„Скопско лето“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 05:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Скопско лето“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт „Македонски шлагери-стари песни-нови ѕвезди“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-makedonski-shlageri-stari-pesni-novi-dzvezdi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-makedonski-shlageri-stari-pesni-novi-dzvezdi/#respond Thu, 21 Jul 2022 05:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=708148

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва на платото на „Ист Гејт мол“ ќе се одржи концерт „Македонски шлагери – стари песни – нови ѕвезди“. Специјални гости ќе бидат Давор Јордановски, Андријана Јаневска, Сашо Гигов – Гиш, Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски. Диригент е Иван Еминовиќ, уметнички координатор Сања Шуплевска, а продуцент е Орце Ицковски и Оркестар Полифонија. Во сабота пак, концерт ќе одржи групата „Баклава“ – „За Скопје со љубов“, и тоа во Сули ан – Факултет за ликовни уметности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-makedonski-shlageri-stari-pesni-novi-dzvezdi/feed/ 0
Концерт на „Џим Политис квартет“ од Грција на „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzim-politis-kvartet-od-grcija-na-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzim-politis-kvartet-od-grcija-na-skopsko-leto/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=700729

На платото на ТЦ „Ист гејт“ вечер од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ концерт со свинг и џез ноти ќе одржи „Џим Политис квартет“ од Грција. Во составот на квартетот се гитаристите Џим Политис и Јоргос Пациотис, Костас Арсенис на контрабас и Серџио Хрисовицанос на виолина. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), организатор на летниот скопски фестивал, соопшти дека по многу години учествуваат уметници од Грција во програмата. Концертот ќе се одржи под мото „Вложуваме во културата која нѐ спојува“ и е под покровителство на Генералниот секретаријат за грчка дијаспора и јавна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Грција и со поддршка од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Како што информира ДКУС, на настанот ќе се обрати шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија, Константинос Прокакис, а видеообраќање ќе има и генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија Јоанис Хрисулакис. -Северна Македонија и Грција имаат извонредна џез сцена, а фестивалот „Скопско лето“ претставува еден од најпрепознатливите културни настани кој ќе им овозможи на уметниците, на љубителите на музиката и на публиката од двете земји да се спојат на едно место, да се запознаат и да се забавуваат, соопшти ДКУС. Влезот е бесплатен за посетителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzim-politis-kvartet-od-grcija-na-skopsko-leto/feed/ 0
„Скопско лето“ од 21 јуни, триесет настани дел од програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopsko-leto-od-21-juni-trieset-nastani-del-od-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopsko-leto-od-21-juni-trieset-nastani-del-od-programata/#respond Fri, 17 Jun 2022 10:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=692126

Околу триесетина настани – концерти, театарски претстави, изложби и програми за деца оваа година ќе го одбележат 43-то издание на Скопско лето, што ќе се одржи од 21 јуни до 30 јули. Официјалното отворање на првиот ден од летото ќе почне со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот „Фаме’С“. Според директорот на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, Никола Глигоров, и оваа година создадена е програма која ќе одговара на потребите на интересот на граѓаните на Скопје. -После две години од коронавирусот, полека се враќаме на старите патеки. Овој фестивал има своја мултимедијална програма, сака да комуницира од најмладите до повозрасните, со оние кои имаат поистенчени и естетски вкусови но и оние кои можеби културата малку повеќе ја сфаќаат како забава. Скопско лето секогаш опстојува на тоа да гради високи естетски критериуми кај публиката а тоа го правиме благодарение на смаите уметници, додаде Глигоров. Тој најави дека годинава ќе има 30 настани, а како и секоја година, најзастепана ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, фото изложби, ќе има програми за деца и оваа година како и секоја основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор на меѓународни програми. Ќе има гости уметници од Јапонија, па се до САД и Канада, но и гости од регионот, од соседните држави, од Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија но и од европските држави. -Мислам дека годинава ќе и овозможиме на публиката како и годините наназад да ужива во уметничките дострели на творците, и секако даваме можност и за помладите уметници, рече Глигоров. Скопско лето ќе почне со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот „Фаме’С“ составен од музичари од неколку европски држави. Концертот ќе се одржи на 21 јуни во салонот на НОБ. Како што додаде Глигоров, концертот е по повод затворањето на претстедателството на Советот на Европа на Франција. -Овој концерт ќе го одржи креативниот оркестар при Институтот „ФАМЕ’С“ за отворањето на фестивалот, и со тоа ќе ни овозможи да го затвориме француското претседателство на Советот на ЕУ со еден многу убав културен настан. Овие изминати шест месеци беа многу важни за нас бидејќи Француското претседателство со Советот на ЕУ е нешто што се случува секои 13 години и ние сме среќни што ќе завршиме со еден навистина многу убав настан, рече на денешната прес-конференција Иго Бештел, советник за култура и соработка во Француската Амбасада во Скопје. ние во рамките на овие шест месеци организиравме еден циклус на четири дебати кои беа пред се наменети за младите а кои што беа на тема Четирите големи приоритети на француското претседателство со советот на еу се мисли на дигиталната преобразба или револуција, еворпксата сувереност како, тука се климатските предизвиди и последната тема социјална европа Од Насијемота од проектот „Фејмс“ на прес-конференцијата денеска посочи дека „Фаме’С“ е институт специјализиран за оркестарско снимање на музика за медиуми, за меѓународни продукции на кино, аудиовизуелни проекти и видео игри. -Вработуваме повеќе од 150 професионални класични музичари од целиот Балкан. Имаме регистрирано за овие 15 години над 3.500 проекти, во нашето студио во Скопје во Автокоманда. Ова уште еднаш го потврдува ценетиот труд и квалитетот на нашите музичари што ги ангажираме од овде, и се заблагодаруваме за нивното учество и влијанието кое го имаат во Северна Македонија и на меѓународно ниво, додаде Насијемота. Годинава во рамки на фестивалот меѓу другото ќе се одржат театарските претстави „Нема да е крај на светот“, „Торонто Експрес“, „Последната лента на Крап“, театарска претстава за деца „Во детска соба“, концерт на „Танец“, изложба на Пол Ванд од САД „Природа на математиката“, концерт на „Џим Политис Квартет“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopsko-leto-od-21-juni-trieset-nastani-del-od-programata/feed/ 0
Претставата „Смртта на Дантон“ вечер на „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-smrtta-na-danton-vecher-na-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-smrtta-na-danton-vecher-na-skopsko-leto/#respond Sat, 10 Jul 2021 07:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=534617

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Центарот за култура Кисела Вода – КВК кино ќе биде изведена претставата „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер во режија на Андреј Цветановски Претставата е продукција на ЈОУ Дом на култура КВК Скопје, во копродукција со Театар Фабрика. – „Револуцијата ги јаде своите деца!“ – ова е најпознатиот цитат на драмата на големиот Бихнер. Во времето на национал-романтизмот еден млад студент да пишува за што се случува по Француската револуција е многу храбро и со ова драмско писмо Бихнер се соочува со многу критики, особено ако се земе предвид дека тоа е првата социјална револуција, наведува организаторот во најавата за претставата. Во неа играат: Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева. Сценограф и костимограф е Сергеј Светозарев, асистент на режија Борјан Стојков, Претставата ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани, а влезот е слободен. На програмата „Кафе кино“, пак, од 20.30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката ќе биде прикажан шпанскиот филм „Збогум морони“, снимен во 2020 година по сценарио и режија на Алберт Дупонтел. Филмот му е посветен на Тери Џонс од легендарната екипа „Монти Пајтон“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-smrtta-na-danton-vecher-na-skopsko-leto/feed/ 0
„Шопен, поетот на музиката“ – пијанистички концерт на „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shopen-poetot-na-muzikata-pijanistichki-koncert-na-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shopen-poetot-na-muzikata-pijanistichki-koncert-na-skopsko-leto/#respond Fri, 02 Jul 2021 05:37:46 +0000 https://kurir.mk/?p=530789

На „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Музејот на македонската борба ќе биде изведен концерт насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“. Ќе настапат Даница Стојанова, Нита Груби, Бобан Мирковски и Сара Кесковска. Концертот ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани и влезниците ќе бидат во ограничен број.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shopen-poetot-na-muzikata-pijanistichki-koncert-na-skopsko-leto/feed/ 0
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН: „Поточиња“ на 3 јули на Школка, еве од колку часот почнува детскиот фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlezot-e-sloboden-potochinja-na-3-juli-na-shkolka-eve-od-kolku-chasot-pochnuva-detskiot-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlezot-e-sloboden-potochinja-na-3-juli-na-shkolka-eve-od-kolku-chasot-pochnuva-detskiot-festival/#respond Thu, 01 Jul 2021 10:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=530483

Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одржи новото 18. издание на Детскиот фестивал „Поточиња 2021“. Влезот е слободен, а фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за првпат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта. Детскиот фестивал „Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните. Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца - учесници на возраст од 5 до 12 години. Единаесет години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање изминатите 5 години Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската опера и балет. Детскиот фестивал „Поточиња” своето 16. издание го одржа на 30-ти и 31-ви март 2019 година во Македонска опера и балет кадешто беа реализирани шест претстави за публиката. ,,Поточиња 2019” беше посетено од 5 000 деца. Поради ситуацијата со коронавирусот , 17. фестивалско издание „Поточиња 2020” беше реализирано во онлајн формат, додека промоцијата на 18. фестивалско издание „Поточиња 2021” година ќе се одржи на 3-ти јули 2021 година на популарната „Школка” во Градскиот парк Скопје. За 17 години „Поточиња” зад себе остави 241 детски песни, на фестивалот учествуваa околу 1300 деца како солисти и дел од хорот ,,Поточиња”, a фестивалските изданија ги проследиле околу 95 000 посетители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlezot-e-sloboden-potochinja-na-3-juli-na-shkolka-eve-od-kolku-chasot-pochnuva-detskiot-festival/feed/ 0
Концертот „Патување низ Европа” вечерва на Скопско лето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-patuvanje-niz-evropa-vecherva-na-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-patuvanje-niz-evropa-vecherva-na-skopsko-leto/#respond Thu, 01 Jul 2021 05:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=530203

Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во Музеј на македонската борба ќе се одржи концертот „Патување низ Европа” на Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано. Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена na nivo na univerzitet – „CUM LAUDA” во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија ,а најзначајна меѓународна наградата е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите македонски умерници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко цд „Македонска музика за пијано“. Како солист и и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија, Србија, Австрија, Англија, Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености… Како врв на уметничката дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири,на интернационалниот натпревар Охридски бисер, 2009-та година, како и трите награди Виртуози, за музички изведувач, 2013-та година, Камерен состав 2015-та година и Камерен состав 2016-та година. Марија Вршкова во моментот работи како доцент при ФмУ Скопје. Марко Поп Ристов дипломирал на Royal College of Music (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата Магистер по камерна музика на Музичкото и Драмско Училиште Guildhall во Лондон, а во истиот период го имал и своето Барбикан (Barbican) деби во 2012 година. На возраст од 16 години бил поканет и награден со стипендија да студира кај професор Павел Верников (Pavel Vernikov) во Scuola di Musica di Fiesole во Фиренца, Италија. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари, како што се: Performing Australian Music (Лондон, 2008), Giovanni Batista Pergolesi (Италија, 2003) и Петар Коњовиќ (Југославија, 2001). Свири како солист со Kensington Sinfonia (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и Националниот симфониски оркестар на Македонија. Во периодот на неговиот престој во Лондон бил менториран и посетувал семинари под раководство на еминентни музичари и уметници од: Bedke Quartet, Chilingarina Quartet, Domus Quartet, Belcea Quartet, Florestan Trio и многу други. Со неговиот Ристов квартет, Марко настапувал на фестивали и сцени ширум Европа, како Британија, Франција, Швајцарија, Македонија, Косово и Србија. Во 2010, квартетот бил поканет да настапи со Ромбах (Rombach) пијано триото на П. Дусапин (P. Dusapin) на сцената на BBC Proms. Од неговото доаѓање на Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во APO (Auckland Philharmonic Orchestra) и ACO (Auckland Chamber Orchestra) а воедно е и водач на втори виолини во Bach Musica оркестарот. Марко беше основач Villani Piano Quartet со кого од 2016 до 2019 години имаа остварено повеќе од 30 концерти ширум Нов Зеланд. Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. По успешните концерти, во 2020 триото беше покането на две турнеи со вкупно 54 концерти во Кина и Европа, кои поради светската здравствена криза за жал беа откажани. Во 2021 Марко доби покана и доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд. Утре во Музеј на македонската борба во 20:30 ќе се одржи концерт насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“ на Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски, Сара Кесковска, к.г. – пијано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertot-patuvanje-niz-evropa-vecherva-na-skopsko-leto/feed/ 0
МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/#respond Tue, 29 Jun 2021 05:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=529145

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ ќе учествува со две претстави. Меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ ќе се одигра вечер, на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот. Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед. Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев. Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26 мај оваа година. Оваа претстава е закажана за 7 јули. Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/feed/ 0
Отворено 42. издание на фестивалот „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreno-42-izdanie-na-festivalot-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreno-42-izdanie-na-festivalot-skopsko-leto/#respond Tue, 22 Jun 2021 08:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=526465

На првиот ден од летото и Светскиот ден на музиката, вчеравечер започна 42. издание на фестивалот „Скопско лето“, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот започна со операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што се одржа во салонот на Националната опера и балет, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. – Скопско лето е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика. Убеден сум дека и оваа година ќе биде така, затоа што програмата којашто ја нуди, доминира со квалитет и содржини коишто немаме прилика да ги видиме другпат. Чест ми е што оваа година Град Скопје е главен покровител на „Скопско лето“, истакна Шилегов. И оваа година, најголемиот дел од програмата на „Скопско лето 2021“ ќе биде посветен на домашните изведувачи, но фестивалот ги отвора вратите и за меѓународна соработка, а најавени се гости од Австрија, Германија, Канада, Србија, Хрватска, Црна Гора. Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под генерално покровителство на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreno-42-izdanie-na-festivalot-skopsko-leto/feed/ 0
Со концерт на оркестарот на НОБ ќе биде отворено „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/#respond Mon, 21 Jun 2021 05:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=525877

Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“. Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Од НОБ информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во ограничен број, посочуваат од Национална опера и балет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/feed/ 0