сквернавење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 09:22:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сквернавење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сквернавен гроб на струшките гробишта, полицијата на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skvernaven-grob-na-strushkite-grobishta-policijata-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skvernaven-grob-na-strushkite-grobishta-policijata-na-teren/#respond Thu, 14 Apr 2022 09:22:50 +0000 https://kurir.mk/?p=662849

Пријава за сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга добила полицијата вчера. Неофицијално, гробот бил осквернавен во обид да биде ограбен, но засега од полицијата не соопштуваат повеќе детали. Потврдуваат дека случајот е пријавен кај нив и работат по пријавата. - Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skvernaven-grob-na-strushkite-grobishta-policijata-na-teren/feed/ 0
ФОТО: Сквернавење во Центар- Контејнери со смет го „окупирале“ споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/#respond Wed, 27 Oct 2021 09:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=586315

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојузот МАКЕДОН) и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудуваат неодговорноста на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар, кои поставиле контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Ин“ на Кејот на реката Вардар! Ова се истакнува во реакцијата за сквернавењето на споменикот во Скопје, што ја објави претседателот на СМК, Тодор Петров на официјалниот профил на Фејсбук. -Сојузот МАКЕДОН и СМК сметаат дека поставувањето на контејнери пред Споменикот претставува сквернавење на Паметникот за геноцидот врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија како најцрна страница од историјата на Македонскиот народ после Втората Светска Војна! Споменикот сведочи за насилно прогонети 28.000 деца од две до четиринаесет години од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји, далеку од своите родни огништа. Сојузот МАКЕДОН и СМК бараат градоначалникот на Скопје и градоначалникот на општина Центар веднаш да ги дислоцираат контејнерите за ѓубре пред Споменикот! Сојузот МАКЕДОН и СМК повторно потсетуваат на вандализимот од непознат сторител или сторители и врз Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец во Скопје на 10 октомври 2019 година, кога беше искршена мермерната плоча на задната страна на Споменикот на која пишуваше “28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година… Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји, далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…” Сојузот МАКЕДОН и СМК потсетуваат на повторениот вандализим од непознат сторител или сторители врз Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец во Скопје и на 6 ноември 2019 година, кога беше откорнат натписот “Татковината копнеж на прогонетите” на предната страна на Споменикот и симболот на Светската средба на децата бегалци на задната страна на Споменикот, истовремено откорната и спомен-плочата на Султана, мајката на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев до базенот во кој е поставен Споменикот! Сојузот МАКЕДОН и СМК потсетуваат дека полицијата и јавното обвинителство до денес не поведоа истрага ниту излегоа со соопштение за овој вандализам на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија! Сојузот МАКЕДОН и СМК со огорченост укажуваат на неподносливата негрижа на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар за санирање на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија од 2019 година, и за сквернавењето со контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Ин“ на Кејот на реката Вардар!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/feed/ 0
Продолжува постапката против лицата кои го ископале и отвориле гробот на 17 годишната девојка во Куманово – еве колкава казна може да добијат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodolzuva-postapkata-protiv-licata-koi-go-iskopale-i-otvorile-grobot-na-17-godishnata-devojka-vo-kumanovo-eve-kolkava-kazna-moze-da-dobijat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodolzuva-postapkata-protiv-licata-koi-go-iskopale-i-otvorile-grobot-na-17-godishnata-devojka-vo-kumanovo-eve-kolkava-kazna-moze-da-dobijat/#respond Fri, 22 Oct 2021 09:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=583592

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10.10.2021 година три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат. По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот. За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до 5 години. Согласно Законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу 8 дена. Со оглед на тоа што прибирањето на доказите се уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на Судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице. Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodolzuva-postapkata-protiv-licata-koi-go-iskopale-i-otvorile-grobot-na-17-godishnata-devojka-vo-kumanovo-eve-kolkava-kazna-moze-da-dobijat/feed/ 0
Двајца затвореници пуштени на викенд со помошник го сквернавеле гробот на загинатата 17 годишна кумановка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-pushteni-na-vikend-so-pomoshnik-go-skvernavele-grobot-na-zaginatata-17-godishna-kumanovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-pushteni-na-vikend-so-pomoshnik-go-skvernavele-grobot-na-zaginatata-17-godishna-kumanovka/#respond Wed, 13 Oct 2021 10:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=578231

СВР Куманово ќе поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта, соопшти денеска полицијата. Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово. Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта. -По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32) двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата. СВР Куманово ќе поднесе соодветни крвични пријави против инволвираните лица, по целосно докуметираење на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-pushteni-na-vikend-so-pomoshnik-go-skvernavele-grobot-na-zaginatata-17-godishna-kumanovka/feed/ 0
Пријавен случај на сквернавење на гроб на кумановките градски гробишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijaven-sluchaj-na-skvernavenje-na-grob-na-kumanovkite-gradski-grobishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijaven-sluchaj-na-skvernavenje-na-grob-na-kumanovkite-gradski-grobishta/#respond Tue, 12 Oct 2021 11:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=577660

Жена од Куманово во полицијата пријавила случај на сквернавење на градските гробишта, соопшти денеска кумановскиот СВР. – Вчера во 12:09 часот С.П. од Куманово во СВР Куманово пријавила дека на градските гробишта во Куманово било извршено сквернавење на гроб, информираа од СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prijaven-sluchaj-na-skvernavenje-na-grob-na-kumanovkite-gradski-grobishta/feed/ 0
Извршен разговор со 16-годишниот од тетовско кое изврши сквернавење на македонското знаме – расчистен случајот, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/#respond Wed, 17 Mar 2021 12:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=483674

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“. Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/feed/ 0