скопски земјотрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 11:48:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопски земјотрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандски авион летал над Скопје додека траел земјотресот, ова се првите застрашувачки зборови на пилотот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-ova-se-prvite-zastrashuvachki-zborovi-na-pilotot-3/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-ova-se-prvite-zastrashuvachki-zborovi-na-pilotot-3/#respond Wed, 26 Jul 2023 11:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=860207

Денеска се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес кој буквално го срамни со земја градот Скопје кој е симбол на солидарност, љубов и почит на различностите од тогаш па се до денес. Постои една неверојатна коинциденција. Во мигот на катастрофалниот земјотрес точно во 5,17 часот на 26 јули холандски авион го надлетувал Скопје. Пилотот од воздух гледал што се случува на земјата и бил вџашен од глетката, бидејќи наеднаш се кренала огромна прашина над градот. Тој бил единствениот кој имал слика пред себе за катастрофата во истиот миг. Како директен сведок од авионот, меѓу првите на светот му ја соопштил тешката вест: „Скопје е разурнато, во него има 50.000 мртви!“. Веста била неверојатна, дури и фантастична за светот, но пилотот ја направил процената според она што можел да го види со сопствените очи. Овој податок со авионот спаѓа меѓу првите известувања за катастрофата. Постојат, исто така, и други помалку познати детали за првите известувања, иако личностите кои тоа го направиле се главно познати. Прв ја објавил веста за катастрофата капетанот на ЈНА, Петар Јовиќ. Непосредно по земјотресот, не поминале ни дваесетина минути капетанот Јовиќ се јавил во воениот центар, кој бил најблиску до Скопје, во Приштина. Со големи тешкотии успеал да објасни каква катастрофа се случила на градот на Вардар. Од воената единица каде што веста за земјотресот била доставена, таа веднаш стигнала и до Радио Приштина. Радиото точно во 7 часот објавило: „Скопје веќе не постои!“. Прв од новинарите и меѓу првите известувачи за катастрофалниот земјотрес е и познатиот дописник на „Политика“ Јован Поповски. Со помош на еден од службениците на Поштата, кој преку бандера воспоставил врска со белградска „Политика“, тој ја соопштил веста за катастрофата. Како искусен новинар и одличен познавач на Скопје Поповски вака драматично го опишува своето прво јавување: „Од другата страна на жицата беше Рушка, секретарката од редакцијата на „Политика“. Ја слушав како извика и ја пушти слушалката: ,Другари, Поповски е жив’. Врската беше воспоставена. Но, што да јавам? Тогаш видов дека дури немам ни бележник, иако на директорот на весникот му реков: Овде е голема катастрофа, ајде да издадеме вонредно издание. Тој ме праша дали имам напишан извештај. Се разбира, имам, го излажав. Но, сепак почнав да го диктирам извештајот. Во тој миг не верував дека можам да напишам некој текст што ќе им се допадне. Не, катастрофата беше толку многу голема, впечатоците толку многу, а шокот толку силен, што не бев способен да го опишам сето тоа. Во главата чувствував кошмар… Да бидам искрен, застанав и заплакав како дете. Но, никој не се осврнуваше на моите солзи. Таков беше денот“, вели Поповски. Кога станува збор за првите извештаи и видувања на катастрофалниот земјотрес во Скопје, треба да се наведе напорот и првото јавување на скопските железничари, односно на луѓето кои во тој миг се затекнале на работното место во зачуваниот, не урнат дел од станицата. Тие, исто така, биле меѓу првите кои испратиле известување и тоа преку морзеовите апарати, кои не биле целосно оштетени во Железничката станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-ova-se-prvite-zastrashuvachki-zborovi-na-pilotot-3/feed/ 0
ДОДЕКА СКОПЈЕ БРОЕШЕ МРТВИ, СУЗАНА СЕ РОДИ: Таа е првото бебе кое се родило под дрво во дворот на Државната болница два часа по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzhavnata-bolnitsa-dva-chasa-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzhavnata-bolnitsa-dva-chasa-po-zemjotresot/#respond Wed, 26 Jul 2023 10:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=860160

Скопје на 26 јули 1963 година загуби многу свој жители, роднини, пријатели, туристи, но доби и нови жители еден од тие жители е и Сузана… „Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври. Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната болница. Но, судбината сакаше поинаку…. Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината. Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата. Беше мугра, многу се исплашив и се прашував што се случува. А потоа страшна, злокобна тишина. А потоа силен татнеж…. Треперев од страв. Одеднадеш тлото под земјата започна силно, многу силно да се тресе и сфатив- земјотрес…. Во животот немав почувствувано таков страв… Јас, докторите, медицинските сестри, и сите други пациенти како избезумени започнавме да излегуваме од зградата, сите стравувајќи за својот живот, завладеа сеопшта паника и страв…. Луѓето од околните објекти беа голи и боси излезени надвор, а тлото под земјата постојано се тресеше и не стивнуваше, во секој момент мислев дека се може да се сруши врз нашите глави… Ме обзема страшна вознемиреност, единствено нешто што ми паѓаше на ум во тој момент беше дали е се во ред со моето семејство… По малку време го здогледав мојот сопруг, кој дотрча исплашен до мене, сакајќи да се увери дека сум добро. Почувствував големо олеснување кога видов дека тој е жив и здрав, но истовремено бев многу загрижена за тоа дали се добро мојата ќеркичка и моите родители, кои во моментот беа на краток одмор во Катланово. Стоевме така на плочникот пред болницата во исчекување, кога одеднаш, можеби по половина час или по четириесетина минути почувствував силни породилни болки. Бев многу исплашена, знаев дека не ми е терминот и дека има уште време, ме обзема страшна паника и само се молев на Бога се да заврши и да помине во ред…. Следуваше уште посилна болка, знаев дека предвременото породување е предизвикано од доживеаниот стрес и траума, треба бргу да се дејствува и детето доаѓа на свет… Во целокупниот хаос, ми пријде докторот – угледниот д-р Антиќ и породувањето започна на плочникот пред болницата, во тревникот под едно дрво, без никакви инструменти, единствено имаше само ќебе на кое легнав на тревата. И самиот стравувајќи и за својот живот поради непрестајните земјотреси, докторот сепак ја покажа својата професионалност и породувањето беше успешно. Прекрасно беше чувството на олеснување кога ми рече „Девојче имате, девојче!” Беше 7 часот и 20 минути, неполни 2 часа по катастрофата која го снајде Скопје, а според сите информации мојата ќерка е првото новороденче кое дојде на свет во Скопје по катастрофалниот земјотрес. Беше многу малечка, мојата Сузана се роди со тежина од само килограм и сто грама и не можеше самостојно да дише. Но, се охрабривме и не изгубивме надеж, сопругот веднаш зема една сламка и започна да и дава вештачко дишење за да ја одржи во живот. Во тој момент се појави и татко ми, кој исплашен дошол пеш од Катланово и ни кажа дека тој, мајка ми и мојата 5 годишна ќерка се добри и на сигурно, на наша огромна радост. Меѓутоа, поради сеопштиот хаос, многуте повредени на кои требаше да им се укаже помош, како и опасноста од нови потреси, знаевме дека мора да одиме на друго место за да ја спасиме Сузи. Ни до ден денес не знам како наидовме на еден отворен камион, успеавме да се качиме и да не одвезе до Ниш мене и штотуку родената ќеркичка, а сопругот Благоја како судски медицинар, мораше да остане во Скопје заради идентификација на телата на настраданите. По патот, го гледав разрушеното Скопје, разурнатите згради и куќи и облаците од прав кои се креваа над градот, во тој момент низ главата со молскавична брзина ми прелета мислата – мојата Сузана се роди, додека Скопје умира! Во камионот таа беше поврзана со боца со кислород, за да и овозможи вештачко дишење. Но ненадејно во текот на патувањето, боцата престана да работи! Почустсвував огромен страв и затреперев, но одеднаш потоа малечката заплака, што беше знак дека започнала да дише самостојно. Нејзиниот бебешки плач беше големо олеснување за мене! Бев уморна и преплавена од измешани чувства, и на среќа и радост, и неизмерен страв и неизвесност за нејзината иднина, но некако се охрабрив и започнав да верувам дека со моето девојче ќе биде се во ред, ќе преживее и ќе го претставува новиот живот по катастрофата. Кога стигнавме во Ниш, отидовме во болница, каде нашата ќеркичка мораше да биде во инкубатор. Откако помина два месеца во инкубатор, Сузи се опорави и почна да напредува. Имавме шанса да ја израснеме и да станеме горди родители на неа и на нашата постара ќерка“, раскажува симпатичната пензионерка Златка Крстевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzhavnata-bolnitsa-dva-chasa-po-zemjotresot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skopje-odbelezhuva-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skopje-odbelezhuva-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/#respond Wed, 26 Jul 2023 08:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=860117

Градот во кој што живееме, градот Скопје, во своето минато забележал многу датуми кои останале трајно врежани во нашата колективна меморија. Дали од лично искуство или по кажување на нашите родители и постари роднини, сведочиме за многу настани кои по добро или пак по лошо оставиле белег на нашата метропола. Голем број на непогоди го обликувале ликот на градот Скопје. Многу познати и помалку познати градби исчезнале под налетот на природните катастрофи, но сеќавањето останало, ова преку соопштение до јавноста го пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Носталгијата и копнежот да ни се врати она покрај кое сме растеле, она по што сме се идентификувале и што го красело нашиот град, било основен мотив за да го вратиме времето и повторно да го изградиме. Од друга страна и од еден сосема поинаков мотив копнееме и по нешто ново, нешто модерно, нешто современо, нешто по што се карактеризираат и сите познати и големи метрополи. Исто како што сме ги запомниле Прага, Париз, Лондон, Виена, Рим или некој од другите европски и светски градови, ќе се потрудиме и Скопје да стане место за паметење. Живеејќи го нашето време, време кое никогаш во иднина нема да ни се врати, како Градски комитет на ВМРО- ДПМНЕ ќе се трудиме да оставиме белег кој за многу години и за многу идни генерации ќе остане спомен на едно време во кое се креирало, вложувало и создавало. Нашата визија е град кој промовира хуманост, взаемно помагање, социјална правда, вклученост и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни и иновативни проекти и иницијативи. Затоа што Скопје отсекогаш бил град на солидарноста и соживотот. Затоа што Скопје отсекогаш се грижело за Скопјани! Вечерва, во чест на градот убав, Градскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ организира Поетска вечер посветена на Скопје, проследена со рецитал на уникатното виолинско дуо "Полифонија", стои во нивното соопштение до јавноста. 🗓️среда- 26.07.2023 година ⏰21:00 часот 📍ул. Македонија бр.30-2/13, пред Канцеларијата на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skopje-odbelezhuva-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/feed/ 0
26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив… по втор пат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/#respond Wed, 26 Jul 2023 08:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=860102

Роден сум на денот кога Скопје се разбуди во ужас... Всушност, роден сум малку порано, но тој ден се родив по втор пат... Како речиси тримесечно бебе на кое 26 јули за малку можеше да му биде датум кој се испишува после онаа цртичка пред датумот на раѓање... За среќа, фала му на Бога, се’ се завршило поинаку. Скопје, населба Пролет, зграда број девет, влез трети, втори кат... Тоа утро мајка ми Добрила станала рано, за да ми подготви храна. Мене, на нејзиното првороденче. Во тесното станче од 50-ина квадрати, четири генерации... Прадедо ми Теодосија, неговиот син – дедо ми Драган со баба ми Илина, вујко ми Филип – се’ уште ерген, мајка ми и татко ми Трајче, тогаш се’ уште студент и секако јас, мало бебенце, прва радост во семејството. Најстариот, речиси 90 годишен, склеротичен, некогашен белградски печалбар „у време краља“ прашува... „Зашто ова дете плаче, чије е?“ – а мајка ми онака смирено: „Па мое е дедо, наше е... внуче ти е“. „Па зошто плаче, што га не смириш? – прашува стариот, а мајка ми: „Па, гладно е, затоа, еве му подготвувам јадење“. „Не, није тачно... Ти не умеш да го чуваш... Ако не умеш да га чуваш, поклони га држави... Она ќе да се стара о њему“ – со полусрпски, полумакедонски враќа стариот и тогаш одненадеш чуден татнеж и старотен потрес . Плафонот почнува да пука, подот да се тресе, ѕидовите се лулаат како клацкалка, малтерот се рони, неподнослива бучава... Чиниш светот се превртува наопаку. Тресењето трае, тапа заглушлива бучава и прашина насекаде. Метежот во паника да се спаси главата инстинктивно се претвора во хистерија... „Симнувајте , бегајте, сите надвор, земјотрес“... Паѓа потпорниот ѕид што го дели станот од соседите, се урива дел од скалите во влезот... Семејството за миг е надвор... Но, не сите. Минува нецела минута од шокот, кога мајка ми спискува: „Бебето, каде ми е бебето“? Го нема и најстариот, (пра)дедото... Шокот се претвора во паника, додека надвор тлото се’ уште повремено се потресува, а наоколу се слушаат пискотници, викотници, плач, лелек, довикувања, општа хистерија... Вујко ми Филип, тогаш студент, младо и силно момче, фудбалер на Вардар и подоцна негов долгогодишен претседател, без двоумење онака, бос се стрчува назад кон влезот на зградата. „Немој Филипе...“ – викаат по него баба ми и останатите, но тој не слуша никого. Се враќа по мене, по тримесечното бебенце кое онака целото во плач, прашина и малтер на раце го изнесува надвор, а потоа одново оди горе по дедото. Вториот обид - за малку фатален. Се уриваат скалите, но во последен момент некако успеваат тој и стариот да се извлечат. Постземјотресните минути и часови течат во општа агонија... Јулското сонце го пече осакатеното Скопје додека се чека медицинска и хуманитарна помош. Мене ме преземаат и заедно со мајка ми ме носат во болница во Ниш. Лекарите констатираат тешка инфекција на респираторниот систем и цревата. Прават се што можат, но не е се до медицината... Има нешто и до Господа. Не јадам ништо. Инфузијата како тече во мене, така во истиот миг и истекува од мене... како вода. Организмот не може да ја задржи ниту неа, камо ли храната. Мајка ми од шок го губи млекото. Не може да ме дои. Лекарите велат: „Што е до нас, тоа е... толку можеме. Шансите се мали да преживее, но ги има. Мајчиното млеко многу би помогнало, ама... Во нишката болница лежат и Ромки, тукушто породени, доилки. Вреди да се проба, како последна шанса... За пари, секако. И види чудо... Бебето го прифаќа „мајчиното“ млеко. Шукар! Во меѓувреме прадедо ми онака сенилен и склеротичен со деменција, се губи... По ден талкање по урнатините вујко ми Филип го наоѓа на кејот на Вардар. По пижами како оди и мрмори: „Жено, где ми је пушка? Бугари, опет су нас напали Бугари“... На сенилниот воин од Првата светска војна, некои спомени од минатото му останале во главата. За жал истата таа и онака веќе доволно болна и истрауматизирана глава изложена 24 часа на сонце – не издржала. Тодосије Ѓурчиновски ќе ги преживее и војните и земјотресот, но ќе почине од мозочен удар само неколку дена по скопската катастрофа. А катастрофа за малку и во нишката болница... Мајка ми ме гледа како се борам за секоја капка мајчино млеко што значи живот, но и покрај тоа по она на лекарите дека изгледите да преживеам не ми се баш најголеми, му праќа итна телеграма на татко ми со од прилика ваква содржина: „Ја се држам некако, ама бебето... Толку беше, готово е“! Такво било времето, околностите, а такви биле и комуникациите... Немало ни обични, а камо ли мобилни телефони. Во целиот тој метеж во Скопје, татко ми пораката ја сфаќа тотално погрешно. Другиот ден се појавува млад човек во нишката клиника забраден, променет во црнина. Дојден да си го подигне телото на своето „покојно дете“. Можете да замислите само каков бил „контрашокот“ кога видел дека сум жив. И за Божје чудо полека сум почнал да закрепнувам. Оттаму во Белград со мајка ми кај нејзината другарка, тетка Зорка и сопругот Мирко, па по некое време назад во Скопје, кај братучедот на дедо ми, чичко Вељо и неговото благородно семејство. И од тој судбински 26 јули 1963-тата еве ме и денес, на истиот датум, фала му на Бога, се’ уште жив и здрав... За да си припомнам на скопската катастрофа и кажувањата на оние кои подоцна ми ја раскажувале оваа моја животна приказна. За жал повеќе ги неме ниту баба и дедо, ниту вујко ми, ниту татко ми и мајка ми... Ги нема на овој свет од кој некои од нив прерано заминаа, но ги има вечно во моето срце и спомените, кои додека сум жив нема да избледат. Како сеќавање и на семејството и на тој 26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив... по втор пат!   Автор е Антонио Димитриевски долгогодишен новинар, сега главен и одговорен уредник на порталот Вистина.ком.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/feed/ 0
Еве кога е можно повторување на силниот земјотрес од 1963-та година во скопското епицентрално подрачје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-e-mozno-povtoruvanje-na-silniot-zemjotres-od-1963-ta-godina-vo-skopskoto-epicentralno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-e-mozno-povtoruvanje-na-silniot-zemjotres-od-1963-ta-godina-vo-skopskoto-epicentralno-podrachje/#respond Sun, 26 Jul 2020 14:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=381663

Според податоците и истражувањата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје, е 500 години, што укажува дека при градењето во овој град треба да се имаат предвид техничките карактеристики на тлото, како и неопходноста од проекти со асеизмички дизајн за интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала ЕМС-1998, потсетува раководителката на оваа Опсерваторија, Драгана Черних по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес. Черних, во текстот „57 години од земјотресот во Скопје – никој не посакува ваква катастрофа“, потсетува дека природата често е непредвидлива и може да предизвика катастрофи од големи размери, а земјотресот е природна појава која не може да се предвиди. Земјотресот во Скопје е еден од тие природни катастрофи, кој се случи на денешен ден во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, со Рихтерова магнитуда 6.1 и интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала, кога загинаа 1070, а беа тешко повредени над 3.300 лица и беше почувствуван на целиот Балкански Полуостров. – Територијата на нашата држава се наоѓа во сеизмички активно, односно трусно подрачје, каде што во последното столетие веќе се случиле неколку катастрофални земјотреси, како што беа и земјотресите и во Пехчево 1904 г. и во Валандово 1931 г, стои во текстот од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, која е и првата сеизмолошка инстуција во земјава, основана во 1957 година и која е единствената сеизмолошка станица што работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес. Денес, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е единствена институција во Република Македонија која е задолжена да ја одржува сеизмолошката мрежа на Републиката, да врши постојано набљудување и научна анализа на целокупната сеизмичка активност на територијата на Републиката и пограничните подрачја. Таа, додава раководителката Черних, одржува мрежа на постојани сеизмолошки станици телеметриски поврзани (во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево), современо опремени чии податоци пристигнуваат во Опсерваторијата во Скопје во реално време, овозможувајќи брзо одредување на параметрите на земјотресот што е многу важно во случај на почувствуван земјотрес на територијата на Република Северна Македонија и пограничните региони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-e-mozno-povtoruvanje-na-silniot-zemjotres-od-1963-ta-godina-vo-skopskoto-epicentralno-podrachje/feed/ 0
Родителите им ги откопале мртви: Тројца браќа останале сираци, а за да се спасат копале со голи раце под урнатините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-im-gi-otkopale-mrtvi-trojca-brakja-ostanale-siraci-a-za-da-se-spasat-kopale-so-goli-race-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-im-gi-otkopale-mrtvi-trojca-brakja-ostanale-siraci-a-za-da-se-spasat-kopale-so-goli-race-pod-urnatinite/#respond Sun, 26 Jul 2020 13:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=381655

Денеска се одбележуваат 57 години од разорниот земјотрес кој го срамни со земја Скопје во 1963-та година. „Зградата на улицата Орце Николов што се наоѓаше над аптеката „Илинден“ речиси е срамнета со земја, цели 30 часа по несреќата даваше само една констатација: Сѐ што имало внатре е мртво“, се потсетува скопјанецот кој бил сведок на настаните. „Оттука беа извадени 56 мртви тела. Никој не се надеваше дека некој уште може да живее во овој крш. Меѓутоа, за големо изненадување и по 30 часа излегоа живи три деца. Браќа. Најстариот имаше 20 години. За него весниците и порано пишувале“, вели тој. Во 1962 година, за поплавата, тој помагал при спасувањето на повеќе од 20 граѓани. Веднаш по затрупувањето, татко му од другата соба му јавил за смртта на неговата мајка. Двајцата негови помали браќа биле во неговата соба. Почнал да копа, да се пробива, педа по педа, а неговите браќа лазеле по него. Отпрвин копал со рацете, потоа нашол некое железо и по 30 часа постојано копање здогледал светлина. Почнал да вика и однадвор луѓето го слушнале. Застанал на нозе како ништо да не се случило. По него излегле и неговите двајца браќа. Родителите им ги откопале мртви. Скопје денес е храброста на овие браќа како и храброста на сите оние кој се бореле за себе, за своето и за својот град. Кога се застана храброста продолжи!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-im-gi-otkopale-mrtvi-trojca-brakja-ostanale-siraci-a-za-da-se-spasat-kopale-so-goli-race-pod-urnatinite/feed/ 0
Срцето буквално ќе ви се распара- трагедија која ги потресе скопјани, 7 годишно детенце остана смачкано под урнатините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceto-bukvalno-kje-vi-se-raspara-tragedija-koja-gi-potrese-skopjani-7-godishno-detence-ostana-smachkano-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceto-bukvalno-kje-vi-se-raspara-tragedija-koja-gi-potrese-skopjani-7-godishno-detence-ostana-smachkano-pod-urnatinite/#respond Sun, 26 Jul 2020 10:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=381520

Денеска се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес кој го срамни со земја Скопје, а жителите на нашиот град се уште се сеќаваат на таа тажна слика и трагични моменти. По првите силни удари, под урнатините на куќата останало три членото семејство: таткото, мајката и седумгодишниот син. Поради поместување на почвата, се нашле изолирани меѓусебно. По стивнувањето на ударите и бучавата, започнале да бараат помош секој посебно. Така дознале еден за друг дека се живи, дека се во непосредна близина, но разделени со урнатините. Таткото упорно ги тешел своите најблиски дека спасителите се близу, и дека треба храбро да издржат. Се слушал повикот за помош на мајката, плачот на детето, и гласот на таткото. Спасителите ги засилиле расчистувањата, со голема надеж дека семејството кое давало знаци на живот, ќе биде спасено. Но, понатамошната трагедија започнала да се одвива постепено, и надвор од очекувањата на спасителите. Најпрвин, замолкнал гласот на мајката. Од просторијата каде што таа се наоѓала, завладеала тишина. Мајката веќе не одговарала на повиците ниту на детето, ниту на таткото. Веќе била почината. За да не дојде до избезуменост кај синот, таткото постојано го тешел и му зборувал дека мајка му е многу уморна и дека заспала, дека ја совладал сонот. Откако детето малку се потсмирило, почувствувало голема жед. Се слушале гласовите и ударите на спасителите кои биле се поблиску до нив. Но, каде тие биле точно, и дали затрупаните ќе можат да се одржат во живот до нивното доаѓање? Детето повторно започнало да плаче, велејќи дека е многу жедно. Таткото му го дал единствениот совет кој во тие тешки мигови бил можен, за да се спаси животот на синот: да пие од сопствената урина. Детето го послушало, и за извесно време повторно се смирило, давајќи и понатаму знаци на живот. Спасителите биле се поблиску до просторот каде што се наоѓал таткото. Кога стигнале до него, го извадиле од под урнатините. Расчистувањата продолжиле со уште посилно темпо и со уште повеќе луѓе. Таткото ги известил дека неговото синче е долу и дека се уште дава знаци на живот. По долгите, неизвесни моменти при расчистувањето, спасителите биле попречени да напредуваат од голема бетонска плоча. Оздола ги довикувало детето, биле на чекор од него, и од неговото спасување. Со големи напори и употреба на човечка сила, успеале да ја поместат плочата. Низ процепот се гледало детето. Но, отворот бил премал за тоа да може да излезе. Единствено решение било: да се донесе механизација, и со помош на челична сајла да се крене плочата. Така и било сторено. Плочата била прицврстена за челичната сајла, и започнале да ја креваат. Се создал уште поголем отвор. Детето веќе било подготвено да излезе, таткото ја подал раката кон него за да го извлече. Процепот сепак бил недоволен, било потребно уште сосема мало подигање на плочата. Забрмчеле повторно моторите, сајлата со бетонот повторно започнала да се крева, и токму во мигот кога синот требало да биде спасен, да излезе на површината, сајлата од механизацијата се скинала! Во тој трагичен, непредвидлив миг, бетонската плоча засекогаш го потиснала детето под урнатините. Така, катастрофата одзеде уште еден млад човечки живот, при самиот миг на неговото конечно спасување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srceto-bukvalno-kje-vi-se-raspara-tragedija-koja-gi-potrese-skopjani-7-godishno-detence-ostana-smachkano-pod-urnatinite/feed/ 0
Немав татко, а сега немам ни мајка- тажна приказна за скопјанецот кој го посвоил девојчето чија мајка починала под урнатините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nemav-tatko-a-sega-nemam-ni-majka-tazna-prikazna-za-skopjanecot-koj-go-posvoil-devojcheto-chija-majka-pochinala-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nemav-tatko-a-sega-nemam-ni-majka-tazna-prikazna-za-skopjanecot-koj-go-posvoil-devojcheto-chija-majka-pochinala-pod-urnatinite/#respond Sun, 26 Jul 2020 09:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=381496

Денеска се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес кој го срамни со земја главниот град. Старите жители на овој град никогаш нема да ги заборават потресните слики, моменти и месеци кои ги живееле по потресот. Еден скопјанец несреќата го снашла во хотелот „Скопје“. По првиот потрес, скокнал од првиот кат и, за среќа, останал неповреден. Покрај ѕидот на хотелот видел мртва жена, а покрај неа мало девојче кое извикувало „Мамо, мамо“. Веднаш отрчал да го земе. Уште не стигнал до него, кога повторно земјата се затресла и урнатините ги покриле обајцата. Но овој вториот удар бил уште посилен. Разделени така еден од друг, останале шест часа под урнатините. Кога војниците конечно го спасиле девојчето и сакале да го поведат, тоа почнало да се трга и на цел глас да извикува „Тука има уште еден чичко, спасете го“. Девојчето не си отишло додека не го извадиле чичкото. Потоа ја извадиле мајка ѝ, мртва. Чичкото го прашал девојчето како се вика нејзиниот татко. Таа на српски јазик бистро одговорила  „Јас немав татко, а сега и мама загина“. Чичкото ја повел со себе и на војниците им рекол „Благодарам што нѐ спасивте. Девојчето ќе го земам, ќе биде моја ќерка, ќе ја посвојам, јас и така немам свои деца“. Заминале заедно како едно семејство. Скопје денес е сведок на оваа приказна и на уште илјадници други  кој ги градат своите приказни на улиците на овој град. Кога се застана љубовта продолжи!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nemav-tatko-a-sega-nemam-ni-majka-tazna-prikazna-za-skopjanecot-koj-go-posvoil-devojcheto-chija-majka-pochinala-pod-urnatinite/feed/ 0
СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА: Градот одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-se-sekjava-gradot-odbelezuva-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-se-sekjava-gradot-odbelezuva-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-ta-godina/#respond Sun, 26 Jul 2020 07:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=381405

Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство. Цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел денеска ќе положат делегација на Собранието на Република Македонија предводена од потпретседателот Горан Мисовски и Жаклина Пешевска, делегација на Владата предводена од вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје. Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број на настани. „МКЦ за Скопје“ е мултимедијалниот настан кој денеска ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk. – „МКЦ за Скопје“ е настан кој нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето, соопшти Младинскиот културен центар. „МКЦ за Скопје“ ќе почне вечер во 19:30 часот со изложбата „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје“. Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција.  Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов. Од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, која содржи осумдесетина микрораскази/куси записи посветени на „невидливиот“ дел на градот Скопје. – Текстовите, т.н. антиразгледници, се создавани во периодот 2016-2020, а поттикот за нивно пишување во голема мера е промената на архитектонскиот лик што градот ја доживеа изминативе години. Во неа средишно место заземаат приказните за малите луѓе и феномените кои се маргинални, сето она што никако не би можело да се најде во историските учебници и на разгледниците. Поривот за таквиот третман на градот доаѓа токму од бруталноста со која се интервенираше врз неговата „голема слика“ и „голема приказна“. …, соопшти МКЦ за книгата на Иван Шопов.  За неа ќе зборува Владимир Јанковски, а раскази ќе чита Ѓоко Здравески. Мултимедијалниот настан во сеќавање на земјотресот од 1963-та ќе продолжи во 21 часот со учество на „Импров група“ и нивната претстава „Импров настап“ – заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика. „Импров настап“ е комична, непосредна, но комплексно структурирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив. Во неа играат: Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Наталија Теодосиева, а водител на настапот е Андреј Цветановски. Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје“ е музичката програма и концерт на бендот „Перија“ – во кој членуваат  Филис, Кате и Леа кои изведуваат музика на уд, перкусии, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век“ – бенд на  Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, и бендот „Ен2три“ кој за оваа пригода ќе настапи со перформнсот „5:17“. По повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотека и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Настанот, насловен „Сеќавања“, е закажан за вечер, со почеток во 21 часот. „Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија. „Преживеани спомени”, пак, е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва” реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и првпат се проектира надвор од поставката. На проекцијата на филмовите ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада. Изминатите денови се одржаа повеќе настани по повод 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Град Скопје ја организираа традиционалната крводарителска акција во Дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Музејот на Град Скопје ја организираше изложбата за големата трагедија што се случи на 26 јули 1963 година. Автор на изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. На 14 паноа акцент се става на клучните мигови по несреќата, на првата помош пристигната од тогашните југословенски републики, како и на испружената рака на светот за помош на настраданото население на Скопје. Содржината на изложбата исполнета со текстови, фотографии, карти и мапи, на публиката ѝ понуди повеќе информации за она што било Скопје пред земјотресот, како и за она што станало Скопје во времето нахуманитарната и солидарна помош на граѓаните на светот. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 57 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од  земјотрес со јачина  од девет степени  по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-se-sekjava-gradot-odbelezuva-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-ta-godina/feed/ 0
Скопје пред и по земјотресот: Бараките во Жданец, Пржино, Шутка- град без згради, поликлиниката Букурешт… емоции еден тон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-pred-i-po-zemjotresot-barakite-vo-zdanec-przino-shutka-grad-bez-zgradi-poliklinikata-bukuresht-emocii-eden-ton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-pred-i-po-zemjotresot-barakite-vo-zdanec-przino-shutka-grad-bez-zgradi-poliklinikata-bukuresht-emocii-eden-ton/#respond Sat, 25 Jul 2020 11:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=381178

Утре се одбележуваат 57 години од еден од најцрните денови кои го памети главниот град Скопје. Асоцијација за сите скопјани, но и за цела Македонија кога ќе се спомене датумот 26 јули 1963 година е скопскиот разорен земјотрес кој однесе во смрт повеќе од илјада луѓе. По повод годишнината која се одбележува утре во продолжение следуваат 55 фотографии од Скопје пред и по земјотресот. Особено тие со добра ориентација веднаш ќе ги препознаат населбите Жданец, Пржино, болницата Букурешт во Карпош, строгиот центар на градот... Ве оставаме да ве облеат емоции...
Ahead of the 55th anniversary of the earthquake in Skopje (26th July 1963), we are remembering this city with a selection of 55 old photographs. Source: DARM Posted by This City Knows on Sunday, July 22, 2018
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-pred-i-po-zemjotresot-barakite-vo-zdanec-przino-shutka-grad-bez-zgradi-poliklinikata-bukuresht-emocii-eden-ton/feed/ 0