Скопски џез-фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 05:56:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Скопски џез-фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концертот на Exploding Star Orchestra го отвора 41. Скопски џез фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-na-exploding-star-orchestra-go-otvora-41-skopski-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-na-exploding-star-orchestra-go-otvora-41-skopski-dzez-festival/#respond Thu, 13 Oct 2022 05:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=744497

Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал. Организаторите порачуваат дека императив и годинава во внимателно составената програма е сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Публиката ќе може да проследи 10 реномирани состави од САД, Бразил, Европа и Северна Македонија кои ќе музицираат во салонот на Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар. Инаку настапот во Скопје на Exploding Star Orchestra, на Мазурек, е единствениот настап на оркестарот во Европа (покрај оној во Лисабон летово), а ќе добие уште повеќе на ексклузивност и тежина со придружбата на 20-члениот камерен оркестар на Fames – European Orchestral Performing Institute. Тие заедно ќе изведат, покрај материјал од албумот „Dimensional Stardust“ од 2020 година, и дело специјално напишано за оваа прилика. Истата вечер во МКЦ ќе музицираат Zulu 3.4, современо инструментално трио од Скопје коешто го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Мартин Џорлев (клавијатури) и Марио Симоновски (гитара). Формирани се во 2018 година, водени од идејата преку фузија на различни стилови и со употреба на современи технички помагала да создадат уникатен звук и да внесат свежина на домашната музичка сцена и пошироко. Втората фестивалска вечер ќе ја одбележи, пред сè, специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк, посветен на делото на афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн. Хамид Дрејк ќе го придружува интернационална екипа врвни музичари: Џејми Сафт, Сузана Сантош Силва, Јан Банг, Јошуа Абрамс… Петочната програма продолжува во МКЦ кадешто најпрвин ќе настапи новото, извонредно моќно, noise/funkrock/sound-art трио ABACAXI. Оформена околу неверојатниот француски гитарист Џулиан Депре, Abacaxi е несомнено еден од највозбудливите анти-жанровски и мултисетилни актуелни бендови наоколу. Полноќниот концерт на домашниот џез состав Taxi Consilium ќе ја заокружи првата половина од годинешната фестивалска понуда. Се работи за исклучително интересна екипа составена од неуморни музички активисти (членови на: Cobalt Code Unit, Yordan Kostov Quintet/Ensemble, Filip Bukrshliev Trio, Fighting Windmills, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Shock Troopers и Пијан Славеј) што гравитираат околу талентираниот, интелигентен и инспиративен гитарист Филип Букршлиев – ланскиот добитник на наградата „Најдобар млад македонски џез музичар“. Создаваат џез каков што го посакуваат сите вистински трагачи по музички возбуди и авантури: непослушен, непримерен, недефиниран и небезбеден. Саботната вечер ќе стартува со новото бразилско чудо, виртуозниот пијанист Амаро Фреитас. Искачувајќи го трнливиот пат од фавелите во североисточниот дел на Бразил до врвот, тој успеа со молскавична брзина да стекне статус на светска џез-икона. Придружен од неговото трио, тој во Скопје ќе го претстави своето најубаво и најискрено дело досега – албумот „Sankofa“, своевидна духовна потрага по заборавените приказни, античките филозофии и инспиративните фигури на т.н. црн Бразил. Супергрупата Subtropic Arkestra, пак, на трубачот Горан Кајфеш e веројатно најдобриот од многуте бендови со афробит, етио-џез и биг-бенд фанк корени и влијанија, во чиј состав се некои од најдобрите шведски џез музичари. Иако постојано си поигруваат со жанровите, несомнено е дека џезот, во сите негови чудесни облици, е главната состојка на нивната музика. Полноќната саботна програма ќе мине во знакот на уште еден ексклузивитет – светската премиера на новиот проект на Дејмон Локс и Роб Мазурек – New Future City Radio. Двајцата подеднакво одговараат за електронските делници, но секој посебно го презема водството кога е потребно, со своите специјалитети – Роб со трубата, а Дејмон со гласот. Нивната музика во еден миг може да зазвучи отворено бомбастична, а во следниот нежно емотивна, а најчесто е некаде во средината. Во Скопје, како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground…). Последната вечер на 41. Скопски џез фестивал ќе ја отвори гордоста на бруклинската авангардна сцена, џез-триото Thumbscrew. Нашата публика ќе ја има привилегијата да биде дел од одбележувањето на десетгодишнината од работата на оваа генијална музичка појава, составена од реномираните њујоршки ѕвезди: Mary Halvorson (гитара), Michael Formanek (бас) и Tomas Fujiwara (тапани). Средбата со нивниот извонредно отворен, жив, духовит и не помалку амбициозен музички израз ќе ни овозможи да го откриеме нивниот уникатен музички универзум, како и да го вкусиме новото возбудливо дело „Multicolored Midnight“ (Cuneiform Records), седмиот албум на групата. Годинешното фестивалско издание ќе го заклучи еден од најзначајните и најбараните (контра)басисти на светската џез и импро сцена денес, Ингебригт Хакер Флатен со својот нов проект (Exit) Knarr. „Knarr“ е тип на брод изграден во Скандинавија околу 1000-та година, што се користел за пловидба по светот, исто како што Ингебригт патува низ светот воден од неговите музички авантури. (Exit) Knarr е посвета на различните места што ги посетил, а секоја песна го доловува духот на градовите Остин, Чикаго, Трондхајм, Амстердам… Програмата на 41. Скопски џез фестивал ќе биде збогатена со премиерното прикажување на музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“, филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, коешто освои Оскар и Греми оваа година. Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2022 година. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-na-exploding-star-orchestra-go-otvora-41-skopski-dzez-festival/feed/ 0
41. Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/41-skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/41-skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/#respond Fri, 07 Oct 2022 06:37:04 +0000 https://kurir.mk/?p=742181

Годинашниот 41. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 13 до 16 октомври. Организаторите велат дека внимателно составената програма и годинава го имаше императивот за сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Десет реномирани состави од САД, Бразил, Европа и Македонија ќе музицираат во салонот на Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар. Програмата, распоредена во четири вечери е разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес. Фестивалот годинава ќе биде отворен со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од лидерот на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек. Ова е единствениот настап на оркестарот во Европа (покрај оној во Лисабон летово) со актуелната инкарнација на Exploding Star Orchestra, заслужна за ремек-делото „Dimensional Stardust“ од 2020 година. Ексклузивноста во Скопје ќе добие уште повеќе на тежина со придружбата на 20-члениот камерен оркестар на Fames – European Orchestral Performing Institute, изведувајќи заедно, покрај материјал од спомнатиот албум, и дело специјално напишано за оваа прилика. Истата вечер во МКЦ ќе музицираат Zulu 3.4, современо инструментално трио од Скопје коешто го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Мартин Џорлев (клавијатури) и Марио Симоновски (гитара). Формирани се во 2018 година, водени од идејата преку фузија на различни стилови и со употреба на современи технички помагала да создадат уникатен звук и да внесат свежина на домашната музичка сцена и пошироко. Нивната музика, распоредена на три албумски остварувања, содржи широк спектар на влијанија и инспирации: од најсуптилните мелодични изданоци на чикашкиот пост-рок па сè до некои модерни (не само) џез фузии, проникнувања и вкрстувања. Втората фестивалска вечер ќе ја одбележи, пред сè, специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк, посветен на делото на афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн. Петочната програма продолжува во МКЦ каде што најпрвин ќе настапи новото noise/funkrock/sound-art трио ABACAXI. Полноќниот концерт на домашниот џез состав Taxi Consilium ќе ја заокружи првата половина од годинешната фестивалска понуда. Се работи за исклучително интересна екипа составена од неуморни музички активисти (членови на: Cobalt Code Unit, Yordan Kostov Quintet/Ensemble, Filip Bukrshliev Trio, Fighting Windmills, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Shock Troopers и Пијан Славеј) што гравитираат околу бујно талентираниот, интелигентен и инспиративен гитарист Филип Букршлиев – ланскиот добитник на наградата „Најдобар млад македонски џез музичар“. Саботната вечер на претстојното издание на фестивалот ќе стартува со новото бразилско чудо, виртуозниот пијанист Амаро Фреитас. Придружен од неговото трио, тој во Скопје ќе го претстави своето најубаво и најискрено дело досега – албумот „Sankofa“, своевидна духовна потрага по заборавените приказни, античките филозофии и инспиративните фигури на т.н. црн Бразил. Супергрупата Subtropic Arkestra, пак, на трубачот Горан Кајфеш e веројатно најдобриот од многуте бендови со афробит, етио-џез и биг-бенд фанк корени и влијанија, во чиј состав се некои од најдобрите шведски џез музичари. Полноќната саботна програма ќе мине во знакот на уште еден ексклузивитет – светската премиера на новиот проект на Дејмон Локс и Роб Мазурек – New Future City Radio. Во Скопје, како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground…). Последната вечер на 41. Скопски џез фестивал ќе ја отвори гордоста на бруклинската авангардна сцена, џез-триото Thumbscrew. Нашата публика ќе ја има привилегијата да биде дел од одбележувањето на десетгодишнината од работата на оваа генијална музичка појава, составена од реномираните њујоршки ѕвезди: Mary Halvorson (гитара), Michael Formanek (бас) и Tomas Fujiwara (тапани). Средбата со нивниот отворен, жив, духовит и амбициозен музички израз ќе ни овозможи да го откриеме нивниот уникатен музички универзум, како и да го вкусиме новото возбудливо дело „Multicolored Midnight“ (Cuneiform Records), седмиот албум на групата, наведуваат организаторите на Скопски џез фестивал. Годинешното фестивалско издание ќе го заклучи еден од најзначајните и најбараните (контра) басисти на светската џез и импро сцена денес Ингебригт Хакер Флатен со својот нов проект (Exit) Knarr. „Knarr“ е тип на брод изграден во Скандинавија околу 1000-та година, што се користел за пловидба по светот, исто како што Ингебригт патува низ светот воден од неговите музички авантури. (Exit) Knarr е посвета на различните места што ги посетил, а секоја песна го доловува духот на градовите Остин, Чикаго, Трондхајм, Амстердам… Музиката е резултат на неговите богати искуства во различни жанрови и традиции изградени во текот на долгата кариера, длабоко вкоренети во џезот и авангардата, но и во музиката на светот и психоделичниот рок. Програмата на 41. Скопски џез фестивал ќе биде збогатена со премиерното прикажување на музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“, филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кое освои Оскар и Греми оваа година. Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2022 година. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/41-skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/feed/ 0
Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/#respond Tue, 13 Sep 2022 06:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=731965

Четириесет и првото издание на Скопскиот џез фестивал, годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, а ќе понуди 10 концертни настапи и еден документарен филм. Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес. На отворањето на 13 октомври во НОБ, (20:00) ќе настапат Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra, а истата вечер во МКЦ, од 23:00 сцената е резервирана за Zulu 3.4. На 14 октомври во НОБ, 20:00 часот се Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane, додека во МКЦ, во терминот од 23:00 часот е настапот на Abacaxi и на Taxi Consilium Третата вечер е настапот на Amaro Freitas Trio и Goran Kajfeš Subtropic Arkestra. Во МКЦ, пак, од 24:00 е бастапот на New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara) Последната вечер на 16 октомври на програмата е Thumbscrew и Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr Во програмата плус на 12 октомври во МКЦ Кино Фросина, ќе биде прикажан документарниот филм Summer Of Soul. Билетите за фестивалот се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri/feed/ 0
Јубилејно 20. издание на ОФФест од 9 до 13 ноември https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/#respond Wed, 03 Nov 2021 09:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=590119

Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи дваесеттото издание на ОФФест. Како што најавија од Скопскиот џез фестивал, планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. -Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”, посветен на култната кралица на фадото, соопштија од Скопскиот џез фестивал. Посочуваат дека мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на триото „Широм“ од Словенија, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал ветуваат исклучително концертно доживување од највисок ранг. Исто така, величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Блик Баси – Камерун/Франција, одлично се вклопува во неодоливиот шарм, визија и поезија на „Пијан славеј“ од Македонија, новиот проект на Бранислав Николов, фронтменот на Фолтин. – Словенечкото инструментално трио ŠIROM се враќа со својот „имагинарен фолк“, со калеидоскопскиот трет албум, „A Universe that Roasts Blossoms for a Horse“ и со нова серија концерти низ светот. Испреплетувањето на различни музички пристапи и инструменти, истории на звуци и нескротлива музичка фантазија и вештина е широкиот водечки принцип на триото Širom, чии членови потекнуваат од различни региони на Словенија. Повеќе од дузина инструменти, рачно изработени но и светски познати, може да се најдат на репертоарот на Изток Корен, Само Кутин и Ана Кравања и најмалку уште толку музички форми што можат да се доживеат како инспирација зад ликот на овој нов ансамбл, соопштија од Скопскиот џез фестивал. Кико Динучи е бразилски гитарист и композитор од Сао Паоло. Тој е еден од основачите на групите Metá Metá и Passo Torto. Има соработувано со Елза Соарес, Том Зе, Криоло и други. Динучи во себе ги носи влијанијата на легендите на бразилската песна и акустичната гитара како Доривал Каими, Баден Пауел, Жоао Боско или Жилберто Жил. „Извонреден од почеток до крај“ (Џајлс Питерсон), албумот „Rastilho“ го зацврстува Кико Динучи како еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика. На 20. ОФФест ќе настапи заедно со специјалната гостинка Јусара Марсал. Пијан славеј или Бранислав Николов е реномиран музички уметник, изведувач, автор, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Како еден од основачите и клучни членови во бендот, зад себе има девет студиски изданија, како и музика за преку триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Avec L’Amour (со љубов)“, „Cash & Marry“ и други. Пијан славеј е неговиот прв музички и поетски соло излет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/feed/ 0
Почна јубилејното 40. издание на Скопскиот џез фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-jubilejnoto-40-izdanie-na-skopskiot-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-jubilejnoto-40-izdanie-na-skopskiot-dzez-festival/#respond Wed, 20 Oct 2021 19:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=582787

Во Националната опера и балет вечерва започна јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведкса. Веднаш по Густафсон ќе настапи новата колема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД. Овогодишниот Скопје џез фестивал изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов. Скопје џез фестивалот ќе трае од 20 до 24 октомври во салите на Националната опера и балет и Кино Фросина во Младинскиот културен центар, каде над единаесет познати изведувачи од Македонија, Европа, Куба и САД ќе одржат концерти во живо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-jubilejnoto-40-izdanie-na-skopskiot-dzez-festival/feed/ 0
Почнува 39. Скопски џез фестивал https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/#respond Wed, 14 Oct 2020 05:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=416037

Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов вечер ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржува до 17 октомври годинава. Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот. Од земјава ќе учествуваат специјалниот фестивалски проект на Тони Китановски и неговиот „мал биг-бенд“, триото на Сашо Поповски со концертна промоција на новиот албум, како и сосема новата формација на Светлост + Одрон Ритуал Оркестра. Од Шпанија доаѓаат водечкиот фламенко гитарист Чикуело и не помалку реномираниот пијанист Марко Мезкида, од Австрија култните Радиан, од Хрватска пијанистот Матија Дедиќ, кој ќе одржи соло рецитал со музиката на неговиот славен татко, а фестивалот ќе го затворат легендарните француски браќа Стефан и Лајонел Белмондо со својот квинтет. Со цел одржување на традиционалните врски на фестивалот со американските и норвешките џез музичари, кои овојпат не можат да патуваат вон своите земји, потврден е онлајн стриминг на три ексклузивни концерти што ќе се случат во Њујорк и Осло, специјално за Скопскиот џез фестивал: триото на Вилијам Паркер, со Ава Мендоза и Џералд Кливер, дуетот Крис Дејвис / Ингрид Лауброк и големиот ансамбл на Тригве Сеим. Бесплатен онлајн стриминг ќе биде обезбеден за следење на сите концерти на фестивалот што ќе овозможи негова достапност во целиот свет. Фестивалот ќе се реализира во согласност со протоколот за одржување на концерти во затворен простор, што значи дека во салата на Националната опера и балет ќе бидат дозволени само 220 седишта. Притоа, обезбеден е, првпат, директен телевизиски пренос на сите концерти на националниот сервис на Македонската телевизија што, пак, ќе го направи фестивалот достапен на целата публика во земјата. Сите детали за програмата на фестивалот и изведувачите се наоѓаат на веб-страницата www.skopjejazzfest.com.mk. Влезните билети за фестивалот ќе се продаваат само онлајн, преку продажната мрежа на mktickets.mk/, а билетарницата на НОБ ќе биде отворена исклучиво за време на фестивалските вечери, и тоа само во случај доколку останале непродадени билети за конкретната вечер. Програмата на фестивалот годинава опфаќа и промоција на две нови ЦД-изданија на SJF Records: петтата албумска објава на Сашо Поповски Трио и првенецот на групата Next To Silence. Во рамки на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-39-skopski-dzez-festival/feed/ 0
Првиот човек на „Скопскиот џез фестивал“ – Оливер Белопета: „Најдобро би било да добиеме нова Универзална сала со стариот амфитеатрален облик со приближно истиот капацитет, на истата локација“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/#respond Thu, 06 Aug 2020 09:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=387094

Нов ден – нова реакција не само од народот на социјалните мрежи, туку и од многумина познати и признати културни дејци, творци и културни работници кои остро се спротиставуваат на скопските чиновници од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, за распишаниот конкурс за градење на парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би морала да се урне. Една од најстарите културни манифестации, со традиција од безмалку 40 години и квалитет со каков што не может да се пофалат ниту многу поголеми градови, побогати држави и пореномирани институции е секако „Скопскиот џез фестивал“ ( SJF), кој со години се одржуваше токму во „Универзална сала“. На нејзината сцена во рамките на фестивалските денови настапиле дефинитивно најголемите светски имиња во оваа област. Плеада од најпознатите светски великани на џезот и блузот. Неговиот основач и човекот кој светската џез музика и нејзините великани со децении наназад ги носи во Скопје, Оливер Белопета со свој став за ступидната бесмисленост за уривање на „Универзална сала“, но и песимизам дека таа ќе биде реновирана и променета во ново руво на истото ова место каде што е сега, како и апсолутна недоверба во „евтините приказни“ на градскиот татко за изградба на некаков нов, далеку поскап „мултимедијален центар“ на нова локација. -Ова е мојата омилена фотографија од Скопскиот џез фестивал и Универзалната сала. Направена во 2006 година од Žiga Koritnik , непосредно пред настапот на Ornette Coleman. Поглед од зад сцената. Вообичаено џез фестивалот го посетуваа драги колеги од Европа и светот кои постојано говореа дека истите концерти во Скопје биле подобри отколку на нивните фестивали.Зошто? Најпрецизниот одговор постојано доаѓаше од самите музичари. “Бевме посебно инспирирани од амбиентот, велеа, од акустиката на салата и блискиот контакт со публиката“. Акустиката, со оние висечки “печурки“, мошне занимлива приказна од средината на седумдесетите години, е дело на австриски експерти. А “интимниот“ контакт помеѓу музичарите и публиката го обезбедува амфитеатралниот карактер на гледалиштето. Не случајно античките Грци граделе амфитеатри, подоцна ги правеле и Римјаните, но во целосна кружна форма и за друга намена. Скопје нема концертна сала (Универзална предолго се распаѓаше). МОБ и Филхармонија тоа не се, Тие, иако служат за се и сешто, имаат прецизна функционална намена. Скопје нема ниту вистинска летна сцена. Да, најдобро би било да добиеме нова Универзална сала, која проектно ќе води сметка за стариот амфитеатрален облик (и одвнатре и однадвор), со приближно истиот капацитет и на истата локација. Само, многугодишното искуство со сега воскреснатиот “случај Универзална“ барем мене ми укажува дека тоа нема никогаш да се случи. Како и некаков фантазиран, далеку поскап “Мултимедијален центар– напиша Белопета на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/feed/ 0
Јубилејот на „ECM Records“ во фокусот на Скопски џез-фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejot-na-ecm-records-vo-fokusot-na-skopski-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejot-na-ecm-records-vo-fokusot-na-skopski-dzez-festival/#respond Tue, 08 Oct 2019 07:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=249027

Скопски џез-фестивал најави силна програма за 38-то издание, во чиј фокус ќе биде одбележување на 50-годишнината од германската издавачка куќа „ECM Records“. Фестивалот на 17 октомври ќе го отворат двајца познати гитаристи од САД: Дејвид Торн –  еден од најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во изминатите 40 години и Фред Фрит – иноватор, композитор и импровизатор со неговото трио. – Ориентот и Медитеранот ќе прострујат низ музиката на Ануар Браем – волшебникот на инструментот ут, автентичниот визионер и една од најголемите ѕвезди на дискографската куќа ECM, кој со својот квартет годинава прославува 10 години од објавувањето на прославениот албум „The Astounding Eyes Of Rita”, како и низ звуците на грчкиот мајстор на лирата Сократис Синопулос. Тој ќе настапи со својот уникатен квартет во чии дела се испреплетуваат фолклорните форми, византиската и класичната музика, како и бројните облици на импровизација и џез, соопшти СЏФ. Педесетгодишнината на ECM годинава се совпаѓа и со пет децении на еден од најзначајните и највлијателни бендови на 20 век – „Art Ensemble of Chicago“  кој ќе го одбележи јубилејот со светска турнеја што ќе заврши во Скопје. Ќе настапи и норвешкиот пијанист, клавијатурист, композитор, аранжер и перкусионист Јон Балке со својот оригинален проект „Batagraf“  во есклузивно издание. На последниот фестивалски ден, 20 октомври, ќе настапи најпоетичниот пијанист на денешницата – норвешката џез-сензација Торд Густавсен со неговото трио, како и квинтетот на новата голема американска саксофонистичка ѕвезда Џејмс Брендон Луис и контрабас рециталот на француската басистка, импровизаторка и композиторка Жоел Леандре, една од најдоминантните фигури на современата европска музика. – Програмата на фестивалот годинава опфаќа и диџеј сет на италијанскиот иновативен џез ентузијаст Никола Конте, концерти на домашните ECM вљубеници „Next To Silence“ и еклектичниот „магичен оркестар“ на Џијан Емин, филмска проекција на документарниот филм посветен на ECM „Sounds and Silence: Travels with Manfred Eicher”, промоција и презентација на книгата „Cloud Arrangers” на словенечкиот фотограф Жига Коритник, како и доделување на наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година, соопшти Скопски џез-фестивал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejot-na-ecm-records-vo-fokusot-na-skopski-dzez-festival/feed/ 0
Концерт за 30 години кариера на Тони Китановски за крај на Скопскиот џез-фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/#respond Sun, 21 Oct 2018 09:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=117694

На последната фестивалска вечер од 37. Скопски  џез-фестивал, гитаристот  Тони Китановски со концерт од 20 часот во Македонската опера и балет ќе одбележи 30 години музичка кариера. Во првиот дел од вечерта тој ќе настапи со својот најнов проект – квинтетот „Панда 5“ и во живо ќе го промовира новиот албум „Big City Scare”. Покрај Китановски во квинтетот членуваат и младите македонски џез-инструменталисти: Трајче Велков (труба), Кирил Кузманов (алт саксофон), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Виктор Филиповски (тапани). Во вториот дел од концертната вечер во МОБ на Китановски ќе му се придружат неговите музички пријатели и соработници: Џон Сас, Дејв Вилсон, Асан Рашид, Васил Хаџиманов и Пјеро Епифанија Осамбела. Тони Китановски има  разновиден музички опус. Свирел на турнеи со своите проекти на џез и музика на светот, снимил и продуцирал голем број албуми, пишувал музика за играни и документарни филмови, современ танц, симфониски и големи џез-оркестри. Соработува со хип-хоп диџеи, музичари од Конго, ромски оркестри… Себеси се смета за композитор кој свири гитара, а неговата прва љубов отсекогаш била џезот. Негов прв и највлијателен ментор е Драган Ѓаконовски-Шпато, во чиј дом тој првпат слушнал стара снимка од гитаристот Барни Кесел. Во 1990-тите живеел и студирал во Бостон, на музичкиот колеџ „Беркли“. По враќањето десет години подоцна, излегуваат серија албуми за SJF Records и ENJA/Yellowbird Records од Минхен, а „Big City Scare” е најновото музичко остварување на Китановски и квинтетот „Панда 5“. Скопскиот џез-фестивал  годинава беше ориентиран кон современиот џез. Карактеристичен беше и по тоа што речиси сите музичари што учествуваа специјално допатуваа  за фестивалот и нивните концерти  не беа дел од турнеи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/feed/ 0
Почнува 37. Скопски џез-фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-37-skopski-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-37-skopski-dzez-festival/#respond Thu, 18 Oct 2018 05:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=116491

Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално  од од Лондон, во Македонската опера и балет вечер ќе почне 37. Скопски џез фестивал. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Џез-пијанистот Хокинс, кој се смета за еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори, покрај солистички настапи има и широк спектар креативни контексти, вклучувајќи го и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, како и во проекти на современи музички лидери. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ светот. На првата фестивалска вечер од 22 часот ќе настапи и славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет, кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе го претстави проектот „Blues for Memo“. Со овој концерт Мареј ќе ја почне својата европска турнеја. - Кога зборуваме за Дејвид Мареј, несомнено мора да го имаме предвид неговото долго музичко патешествие: речиси и не постои музичар кој со толку страст и посветеност ги има проучувано поврзаноста меѓу авангардата и традицијата и во тој процес стекнал уметнички профил што го прави единствен меѓу саксофонистите од неговата генерација, наведува Скопје џез-фестивал. На полноќниот концерт во МКЦ ќе настапат бразилскиот гитарист Арто Линдзи, кој ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не е во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении. Скопски џез-фестивал најави ексклузивна, уникатна и храбра програмска ориентација за претстојното издание. Годинава ќе доминира современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат  специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен на Дејвид Мареј, не се дел од турнеи. Тоа се главните одлики по кои годинашниот, 37-ми фестивал, се разликува од минатите изданија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-37-skopski-dzez-festival/feed/ 0