скршеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jan 2022 20:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скршеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десетици тетовци деновиве скршиле раце и нозе на смрзнатите улици и тротоари во градот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetici-tetovci-denovive-skrshile-race-i-noze-na-smrznatite-ulici-i-trotoari-vo-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetici-tetovci-denovive-skrshile-race-i-noze-na-smrznatite-ulici-i-trotoari-vo-gradot/#respond Mon, 24 Jan 2022 20:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=622600

Снегот и ниските температури целосно ги прекрија улиците и тротоарите во Тетово со мраз, по што само во тетовската Клиничка болница, повеќе од педесет пациенти побарале помош поради скршеници, објави ТВ21. -За пет дена на Одделот за ортопедија при Тетовската болница се примени над 50 пациенти со фрактури, од кои тројца се оперирани, а останатите се пуштени на домашно лекување. Во овој број се опфатени и лицата кои се здобиле со повреди на ски-центарот Попова Шапка. Најголем број телесни повреди предизвикани од лизгање се регистрирани кај децата и постарите лица, а најчести се повредите на екстремитетите, велат од одделот за ортопедија во Тетово. Лекарите апелираат до граѓаните да не излегуваат надвор без потреба и да носат соодветни обувки и облека. Викендов, градоначалникот Биљал Касами изјави дека „безбедноста и слободното движење на граѓаните“ е должност на локалната власт, кога заедно со вработените во Јавното комунално претпријатие ги чистеше тротоарите од снег и мраз. -Имајќи ги предвид барањата на граѓаните доставени до претпријатието, но и до општината дека на тротоарите има мраз и опасност од повреди, ние денеска излеговме на терен за да извршиме надзор како вработените во претпријатието го чистат мразот. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите вработени во претпријатието кои ги исчистија тротоарите за граѓаните да можат слободно да се движат низ улиците во градот, рече Касами. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/desetici-tetovci-denovive-skrshile-race-i-noze-na-smrznatite-ulici-i-trotoari-vo-gradot/feed/ 0
80-годишна баба хоспитализирана во Градска, пијана заработила скршеници по телото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/80-godishna-baba-hospitalizirana-vo-gradska-pijana-zarabotila-skrshenici-po-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/80-godishna-baba-hospitalizirana-vo-gradska-pijana-zarabotila-skrshenici-po-teloto/#respond Sun, 11 Nov 2018 09:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=126402

Осумдесет годишна жена со скршеници на телото изминатите денови била хоспитализирана во скопската Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Според информациите на Скопје Инфо бабата била донесена со повреди и скршеници кои биле предизвикани од движење во алкохолозирана состојба. Од болницата коментираат дека вистинска реткост е пациент во таа возраст да биде хоспитализиран поради повреди настанати од конзумирање алкохол. По првичните испитувања таа била задржана на понатамошно лекување. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/80-godishna-baba-hospitalizirana-vo-gradska-pijana-zarabotila-skrshenici-po-teloto/feed/ 0