скопски вински салон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 11:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопски вински салон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/#respond Mon, 14 Nov 2022 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=760207

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. „Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија. И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски. Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/feed/ 0
Вековна македонска традиција – промоција на новата Skovin Special ракија на Винодонија 2021 https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vekovna-makedonska-tradicija-promocija-na-novata-skovin-special-rakija-na-vinodonija-2021/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vekovna-makedonska-tradicija-promocija-na-novata-skovin-special-rakija-na-vinodonija-2021/#respond Mon, 22 Nov 2021 13:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=598273

Уште едно звучно име на Винодонија 2021, ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА ветерани кои учествуваа во обликување на македонската винска сцена во изминатите децении. Сковин со сопствените плантажи кои се протегаат низ благите ридести падини во околината на Скопје, располага со богато и квалитетно портфолио на сорти грозје. Лозјата на Сковин се познати по тоа што даваат карактеристичен сензорен профил на вината кои се одраз на острите скопски зими и долгото суво топло лето. Винодонија 2021 - ексклузивна можност да ја пробате нивната долго најавувана ракија Skovin Special, одлежана 4 години во дабови буриња. Skovin Special е ракија со специфичен карактер. Низ сите овие години, инспирирани од традиционалните рецепти е усовршена до перфекција. Овој златен оган ве носи до уживање каде ќе заборавите на другите пијалаци. Моќно делува, ги опушта мускулите, го стоплува срцето и ја воздигнува душата. Ваш идеален пријател кога сте осамени, перфектен во друштво и неверојатен кога се споделува со љубов. Skovin Special има длабока златно килибарна боја. Суптилно и комплексно со ноти на суви овошја, сува смоква, путер, ванила и темно чоколадо. Вкусот е кремаст со доминација на слатки зачини, суво овошје, ванила, карамел и темно чоколадо. Наздравуваме за долгогодишната традиција!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vekovna-makedonska-tradicija-promocija-na-novata-skovin-special-rakija-na-vinodonija-2021/feed/ 0
Винодонија 2019 – Настан кој го подигна виното на заслужениот пиедестал (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/#respond Wed, 04 Dec 2019 10:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=273140

Во последните два дена од есенски Ноември во хотел Мериот во Скопје  успешно се одржа четвртото издание на веќе реномираниот Скопски Вински салон - Винодонија 2019. Во проширена форма и похрабра програма од лани, со висок стил и елеганција, Винодонија 2019 уште еднаш го постави виното на заслужениот пиедестал и ја славеше неговата уметност. На салонот за дегустација учествуваа рекордни 48 винарии од Македонија и странство и ги претставија своите 440 етикети на вино пред 1450 гости, вински љубители. Освен одличните македонски вина од скоро сите домашни винарии, гостите имаа уникатна прилика да дегустираат и вина од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Грција, Италија (и тоа од 4 нејзини вински региони), Франција и Шпанија. Целата винска програма беше „спарена“ од вкусни деликатеси сместени во гастро корнерот на салонот.
Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика. Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне. Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура. Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/feed/ 0
Ново издание на Винодонија 2019 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-izdanie-na-vinodonija-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-izdanie-na-vinodonija-2019/#respond Wed, 13 Nov 2019 14:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=263610

Нова винска есен, нова Винодонија! Со голема возбуда и многу среќни Ви го најавуваме годинешниот Скопски вински салон — Винодонија 2019! Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Marriot, во проширена и збогатена форма и содржина. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино. Дојдете на Винодонија и споделете ја вашата винска страст! Линк до настанот]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-izdanie-na-vinodonija-2019/feed/ 0
Винската страст на Винодонија 2018 (ФОТО ГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinskata-strast-na-vinodonija-2018-foto-galerija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinskata-strast-na-vinodonija-2018-foto-galerija/#respond Thu, 29 Nov 2018 12:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=133630

И годинава, рамо до рамо, еден до друг, со идентични услови и можности за презентација своите вина ги претставија и големите и малите винарии, потврдувајќи го винското богатство кое го има Македонија, но и споделувајќи ја подеднакво страста кон виното. Големите присутни да го потсетат конзументот дека и покрај борбата за светските пазари, сеуште ги почитуваат домашните, македонски потрошувачи, а малите и новите винарии да се промовираат и покажат дека и тие можат. Винска витешка борба со вкусовите оваа 2018 година на Винодонија. Борба на вкусови помеѓу малиот милион варијации на автохтоните сорти на грозје кои сеуште не се предаваат и ја чуваат тајната на Македонија, и нови специфични француски, италијански, аргентински брендови од новото ѕвездено винско небо. Портите за влезот во царството на неговото височество, виното, беа отворени во петокот, 23 ноември. Како добри домаќини, поздравниот говор и првата здравица им припадна на домаќините кои ни посакаа добредојде на Винодонија. Веднаш потоа, го започнавме нашето возбудливо патување од штанд до штанд, од винарија до винарија, подготвени да ја вкусиме, слушнеме и раскажеме приказната на идејните творци, енолози, винари, комерцијалисти, промотори, презентари, дегустатори, сомелиери, боеми и уметнички души. Како и на минатото издание, така и на ова, започнавме со емотивната средба со нашиот стар пријател од кавадаречката чаршија. Од едната страна господинот Ѓорѓи Наумчев, полн со енергија како и неговина вина, кој со часови ја раскажува неговата винска приказна а од другата страна ние,негови долгогодишни пријатели и редовни дегустатори на целата палета од вина направени со стаст. На штандот број два, фаворитот на нашиот боем, винарската визба Милев „ГД-Тиквеш“ повторно беше во центарот на вниманието. Фианото кое минатата година беше вистинско откритие повторно беше во фокусот на присутните, но сега веќе како препознатлив бренд. Се разбира, не изостануваа и сите претставници од линијата Вирго, кои многу наскоро ќе добијат сосема нов, модерен изглед како дел од развојната стратегија на винаријата која вклучува и нови инвестиции во самиот производствен процес. Разговорот на кавадаречки дијалект продолжи и на следната маса, која заеднички ја делеа малите бутик винарии, Бади и Пешков. Задоволството да се сретнат млади луѓе кои се толку силно заразени со вирусот за производство на врвно вино е огромно, особено во време кога се помал е бројот на нивни врсници кои се решени да се „борат со земјата“ за да произведат врвно вино. Винаријата Бади понуди две сосема органски вина Каберне Совињон од нормална и од касна берба со висок процент на алкохол и големо буке. За разлика од Бади, Пешков се претстави со смедеревка, темјаника и вранец, произведено од своите сопствени лозови насади. Признанијата од изборот за најдобри млади вина оддржан во Кавадарци минатата недела се потврда за нивниот квалитет, но и поттик за понатамошна работа и вложување. Дегустацијата на вината на Serena Wines сама по себе ја раскажа приказната за винаријата која започнува уште од 1881 година, потврдувајќи зошто Италија е светска винска сила.  На масата до нив, големиот словенски бренд на кои се сеќаваат сите кои барем малку фатиле дел од заедничката држава на југословенските народи, винаријата Радгонске Горице која поставува нови стандарди во светот на пенливите вина. Премиерното претставување на Винодонија ја донесе и најавата за големото враќање на македонскиот пазар на најнаградуваните словенски вина на сите најзначајни светски вински собири. Препознатлива по своите бели свежи вина, винаријата Лазар е познато име на македонската винска сцена, кое е редовен дел од Винодонија. Како и на минатото издание на издание, не освоија со нивните „Темјаника“ и нашата омилена „Грашевина“, но и со црвените вина кои не заостануваат по ништо во квалитетот зад белите. За разлика од сите винарии кои вложуваат силни пари за маркетинг за да ги донесат консументите до нивните вина, винаријата Мал Свети Климент го нема овој проблем, особено во лето, кога Охрид буквално „врие“ од туристи. Чашата врвно вино за добредојде на секој турист од подзабораевната античка сорта Памид која е толку типична за охридскиот регион ги заменува сите потреби од дополнителни вложувања во сите сегменти, па дури и на самиот амбалаж. Можеби највозрасен на салонот, господинот Ташев Ристо е сеуште полн со младешки ентузијазам и желба за производство на вино. Неговото младо шардоне, но и барикирано шардоне се секогаш преферирани од сите гости на штандот на винаријата Тристо, пред се поради нивната уникатност за која најголема заслуга имаат специфичното поднебје и грижата која секојдневно од раните утрински часови им ја посветува како што самиот Ристо. За прв пат на Винодонија годинава ги дегустиравме вината на винаријата Изворно. Изворно доаѓаат од велешката околија, но името не е дадено по месноста Извор, туку по она исконското, древното, традиционално, она што значи традиција и дедов аманет. Три генерации по истиот пат и со истата желба, да се стигне до секоја македонска трпеза, со врвни вина произведени на традиционален начин. Винаријата Попов полека прераснува во голем играч на македонската винска сцена. Со четирикратно зголемено производство на грозје, винаријата Попов сега има далеку поголема можност да избере совршена суровина за создавање на вина кои ќе бидат препознаени од винољубците. Оваа година на Винодонија за прв пат пробавме Каберне Франк, Пино Гри и Гевурс Траминец како и неколку одлични купажи кои можат да се најдат на полиците на македонските маркети, но и низ многу земји низ светот. Покрај Радгонске Горице, на Винодонија и годинава честа на словенските вина ја бранеа и вината на Пуклавец, кои се веќе познати на редовните гости на најголемиот македонски вински салон. Ако некој ги поместува винските граници во Македонија, тоа со сигурност е винаријата Стоби. На една година пред нивниот прв голем јубилеј, 10 години постоење, Стоби направи нешто што некој не може да го направи ни за сто години. Тој нивен постојан подем, таа нивна желба и страст како од првиот ден да се докажат пред светот дека доаѓаат од древната Македонија, каде што од времето на Аминта се произведувало вино, оваа 2018 година отпатува дури до Пекинг. На Винодонија годинава пробавме дел од нивната Private Reserve колекција. Со бренд граден врз спојот на македонското гостопримство, гастрономија и врвни вина, винаријата Попова Кула е типичен пример дека и ние имаме приказна која можеме да ја раскажеме. Се разбира, нивниот спаринг на локејвр производи и автохтоната станушина е оној кој уште долги години ќе биде добитна комбинација. Присуството на Бовин на Винодонија и годинава беше причина многумина да се израдуваат на интимните средби со врвните My Way, Аѓупка, Император… Од друга страна, во годината во која прославува 20 години успешно опстојување, Бовин е пример за сите приватни винарии дека патот до успехот е возможен и реален ако се следи поставената мисија. Шато винаријата Сопот е една од најпосетени винарии во Македонија, па речиси и да немаше некој кој не е запознаен со нивните вина. Ресторнот од отворен тип и одличната местоположба се една од причините за тоа, се разбира како и нивните одлични вина кои се типичен претставник на велешкото виногорје. Црногорската сцена ја бранеа три винарии, Прича, Кнежевиќ и Мола. Впечатокот е дека Црна Гора цврсто чекори по патот на виното, иако го почитува коментарот на македонската публика на Винодонија. Интернационалната хоризонтала ја продолжија винариите Томаж од Хрватска, Милосавлевиќ и Ботунац од Србија и Фантинел од Италија, секој со свои варијации од познати сорти на вина. Далвина е современа винарија која со години покажува дека за да го постигнеме квалитетот, мораме да го оставиме македонскиот менталитет зад себе и сериозно да вложиме во се она што е тренд во винската индустрија. Горди што вината на Далвина се дел од големите европски и светски вински метрополи, уживавме и на оваа Винодонија да ги дегустираме нивните вина. Камник е секогаш посебна приказна, па и на оваа Винодонија. Со речиси распродадени вина од минатата реколта, сеуште младото вино од новата година стигна во нефлаширана верија, што пак не беше никаков проблем за присутните уште еднаш да ја пробаат на далеку познатата Темјаника на Камник. Во продолжение беа претставниците на скопските фамилијарни бутик винарии Картал и Кувин кои имаат свои специфични вина, делумно создадени од вина од скопскиот регион, но и од одбрани гроздоби од Тиквешијата. Со симпатични дизајни на своите етикети, Певац освен по своите ракија од сите можни овошки, полека стануваат и препознатливи по своите вина кои привлекоа огромно внимание кај присутните. Прв пат на Винодонија ги запознавме и вината на Винар, кои дојдоа срамежливо, но оставија силен впечаток со нивните вина. Секако, ваков собир не би поминал без вината на Тиквеш, булдужерот на македонската индустрија која го трасира патот во винскиот свет. Винското патување го завршуваме на штандот на винаријата Брзанов, мала скопска винарија која отскокнува од просечноста на домашните винарии, и гради свој специфичен вкус и бренд кој е препознаен и на балканските вински самити. Како и претходните две изданија, и годинешното не помина без внимателно одбраните теми за работилници, дегустации по вертикала на архивни вина, но и присуство на производители и дистрибутери на различни типови на млечни производи, како на пример Олд Амстердам и Осоговски. Се гледаме следната година, на новото издание на Винодонија. Автори: Душко Стефанов и Даниел Уневски Фотографи: Љупче Кузманов и Ристе Стамаџиев]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinskata-strast-na-vinodonija-2018-foto-galerija/feed/ 0