегов тогаш не одговори конкретно дали ќе има некакви промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopska-na-jsp-na-patnicite-im-krade-okolu-90-000-denari-dnevno-ili-2-700-000-denari-mesechno/feed/ 0