скулптури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 19:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скулптури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Запознајте го човекот кој ги прави најмалите скулптури во светот, ги собира во главата на игла https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-zapoznajte-go-chovekot-koj-gi-pravi-najmalite-skulpturi-vo-svetot-gi-sobira-vo-glavata-na-igla/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-zapoznajte-go-chovekot-koj-gi-pravi-najmalite-skulpturi-vo-svetot-gi-sobira-vo-glavata-na-igla/#respond Sun, 23 Apr 2023 20:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=826724

Уметникот Вилард Виган прави скулптури веќе шест децении, а сепак целата негова работа може да се собере на дланка. Неговите рекордни микро-скулптури, за кои се потребни месеци да се завршат, се направени од фрагменти од керамика, парчиња злато и зрна песок. И ако мислите дека статуите се мали, замислете ги алатките што се користат за нивна изработка. Вилард мора да ги изработи сите сам, од игли, парчиња дијамант и човечки трепки. Измерено во микрометри и речиси невидливо за човечкото око, Вилард изгради светови во иглата - планината Рашмор, Тајната вечера, слетувањето на Месечината се само неколку од неговите дела. Тој го држи и светскиот рекорд за најмала скулптура некогаш направена, со големина на една човечка крвна клетка. Станува збор за скулптура на фетус издлабена и сместена во дупка на едно влакно. Навистина збунувачки. Кога имал 50 години, на Вилард му бил дијагностициран аутизам, што тој го смета за негова „супер моќ“ што му овозможува да го гледа светот поинаку. Тој вели дека се надева дека неговите неверојатни дела ќе го променат и разбирањето на другите луѓе за светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-zapoznajte-go-chovekot-koj-gi-pravi-najmalite-skulpturi-vo-svetot-gi-sobira-vo-glavata-na-igla/feed/ 0
Папата Франциск и ги враќа на Грција скулптурите од Партенон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-i-gi-vrakja-na-grcija-skulpturite-od-partenon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-i-gi-vrakja-na-grcija-skulpturite-od-partenon/#respond Sat, 17 Dec 2022 18:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=777035

Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, одлучи да и врати на Грција три стари делови на Партенон кои повеќе од еден век се наоѓаат во папските збирки на ватиканските музеи. Ватикан известува дека папата одлучил да му ги врати трите парчиња од храмот Партенон на грчкиот надбискуп Јеренимос, како конкретен знак на искреност. Радио Ватикан објави дека во Рим пристигнале по непознат пат во 19 век. Партенон, кој се наоѓа на Акропол во Атина, бил завршен во петтиот век п.н.е. како храм на божицата Атина, а неговите украсни делови содржат некои од најголемите примери на старогрчка скулптура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-i-gi-vrakja-na-grcija-skulpturite-od-partenon/feed/ 0
„Емоции“ изложба на скулптури од Никола Смилков во КИЦ – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/emocii-izlozba-na-skulpturi-od-nikola-smilkov-vo-kic-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/emocii-izlozba-na-skulpturi-od-nikola-smilkov-vo-kic-skopje/#respond Fri, 04 Nov 2022 07:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=755531

Изложба на скулптури од Никола Смилков насловена „Емоции“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативен центар – Скопје, во Салон Империјал 2. По повод изложбата М-р Луција Ѓурашковиќ ќе истакне дека и само минувајќи низ „патот на емоциите“ на изложбата на вајарот Никола Смилков, како да се враќаме на самите себе, на своето внатрешно битие, на својот божествен никулец кој ни ја дава смислата, а со тоа и го осмислува постоењето. -Смилков своето уметничко дело како од самите негови почетоци да го поврзува со таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на микрокосмичките случувања. За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на архетипското, вели меѓу другото Ѓурашковиќ. Никола Смилков е роден 1973 година во Штип. Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2012 година се стекнува со титула доктор на науки на Педагошкиот факултет на УКЛО во Битола, од областа на Методика на ликовно образование. Учествувал на многу меѓународни симпозиуми при кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина, Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку студиски посети, вклучително и во Cite De Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби. Во 2021 година награден е со Гран при на 5. меѓународно биенале на акт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември 2022 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/emocii-izlozba-na-skulpturi-od-nikola-smilkov-vo-kic-skopje/feed/ 0
„Самоспознавање“ изложба на скулптури на професорот Слободан Милошески во Загреб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samospoznavanje-izlozba-na-skulpturi-na-profesorot-slobodan-milosheski-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samospoznavanje-izlozba-na-skulpturi-na-profesorot-slobodan-milosheski-vo-zagreb/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:03:19 +0000 https://kurir.mk/?p=722399

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата „Самоспознавање“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 10 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба пишува дека авторот Слободан Милошески е претставник на постмодерниот дискурс во скулптурата. Тој изведува скулптура која предизвикува голема визуелна атрактивност, скулптурата со мазна полирана текстура во флуидни облици. Овие визуелни ефекти првенствено се врзуваат со имплементирањето на минималистичкиот концепт кој доминира во последните фази на авторот, период од неговото творештво кој се занимава со симболичките форми и нивните значења. Тие, наведува Бектовиќ, ни праќаат евидентна порака дека овој приод во имплементацијата на уметничките идеи овозможува проширување на апстрактните идеи во свој сопствен реалитет на самоспознавање, со елиминација на миметичките претстави на реалноста. -Клучните елементи на уметничкото дело, просторот и волуменот, ја наоѓаат својата рамнотежа и динамика во постојаната игра на наизменични динамични, едноставни форми, лансирани во вселената со сета тежина на тешко моделираниот метал. Трансформацијата на металот во уметничко дело, со најдобра примена на конструктивните вештини, во металните скулптури на Слободан Милошески ја демистифицира семиолошката структура на уметничкото дело, посочува Бектовиќ. Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Бугарија, на катедра „Скулптура“. До сега има реализирано 28 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 80 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година, наградата за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година, нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година. Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје. Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Загребската публика ќе има прилика да ја посети изложбата „Самоспознавање“ во КИЦ на Северна Македонија во Загреб до 30 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/samospoznavanje-izlozba-na-skulpturi-na-profesorot-slobodan-milosheski-vo-zagreb/feed/ 0
ФОТО: Уметник изработува скулптури на животни фатени во смешни пози https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-umetnik-izrabotuva-skulpturi-na-zivotni-fateni-vo-smeshni-pozi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-umetnik-izrabotuva-skulpturi-na-zivotni-fateni-vo-smeshni-pozi/#respond Fri, 14 Feb 2020 11:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=303906

Јапонски уметник изработува скулптури од домашни миленичиња кои се фатени со интересни и смешни пози. Неговата работи го засмејува и воодушевува светот, а уметникот инспирацијата ја наоѓа на интернет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-umetnik-izrabotuva-skulpturi-na-zivotni-fateni-vo-smeshni-pozi/feed/ 0