СКТМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Aug 2021 11:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СКТМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКТМ: Новите КОВИД-мерки ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sktm-novite-kovid-merki-kje-go-usloznat-patuvanjeto-i-kje-go-oteznat-prestojot-na-makedonskite-gragjani-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sktm-novite-kovid-merki-kje-go-usloznat-patuvanjeto-i-kje-go-oteznat-prestojot-na-makedonskite-gragjani-vo-stranstvo/#respond Wed, 25 Aug 2021 11:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=554857

Стопанската комора за туризам (СКТМ) предупредува дека новите КОВИД мерки кои треба да стапат во сила од 1 септември сериозно ќе го усложнат патувањето и отежнат престојот на македонските граѓани во странство. Комората бара измена на условите за влез во државата – на македонските граѓани кои ќе бидат упатени во домашна изолација да им се дозволи во рок од 24 часа да извршат тестирање во домашна лабораторија и доколку имаат негативен резултат да бидат ослободени од самоизолација. Ваквото барање, како што соопшти Комората, е доставено до министерствата за здравство и за економија. -Мерките во врска со враќањето на нашите граѓани од странство (користење на летниот одмор или враќање од службено или приватно патување), сериозно ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство поради комплицирана постапката на барање лабораторија и реализација на тестирање во странство, особено во места во кои можеби лаборатории не се лесно достапни на патниците, а ќе значи и зголемени трошоци за тестови кои во другите земји најчесто се со повисоки цени за истата услуга во нашата држава, истакнува СКТМ. Комората изразува жалење што не е консултирана при донесувањето на рестриктивните мерки за патувањата. – Напоменуваме дека во светот се реализираат голем број на патувања во многу дестинации и дека со почитување на досегашните протоколи (одржување на физичка дистанца, носење на заштитна маска и хигиена) во многу туристички дестинации непречено и безбедно се одвиваат економските активности. Се надеваме и очекуваме одговорните институции да го прифатат нашиот предлог и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство, односно враќањето во матичната земја, наведува Комората.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sktm-novite-kovid-merki-kje-go-usloznat-patuvanjeto-i-kje-go-oteznat-prestojot-na-makedonskite-gragjani-vo-stranstvo/feed/ 0