слави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 14:27:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дојде периодот на куќните слави: Има правила кои мора да ги почитувате, една работа која многумина ја прават е голем грев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/#respond Fri, 11 Nov 2022 14:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=759189

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција. Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка. Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид, или пак на ормарите како украсен детаљ. Иконата всушност без никакво сомнение, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот. Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/feed/ 0
Филипче: Домашните прослави беа причина за влошување на состојбата, бидете одговорни за време на славите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-domashnite-proslavi-bea-prichina-za-vloshuvanje-na-sostojbata-bidete-odgovorni-za-vreme-na-slavite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-domashnite-proslavi-bea-prichina-za-vloshuvanje-na-sostojbata-bidete-odgovorni-za-vreme-na-slavite/#respond Sun, 29 Nov 2020 10:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=435895

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита. Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи. Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени  на почетокот од месец ноември. Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден. Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-domashnite-proslavi-bea-prichina-za-vloshuvanje-na-sostojbata-bidete-odgovorni-za-vreme-na-slavite/feed/ 0
Славите да се прослават само со најблиските и да нема групирања по домовите, апелира Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavite-da-se-proslavat-samo-so-najbliskite-i-da-nema-grupiranja-po-domovite-apelira-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavite-da-se-proslavat-samo-so-najbliskite-i-da-nema-grupiranja-po-domovite-apelira-filipche/#respond Sun, 08 Nov 2020 10:57:39 +0000 https://kurir.mk/?p=426468

Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и  да нема групирања по домовите  за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19. Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и  поради тоа е потребна наша максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. -Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, напиша Филипче на ФБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavite-da-se-proslavat-samo-so-najbliskite-i-da-nema-grupiranja-po-domovite-apelira-filipche/feed/ 0
Куќните слави без гости, смеете да поканите само 4 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjnite-slavi-bez-gosti-smeete-da-pokanite-samo-4-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjnite-slavi-bez-gosti-smeete-da-pokanite-samo-4-lica/#respond Thu, 08 Oct 2020 12:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=413979

Како што најави министерот Филипче на денешната прес-конференција донесена е одлука за препорака на нови мерки, а таа подразбира забрана за семејни поголеми прослави и забави во домашни услови, како што се  славите и разно-разните забави на кое е дозволено присуство на најмногу 4 луѓе, односно оние кои живеат таму и уште четворица други.

- Со оваа забрана дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и угостителските објекти да се префрлат во домашни услови. После 22 часот се забранува групирање на јавни места, односно во паркови, бензински и каде било... Се воведува ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маска или заштитна опрема т.е. прекривка на носот и устата и на затворено и на отворено, исклучок е при спортување на отворен и затворен простор, во возило ако сите се од едно семејство, при седење во угостителски објекти, при престој во службени птростории ако лицето е само со обавезно почитување на протоколите за дистанца. Исклучок ова се и децата до 6 години во претшколска возраст, рече Филипче и најави дека овие препораки ќе бидат доставени до Владата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjnite-slavi-bez-gosti-smeete-da-pokanite-samo-4-lica/feed/ 0
Време на слави – жилави, традиционални обичаи што опстојуваат и во модерните времиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-na-slavi-zilavi-tradicionalni-obichai-shto-opstojuvaat-i-vo-modernite-vreminja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-na-slavi-zilavi-tradicionalni-obichai-shto-opstojuvaat-i-vo-modernite-vreminja/#respond Sun, 23 Dec 2018 10:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=143881

Семејството, пријателите, најблиските, сите на заедничка трпеза. Без разлика дали трпезата е посна или мрсна. Стигнуваат благослови од домаќинот, па од гостите, да му угодат. И сè во расположена атмосфера. Таква е атмосферата на семејните слави низ Македонија. Блиско, расположено, со благослови и добро расположение. Велат, ова е време на домашни, семејни слави. На прославата на семејството, на заштитникот на домаќинството, на блискоста и дружењето. Така е со векови. И денес, 18 години од новиот 21 век, традициите се силни, нераскинливи. Се слават домашните, семејни слави, се зацврстуваат чувството и заедништвото. И добро е што е така, велат домаќините. Така треба да биде. Љубица Петреска од прилепското здружение на жени „Мајка традиција“, кое има 11 години искуство и кое се грижи за зацврстување на традиционалните вредности, вели дека сите адети ги одржуваат, особено традициите на славите. – Се собираме домаќинки во Прилеп, приготвуваме славски јадења, без разлика дали се посни или мрсни, но сме секогаш во радосно исчекување на традиционалните вредности. Деновиве ги почитуваме традициите со посните слави, зашто од 28 ноември се посните јадења за славите: мали сарми, грав, риба, маслинки. Тоа е главното на трпезите, вели Петреска. – Деновиве се подготвивме, заедно со другите здруженија, да ги приготвиме посните сарми за градската слава на Прилеп – „Свети Никола“, зашто е најпозната слава и повеќе од половината прилепски семејства ја прославуваат. А веќе организирано, 13. пат, се слави „Свети Никола“ во градот. Како заштитиник на градот. Сè е подготвено за прославата, објаснува Петреска, чие здружение веќе има и етнособа за зацврстување и одржување на традициите. Во меѓувреме ги чекаат младите да се вратат од белиот свет во време на домашните слави. Славите се малку поинакви од другите обичаи. Зашто тие се приватни, семејни. Тоа значи дека ниту црквата не би требало да биде инволвирана во славите, освен кога е во прашање крштавањето на водата или осветувањето на пченицата, оценува етнологот Александар Цветкоски од прилепскиот Завод и музеј. Сето друго е оставено на куќата, на секое домаќинство посебно. Цветкоски го објаснува историскиот континуум на прославата на славите, цврсто врзани за народните обичаи. Славите на овие простори водат потекло од римските обичаи. -Порано постоеле селски слави, кои требало да бидат проследени со литија, специјално магиско опкружување на селото, дури имаме и заорување околу целото село и собирање кај култното дрво. Тоа е она кое, според старата митологија, се сметало за светец. Тоа во глобала е загубено во Македонија, но го има на некои места, дури и во 2018 година, но тоа не биле селски, туку црковни литии. Значи, црквата се смешала на многу места каде што традициски не ѝ е местото. Народната култура не е секогаш иста со христијанската, зашто во неа има елементи од претходно. Славите на овие простори водат потекло уште од римските „лари“ и „пенати“. Тие биле куќни заштитници. Кај нас се останати како „змија-чуваркуќа“. Таа живее во секоја куќа и ја чува од секакви надворешни влијанија. Има и растенија „чуваркуќа“. Но, во секоја куќа се верувало дека живее змија што ја чува куќата од надворешни влијанија. Се нарекува „таласон“. На пример, кога младоженецот ја пренесува невестата во куќата, ја носи на рацете, да не го „цапне прагот“ каде што е „таласонот“ за тој, пак, не дај боже, да не ја прими невестата. Во спротивно, ако го „цапне“ и го налути „таласонот“ може невестата да остане неплодна или куќата да не ја прифати. Инаку, славата, главно, има словенски примеси и култури. Ние имаме наполно исто славење на „славите“ со другите јужнословенски народи. Инаку, кај општословенските народи дури и нема слави, објаснува етнологот Цветкоски. Ритуален мајстор на славите не е попот, туку домаќинот на куќата. Тој го крева колачот, кај нас е поскурата, тој го врти, заедно со луѓето во куќата, го засекува и го благословува, што е најважен елемент кај славата. -На здравицата на домаќинот му одвраќаат сите, особено најстариот гостин. Се смета, во него е персонифициран господ или светецот кој дошол во таа куќа. Значи главните актери се: домаќинот, најстариот гостин како претставник на светецот и „таласонот“ кој ве чува и кога никој не е дома, вели Цветкоски. Славата во суштина е славење на светецот кој е семеен. И се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација. –  Свеста за славата е загубена, останати се ритуалните елементи. Славата е многу слична и непроменлива. Тоа е жилав обичај чија цел е домашното славење. Славите имаат и корени што одредуваат кои луѓе меѓу себе не смеат да се земаат. Да се венчаваат. Во едно село, каде што врските се роднински, една од стратегиите да не смеат некои да се венчаваат помеѓу себе, најголем индикатор е дека тој што слави една слава не може да се зема помеѓу себе, да се ородува. Значи, според семејните заштитници знаеле кој не треба или може да стапува во брак, вели Цветкоски. Славата е непроменлива, но во современо време се зема како статусен, неретко, симбол за политички напредок. Славата има многу длабоки социјални корени. >-Славите земаат силен замав во градовите. Ова е нова религиозност и се карактеризира со многу малку верување, а со поголема „глума“. Нема верување, туку има обредно однесување и во суштина е, на еден начин, политика. Ако славите слава, вие сте верен, верник, што ви помага на многу начини, па и во политиката. Во последно време, многу луѓе зедоа слава што никогаш претходно не ја славеле. Новата вера е чудно почитување. Не дека младите дословно го наоѓаат верувањето. Ние сме во утилитарно општество, луѓето сè ќе употрбат во името на верата, иако не ја препознаваат, објаснува етнологот Цветкоски. >Славите не само што опстануваат туку и ќе се развиваат. Покрај традициите, важен елемент е и јавноста. -Сите традициски обичаи што се поврзани со јавноста опстануваат. Сега е времето на социјалните мрежи. Ако некогаш славите биле скриени, домашни прослави, сега се отсликуваат во јавноста. Преку социјалните мрежи, вели Александар Цветкоски, етнолог од прилепскиот Завод и музеј. Следејќи ги прославите на славите во Македонија, покрај традициите, битен елемент е и јавноста дека некој слави слава. Макар и градска. Елизабета Митреска (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vreme-na-slavi-zilavi-tradicionalni-obichai-shto-opstojuvaat-i-vo-modernite-vreminja/feed/ 0