Слави Трифонов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 15:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Слави Трифонов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трифонов: ИТН ќе подржи експертска влада во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-itn-ke-podrzhi-ekspertska-vlada-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-itn-ke-podrzhi-ekspertska-vlada-vo-bugarija/#respond Thu, 18 May 2023 15:18:18 +0000 https://kurir.mk/?p=835965

Лидерот на бугарската парламентарна партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, во видео порака објавена на неговиот профил на Фејсбук денеска порача дека ИТН ќе поддржи експертска влада во земјата, јави БТА. -Ќе поддржиме експертска влада, бидејќи ако сега нема редовна влада, за три месеци проблемите ќе бидат многукратно поголеми, а политичарите кои сега одбиваат да ги решат овие проблеми, за три месеци повторно ќе застанат во изборна кампања и ќе бараат да ги избереме, рече Трифонов. „ИТН е во 49-от парламент да работи, да не се пазари, тесно да не следи партиски интереси, да не се интересира за пратенички плати и пратенички ќофтиња“, рече Трифонов. -ИТН ќе направи се парламентот да функционира, а за тој да функционира мора да има влада. А владата за да ја заврши потребната работа мора да биде стручна, од луѓе кои ги разбираат работите, додаде Трифонов. Лидерот на ИТН додаде дека знае дека таков кабинет можеби нема да добие поддршка, но дека тој и неговите колеги ќе бидат смирени бидејќи ќе го направат тоа што е правилно, затоа што така треба, бидејќи така функционира државата. Според него, земја без влада е како „авион без гориво“. -Еве што ќе се случи - на 10 јуни престанува да функционира актуелниот буџет. Нема буџет, а ако нема буџет, нема да има пари за наставници, за лекари, за полицајци, за пензии, за државата како држава. Таа ќе престане да функционира, додаде Трифонов, за кого ситуацијата во Бугарија во моментов е „тажна“ и „одвратна“. „Погледнете што се случува - заменикот јавен обвинител се плаши дека јавниот обвинител ќе го убие. Како да не се работи за нашата татковина, туку за нарко-картелите во Мексико. Парламентот е полн со луѓе кои всушност не треба да бидат во парламентот“, изјави Слави Трифонов во својата видео објава на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-itn-ke-podrzhi-ekspertska-vlada-vo-bugarija/feed/ 0
ЊУЗ БГ: Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која ќе заземе многу поцврста позиција кон Македонија за влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/#respond Thu, 13 Apr 2023 17:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=823799

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија. Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше укинато на иницијатива на ГЕРБ и пронашле заеднички јазик, пренесува Њуз бг, повикувајќи се на изјава на Борисов. – Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на РС Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател, вели Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили. Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ. Целиот текст на БГ њуз може да го погледнете на бугарски јазик ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/feed/ 0
Слави Трифонов: Пак би ставил вето на Македонија за влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-pak-bi-stavil-veto-na-makedonija-za-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-pak-bi-stavil-veto-na-makedonija-za-vlez-vo-eu/#respond Mon, 13 Feb 2023 10:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=799817

Слави Трифонов, претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, пак би ставил вето на Македонија за влез во Европската унија, ако некој него го прашува. Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“. Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов. На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“. Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-pak-bi-stavil-veto-na-makedonija-za-vlez-vo-eu/feed/ 0
Петков: Додека Трифонов пееше за Македонија, неговите министри без контрола бараа милијарди левови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-dodeka-trifonov-peeshe-za-makedonija-negovite-ministri-bez-kontrola-baraa-milijardi-levovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-dodeka-trifonov-peeshe-za-makedonija-negovite-ministri-bez-kontrola-baraa-milijardi-levovi/#respond Tue, 02 Aug 2022 11:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=713003

Премиерот на Бугарија во заминување, Кирил Петков, во специјално обраќање рече дека во Бугарија нема услови за апокалипса, јави дописникот на МИА од Софија. Петков го идентификуваше Слави Трифонов како тројански коњ во неговата влада, додавајќи дека верува дека тој веќе е дел од историјата. -Додека тој пееше за Македонија, неговите министри без контрола бараа милијарди левови, рече и Кирил Петков. Тој ги повика бугарските граѓани повеќе да не дозволуваат вакви политичари и ги побара повеќе да бараат од политичарите. Бугарија може и повеќе, категоричен беше Петков. За кратките седум месеци се виде како две милијарди лева (1 милијарда евра) можат да одат за економски мерки за сите луѓе, наместо за џебовите на дваесетте, наведува Кирил Петков во своето обраќање. Тој ги обвини и претходните раководители на ГЕРБ за кражбите што ги направиле. Според неговите зборови, во политиката во Бугарија има „нови месии“ кои само кажуваат лаги и ветуваат напуштање на ЕУ и НАТО. Петков рече дека преодната влада на Бугарија до пролет може да обезбеди поевтин течен гас и додаде дека неговата влада одговорен за отпочнување на гасната врска со Грција, што ќе обезбеди пониски цени на гасот за Бугарија. Петков објави дека неговата влада на преодната влада и остава буџетски суфицит од 1,5 милијарди лева (750 милиони евра), а обезбедени се и 13 милијарди лева (6,5 милијарди евра) од Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост, кои се поврзани со усвојувањето на антикорупциско законодавство и мерки. Петков потсети дека тој и неговата влада беа соборени толку брзо бидејќи ги нападнаа шемите за милијарди исцедени од изградбата на патишта, граничната контрола и железничкиот транспорт во Бугарија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-dodeka-trifonov-peeshe-za-makedonija-negovite-ministri-bez-kontrola-baraa-milijardi-levovi/feed/ 0
Трифонов: Нема да учествувам во преговорите за формирање на новата влада на Бугарија, одиме на избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-nema-da-uchestvuvam-vo-pregovorite-za-formiranje-na-novata-vlada-na-bugarija-odime-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-nema-da-uchestvuvam-vo-pregovorite-za-formiranje-na-novata-vlada-na-bugarija-odime-na-izbori/#respond Fri, 22 Jul 2022 17:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=709092

Лидерот на „Има таков народ“ и забавувач Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори, јави дописникот на МИА од Софија. Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на предвремени избори. Неговата изјава уследи по состанокот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ од Народното собрание, што беше пренесуван во живо без исклучени микрофони. Во снимката, заменик-претседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на својата пратеничка група објаснува дека во Бугарија ќе има предвремени избори околу 16 октомври. Снимката се појави на социјалните мрежи и медиумите и наиде на многу коментари за слобода на говор. На средбата Иванов рече дека лидерката на БСП Корнелија Нинова ќе го задржи третиот мандат најдоцна до 15 август, додека не се изберат претседателите на Антикорупциската комисија и на Комисијата за регулација на енергетика и води.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-nema-da-uchestvuvam-vo-pregovorite-za-formiranje-na-novata-vlada-na-bugarija-odime-na-izbori/feed/ 0
Слави Трифонов најави повлекување на министрите од владата на Петков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slavi-trifonov-najavi-povlekuvanje-na-ministrite-od-vladata-na-petkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slavi-trifonov-najavi-povlekuvanje-na-ministrite-od-vladata-na-petkov/#respond Wed, 08 Jun 2022 13:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=688401

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата. – Ставам крај на оваа коалиција и агонија, изјави Трифонов. – Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. – Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева. – Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов. Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година. Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slavi-trifonov-najavi-povlekuvanje-na-ministrite-od-vladata-na-petkov/feed/ 0
Слави Трифонов за македонскиот попис: Само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, а 100.000 имаат бугарски пасош! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-za-makedonskiot-popis-samo-3-504-gragjani-se-izjasnile-kako-bugari-a-100-000-imaat-bugarski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-za-makedonskiot-popis-samo-3-504-gragjani-se-izjasnile-kako-bugari-a-100-000-imaat-bugarski-pasosh/#respond Wed, 30 Mar 2022 18:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=655943

Ако Северна Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се дефинираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, пренесува БГНЕС. Тој реагира на официјалните информации на Државниот завод за статистика за пописот во земјава. -При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Северна Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Северна Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Северна Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен, пишува Трифонов и додава: „Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“. Тој прашува зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа? -Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан, вели Трифонов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavi-trifonov-za-makedonskiot-popis-samo-3-504-gragjani-se-izjasnile-kako-bugari-a-100-000-imaat-bugarski-pasosh/feed/ 0
Трифонов: Северно Македонци извинете, датум тешко… https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-severno-makedonci-izvinete-datum-teshko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-severno-makedonci-izvinete-datum-teshko/#respond Mon, 03 Jan 2022 12:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=615760

Слави Трифонов, лидерот на движењето „Има таков народ“ на својот Фејсбук профил предложи САД да ги укинат визите за бугарските граѓани, а Бугарија во замена да го тргне ветото кон Северна Македонија за влез во Европска унија. „Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната“, напиша бугарскиот политичар, чија партија стана дел од владеачката коалиција. Трифонов смета дека темата за Северна Македонија е важна за сите Бугари, бидејќи, како што напиша, е дел од национална историја, а над 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето земјата. Тој додава и дека околу сто илјади Македонци имаат бугарски пасош, за кој е потребно да се докажат бугарските корени. „Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи самите вие сте фашисти“, пишува Трифонов. Тој потсетува дека на советодавниот состанок кај претседателот на државата, Румен Радев закажан за 10 јануари ќе се разговара за Северна Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-severno-makedonci-izvinete-datum-teshko/feed/ 0
Трифонов: „Има таков народ” веќе е опозиција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-ima-takov-narod-vekje-e-opozicija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-ima-takov-narod-vekje-e-opozicija/#respond Wed, 18 Aug 2021 17:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=552326

Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, а другите партии со своите 175 пратеници веќе се власт, изјави нејзиниот лидер Слави Трифонов, според кого, како овие партии ќе преговараат едни со други е веќе нивна работа. -Бидејќи од неодамна сум во политиката очигледно не ги разбирам работите како што ги разбираат искусните политичари. Искусните бугарски политичари. Очигледно некои работи, како што се конзистентност, одржување на зборот, искреност, компромис, гест, почит, јавно овие работи се дел од нормалниот живот, но од политичкиот – не се! Таму, овие зборови добиваат сосема поинакво значење, звучат исто, но всушност го сугерираат токму спротивното. Да, јас не ги разбирам овие работи. И да бидам искрен – не сакам да ги разберам, ниту пак некогаш ќе го прифатам овој начин на однесување, во кој вие кажувате едно, а правите друго, во кое лагата е вистинска, компромисот е наведнување, а искреноста е некоја архаична глупост, рече Трифонов, лидер на „Има таков народ “. Тој призна дека „Има таков народ“ се обиде да направи малцинска влада, што бугарскиот Устав тоа и го дозволува, а партијата ги направи потребните гестови и компромиси кон таканаречените „протестни партии“ , бидејќи изјавија дека само со нивна поддршка ќе реализираат влада. Не ја добивме нивната поддршка и нашите гестови не беа разбрани и беа одбиени. Кај нашите потенцијални партнери го имаше „чувството“ дека нашиот предлог ја покажува „долгата рака на ДПС“. Сега, во евентуалниот трет мандат што ќе им го даде претседателот, нивното „чувство за долгата рака на ДПС“ исчезна и тие ја очекуваат нашата поддршка. Магија. Очигледно во бугарската политика „долги раце“ и „кратки нозе“ се појавуваат и исчезнуваат според „чувствата“ на политичарите. Кога велам „кратки нозе“, мислам на бугарската поговорка дека „нозете на лагата се кратки“, искоментира Трифонов. – Освен тоа, и сите други партии изјавија дека нема да ја поддржат владата на „Има таков народ “, што значи дека таа со своите 65 пратеници веќе е во опозиција. А другите партии со нивните 175 пратеници се веќе на власт. Како ќе преговараат меѓусебно е веќе нивна работа. Со моето елементарно разбирање за политиката и нивниот интегритет, не сум слушнал никогаш, никаде во ниту една демократска земја за влада меѓу владеачка партија и опозиција, нагласи Трифонов. “Зарем тоа не е значењето на демократскиот процес – да има владетели и логично, наспроти владата, да има опозиција? И сега, драги владетели, ние ќе бидеме ваша конструктивна опозиција … додека суверенот не одлучи нешто друго!” додаде лидерот на „Има таков народ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trifonov-ima-takov-narod-vekje-e-opozicija/feed/ 0
Трифонов за помошта од Бугарија кон Македонија: Кога гори вашата куќа, не треба да ја гаснете куќата на соседот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifonov-za-pomoshta-od-bugarija-kon-makedonija-koga-gori-vashata-kukja-ne-treba-da-ja-gasnete-kukjata-na-sosedot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifonov-za-pomoshta-od-bugarija-kon-makedonija-koga-gori-vashata-kukja-ne-treba-da-ja-gasnete-kukjata-na-sosedot/#respond Fri, 06 Aug 2021 07:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=547032

Прекрасно е да се биде солидарен, добар и да се помага. Но, јас мислам дека кога во исто време вашата куќа и куќата на вашиот сосед се во пламен не треба да одите и да ја гасите куќата на соседот”, напиша Слави Трифонов на Фејсбук откако Бугарија испрати помош за гаснењето на пожарите во Македонија. „Одлично е што ѝ помагаме на Северна Македонија и така треба, но до што води ова? Кај нас нема доволно пожарникари и со пожарите треба да се справуваат службите за шумско спасување“, напиша Трифонов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trifonov-za-pomoshta-od-bugarija-kon-makedonija-koga-gori-vashata-kukja-ne-treba-da-ja-gasnete-kukjata-na-sosedot/feed/ 0