скупи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Feb 2021 09:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скупи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најнови детали за сообраќајката на „Скупи“, уапсен маж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-soobrakjajkata-na-skupi-uapsen-maz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-soobrakjajkata-na-skupi-uapsen-maz/#respond Fri, 19 Feb 2021 08:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=470837

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Скупи“. Од МВР за Курир информираат дека приведено е едно лице по сообраќајката. -Околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје, информираат од МВР за Курир. Полицискиот службеник се згобил со повреди кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-soobrakjajkata-na-skupi-uapsen-maz/feed/ 0
Стојкова Серафимовска: Скупи, заштитен како културно наследство, наликува на џунгла во која обраснаа ветувањата на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-skupi-zashtiten-kako-kulturno-nasledstvo-nalikuva-na-dzungla-vo-koja-obrasnaa-vetuvanjata-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-skupi-zashtiten-kako-kulturno-nasledstvo-nalikuva-na-dzungla-vo-koja-obrasnaa-vetuvanjata-na-sdsm/#respond Mon, 29 Jun 2020 20:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=365441

Археолошкиот локалитет Скупи, заштитен како културно наследство од особено значење, наликува на џунгла во која обраснаа ветувањата на СДСМ преку Алаѓозовски, обвинува Велика Стојкова Серафимовска. -Затоа со програмата ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на соодветна конзервација и реставрација на археолошките локалитети и нивно збогатување со пропратни културни, едукативни и комерцијални содржини со цел обезбедување поголема турстичка понуда и одржлив економски развој, вели таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-skupi-zashtiten-kako-kulturno-nasledstvo-nalikuva-na-dzungla-vo-koja-obrasnaa-vetuvanjata-na-sdsm/feed/ 0
Седум претстави на 13. „Скупи“ од 21 до 27 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-pretstavi-na-13-skupi-od-21-do-27-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-pretstavi-na-13-skupi-od-21-do-27-oktomvri/#respond Fri, 18 Oct 2019 11:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=253414

Седум претстави од регионов и од Русија ќе бидат изведени на 13. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“, кој в понеделник (21 октомври) ќе го отвори претставата „Карневалите на Корча“ на Националниот театар на Косово од Приштина. Во наредните денови, секоја вечер до 27 октомври, под мотото „Лог ин“ ќе бидат изведени и: бугарската претстава „Вујко Вања“ на театарот „Вазраждане“ од Софија; руската „Осамениот Запад“ на театарот „У моста“ од Перм; словенечката монодрама „Жените на Ибзен“ на Покет театар студио од Љубљана; српската претстава „Кири и Клодел“ на Пулс театар и терирем продукција од Белград; албанската „Добра ноќ, мајко“ на Метропол театар од Тирана и македонската „Жени пред нервен слом“ на Театар Комедија. За наградите ќе одлучува тричлено жири: Уљка Мујо, Емин Аземи и Борче Начев. Фестивалската програма на 13. МТФ „Скупи“ денеска на прес-конференција ја соопштија директорот и уметничкиот директор, Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети. Ахмети рече дека седумте претстави се избрани од околу сто што се пријавиле за учество и дека програмата е конципирана со компромис меѓу нивните можности  и желбата да се донесат квалитетни претстави. Тие се жанровски разновидни – од класиката на Чехов во „Вујко Вања“ до современ театар во „Осамениот Запад“ на Мартин Мекдона. Оваа претстава е наградувана и актуелна и во матичниот театар во Перм кој, пак, рече Ахмети, е меѓу 20 најдобри театри во светот. Во однос на лани, оваа година „Скупи“ добил поголема поддрша од Министерството за култура (3.400.000 денари), симболично е финансиран и од Град Скопје, а генерален спонзор им е Македонски телеком. Партнер во организацијата на годинашниот „Скупи“ е Театар Комедија каде што ќе се играат претставите. Очекуваат дека до следното издание ќе биде отворен новиот објект на Албанскиот театар-Скопје каде што ќе имаат матична сцена затоа што, како што рекоа, за 13 изданија со „Скупи“ ги „прошетале“ сите театарски сцени во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-pretstavi-na-13-skupi-od-21-do-27-oktomvri/feed/ 0
Презентација на реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар во Скупи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/#respond Wed, 11 Jul 2018 06:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=75408

Управата за заштита на културното наследство денеска на археолошкиот локалитет Скупи ќе ги презентира досегашните реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар и планираните идни активности кои се под нејзина надлежност. Реализираните и идните активности ќе ги презентира директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова-Митевска. Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанското Кале во општина Карпош. Градот Скупи за време на римското владеење е населен со римски воени ветерани, со што добива статус на колонија, највисок ранг на град надвор од Рим. Како единствена римска колонија на територија на Република Македонија, локалитетот Скупи е еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Последните систематски истражувања на театарот во Скупи се реализирани во период од 2013 до 2016 година, од страна на Музејот на град Скопје во соработка со Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во август 2016 година почнаа конзерваторско-реставраторски работи на гледалиштето на античкиот театар на Скупи, а прекинаа во септември 2017 година поради немање дозвола за градба согласно постоечкиот Основен проект за конзервација, реставрација и реконструкција на гледалиштето. Поради тоа, а заради соодветна заштита на остатоците од античкиот театар, изработен е Анекс на основниот проект со кој ќе се извршат сите потребни конзерваторско-реставраторски работи согласно со Законот за заштита на културното наследство, информираат од Управата за заштита на културното наследство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/feed/ 0
Знае ли владата каде ќе го гради новиот клинички: Ем ќе се лечат, ем ќе гледаат театар?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znae-li-vladata-kade-kje-go-gradi-noviot-klinichki-em-kje-se-lechat-em-kje-gledaat-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znae-li-vladata-kade-kje-go-gradi-noviot-klinichki-em-kje-se-lechat-em-kje-gledaat-teatar/#respond Tue, 13 Mar 2018 15:01:12 +0000 http://kurir.mk/?p=29623

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека новиот клинички ќе се гради на нова локација, но очигледно е дека повеќе детали нема, што значи граѓаните ќе почекаат за нов клинички центар. Она што е според очекувањата е дека најрано новиот клинички би бил готов до кај 2030-та година. Она што зачудува е фактот што местото на кое е предвидено за градба, како што рече Филипче, е во близина на психијатриската болница Бардовци. Но, не знае ли министерот или некој друг во владата дека во тој дел се наоѓа локалитетот Скупи? Градоначалникот на општина Карпош, пак, деновиве рече дека локацијата на идниот клинички центар не навлегува во утврдените граници на Скупи и не претставува опасност за археолошкиот локалитет. Очигледно штом археолозите потсетуваат на овој локалитет значи дека има некоја причина. Дали тоа значи дека во определен дел не можат да се вршат градежни активност, дали ќе се зафати дел од локалитетот при градењето на новиот клинички? Веројатно ќе се знае кога ќе се подготви проект. Но за тоа според светските стандарди потребни се најмалку две години и што ако во текот на подготовката излезе дека градбата навистина ќе го уништи локалитетот? Во меѓувреме, додека владата работи, ако воопшто работи на проект за нов клинички, а ако не ги знае деталите за овој локалитет треба да се запознае. Што велат податоците за ова археолошко наоѓалиште? Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанско Кале во oпштина Карпош. Градот Скупи за време на римското владеење е населен со римски воени ветерани, со што добива статус на колонија, највисок ранг на град надвор од Рим. Како единствена римска колонија на територија на Република Македонија, локалитетот Скупи е еден од најзначјните археолошки локалитети во Македонија. Локалитетот е познат уште од крајот на деветнаесетиот век. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи. Со археолошки ископувања на локалитетот Скупи отпочнато е инцидентно пред Втората светска војна. Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, од 2013-та година интензивно се почнува со работа на овој археолошки локалитет. Имено, стручни екипи од Музејот на град Скопје, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со финансиска поддршка од министерството за култура, ги започнаа активностите од втората фаза на систематските археолошки истражувања на Римскиот театар. Во оваа истражувачка фаза, која траеше  до крајот на 2015 и кога  се ископа  целиот простор на кој лежи театарот, како и неговата поблиска околина. За време на истражувањата на Античкиот театар, археолозите пронајдоа околу 3000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5000 предмети од различни културни хоризонти - железно време, римски период, доцноримски период и среден век. Вкупно се истражија околу 8500 артефакти кои на Јубилејната археолошка изложба јавноста успеа да ги види во Археолошкиот музеј на Македонија во 2016 година. Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички испитувања, а се направија и аерофотографии од театарот со дрон. За гледалиштето на Античкиот театар, пак, Конзерваторскиот центар има подготвено основен проект за конзервација, реставрација и реконструкција. За изведување на работите на гледалиштето на Античкиот театар во Скупи е спроведена постапка за избор за најповолен понудувач и склучен е договор со економски оператор со А лиценца. Согласно Основниот проект, при конзерваторските работи ќе се употреби соодветен материјал за конзервација, како и травертин со исти карактеристики, како и оригиналниот травертин употребен за изградба на Античкиот театар, пронајден при реализација на археолошките истражувања. Со проектот „Антички театар - Скупи 2013 - 2017 година" досега се реализирани најголем дел од предвидените фази, направена е студија за идеална реконструкција на театарот во Скупи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znae-li-vladata-kade-kje-go-gradi-noviot-klinichki-em-kje-se-lechat-em-kje-gledaat-teatar/feed/ 0