скратување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Feb 2022 17:55:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скратување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО го скрати времетраењето на карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-skrati-vremetraenjeto-na-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-skrati-vremetraenjeto-na-karantinot/#respond Thu, 17 Feb 2022 17:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=632840

Светската здравствена организација (СЗО) денеска го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лица изложени на коронавирус. СЗО соопшти дека оние кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови. Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10 дена без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите новите привремени упатства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-skrati-vremetraenjeto-na-karantinot/feed/ 0
Охридски угостители: Скратувањето на работното време ќе резултира со организирање домашни забави без контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=443148

Угостителите од Охрид од здружението „Охридски еснаф“ сметаат дека мерките за дополнително скратување на работното време на нивните објекти за време на престојните празници само ќе придонесат за уште поголем ризик од појава на нови кластери на коронавирусот. Михаил Мишев, претседател на здружението со оценка дека ограничувањето на работењето на кафеаните, кафулињата и рестораните до 18 часот ќе ги натера граѓаните да се самоорганизираат по куќи, викендички, закупени станови и на тој начин само да се зголеми ризикот од ширење на коронавирусот. – Сметаме дека е подобро во овие вонредни услови на епидемија да се има некаква контрола на забавите отколку тоа да се прави без каква било контрола по приватни објекти. Подобро на некој начин да се канализира однесувањето на луѓето за празниците отколку да се остави тоа да се прави на своја рака, до што ќе дојде доколку се спроведат предвидените мерки, истакна Мишев. Тој рече дека со нивниот и заедничкиот став на осумте здруженија на угостители од земјата е запознаена Комисијата за заразни болести, но оти нивниот овластен претставник денеска воопшто немал можност да ги презентира на седницата на која се разгледувале новите мерки. Мишев вели дека ќе ги почитуваат сите мерки што ќе ги донесе Владата, но оти дополнителното скратување на работното време ќе доведе до уште поголеми проблеми во угостителскиот сектор кој и онака работи со преполовени капацитети и во околности далеку од вообичаените. Охрид како наш најголем туристички центар годинава за првпат ќе ја дочека Новата година без организиран пречек на Градскиот плоштад и организирано присуство на туристи кои за новогодишните и божиќните празници ги имало и по десетина илјади, во најголем број од соседните држави. Веројатно ќе има поединечни посети, но со оглед на општата ситуација наметната од епидемијата и забраната за организирани прослави, тоа ќе биде само индивидуално без некаков позначаен импакт врз туристичкиот промет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/feed/ 0
УЕФА ги негира информациите за можно скратување на квалификациите за евро-куповите во новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/#respond Tue, 12 May 2020 08:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=344850

Европската фудбалска асоцијација ги демантираше информациите на британскиот весник „Тајмс“ за евентуално намалување на квалификациските рунди за Лигата на шампионите и Лигата на Европа во сезоната 2020/2021 година. Вчера „Тајмс“ објави вест дека УЕФА ја испитува можноста за намалување на квалификациските рунди и можноста за нивно целосно откажување. Ситуацијата е под влијание на забраните за натпревари на одделни влади, на пример во Франција и Холандија, фудбалски натпревари не може да се играат порано од септември. – УЕФА никогаш не размислувала да им ги одземе на победниците од националните шампиони право да се обидат да влезат во групната фаза во Лигата на шампионите благодарение на резултатите од теренот. УЕФА во моментов ја следи состојбата и евентуалното влијание врз формата на квалификациските рунди за клупските турнири следната година. До денес, не се развиени специфични опции за квалификациски формат за европските клупски турнири, се вели во соопштението. Конечните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2019/2020 беа прекинати во март поради пандемијата на коронавирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/feed/ 0
Дали од утре ќе следи скратување на полицискиот час во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-od-utre-kje-sledi-skratuvanje-na-policiskiot-chas-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-od-utre-kje-sledi-skratuvanje-na-policiskiot-chas-vo-makedonija/#respond Tue, 21 Apr 2020 15:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=335144

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Предлозите за ослеснување на мерките за движење на населението, како и дополнителните мерки за заштита како носење заштитна опрема Владата ќе ги разгледува утре на седница, на предлог на Комисијата за заразни болести. -И Владата и премиерот уште во текот на викендот најавија воведување меки мерки со цел олеснување на рестрикциите. Барањето и конкретниот предлог за скратување на полицискиот час дојдоа од Комисијата за заразни болести, а истите беа презентирани утрово на главниот кризен штаб од страна на министерот Филипче. Никој од членовите на Штабот не беше против, појаснуваат од Владата за МИА. Оваа комбинација на мерки, велат, ќе дозволи луѓето порастоварено да се движат, истовремено зголемувајќи ја потребата за лична заштитна опрема на секој граѓанин додека се движи. Се предлага да се направат следните измени: полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници, за повозрасните граѓани наместо од 10 до 12 часот да продолжи времето на движење од 8 часот до 12 часот, продолжување на периодот во кој се движат младите до 18 години и тоа ќе биде од 13 до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите. Паралелно со ова релаксирање на мерките, се предлага воведување нови задолжителни мерки на лична заштита и граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метри. Попрецизно заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип како маркети продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи каде има повеќе лица. Во однос на отворените површини заштитната опрема мора задолжително да се носи на места каде нема простор за дистанца од два метри. Задолжително носење на заштитна опрема важи на пример за пазарите како најдобар пример за место од отворен тип. Исклучок за носење заштитна опрема на отворено се прави само ако лицето носи заштитна опрема на работа која е пропишана со работното место како погони, фабрики…, ако престојува во двор на семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено и ја држи потребната дистанца од два метри и не го прави тоа во групи согласно постојните рестрикции, при возење во патничко моторно возила со лица со кои лицето живее во заедница или домакинство или при движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од другото лице кое е во непосредна близина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-od-utre-kje-sledi-skratuvanje-na-policiskiot-chas-vo-makedonija/feed/ 0