слатко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 07:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слатко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПО 3 ДЕНА ИСЧЕЗНУВА ЗАВИСНОСТА ОД СЛАТКО Со мешавина од 2 зачини исчистете го телото од сите паразити и нормализирајте ја тежината https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-3-dena-ischeznuva-zavisnosta-od-slatko-so-meshavina-od-2-zachini-ischistete-go-teloto-od-site-paraziti-i-normalizirajte-ja-tezinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-3-dena-ischeznuva-zavisnosta-od-slatko-so-meshavina-od-2-zachini-ischistete-go-teloto-od-site-paraziti-i-normalizirajte-ja-tezinata/#respond Thu, 20 Oct 2022 07:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=748103

Според статистичките податоци, една третина од населението страда од паразити. Обично, лицето не е ни свесно за нивното присуство во неговото тело Денес, за жал, повеќето луѓе развиле зависност од слатки. Потребата да се храни телото со слатки е понова, бидејќи на нашите баби и дедовци „организмот не им барал да се засладат“. Постојат две главни причини за оваа зависност. Еден од нив се паразитите во организмот, а другата причина е стресот. Кога човек јаде многу слатки, тој создава услови во телото за таложење на слуз. На оваа слуз почнуваат да се репродуцираат габи и бактерии. Според статистичките податоци, една третина од населението страда од паразити. Обично, лицето не е ни свесно за нивното присуство во неговото тело. Паразитите кои живеат во нашето тело ни ја одземаат енергијата. За да го надокнадиме тоа, телото бара од нас да јадеме нешто слатко, бидејќи токму гликозата, која ја има во слатките, му дава на телото брз енергетски поттик. Во исто време, се формира масен слој, кој исто така го штити телото. Во принцип, колку повеќе паразити – толку е подебел слојот на маснотии. Ако се ослободите од паразитите, тежината ќе ви се врати во нормала и ќе исчезне желбата за слатки. И така, кога паразитите ќе престанат да ви ја земаат енергијата, поспаноста, заморот, главоболката и слабоста ќе исчезнат, метаболизмот ќе се нормализира и многу други работи. Ќе видите сами! Да се лечите од паразити или да спроведувате превенција (дури и ако мислите дека немате паразити во вашето тело) е неопходно двапати годишно, односно еднаш на секои шест месеци. Најефективните методи за чистење на телото се народни. Еден од нив е следниов: Чистење на телото од паразити – лен и каранфилче Ленот и каранфилчето се ефикасни против речиси сите видови паразити. За подготовка на смесата за чистење, потребно е да се земат 10 делови ленено семе и 1 дел суви цветови од каранфилче (100 гр. ленено семе и 10 гр. каранфилче). Сè заедно сомелете во прав, во мелница за кафе или купете мелено во продавница за здрава храна. Земајте по 2 супени лажици секој ден, три дена. Прашокот можете да го додадете во зготвена храна, во еден оброк, во јогурт или да го изедете самостојно, а потоа да испиете чаша топла вода (најдобро наутро). Откако ќе ја земете оваа смеса 3 дена, направете пауза од 3 дена. Потоа направете го тоа одново. Оваа смеса треба да се консумира еден месец. Нека не ве збунува некоја реакција на телото, како што се чешање, осип, херпес, промена на бојата на столицата, урината или нешто друго. Доколку го забележите (не мора секој), тоа е знак дека телото се чисти. Ова е многу ефикасно средство. Кога се консумира, оваа смеса останува на ѕидовите на гастроинтестиналниот тракт, а резултатот е паразитите да бидат „принудени“ да го напуштат вашето тело. За да се подобрат резултатите, па паразитите конечно да го напуштат своето место на живеење, се препорачува употреба на одварок од лен на празен стомак. За чистење на организмот, добро е да се земаат кисело млечни производи, семки од тиква, сончоглед, ореви, листови магдонос, копар, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/po-3-dena-ischeznuva-zavisnosta-od-slatko-so-meshavina-od-2-zachini-ischistete-go-teloto-od-site-paraziti-i-normalizirajte-ja-tezinata/feed/ 0
Пробајте нешто поинакво: Домашно слатко од диња на кое никој нема да му одолее https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/probajte-neshto-poinakvo-domashno-slatko-od-dinja-na-koe-nikoj-nema-da-mu-odolee/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/probajte-neshto-poinakvo-domashno-slatko-od-dinja-na-koe-nikoj-nema-da-mu-odolee/#respond Wed, 29 Jun 2022 09:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=697205

Кога зборуваме за плодовите на природата, дињите заедно со лубениците се главниот симбол на летото. Многумина уживаат во нејзината нежна арома, сочност и сладок вкус, што едноставно ве кани да земете уште едно парче. Ви претставуваме уште еден начин како да го искористите овој подарок од природата. – диња, 1 кг – шеќер, 1,2 кг – лимон, 1 парче – ванилин шеќер, 1 кесичка – варова вода, доколку е потребно Подготовка: За да успее слаткото, треба да изберете диња која не е презрела. Излупете ја и исечете на ситни парчиња. После тоа, оставете ги парчињата да отстојат во варната вода. По некое време, измијте го овошјето во неколку води. Истурете вода во поголемо тенџере, исцедете го лимонот и вклучете го да се загрее. Ставете ги парчињата диња во водата кога ќе зоврие. Оставете да зоврие 5 минути, а потоа извадете ги дињите, исцедете ги и ставете ги во друго тенџере, прелијте со вода, додадете една рака шеќер и ванилин шеќер. Кога водата ќе зоврие, тргнете го тенџерето од шпоретот и оставете го преку ноќ. Исцедете ја следниот ден, а потоа сварете килограм шеќер со две чаши вода и исцеден лимон. Додадете диња во неа и варете, како и секое друго слатко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/probajte-neshto-poinakvo-domashno-slatko-od-dinja-na-koe-nikoj-nema-da-mu-odolee/feed/ 0
Направете го во лето, ќе го јадете цела година: Рецепт за највкусното слатко од кајсии https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/#respond Sat, 22 May 2021 19:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=513588

Слаткото од кајсии е едно од најубавите, а доколку одлучите да го направите, според количината на кајсиите одредете ја количината на шеќер и вода. За 1 килограм кајсии- 800 грама шеќер и 1 чаша вода. Кајсиите се лупат, им се вадат семките па се ставаат во варова вода да отстојат 2 часа. Потоа една по една убаво се мијат и се ставаат да се исцедат. Додека се цедат, од шеќерот и водата се вари шербет кој врие околу 15 минути, па исцедените кајсии се ставаат во шербетот и слаткото се вари на тивок оган додека шербетот не се згусни (околу 30- 40 минути, можеби и малку подолго). За да проверите дали шербетот е густ, извадете малку во тацна и оставете да се излади. Потоа проценете за густината. Додека слаткото се вари, повремено со лажица собирајте ја пената. Откако ќе се свари, тенџерето се покрива со влажна крпа (убаво исцедена) и се остава да се излади. Слаткото се собира ладно во ладни тегли. На здравје!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/feed/ 0
Магијата на слаткото од грозје во Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=405376

Магијата на слаткото од грозје опива и оваа година во Тиквешијата. Уживаат сите сетила, без разлика дали станува збор за слатко од црно или бело грозје без семки. Историчарот Петре Камчевски, за МИА кажа дека францускиот патописец Ами Буе во 1836 година забележал дека меѓу Кавадарци и Неготино се наоѓаат селата Марена и Глишиќ и дека таму по долината на реката Луда Мара има многу убави лозја. – Тој запишал дека тукашните лозари разликувале многу сорти грозје. „Чауш“ била сортата од која се правело слатко. „Коилизум” и „пармаузум”, пак, биле сорти грозје кои се сушеле, за да може така сушени да се јадат во зима како десерт. Зрната од втората сорта, која главно ја сушеле локалните жители, личеле на мали прсти. Евидентирал исто така дека тиквешките гроздови во тоа време биле покрупни и појајцевидни од француските. Имало и традиција грозје да се суши на сонце и потоа од него се правело пекмез или мармалад. Она што е особено интересно, тој регистрирал дека при преработката на грозјето во вино не се користеле преси, туку гроздовите се ставале во големи каци и таму се нагмечувале и газеле со боси нозе. Притоа нагласил дека во овој крај се произведуваат и многу убави вина, вели Камчевски, хроничарот на Кавадарци и поширокиот регион. „Султанина“, грозје за султанки Ѓорѓи Ајтов, раководител на Подрачната единица за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино, за МИА рече дека не му е познато дека има големи површини со грозје без семки во државата. – Поретко го има, на мали површини. Кај индивидуалните лозари овде- онде понекоја лоза во редовите со трпезни сорти грозје, тие количини се незначителни, нагласи тој. Семејството Нојкови од неготинското село Долни Дисан се меѓу оние во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион, кои имаат грозје без семки во своите лозови плантажи. Се работи за белата сорта „султанина”, за која во регионот на грозјето и виното се вели дека е грозје за султанки.  – Имаме понекоја лоза во лозјата, кои се главно со други сорти. Кроењето на таквите винови лози е малку поспецифично од кроењето на винските сорти грозје, како вранецот и смедеревката на пример. Има поразлична техника, оти, ако кроењето е вообичаено, нема да роди грозје. Во случајов треба долга резидба за добар и квалитетен  род на грозје за слатко. Тоа се мали количини, кои се за сопствени потреби, како и за наши блиски роднини и пријатели, нема за продажба, за МИА раскажа Марјан Нојков. Нивните лози со грозје без семки се стари по три-четири децении. – Имаме голем мерак за овие стари и подзаборавени сорти, кои бараат топла клима и затоа сè уште ги чуваме и не ги копачиме. Не ги чуваме од комерцијални причини, туку за своја душа, дециден беше тој. Колку повеќе љубов, толку повкусно слатко Едно кавадаречко семејство, со кое исто така поразговарав на оваа тема, има понекоја лоза грозје без семки, со црна боја. Четиридецениска е нивната традиција на одгледување на оваа сорта и правење слатко од овие гроздачиња. – Ние продадовме понекое кило оваа година. Купено од куќен праг, цената е 25 денари за килограм, а на пазар таа достигнува и по 40 денари за едно кило. Според мене, многу е полезно, има интензивна боја и ароматично е, на вкус нешто слично како дивите капинки на пример, рече домаќинката за МИА. Некои од нашите соговорници кажаа дека има случаи кога во Тиквешко се вари и слатко од грозје со семки, на пример десертното „афусали“. Се случува да го помешаат со тиква, па се добива специјалитетот познат како ‘рчели. Една од тиквешанките која редовно вари слатко од гроздови зрна го сподели со нас и нејзиниот рецепт за ова слатко задоволство, кој се пренесува од колено на колено во фамилијата. – Нема некоја посебна филозофија, воопшто не е тешко да се направи слатко од грозје. Се вадат само зрната од гроздовите и се мијат. На три килограми грозје се става кило шеќер, а може и малку повеќе, зависно од блажината на грозјето. Но најдобро е да се вари со сопствен гроздов сок или шира. Ако се вари со шеќер, се додава 750 грама вода. Внимателно се следи варењето и се добива извонреден десерт. Колку повеќе љубов се вложи притоа, толку послатко е слаткото, коментираше таа. Во Тиквешко сè уште има домаќинства во кои добредојде се посакува со слатко од грозје. А има и такви кои се сигурни дека самиот чин на правење слатко, но и дегустирањето, и тоа како можат да бидат ставени во функција на развој на винскиот туризам, па туристот самиот да учествува во таа магија и да си замине дома со тегла слатко.

Светлана Дарудова (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/feed/ 0
Домашно слатко од кајсии- се прави сега, а се јаде цела година https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashno-slatko-od-kajsii-se-pravi-sega-a-se-jade-cela-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashno-slatko-od-kajsii-se-pravi-sega-a-se-jade-cela-godina/#respond Tue, 19 Jun 2018 16:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=67576

Слаткото од кајсии е едно од најубавите, а доколку одлучите да го направите, според количината на кајсиите одредете ја количината на шеќер и вода. За 1 килограм кајсии- 800 грама шеќер и 1 чаша вода. Кајсиите се лупат, им се вадат семките па се ставаат во варова вода да отстојат 2 часа. Потоа една по една убаво се мијат и се ставаат да се исцедат. Додека се цедат, од шеќерот и водата се вари шербет кој врие околу 15 минути, па исцедените кајсии се ставаат во шербетот и слаткото се вари на тивок оган додека шербетот не се згусни (околу 30- 40 минути, можеби и малку подолго). За да проверите дали шербетот е густ, извадете малку во тацна и оставете да се излади. Потоа проценете за густината. Додека слаткото се вари, повремено со лажица собирајте ја пената. Откако ќе се свари, тенџерето се покрива со влажна крпа (убаво исцедена) и се остава да се излади. Слаткото се собира ладно во ладни тегли. На здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashno-slatko-od-kajsii-se-pravi-sega-a-se-jade-cela-godina/feed/ 0