скот морисон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 May 2022 16:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скот морисон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Морисон го призна поразот на изборите во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-go-prizna-porazot-na-izborite-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-go-prizna-porazot-na-izborite-vo-avstralija/#respond Sat, 21 May 2022 16:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679928

Австралискиот премиер Скот Морисон го призна поразот на националните избори, велејќи дека тоа била „тешка ноќ“ за неговата конзервативна влада, пренесува ДПА. – Вечерва разговарав со лидерот на опозицијата и идниот премиер Ентони Албанес и му честитав на изборната победа, рече Морисон. Лабуристите ќе можат да формираат малцинска влада, но може да добијат и доволно гласови за мнозинска влада, според телевизијата Еј-Би-Си. Според прелиминарните бројки, партијата може да смета на најмалку 71 место во Сенатот, каде што се неопходни 76 места за да се дојде до мнозинство. Според податоците, конзервативната коалиција на Морисон освои само 49 места. Повеќе од 17 милиони луѓе беа повикани да гласаат за тоа кој ќе пополни 151 место во Долниот дом и половина од 78-те места во Сенатот. Повеќе од половина од гласачите со право на глас гласале однапред, оставајќи околу осум милиони луѓе да гласаат во сабота, објави националната телевизија Еј-Би-Си, повикувајќи се на австралиската изборна комисија. Гласањето е задолжително во Австралија. Излезноста во 2019 година беше околу 92 отсто. Изборите се одржуваат на секои три години. На последните избори во 2019 година, либералите, кои се во коалиција со уште поконзервативните националисти и се на власт речиси една деценија, имаа изненадувачка победа откако долго се очекуваше лабуристите да дојдат на врвот, посочува ДПА. Клучни теми во изборната кампања беа економијата, климатските промени и националната безбедност. Многу Австралијци ја гледаат климатската криза како огромен проблем, особено по неодамнешните екстремни поплави на источниот брег. Земјата, исто така, претрпе и други екстремни временски настани и катастрофи поврзани со климата, вклучувајќи сериозни пожари, суша и избелување на коралите во последниве години. Морисон е цврст поддржувач на индустријата за јаглен. За пандемијата речиси и не се разговараше за време на изборната кампања – иако земјата забележа повеќе од 50.000 нови инфекции во петокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-go-prizna-porazot-na-izborite-vo-avstralija/feed/ 0
ФОТО: Возило од придружбата на премиерот на Австралија излета од пат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vozilo-od-pridruzbata-na-premierot-na-avstralija-izleta-od-pat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vozilo-od-pridruzbata-na-premierot-na-avstralija-izleta-od-pat/#respond Thu, 14 Apr 2022 10:43:21 +0000 https://kurir.mk/?p=662911

Автомобил на обезбедувањето кое патувало со австралијанскиот премиер Скот Морисон на предизборен собир, излетал денеска од пат откако се судрил во друг автомобил. Како што соопштиле локалните власти при нереќата повредени се четворица полицајци. Необележано возило од обезбедувањето на Морисон излетало од патот откако било удрено во задниот дел од автомобил кој се престројувал. Полицајците повредени во несреќата имале повреди кои не се опасни по живот и биле пренесени во болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vozilo-od-pridruzbata-na-premierot-na-avstralija-izleta-od-pat/feed/ 0
Австралија: Кина мора да се приклучи на глобалната акција против руската инвазија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kina-mora-da-se-prikluchi-na-globalnata-akcija-protiv-ruskata-invazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kina-mora-da-se-prikluchi-na-globalnata-akcija-protiv-ruskata-invazija/#respond Mon, 07 Mar 2022 07:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=642380

Австралискиот премиер, Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната во Источна Европа. Морисон во својот говор посочи дека руската инвазија не се одвива според планот на нејзиниот лидер Владимир Путин, за кого смета дека „го преценил капацитетот за спроведување на оваа незаконска војна“. – Кина долго време тврдеше дека една од најголемите светски сили треба да придонесе за глобалниот мир и стабилност. Нема земја која ќе има поголемо влијание од Кина врз завршувањето на оваа ужасна војна во Украина, истакна Морисон во говорот во Институтот Лови во Сиднеј. Морисон, чија влада се судри со најголемиот извозен трговски партнер поради низа прашања, нагласи дека е зачуден од воздржаноста на Кина. – Го слушав гласот на кинеската Влада кога станува збор за осуда на руските дејствија и постоеше застрашувачка тишина, изјави австралискиот премиер. Кина одби рускиот напад врз Украина да го нарече инвазија, додека од западните земји побара да ги почитуваат руските „легитимни безбедносни грижи“. Таа повика да се стави крај на кризата по пат на преговори. Русија ја нарекува инвазијата, која започна на 24 февруари, „специјална воена операција“, а Морисон ја опишува како „грубо кршење на меѓународното право“ и „најнов пример на авторитарен режим кој се обидува да го оспори статус квото со закани и насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kina-mora-da-se-prikluchi-na-globalnata-akcija-protiv-ruskata-invazija/feed/ 0
Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за укинување на визата на Ѓоковиќ : Сега е време за тенис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-ja-pozdravi-odlukata-na-sudot-za-ukinuvanje-na-vizata-na-gjokovikj-sega-e-vreme-za-tenis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-ja-pozdravi-odlukata-na-sudot-za-ukinuvanje-na-vizata-na-gjokovikj-sega-e-vreme-za-tenis/#respond Sun, 16 Jan 2022 12:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=619985

Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавен интерес. По едногласната одлука на тричлениот судски совет, Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата на Австралија опен. Одлуката за укинување на визата ја донел министерот за имиграција, Алекс Хок, бидејќи, според него, присуството на невакциниран играч може да поттикне противење на вакцинацијата против коронавирус, но и поради загриженоста за јавното здравје. „Како што реков во петокот, Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат исходот од овие жртви да биде заштитен. За време на пандемијата, заедно постигнавме една од најниските стапки на смртност, најсилните економии и најсилните стапки на вакцинација во светот се основни за австралискиот начин на живот, како и за владеењето на правото“, рече Морисон. „Нашата влада отсекогаш го разбираше ова и беше подготвена да ги преземе одлуките и активностите неопходни за заштита на интегритетот на нашите граници. Му благодарам на Судот за неговото брзо внимание на овие прашања и за трпението на сите вклучени додека работевме на нивно решавање. Сега е време да започнеме со отворена Австралија и да се вратиме на уживањето во тенисот во текот на летото“, додаде Морисон. Во понеделник во Мелбурн започнува првиот Грен слем турнир во сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-avstralija-ja-pozdravi-odlukata-na-sudot-za-ukinuvanje-na-vizata-na-gjokovikj-sega-e-vreme-za-tenis/feed/ 0
Морисон: Министерот Таџ да се повлече додека против него се води истрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-ministerot-tadz-da-se-povleche-dodeka-protiv-nego-se-vodi-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-ministerot-tadz-da-se-povleche-dodeka-protiv-nego-se-vodi-istraga/#respond Thu, 02 Dec 2021 08:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=602816

Премиерот на Австралија, Скот Морисон денеска изјави дека побарал од министерот за образование Алан Таџ времено да ја напушти функцијата додека трае истрагата што се води против него во врска со насилство во вонбрачна заедница. Таџ е обвинет за физичко и емоционално малтретирање на поранешен член на персоналот. Тој рече дека „апсолутно ги отфрла наводите“ за таква врска, за која вели дека се случила во 2017 година и дека тоа било меѓусебно договорено. Сепак, Морисон истакна дека поради сериозноста на обвинувањата, тоа значи дека Таџ треба да не ја извршува функцијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-ministerot-tadz-da-se-povleche-dodeka-protiv-nego-se-vodi-istraga/feed/ 0
Морисон: Австралија презеде обврска за нула емисија на јаглерод до 2050 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-prezede-obvrska-za-nula-emisija-na-jaglerod-do-2050-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-prezede-obvrska-za-nula-emisija-na-jaglerod-do-2050-godina/#respond Tue, 26 Oct 2021 09:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=585630

Целта на Австралија е да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, изјави денеска премиерот Скот Морисон, но, според него, целта нема да биде пренесен во закон, туку ќе се потпира на потрошувачите и компаниите кои поттикнуваат намалување на емисиите. Усвојувањето на оваа цел ќе ги ублажи меѓународните критики кон Австралија за одбивањето да им се придружи на земјите, како Велика Британија и САД, во ветувањето нула емисии на јаглерод до 2050 година пред климатскиот самит COP26 во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември. Австралија е една од најголемите светски емитери на стакленички гасови по глава на жител и значаен извозник на фосилни горива, како што е јагленот. Морисон додаде дека Австралија ќе постигне нула емисии најмногу преку технолошки развој и владини инвестиции во вкупна вредност од 20 милијарди долари. -Инвестицијата, вели Морисон, ќе ги намали трошоците за технологија како што е чистиот водород, што ќе ја зголеми нејзината употреба. Премиерот се обиде да ја ублажи секоја закана за домашната индустрија и работните места како резултат на намалувањето на емисиите. -Австралијците сакаат одговор на климатските промени. Тие преземаат мерки против климатските промени, но, исто така, сакаат да ги заштитат своите работни места и средства за живот. Тие, исто така, сакаат да ги намалат трошоците за живот, изјави Морисон пред новинарите во Канбера. „И јас сакам да го заштитам австралискиот начин на живот, особено во руралните и регионалните области. Австралискиот начин на живот е единствен“, истакна премиерот. Додаде дека Канбера нема да ја смени својата цел за намалување на емисиите за 26 до 28 отсто до 2030 година во однос на нивото од 2005 година, но, потенцира дека Австралија ќе ја надмине таа цел и дека до 2030 година ќе ги намали емисиите за 30 до 35 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-prezede-obvrska-za-nula-emisija-na-jaglerod-do-2050-godina/feed/ 0
Австралија ги отвора границите, но не и за странските туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-no-ne-i-za-stranskite-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-no-ne-i-za-stranskite-turisti/#respond Tue, 05 Oct 2021 10:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=573244

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека границите за странските туристи ќе бидат отворени дури од следната година. Во интервју за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите кои беа затворени од март 2020 година. „Ако сте биле вакцинирани двапати во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејството, можете да патувате“, рече Морисон. Странските туристи во овој период, не се на листата на приоритети, и најави дека тие ќе можат да влезат во Австралија од 2022 година. Како што рече, следниот приоритет се оние што доаѓаат во Австралија за образование. Во Австралија се очекува процентот на целосно вакцинирани да достигне 80 проценти до крајот на октомври. Во моментов, 57,4 проценти од граѓаните имаат целосна имунизација, а 79,9 проценти добиле барем една доза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-gi-otvora-granicite-no-ne-i-za-stranskite-turisti/feed/ 0
Морисон: Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=571150

Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот. Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на 80 проценти од вакцинираните. -Дојде моментот Австралијците да си го вратат животот. Се подготвуваме за тоа и Австралија многу брзо ќе биде подтотвена да тргне, рече Морисон. Вакцинираните лица, додаде Морисон, ќе можат да бидат ставени во карантин дома седум дена по нивното враќање во земјата, со што ќе се избегне задолжителниот скап 14-дневен карантин во хотел, што во моментов е на сила. Австралија на 20 март минатата година воведе некои од најстрогите погранични ограничувања во светот, како одговор на пандемијата на коронавирусот, по што во следните 560 дена беа прекинати бројни меѓународни летови, а патувањето во странство беше сведено на минимум. Семејствата беа поделени на повеќе континенти, австралиските државјани беа блокирани во странство, додека странските државјани беа блокирани во земјата и не можеа да ги видат своите пријатели или родители. Според Министерството за внатрешни работи, само во првите пет месеци од оваа година биле одбиени повеќе од 100.000 барања за влез или излез од земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-po-18-meseci-povtorno-gi-otvora-granicite-vo-slednite-nekolku-nedeli/feed/ 0
Морисон: Австралија е цел на кибер напад од „државен актер“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-e-cel-na-kiber-napad-od-drzaven-akter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-e-cel-na-kiber-napad-od-drzaven-akter/#respond Fri, 19 Jun 2020 06:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=359693

Австралија е цел на кибер напад на „државен актер“, насочен кон владата, администрацијата и корпоративните информативни системи, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон на прес-конференција во Канбера, пренесоа светските агенции. Морисон посочи дека цел се „широк спектар организации“. -Целта на нападот се организации од сите нивоа на владата и економијата, политичките организации, здравствените услуги, рече австралискиот премиер. Тој не го идентификуваше државниот актер и не посочи технички детали, но, исто така, кажа и дека нема голема кражба на лични податоци. -Нападите траат со месеци, но сега се интензивирани, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-e-cel-na-kiber-napad-od-drzaven-akter/feed/ 0
Морисон: Нема да ме заплаши принудата на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-nema-da-me-zaplashi-prinudata-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-nema-da-me-zaplashi-prinudata-na-kina/#respond Thu, 11 Jun 2020 12:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=356640

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека нема да биде заплашен од „принудата“, откако Кина ограничи дел од австралискиот извоз и ги повика кинеските туристи и студенти да ја избегнуваат Австралија. Дипломатските односи меѓу Пекинг и Канбера се влошија откако Австралија повика на меѓународна истрага за изворот и ширењето на коронавирусот, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан. Лобирањето од страна на Австралија и Европската унија поттикна минатиот месец Светската здравствена организација да поддржи независно истражување за пандемијата на коронавирус. Кинеското Министерство за образование во вторникот соопшти дека студентите треба да размислат дали ќе студираат во Австралија. Меѓународното образование е четврта по големина извозна индустрија во Австралија, во вредност од околу 26 милијарди долари годишно. Кина го забрани увозот на австралиско говедско месо во последните неколку недели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-nema-da-me-zaplashi-prinudata-na-kina/feed/ 0