сладоледи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jun 2022 09:28:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сладоледи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема да поверувате колку корнети сладолед украле овие двајца Бугари – казната заслужено ќе си ја одлежат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-da-poveruvate-kolku-korneti-sladoled-ukrale-ovie-dvajca-bugari-kaznata-zasluzeno-kje-si-ja-odlezat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-da-poveruvate-kolku-korneti-sladoled-ukrale-ovie-dvajca-bugari-kaznata-zasluzeno-kje-si-ja-odlezat/#respond Fri, 17 Jun 2022 09:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=692072

Двајца мажи на возраст од 23 и 34 години се приведени во градот Варна во североисточна Бугарија, откако украле сладолед од една помала продавница. Утврдено е дека разбојниците провалиле во минимаркетот и украле 148 корнети сладолед и четири кутии сладолед од по еден килограм. Пријавата за кражбата ја поднел сопственикот на продавницата. На крадците на сладолед им е одреден притвор од 72 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-da-poveruvate-kolku-korneti-sladoled-ukrale-ovie-dvajca-bugari-kaznata-zasluzeno-kje-si-ja-odlezat/feed/ 0
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АХВ: Овие сладоледи го содржат штетниот етилен оксид, а се продавале на македонскиот пазар! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanje-od-ahv-ovie-sladoledi-go-sodrzat-shtetniot-etilen-oksid-a-se-prodavale-na-makedonskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanje-od-ahv-ovie-sladoledi-go-sodrzat-shtetniot-etilen-oksid-a-se-prodavale-na-makedonskiot-pazar/#respond Fri, 06 Aug 2021 09:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=547098

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат: 1.Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл Сериски број/лот- PL1048 Рок на употреба: до 28.02.2023 Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Потекло : Франција 2.Сладолед  Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл Сериски број/лот:MI1118,MI1119 Рок на употреба: до 30.04.2023 Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Потекло : Полска 3.Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл Сериски број/лот:MI1117 Рок на употреба: до 30.04.2023 Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Потекло : Полска Увозник во РМ:АЛМА М -Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат, велат од Агенцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanje-od-ahv-ovie-sladoledi-go-sodrzat-shtetniot-etilen-oksid-a-se-prodavale-na-makedonskiot-pazar/feed/ 0
Во тек инспекциска контрола кај двајца увозници за сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на „Дукатос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/#respond Thu, 05 Aug 2021 13:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=546743

Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на производителот „Дукатос“, се очекува наскоро да соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Овие два вида сладоледи, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид. -Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, во вторникот попладне добивме нотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum, велат од АХВ за МИА. Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници. -По спроведената инспекциска контрола ќе бидат утврдени количините и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување, нагласуваат од Агенцијата за храна. Сладоледите „сникерс“ и „твикс“ и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ најпрво беа повлечени во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, некои земји, како Белгија, не ги сметаат ваквите производи за штетни и ги пуштаат во промет. Доколку се утврди дека спорните производи се исправни, тие ќе бидат вратени на пазарот, велат од Агенцијата за храна на Црна Гора. Во спротивно, производите ќе бидат уништени за што јавноста ќе  биде информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-inspekciska-kontrola-kaj-dvajca-uvoznici-za-sladoledite-snikers-i-tviks-na-dukatos/feed/ 0
ФОТО: Четири годишно момче тајно нарачало 46.818 сладоледи со ликот на Сунѓер Боб, семејството во шок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-chetiri-godishno-momche-tajno-narachalo-46-818-sladoledi-so-likot-na-sungjer-bob-semejstvoto-vo-shok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-chetiri-godishno-momche-tajno-narachalo-46-818-sladoledi-so-likot-na-sungjer-bob-semejstvoto-vo-shok/#respond Sat, 08 May 2021 14:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=507634

Четири годишно момче од Њујорк направило голема сметка откако тајно нарачувало водени сладоледи во форма на ликот од цртаниот филм, Сунѓерот Боб. Задоволството на малото момче изнесувало 2618 долари за нарачката од Амазон. Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакување во кое имало по 918 сладоледи, а со адреса на испорака до неговата тетка. Амазон најпрво истакнале дека нема да се откажат од нарачката, па мајката на момчето морала да плати голема сметка. Сепак од компанијата подоцна посочиле дека се во контакт со семејството Брајант и дека сладоледите ќе ги донираат во локалната хуманитарна заедница. Во меѓувреме на сајтот "GoFundMe" биле собрани 11.000 долари за помош на момчето и неговото семејство. Семејството истакнало дека собраните пари ќе ги насочат кон образованието на Ноа кој има АСД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-chetiri-godishno-momche-tajno-narachalo-46-818-sladoledi-so-likot-na-sungjer-bob-semejstvoto-vo-shok/feed/ 0