СКРМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Jul 2022 09:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СКРМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКРМ прашува: Кратење на буџетот или антагонизирање на вработените во културата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-prashuva-kratenje-na-budzetot-ili-antagoniziranje-na-vrabotenite-vo-kulturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-prashuva-kratenje-na-budzetot-ili-antagoniziranje-na-vrabotenite-vo-kulturata/#respond Fri, 29 Jul 2022 09:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=711748

Синдикатот на култура реагира на интервјуто на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „10 минути“ на Тв21. Прашуваат дали станува збор за кратење на буџетот или антагонизирање на вработените во културата? -Ако претходно бевме изненадени и запрепастени, сега изјавите на нашата министерка почнуваме да ги доживуваме со одбивност и антагонизам. Веројатно, министерката за култура е единствената министерка во историјата на оваа држава во кој било ресор, која јавно изразува незадоволство од тоа што гранката што ја води има вработени, кои по 30 години борба, превирања, политикантство, занемарување, понижување, обезвреднување, а пред сѐ неизвесност и живеачка под сите државни стандарди, успеале да ги подобрат условите за работа на едно нормално, а веќе денес со сите процеси и кризи и просечно ниво. Министерката во неполни 15 минути успеа да ги нападне вработените во цела култура, која самата ја води, притоа не воздржувајќи се во тој процес да ги изврти постоечките факти во некој за нас несфатлив наратив, дека „платите во културата се енормно зголемени“, по што самата таа се побива за неполна минута и да признае дека „цените на струјата се енормно зголемени“ и да констатира дека сепак „вработените не се виновни за пандемиската, безбедносната и економската криза, која го зафати светот, па и Република С. Македонија“. Околу пандемијата, не е вистина дека институциите од културата не работеле. Во согласност со протоколите за работа, токму институциите што таа ги споменува, како Опера и Балет или Филхармонија, работеа интензивно според можностите на протоколите за работа и го одржуваа репертоарот уште од Септември 2020 година. Таа тенденциозно одговара на прашање дека: „библиотекар-советник, за континуирано стручно образование, ... од 23.369 илјади денари во 2017 година, сега, со новиот колективен договор и со овој ребаланс којшто се направи за овие плати да се одржат, зема (цитираме од изјавата) 49 илјади 158 илјади денари“. Најпрво, одржувањето на платите, за кои таа зборува е обрска која државата ја презема со потпишувањето на Колективниот договор за култура, во која покачувањата на вработените во културата се решени преку растот на минималната плата во државата, односно, коефициент во културата е минималната бруто плата во државата. Тоа е концепт кој е земен од европската пракса, кон која оваа држава се стреми. Второ, не е вистина дека библиотекар-советник, по покачувањето, зема нето плата од „49 илјади и 158 илјади денари“. Тоа се јавни информации и министерката не треба да изнесува паушални суми. Коефициентот на библиотекар-советник според колективниот договор е 2.584, па и со најновиот ребаланс изнесува 45.120, а не 49.158 денари. Со двојното налгасување на „илјади“ министерката како да сака да ја нагласи „енормноста“ на сумата, која водителот ја поправи дека и таа веќе не е така голема. И трето. Се добива впечаток дека сите библиотекари земаат плата како што сакаше министерката да каже, а тоа не е вистина. Библиотекарот без стручно звање зема во рамките на просечната плата во државата и тоа би било чесно да се каже. Исто така, чесно да се каже дека библиотекар-советник е највисоката функција во библиотекарството, како што титулата „советник“ е највисоката титула во заштитата и библиотекарството, која се добива со макотрпна работа, континуирано образование, издавање на научни трудови, а сето тоа е поврзано со заштита и презервација на матерјалите, културното наследство и е поврзано со кривична одговорност. Исто така чесно е да се каже дека во државата нема повеќе од 30 библиотекари-советници. Најчесно би било да се каже дека сите овие професии, кои се колектори, чувари, презерватори и конзерватори на документи, трудови, статии, периодики (збирката „Ретка периодика“), кои говорат за историјата на оваа држава, народот и заедниците кои живеат во неа, целиот работен век го имаат поминато со супстандардни примања и сами ги стекнувале звањата, сами се доусовршувале, сами ја надоградувале својата академска наобразба. Исто како што денес 7-8 библиотекари-советници во НУБ самите со останатите вработени ги вадат книгите по секое поинтензивно врнење дожд од депоата на НУБ Климент Охридски, сами импровизирано ги сушат и сами се борат да го зачуваат она што е останато од културното наследство доверено на нивно чување, затоа што со години наназад објектот на НУБ тече и се поплавува. Најчесно би било да се каже дека со години на инвестирање во „мртви споменици“, како „Скопје 2014“ при највисоки плати во културата од околу 20-23.000 денари, не е во ред министерката сама да се доведува во крајно непријатна ситуација и во иста неприлика да ја доведува Владата (од која таа е дел и која го донесе долгоочекуваниот и насушен колективен договор), која конечно обрати внимание на вистинските чинители на културниот процес, а тоа се вработените во културата, со подобрувањето на нивниот економски и социјален статус и конечно соодветното вреднувањето на нивните трудови и работа. Нам ни е многу жал што на учесниците во „слободна сцена“ им беше скратен најголем дел од програмските средства, но не смееме да потпаднеме на наративот дека за тоа се виновни платите на вработените во културата и дека заради тоа бил скратен буџетот за култура за 2022 година. Напаѓајќи ги вработените во културата, изразуваме сомнеж дека со ваквиот самонегаторски однос министерката, освен што ги антагонизира вработените во културата, ќе успее да добие симпатии помеѓу учесниците од „Слободна сцена“, а уште помалку во јавноста и општеството. Впрочем самите учесници на „Слободна Сцена“ се уметници и дејци, кои еден ден својот уметнички, но и егзистенционален статус би можеле да го побараат во институциите од културата и да бидат вработени на позиции кои министерката денес така интензивно ги напаѓа, заборавајќи дека слободната сцена своето творештво го претставува токму во институциите од културата и дека меѓусебната соработка е клучна. Понатаму, напаѓајќи ги сопствените вработени, се сомневаме дека таа ќе створи негативен набој кај останатите гранки во општеството спрема вработените во културата. Напротив, нашите колеги од другите гранки во општеството не нѐ гледаат со антагонизам поради покачените плати во културата, кои не се ни далеку од „енормни“, туку напротив, на колективниот договор во културата гледаат како почетна точка од која понатаму и тие ќе ги доуредуваат своите социјални прашања. Јавно се прашуваме, кога се споменува солидарноста, зошто министерката не сака да спомене дека вработените во културата беа солидарни со државата цели 30 години? Една работа министерката е во право: дека културата е една од гранките каде што голем дел од институциите може да остваруваат профит од својата дејност. Ја охрабруваме на раководните позиции во институциите на културата да постави луѓе со визија и програмски концепт, а постојните кадри да ги мотивира и да им ја разбуди визијата за програмски концепт, маркетинг, одржлив менаџмент, достапност на пазарот, различност во програмските понуди. Ова несфатливо упорно трудење на министерката да се подрие самата себе и да ги антагонизира вработените во гранката што самата таа ја води со ваквите паушални изјави, порачуваме дека нема да ја продлабочи нашата заемна соработка, онака искрена и чесна како што секогаш била, туку само може да ги продлабочи разликите и спротивставеностите, кои, во рамките на соработката на која таа инсистира, нема да вродат со никаков плод, се вели во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-prashuva-kratenje-na-budzetot-ili-antagoniziranje-na-vrabotenite-vo-kulturata/feed/ 0
СКРМ е против предложените ковид-мерки на Комисијата за заразни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-e-protiv-predlozenite-kovid-merki-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-e-protiv-predlozenite-kovid-merki-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/#respond Fri, 19 Nov 2021 12:36:29 +0000 https://kurir.mk/?p=597391

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска соопшти дека се спротивставува на предложените мерки од Комисијата за заразни болести за вработените во јавниот сектор, кои при одење на работно место ќе треба да прикажуваат потврда за примена најмалку една вакцина или негативен ПЦР тест направен на сопствен трошок. Како понудена варијанта на вакцинирањето, од Синдикатот сметаат дека е неприфатливо трошокот на ПЦР-тестирањето условено да паѓа на трошок на вработените, особено, како што велат, поради фактот дека платите во културата кај поголемиот број вработени, се движат во рамките под просекот, а тоа би значело директен удар врз финасиската состојба на вработените. -Како Синдикат кој се грижи за здравјето на своите вработени, ние не сме против вакцинирање. Тоа го покажавме уште на 5 март оваа година со дописот до нашето ресорно Министерство и Министерството за здравство, кога реагиравме и побаравме вработените во културата да бидат ставени на приоритетна листа за вакцинација, со што сметавме дека ќе се овозможи нормализирање на работата на институциите од културата, наведуваат од Синдикатот. Сепак, сметаат дека вакцинирањето треба да биде личен избор. Како што посочуваат, препорака и сугестија за вакцинирање мора да има, но без условување и не по секоја цена. Од Синдикатот велат дека Уставот гарантира слобода на избор и недискриминација по било кој основ, слобода на право на избор, како и право на работа и соодветна заработувачка. Потенцираат дека условувањето за остварување на работниот процес, преку барање на сертификат или негативен пцр-тест, директно се коси со Уставот. По тој основ, СКРМ очекува овие мерки од страна на Владата да бидат повлечени или корегирани и дека Владата ќе донесе мерки кои нема да се дискриминаторски и ќе се однесуваат на сите граѓани на државата. Во спротивно, СКРМ соопшти дека ќе ги искористи сите механизми за правна заштита на своите членови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-e-protiv-predlozenite-kovid-merki-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/feed/ 0
Синдикатот на културата денес на штрајк поради непотпишување на колективен договор, поддршка и од СОНК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/#respond Tue, 24 Dec 2019 07:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=281455

Во институциите од културата денеска ќе има еднодневен штрајк во кој вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските. Штрајкот е организиран од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) поради непотпишаниот колективен договор за кој СКРМ преговара речиси две години и за кој, како што соопшти, континуирано добивал ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан прво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на 2019-та. Гоце Павловски, секретар на СКРМ, вели дека речиси 15 години вработените во културата се без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. – Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист, велат од СКРМ. Синдикатот излезе на протестен марш во октомври и доби ветувања од Владата и ресорното министерство дека колективниот ќе биде потпишан до почетокот на 2020, но од крајот на минатиот месец синдикалците соопштија дека нема напредок и дека работните групи се неактивни. Денешниот предупредувачки штрајк на СКРМ е поддржан и од нивни колеги што членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/feed/ 0
СОНК утре ќе го поддржи штрајкот во културата најавен од СКРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-utre-kje-go-poddrzi-shtrajkot-vo-kulturata-najaven-od-skrm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-utre-kje-go-poddrzi-shtrajkot-vo-kulturata-najaven-od-skrm/#respond Mon, 23 Dec 2019 14:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=281166

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации од сите установи од културата донесе одлука за солидарност во штрајкот што за утре го најави Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ). -Одлуката на СОНК се темели врз основа на оценката на претседателите на сикндикалните организации дека преговорите со Министерството за култура во изминатиов период не вродија со плод, односно не може да се заобиколи фактот дека до денес не е потпишан колективен договор, а уште помалку има сигнали дека се обезбедени материјални средства за негова имплементација од 1 јануари 2020 година, соопшти СОНК. Додава дека културата е дејност од национален интерес и дека со вложуивање во неа и, особено во човечките ресурси и вработените, се вложува и во опстојувањето на културното наследство на земјава, цврсто се истакнува идентитетот и постоењето на македонската нација. Предупредувачкиот штрајк кој за утре го најави СКРМ ќе се одвива во установите од културата каде што вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските. -Штрајкот е резултат на непотпишување колективен договор за кој преговараме речиси две години и за кој континуирано добивавме ветувања од Владата и Минситерството за култура дека ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019 година. Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот, соопшти СКРМ кој во октомври организираше и протестен марш „Колективен сега!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-utre-kje-go-poddrzi-shtrajkot-vo-kulturata-najaven-od-skrm/feed/ 0
Синдикат на културата започнува штрајк поради непотпишување на колективен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/#respond Thu, 19 Dec 2019 09:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=279595

Синдикат на културата соопштува дека во вторник (24.12.2019) започнува со штрајк. -Информираме дека СКРМ започнува со штрајк на 24.12.2019 година заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка, се наведува во соопштението. Од СКРМ додаваат дека штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. -Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/feed/ 0
Синдинатот на културата најавува штрајк од 16 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/#respond Thu, 28 Nov 2019 11:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=270555

Советот на Синдикатот на културата (СКРМ) најавува штрајк од 16-ти декември доколку во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и истиот не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 01.01.2020 година. Причината за активирање на штрајкот, како што е наведено во соопштението, е заради ненадејното, неоправдано прекинување на работата на работната група за изготвување на Предлог колективен договор. -Имено, последниве 10 дена работната група за колективен договор во Министерството за култура не е активна, односно работата е неосновано прекината од страна на Министерството. Како синдикат кој директно е вклучен во преговорите, изминатите денови се обидувавме да ги дознаеме причините за ваквиот застој во работата, особено во време кога требаше да се финализира предлог колективниот договор и да се пушти на јавна расправа. Испративме неколку дописи со барање за продолжување на работата до повеќе официјални лица, но сè уште немаме никаков одговор од кабинетот на министерот Хусни Исмаили или неговиот заменик Владимир Лазовски. Бидејќи Министерството за култура е сервис на вработените во уметничките и културните институции, а притоа и најодговорен управен орган за сите проблеми што произлегуваат од работниот однос, бараме јавно на сите вработени да им одговорат на следните прашања: Зошто работата на работната група за колективниот договор е прекината без никакво образложение? Зошто и покрај сите апели за нејзино продолжување, работната група не се активира? Дали може Министерството јасно и недвосмислено да каже дека сè уште е на ставот за потпишување на колективен договор со спроведување од 01.01.2020 година? Да потсетиме, вработените во културата не бараат покачување, туку уредување на платите и правична валоризција на трудот по основ на Колективен договор кој Министерството, а со тоа и државата, им го должи цели 15 години. Не сакаме да веруваме дека ваквиот „традиционален“ однос на Министерството е тактизирање со цел продолжување на оваа агонија уште една година или како што покажува праксата, можеби уште една деценија. Ги повикуваме сите одговорни лица во Министерството за култура, на чело со Министерот и неговиот Заменик да се фокусираат со сите капацитети за итно решавање на проблемот и да не помислуваат да се запишат во редот на личности од неуспешната историја на Министерството кои проблемите ги „туркаат под тепих“, затоа што овој пат вработените стојат цврсто на барањата за остварување на своите „згазени“ права и ќе ги искористат сите можни форми на социјална борба, се наведува во соопштението на Советот на СКРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/feed/ 0
СКРМ на протестен марш за колективен договор: Ова е последно предупредување пред да активираме штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/#respond Tue, 08 Oct 2019 10:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=249155

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата. – Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата. Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава. – Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска. Додаде дека заложба на СКРМ било да се потпише колективен договор врз основа на нов закон за култура, но бидејќи законот со кој би се регулирале правата сè уште не е донесен тие, нагласи Арсовска, повеќе нема да го чекаат неговото донесување и колективниот може да го потпишат врз основа на постојниот закон. СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/feed/ 0
Протестен марш на Синдикатот на културата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/#respond Tue, 08 Oct 2019 07:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=249066

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денес ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/feed/ 0
Синдикатот на културата утре излегува на протестен марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/#respond Mon, 07 Oct 2019 09:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=248697

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот - „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/feed/ 0
Расте незадоволството од власта: Културните работници најавија протести и блокирање на институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raste-nezadovolstvoto-od-vlasta-kulturnite-rabotnici-najavija-protesti-i-blokiranje-na-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raste-nezadovolstvoto-od-vlasta-kulturnite-rabotnici-najavija-protesti-i-blokiranje-na-instituciite/#respond Thu, 29 Nov 2018 12:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=133632

Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) е револтирано што нема обезбедено средства за зголемување на буџет за плати во културните и уметничките институции. Затоа даваат ултиматум до 31 декември надлежните институции да го решат овој проблем, или во спротивно следат блокади. До крајот на годината требаше да се донесе новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, со тоа да се потпише и колективниот договор, но, велат од Синдикатот, закон не е донесен, а не се обезбедени ниту средства за колективен договор со Буџетот за 2019. „Во разговор со министерот со култура (Асаф Адеми н.з.) ни беше објаснето дека законот за култура доцни заради недонесувањето на законот за вработени во јавната администрација, заради тоа што законските промени треба да се вметнат и сите да се усогласат. СКРМ има разбирање за овој процес, но мораме да го искажеме незадоволството од непоместување на состојбите од мртва точка, во која вработените се наоѓаат повеќе од една деценија“, реча на прес-конференција актерката Сања Арсовска, претседателка на СКРМ. Во оваа насока како чекор кон потшувањето на колективниот договор, СКРМ бара нивелација на платите во сите дејности, со кои, велат тие, делумно ќе се амортизираат катастрофалните состојби во институциите каде вработени на исто место, со ист степен на служеност и одговорност, земаат различни плати. Потенцираат дека барањето за нивелација на плати е испратено до ресорното министерство во вторникот. Се уште чекаат одговор. Исто така, бараат и преку пратениците, преку амандмани во законодавниот дом да се изгласаат и вметнат средства во буџетот за претстојната година. „Според пресметките на Министерството, за нивелација на платите во културата се потребни околу 75 милиони денари. Културата е единствената гранка која 12 години нема потпишано колективен договор и која се уште има најниски плати. Не можеме да зборуваме за културен и уметнички развој додека вработените, оние што ја создаваат уметноста, оние што се грижат за културното наследство, за библиотечните фондови… живеат на раб на егзистенција. Културните работници веќе немаат трпение. Не сакаме веќе да бидеме школски пример за социјалната неправда врз нас. Затоа, доколку до 31 декември не се усвојат и одобрат средства за нивелација на плати, вработените во културата новата година ќе ја дочекаат со блокирање на институции“, рече претседателката на СКРМ. На новинарско прашање дали знае дали во последните месеци има партиски вработувања во културните институции, Арсовска одговори: „Не знаеме дали имало вработувања за да процениме дали биле партиски или не“. Нагласи дека веќе формирале т.н. протестен одбор за превземање на различни активности. „Ова значи, престанок на наш ангажман, односно граѓанска непослушност“, нагласи претставничката на Синдикатот на култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raste-nezadovolstvoto-od-vlasta-kulturnite-rabotnici-najavija-protesti-i-blokiranje-na-instituciite/feed/ 0