слаѓана тасева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 08:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слаѓана тасева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Тасева по Калајџиев бара примена на правото за Јанакиески: Се надевам дека дилемите ќе се решат без влијание од јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-taseva-po-kalajdhiev-bara-primena-na-pravoto-za-janakieski-se-nadevam-deka-dilemite-ke-se-reshat-bez-vlijanie-od-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-taseva-po-kalajdhiev-bara-primena-na-pravoto-za-janakieski-se-nadevam-deka-dilemite-ke-se-reshat-bez-vlijanie-od-javnosta/#respond Sat, 08 Jul 2023 08:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=854280

Универзитетската професорка и правник, Слаѓана Тасева, се согласува со Гордан Калајџиев дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Таа посочува дека се надева оти за тоа се потребни добри познавачи на правото – а судиите треба да се токму тоа. Според неа, дилемите околу спојување на притворот треба да се разрешат во струката. „Колегата Гордан Калајџиев како и многу пати досега, на време и со право укажува на тоа дека правната практика треба да се менува во насока на соодветна примена на правото и правдата. Се согласувам дека за тоа се потребни добри познавачи на правото, но судиите би требало да се врвни правници, теоретичари и практичари. Да се надеваме дека дилемите ќе ги разрешат во струката и надвор од влијанието на јавното мислење“, порача Тасева. Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“, уверува универзитетскиот професор по право, Гордан Калајџиев. Тој посочува деа случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон. „Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев. Сега на потег е Кривичен суд. До нив е поднесено барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето, Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е спроведен од попладнево. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години. Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-taseva-po-kalajdhiev-bara-primena-na-pravoto-za-janakieski-se-nadevam-deka-dilemite-ke-se-reshat-bez-vlijanie-od-javnosta/feed/ 0
Тасева: Сè уште се наоѓаме многу ниско на Индексот на перцепција на корупцијата, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-se-ushte-se-naogame-mnogu-nisko-na-indeksot-na-pertseptsija-na-koruptsijata-a-veke-20-godini-zboruvame-za-sistemska-borba-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-se-ushte-se-naogame-mnogu-nisko-na-indeksot-na-pertseptsija-na-koruptsijata-a-veke-20-godini-zboruvame-za-sistemska-borba-protiv-koruptsijata/#respond Tue, 31 Jan 2023 14:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=794282

Република Северна Македонија годинава со 40 индексни поени е рангирана на 85 место од можни 180 на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2022 година на Транспаренси Интернешнл. Според претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија Слаѓана Тасева, резултатот е загрижувачки и незначително подобрен, бидејќи сè уште се наоѓаме многу ниско и не можеме да ја поминеме границата од 60-то место, на кое што се наоѓавме во 2000-та година, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата. – Состојбата со корупцијата не е подобрена и не можеме да заклучиме дека со еден поен или две позиции подобро рангирање од минатата година сме постигале некаков значителен резултат или исчекор во борбата против корупцијата, изјави Тасева. Оценката на нашата земја годинава е резултат на седум истражувања. Тасева, посочи дека кај најголем дел од нив нема промена во резултатот. – Намалување постои кај проектот за Светска демократија, каде имаме намалување за три индексни поени и проектот за Светска правда каде бележиме намалување за еден индексен поен. Тоа е сосема во склад со тоа дека резултатите се назадуваат поради недоволна демократија и недоволно владеење на правото, појасни Тасева. Подобра оценка имаме од Глобал инсајдс, организација која ги рангира државите според можностите за водење на бизнис. – Прашањата тука се одговарани од луѓе од бизнисот и тие најчесто се однесуваат на тоа дали водењето на бизнис е попречено со барањата за плаќања поткуп. По овој индекс сме добиле подобра оценка од минатата година 35 поени, сега имаме 47 поени. Вкупниот просечен резултат годинава е променет за еден индексен поен, изјави Тасева. Оценката, според Тасева многу не се разликува во однос на претходните години и покажува недостаток на интегритет и почитување на законите како и пад на демократските процеси. – Нашата држава во 2022 година ја одбележаа големи корупциски скандали. Судството и владеењето на правото беа засенети со нови скандалозни обележја меѓу кои и сознанието дека кандидати положиле правосуден испит без притоа да ги исполнат сите законски предвидени услови за полагање на истиот и да ги исполнат сите критериуми. Уште полошо е што овие случаи останаа без разрешница. Разрешувањето на претходниот и изборот на новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и оставката на Претседателката на Судскиот Совет, оставија сомнеж врз доследната примена на новодонесените закони од страна на две институции чија цел е да се грижат за интегритетот на правосудните органи, што дополнително ја намалија довербата на граѓаните во судството на само 4 проценти, изјави Тасева. Меѓу настаните кои сериозно укажуваат на недоволно почитување на законите или нивна примена според потребата на поединци, Тасева, исто така, ги посочи и активното овозможување да застарат судски предмети, недостатокот на ефикасност во разрешување на случаите кои произлегоа од прислушуваните разговори, недоволната примена на мерките конфискација и овозможување и натаму непречено да се располага со нелегално стекнат имот, игнорирањето на одлуките на ДКСК, овозможувањето на извршување на затворската казна преку промена на живеалиште во друга казнено-поправна установа, како и скандалот на нелегалното издавање на пасоши на лица поврзани со организирани криминални групи. – Сите овие случаи се само врв од ледениот брег на корупцијата и организираниот криминал, кои и натаму ја држат државата на нивото на недоволна демократија, хибридна и заробена држава. Оценките дека состојбата на недоволно справување со корупцијата или непостоење на волја за справување со корупцијата доведува до тоа да назадува демократијата и владеењето на правото повеќе од тоа што било, нагласи Тасева. Како генерална оценка за ваквото рангирање на државата, Тасева ги посочи тоа дека имавме многу примери дека не функционираат воопшто механизмите кои треба да обезбедат владеење на правото и да воспостават брана во борбата против корупцијата. – И понатаму имаме недоволново владеење на правото, кое се применува онака како на некого му одговара. И понатаму имаме недоволно спроведување на постапките кои опфаќаат случаи на корупција и од страна на јавното обвинителството и на судовите, а имаме и продолжено непочитување на одлуките на ДКСК. Единствениот документ за борба против корупцијата кај нас е Националната стратегија за борба против корупцијата која е имплементирана само со 30 проценти. Недоволни се општо напорите во борбата против корупцијата, но недостасува и желба да се расчистат случаите кои укажуваат на постоење корупција во институциите, изјави Тасева. Во барањето одговорност за ваквата оценка, според Тасева, генерално не можеме никого да изземеме од одговорност. – Владата носи голема одговорност, во однос на тоа како ги спроведува политиките, но има и повеќе механизми за да истражува и воспостави одредени системи на интегритет без да се меша во работењето на судиите или јавните обвинителства. Но секое сомневање за можно влијаени и корумпирање при носење одредени одлуки е нешто што може да се проверува преку институции на извршната власт. Не постои еден единствен одговор за еден единствен фактор или виновник, туку целиот систем мора да го коригираме и сите тука мора да имаат одлука, изјави Тасева. Индексот на перцепција на корупцијата ги бодува и рангира земјите/териториите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени. ИПК претставува композитен индекс, комбинација на анализи и проценки на корупција, собрани од повеќе реномирани институции. ИПК од 2022 се базира на 13 извори на податоци од 12 институции. Во глобални рамки борбата против корупцијата стагнира и средната оценка за сите 180 држави е 43 индексни поени. Имаме две третини од државите кои се рангираат со резултат под 50 поени. Највисок просечен резултат, како и претходни години имаат државите од регионот на Западна Европа и ЕУ, каде се движат од Данска со 90 индексни поени, до Унгарија со 42 индексни поени. Нашиот регион на Источна Европа и Централна Азија, е втор најслаб со просек од 35 индексни поени. Највисока Грузија со 56, а најниска Туркменистан со 19. Најдобро рангирана во нашето поблиско опкружување е Словенија, која и годинава е на 41 место, подобрување има Хрватска – 55 место, во споредба со 63 место во 2021 година, назадување има кај Црна Гора која сега е на 65 место, а била на 64. Подобар резултат има и Бугарија од 78 на 72 место и Косово од 87 на 84 место, а било на 87 место и Албанија која од 110 сега е на 101 место. Во извештајот на ТИ се посочува дека регионот на Западен Балкан е познат по својата ниска отпорност на организираниот криминал, како и дека земјите бавно се справуваат со овој ризик, а на одговорните институции сè уште им недостасуваат соодветни ресурси и независност. ТИ во оценката за Северна Македонија посочува дека надлежни органи отвораат нови случаи на корупција, но овие чекори во вистинската насока се загрозени поради неефикасното следење на тековните и недостатокот на интегритет при изборот на клучните фигури во судството. За да обезбеди одговорност и да покаже вистинска волја за борба против корупцијата, владата мора соодветно да обезбеди ресурси и да дозволи независност на Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) и на институциите одговорни за истрага на корупцијата и организираниот криминал. Данска и годинава е на прво место со 90 индексни поени, потоа се Нов Зеланд и Финска со 87 поени. Заклучокот е дека државите кои имаат подобро развиена демократија и економија имаат подобри резултати. Овие држави се традиционално на највисоко ниво, додека најниско се рангирани државите каде има судири како што се Сомалија, Сирија и Јемен со меѓу 12 до 16 индексни поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-se-ushte-se-naogame-mnogu-nisko-na-indeksot-na-pertseptsija-na-koruptsijata-a-veke-20-godini-zboruvame-za-sistemska-borba-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Тасева предлага проширување на истрагата за случајот Рашковски: Покрај криминална потребно и финансиска истрага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-predlaga-proshiruvanje-na-istragata-za-sluchajot-rashkovski-pokraj-kriminalna-potrebno-i-finansiska-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-predlaga-proshiruvanje-na-istragata-za-sluchajot-rashkovski-pokraj-kriminalna-potrebno-i-finansiska-istraga/#respond Fri, 16 Apr 2021 20:39:15 +0000 https://kurir.mk/?p=498380

Истрагата за случајот со поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за МВР, кој тој сам го дизајнирал, треба да се прошири. Паралелно со криминалната истрага, Обвинителството треба да се отвори и финансиска истрага во врска со случајот Рашковски, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернејшенел“ Македонија и екс претседателка на ДКСК. Таа смета дека потребно е да се види каде отишле парите од тендерот за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. „Она што Јавното обвинителство сега може да го прави, покрај проверката што ја прави ДКСК, тие паралелно со криминалната истрага треба да отворат и финансиска истрага. Да видат парите од овој тендер, од оваа набавка, каде отишле, што се случувало? Постои цела стратегија за финансиски истраги“, вели Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-predlaga-proshiruvanje-na-istragata-za-sluchajot-rashkovski-pokraj-kriminalna-potrebno-i-finansiska-istraga/feed/ 0
Тасева: Ставот дека етичкиот кодекс не се однесува на Рашковски не е добар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/#respond Wed, 31 Mar 2021 09:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=490184

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ во гостување во емисијата на „Утриски Брифинг“ кажа дека етичкиот кодекс на однесување треба да се однесува на секој кој што по било кој основ имаат работа или соработка со владата и дека ставот дека тој кодекс не се однесува на господинот Рашковски кој е вработен во владата како советник на премиерот Заев не е добар и дека ако е така етичкиот кодекс треба да се корегира. Инаку, Рашковски го следат неколку скандали изминатиот период како одење на одмор во сред пандемија и сомнителна набавка на софтвер. - Доколку навистина овој етички кодекс не се однесува за господинот Рашковски затоа што тој е таму под неккаков договор мислам дека етичкиот кодекс треба да се корегира. Не може да не се однесува и за оние лица кои по било кој основ имаат работа и соработка со владата кажа Тасева. Тасева потенцираше дека кој етички кодекс треба да ги вклучува и засега сите лица кој по било кој основ ќе стапат во договорен однос со владата и дека владата треба да ги предупреди за сите правила кои се наведени во истиот. Тој етички кодекс треба да се однесува и на лица од надвор кога ќе стапат во било каков договорен однос со владата. Треба владата веднаш да ги предупреди за етичкиот кодекс за правилата за судир на интереси за правилата за непотизам за правилата за доверливост за се она што значи професионално однесување во рамки на таа институција или етичко однесување сметам дека ставот дека тој кодекс не се однесува на господинот Рашковски треба да се корегира и дека не е добар заврши Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/feed/ 0
Тасева за случајот на ургирањето на Заев: Не може премиерот да се јавува кај полицајци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-sluchajot-na-urgiranjeto-na-zaev-ne-moze-premierot-da-se-javuva-kaj-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-sluchajot-na-urgiranjeto-na-zaev-ne-moze-premierot-da-se-javuva-kaj-policajci/#respond Thu, 18 Mar 2021 21:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=484498

Претседателката на “Транспаренси интернешнл“, Слаѓана Тасева го критикуваше делото на премиерот Зоран Заев, кој побара од полицајците да се пуштат граѓаните кои ги зафатил полицискиот час на граница. Таа во емисијата “Клик плус“ која се емитува на телевизија Тв21 истакна дека не може премиер на држава да се јавува кај полицајци за да пуштат луѓе преку граница, кога поминувањето е забрането, па макар тоа било и граѓанин со мали деца. Таа додава дека има процедури на системот и ако требало да им се помогне на луѓето требаше да се најдат други решенија. „Не може премиерот да се јави и да им се јавува на полицајците. Макар и да станува збор за граѓанин. Така се прави во сите сфери. Има процедура и таа треба да се почитува од сите. Ако сакаше да се помогне можеше да се најдат други решенија, рече Тасева. Таа додава дека треба да се промени однесувањето на институциите и да се остават полицајците да си ја вршат својата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-sluchajot-na-urgiranjeto-na-zaev-ne-moze-premierot-da-se-javuva-kaj-policajci/feed/ 0
Тасева: На случаите како со Рашковски треба да се обрне внимание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-na-sluchaite-kako-so-rashkovski-treba-da-se-obrne-vnimanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-na-sluchaite-kako-so-rashkovski-treba-da-se-obrne-vnimanie/#respond Thu, 18 Mar 2021 21:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=484489

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на случаите како со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски треба да се обрне внимание. „За сите тие настани кои што треба да се третираат од аспект на Кривично-правен настан треба да се обрне внимание, да се посочи дека има некакво сомневање, кое што прво може да биде сомневање па да се издигне на повисоко ниво на основа или основано за да понатаму се оцени дали ќе се води постапка“, вели Тасева. Таа додава дека е добро што Основното јавно обвинителство решило да отвори постапка по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-na-sluchaite-kako-so-rashkovski-treba-da-se-obrne-vnimanie/feed/ 0
Тасева за скандалот со софтверот набавен од страна на Рашковски: Соопштението од Влада не дава никаков одговор за целиот случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-skandalot-so-softverot-nabaven-od-strana-na-rashkovski-soopshtenieto-od-vlada-ne-dava-nikakov-odgovor-za-celiot-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-skandalot-so-softverot-nabaven-od-strana-na-rashkovski-soopshtenieto-od-vlada-ne-dava-nikakov-odgovor-za-celiot-sluchaj/#respond Thu, 11 Mar 2021 11:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=480705

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во своето гостување во Студио 10 зборуваше за скандалозниот случај околу набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци и посочи дека соопштението од Влада во врска целиот овој случај е многу лош обид да се објасни целата оваа ситуација. -Тоа соопштение воопшто не треба да ги толкуваме, тоа беше еден лош обид да се објасни или оправда цела ситуација и воопшто не е соодветно и не дава одговор. Eдноставно се труди да ја отргне дилемата дека тука нешто е направено надвор од законите на оваа држава. Tука недостасуваат многу работи, односно од каде произлегува потребата за набавката на таков софтвер, кој во државата носи таква одлука, дали за тоа постоела некаква претходна активност дека ќе се воведе таков тип на следење на сообраќајот и кој треба да донесе таква одлука, dали е Владата таа која треба да спроведе таков тендер, рече Тасева во своето гостување. Таа во врска со целиот овој случај побара јавните обвинители да си ја остварат својата улога и да не стануваат соучесници и прикривачи во целиот случај. -Повторно ги повикува јавните обвинители да си ја остварат својата улога , да не стануваат на овој начин соучесници, прикривачи односно дозволуваат ваков тип на дилеми да се повторуваат и на сето тоа се завршува со некој став од Влада дека тука нема ништо спорно, но тоа треба да го каже некој друг, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-za-skandalot-so-softverot-nabaven-od-strana-na-rashkovski-soopshtenieto-od-vlada-ne-dava-nikakov-odgovor-za-celiot-sluchaj/feed/ 0
Тасева: Владата и Филипче веднаш да ги објават сите документи за набавката на вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-vladata-i-filipche-vednash-da-gi-objavat-site-dokumenti-za-nabavkata-na-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-vladata-i-filipche-vednash-da-gi-objavat-site-dokumenti-za-nabavkata-na-vakcini/#respond Thu, 11 Mar 2021 10:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=480656

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во своето гостување во Студио 10 зборуваше за скандалозниот случај околу набавката на вакцини и побара Владата и Филипче веднаш да ги објават сите документи за набавка на вакцините. - Целата набавка за овие набавки на вакцини треба да биде јавна и достапна на јавноста и на граѓаните. Ги повикувам Владата и министерот Филипче уште веднаш да ги објават сите овие документи, кажа таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-vladata-i-filipche-vednash-da-gi-objavat-site-dokumenti-za-nabavkata-na-vakcini/feed/ 0
Тасева: Набавката на вакцини треба да се врши на транспарентен начин затоа што станува збор за трошење на јавни пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/#respond Thu, 11 Mar 2021 09:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=480594

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во „Студио 10“ зборуваше за последниот скандал во „Ла Верита“ околу набавката на вакцини и посочи дека сето тоа што се случува не е добро за државата. Според неа сето ова треба да се врши на транспарентен начин затоа што станува збор за трошење на јавни пари. -Сите овие информации не се добри, сите овие случувања не се добри затоа што зборуваат за еден многу неорганизиран процес за набавки на вакцини кои што се приоритетни за било кој дел од активностите на Владата и во однос на организирање внатре во владата, комуникации со меѓународни организации, комуникации со странски држави и начин на кој треба да се обезбедат тие вакцини треба да биде многу транспарентно пред се затоа што станува збор за висок интерес на граѓаните и станува збор за трошење на јавни пари. Дали било во ред да се нарачуваат вакцини преку приватни компании или преку посредници во ситуации кога можело да се направи директен контакт со државите кои се подготвени меѓусебно да помагаат за вакви ситуации, а особено со државите со кои имаме дипломатски контакти, имаме дипломатски претставништва во нашата држава, друго е да кажеме немаме контакт, немаме дипломатско претставништво, немаме со кого да работиме мора да одиме со посредници, така да ова целава ситуација создаде една непријатност и во државата и кај граѓаните што се случуваа воопшто со набавките на вакцините, рече Тасева. Тасева во своето гостува укажа дека според целата ситуација се поставува и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит. Во позадина се гледа и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит или интерес што апсолутно треба да се расчисти и на тоа треба да инсистираат владата и институциите да одговорат на сите овие прашања и да ни ги тргнат сите овие дилеми, додаде Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/feed/ 0
Николовски никако да се зафати за работа, директорката на Транспаренси најави дека ќе му дише во врат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/#respond Fri, 19 Feb 2021 11:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=470932

Неделава се појавија два огласа на страницата на Агенцијата за администрација коишто предизвикаа бура од реакции во јавноста, околу потребните квалификации на лицата-апликанти за работните позиции. За ова, одговорите треба да се бараат од оние кои ветиле дека ќе ги спроведуваат препораките на Државната комисија за спречување на корупција околу вработувањата во администрацијата. Имено, Генералниот секретаријат на Владата распиша оглас за позиција државен советник за општи работи со месечни примања над 38 илјади денари, а апликантот треба да има завршено политички или економски науки, и она што беше скандалозно дека лицето може да има завршено и кинезиологија, односно масер. Исто така, во Фондот за здравствено осигурување истовремено се бара советник за административни работи, чија плата ќе биде 34.000 денари, а лицето би било пожелно да има ликовно образование. Вчера во јавноста излезе уште еден случај, во кој една жителка на Скопје се вработила во Агенцијата за катастар во Скопје, манипулирајки со својата националност, такашто еднаш се пријавила како Албанка, а еднаш како Турчинка. И додека се редат корупциски скандали, вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски молчи и не презема ништо за да ги осуди или спречи ваквите скандалозни државни вработувања. Но, претседателката на Транспаренси интернешнл Слаѓана Тасева изјави дека будно ги следи сите сомнителни настани во коишто е замешана корупцијата. -Следиме се и гледаме се и токму ваквите нешта секако дека на крајот ќе бидат земени предвид и ќе влијаат во Извештајот за индексот за перцепција за корупција. Ние ќе продолжиме да мониторираме и да нотираме. Не треба да се бега од реалноста бидејќи е очигледен трендот на постојано одење надолу на индексот за перцепција на корупција, вели Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/feed/ 0