скопски маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Oct 2022 18:40:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопски маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопски маратон: Триумф на атлетичарите од Кенија пред Ивановски и Кираџиева https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skopski-maraton-triumf-na-atleticharite-od-kenija-pred-ivanovski-i-kiradzieva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skopski-maraton-triumf-na-atleticharite-od-kenija-pred-ivanovski-i-kiradzieva/#respond Sun, 02 Oct 2022 18:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=740173

Со многу рекорди денеска на улиците на Скопје се трчаше 18. Визер маратон на кој доминираа атлетичарите од Кенија кои ги освоија првите места во двете конкуренции.
Денешниот маратон се трчаше по нова патека која доби сертификат од Светската атлетска федерација што го потврдува квалитетот на овој настан.
Финишот на сите трки беше на плоштадот Македонија а прв низ целта мина Нигериецот Онесмус Киплимо Киплагат со време до 2 часа 18 минути и 19 секунди пред нашиот претставник Дарио Ивановски кој го освои второто место со 5 – минутно задоцнување зад победникот додека успех постигна и Никола Илиевски кој беше
Во женска категорија најдобра беше  Кетрин Черотич  пред нашата  Билјана Кираџиева и Тамара Попов од Србија.  Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји  од светот трчаа денеска на улиците на Скопје со поддршка од граѓаните на главниот град како и бројни љубители на спортот
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skopski-maraton-triumf-na-atleticharite-od-kenija-pred-ivanovski-i-kiradzieva/feed/ 0
ФОТО: Ова е победникот на Скопскиот маратон 2022 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-e-pobednikot-na-skopskiot-maraton-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-e-pobednikot-na-skopskiot-maraton-2022/#respond Sun, 02 Oct 2022 09:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=740072

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Виз Ер Скопски маратон 2022. Тој претпладнево патеката долга 42 км низ улиците на македонската метропола ја истрча со време 2 часа 18 минути и 19 секунди. Втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 2:23,07 часа, а трет Никола Илиевски со резултат 2:43,28 часа. Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева која на целта стигна по со време 3:04,49 часа. Трета е Тамара Попов со време 3:23,00. Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-e-pobednikot-na-skopskiot-maraton-2022/feed/ 0
„Скопски маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи од 47 држави https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopski-maraton-2022-so-nad-8-500-natprevaruvachi-od-47-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopski-maraton-2022-so-nad-8-500-natprevaruvachi-od-47-drzavi/#respond Sun, 02 Oct 2022 08:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=740056

„Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците. Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија. Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри ќе биде во 8 часот пред Собранието, а целта на сите трки повторно ќе биде на Плоштадот „Македонија“. Скопскиот маратон годинава ќе има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета Македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“. Годинашното издание на 18. „Виз Ер Скопски маратон“ е со финанисиска поддршка од Град Скопје. Годинашното издание на маратонот ќе биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст. Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата „Виз Ер“ на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopski-maraton-2022-so-nad-8-500-natprevaruvachi-od-47-drzavi/feed/ 0
Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради „Скопскиот маратон“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezim-na-soobrakjajot-vo-skopje-poradi-skopskiot-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezim-na-soobrakjajot-vo-skopje-poradi-skopskiot-maraton/#respond Sun, 02 Oct 2022 07:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=740041

Поради одржување на трките од „Виз Ер Скопски маратон“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на град Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи. Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење: Траса на движење на трката од 5 км: Старт пред Собрание, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, па полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“. Траса на движење на полумаратонот од 21 км и штафетната трка на 42 км (со напомена дека за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати по наведената траса): Старт пред Собрание на ул.„11 Октомври“, право кон Плоштад Македонија низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, па лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса, сѐ до Собрание на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Јане Сандански“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – Плоштад Македонија. Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-rezim-na-soobrakjajot-vo-skopje-poradi-skopskiot-maraton/feed/ 0
Трчај на Виз Ер Скопски маратон 2022: Пријави се до 30-ти август и добиј маичка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trchaj-na-viz-er-skopski-maraton-2022-prijavi-se-do-30-ti-avgust-i-dobij-maichka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trchaj-na-viz-er-skopski-maraton-2022-prijavi-se-do-30-ti-avgust-i-dobij-maichka/#respond Wed, 24 Aug 2022 07:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=723016

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18тото по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко. Овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2ри октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30ти август добиваат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022. Секој учесник по завршување на маратонот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– HalkEco Скопје трча 10KM. Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trchaj-na-viz-er-skopski-maraton-2022-prijavi-se-do-30-ti-avgust-i-dobij-maichka/feed/ 0
И тимот на фармацевтски гигант Галеника трчаше низ Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-timot-na-farmacevtski-gigant-galenika-trchashe-niz-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-timot-na-farmacevtski-gigant-galenika-trchashe-niz-skopje/#respond Wed, 06 Oct 2021 11:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=573998

Стартот за здрава и енергична заедница се рекреативните спортови, а можноста да има услови граѓаните да ги почувствуваат придобивките од рекреативното спортување, се впрочем придобивки за целата заедница. Врвот на едно вакво рекреативно спортување, викендов, се случи во Скопје. Со над 6000 тркачи учесници во најголемото случување, по 17 – пат се, одржа Скопскиот маратон и годинава во трките се приклучи и тимот на , српскиот фармацевтски гигант Галеника. Под слоганот „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ на маратонот учествуваа вработените од македонското претставништво, гости од дирекцијата во Србија и нивни пријатели.
„Нашиот главен бизнис е да одговориме на потребите на заедницата од аспект да ја одржиме нејзината добросостојба. Физичката активност е еден од стожерите за здрава заедница, односно здрав граѓанин, а трчањето е една од најпопуларните рекреативни спортови. Сепак, тука сме како тим, преку кој градиме и социјални врски кои помагаат да се зајакне и нашиот тим на вработени, но и да бидеме дел од една активна заедница која ужива во рекреација е и среќна заедница. Впрочем и заедницата преку физичката активност на поединците полесно ги гледа резултатите или придобивките од рекреативното спортување, како што се менталната, емотивната и социјалната благосостојба“, вели Даниел Јаневски, генерален директор во Галеника, Северна Македонија.
Придобивките од рекреативното спортување се многу, како за заедницата, така и за индивидуалецот, кој пред се има здравствени придобивки. Посебно за трчањето може да се сложиме дека последните 10-тина години е еден од најактуелните рекреации во Скопје. Се трча на Кеј, на Водно, се посетува секоја локација каде има услови за трчање. А оние кои еднаш ќе почнат, ги набројуваат сличните здравствени бенефити: поцврсти мускули, подобра кардиоваскуларна кондиција, поцврсти коски бидејќи е вежба во која секој носи тежина (сопствената), согорува повеќе калории од она што ќе го изеде и се разбира, помага да се одржи здрава тежина. Сите овие придобивки се рефлектираат врз една среќна и здрава индивидуа, со поголема самопочит и самодоверба. Расте и чувството за креативност, а уривајќи ги личните рекорди расте и чувството за достигнување. Покрај забавата, личноста чувствува и поголемо задоволство и намалување на стресот. Трчањето маратон, исто така, создава упорност, истрајност и волја за успех и фокус да се стигне до целта. Има и една друга страна на рекреативните спортови, а тоа е дека позитивно влијаат врз животната средина. Особено трчањето, затоа што целата заедница мора да придонесе да креира физички услови за спортување. Затоа, не губете ниту една минута. Направете нешто ЗАБАВНО, искористете ги можностите за рекреативно трчање, затоа што и придобивките се бесконечни!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-timot-na-farmacevtski-gigant-galenika-trchashe-niz-skopje/feed/ 0
ФОТО: Аквамен и запросувања на Скопски маратон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akvamen-i-zaprosuvanja-na-skopski-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akvamen-i-zaprosuvanja-na-skopski-maraton/#respond Sun, 03 Oct 2021 12:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=572227

Убаво време, срушени државни рекорди, позитивна енергија и многу насмевки го одбележаа 17 издание на Виз ер Скопскиот маратон кој се одржа денеска. Над 6000 тркачи учествуваа на Скопскиот маратон, а победниците Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција поставија нови државни рекорди. Она по што меѓу другото ќе се памети овогодинешниот скопски маратон се неколкуте запросувања. Позитивната атмосфера на маратонот ја надополни македонскиот Аквамен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akvamen-i-zaprosuvanja-na-skopski-maraton/feed/ 0
Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsova-i-ivanovski-pobedija-na-skopskiot-maraton-so-novi-drzavni-rekordi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsova-i-ivanovski-pobedija-na-skopskiot-maraton-so-novi-drzavni-rekordi/#respond Sun, 03 Oct 2021 11:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=572220

Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција со време на нови државни рекорди минаа први низ целта на Скопскиот маратон што денеска се одржа нив улиците на македонската престолнина. Во конкуренција на околу 150 учесници во дветеконкуренции, Поп Арсова ја истрча маратонската трка во време 2:40:36 часа, додека Ивановски триумфираше со време од 2:21:27 часа. Вторите места ги освоија Силвија Јукаила од Еквадор и Младен Стевановиќ од БиХ, додека како третопласирани завршија Билјана Кираџиева и Германецот Давид Перлич. Во полумаратонската трка триумфираше Бугаринот Ценков со време 1:09:10 час, додека во женска конкуренција прва низ целта мина Србинката Ристиќ (1:26Ч09).]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsova-i-ivanovski-pobedija-na-skopskiot-maraton-so-novi-drzavni-rekordi/feed/ 0
ФОТО: Седумнаесетти Виз Ер Скопски маратон https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sedumnaesetti-viz-er-skopski-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sedumnaesetti-viz-er-skopski-maraton/#respond Sun, 03 Oct 2021 06:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=572086

Традиционално по 17 пат денеска ќе се одржи спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 километри ќе започне во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон. Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а од организацијата известуваат дека дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз. – Целосно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици: ул. „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинденска“ од Влада до Зоолошка градина, ул. „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. „3 Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул. „Јане Сандански“ од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. „Србија“, се наведува во соопштението. Делумно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици и правци: десната коловозна лента од бул. „Климент Охридски“ до семафорите кај Влада, бул. „Илинденска“, од Зоолошка градина до „Љубљанска“, спротивната страна ќе биде слободна за движење, ул. „Љубљанска“ во правец од бул. „Илинденска“ до семафорите кај бул. „Партизански одреди“, ул. „Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентскиот дом Гоце Делчев. Натпреварувачите ќе трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до ул. „Илинденска“, па лево на ул. „Љубљанска“, потоа право на „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот Дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по „М.Теодосиј Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „Крушевска Република“, „3 Македонска Бригада“, „Фрањо Клуз“, бул. „Јане Сандански“ до крајот (раскрсница со бул. „Србија“), пред семафорот со бул. „Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул. „Јане Сандански“, „Фрањо Клуз“, „Трета Македонска бригада“, „Крушевска Република“, „11 Октомври“ по „Димитрие Чуповски“ до раскрсницата десно на бул. „Климент Охридски“ до бул. „Илинденска“, лево кај Владата до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски. Истата патека се трча два круга за маратонците. Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-sedumnaesetti-viz-er-skopski-maraton/feed/ 0
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-soobrakjaen-rezim-utre-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-soobrakjaen-rezim-utre-vo-skopje/#respond Sat, 02 Oct 2021 07:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=571680

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на 03.10.2021 година (недела), поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. Притоа, маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред крстосницата со бул.„Србија“, потоа се врти полукружно назад по истата коловозна лента по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта - платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (два круга). Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе презема мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poseben-soobrakjaen-rezim-utre-vo-skopje/feed/ 0