Славица Ангелова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 09:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Славица Ангелова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НИВНАТА ЉУБОВ НЕ МОЖЕШЕ ВЕЧНО ДА ЈА КРИЈАТ – овој колега од „ѕвездите на гранд“ е момчето на нашата победничка Славица, сите добро го знаете! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nivnata-lubov-ne-mozheshe-vechno-da-ja-krijat-ovoj-kolega-od-zvezdite-na-grand-e-momcheto-na-nashata-pobednichka-slavitsa-site-dobro-go-znaete-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nivnata-lubov-ne-mozheshe-vechno-da-ja-krijat-ovoj-kolega-od-zvezdite-na-grand-e-momcheto-na-nashata-pobednichka-slavitsa-site-dobro-go-znaete-foto/#respond Fri, 30 Jun 2023 09:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=851116

Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста во целиот регион по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен што убаво пее и што е паметна (студира медицина), малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот, а така остана и по победата. Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но ѝ забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот, пренесуваат српските медиуми.
Имено, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, Црна Гора, а љубовта се разгорела токму на пробите, пишува grand.online. – Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се разгоре речиси на прв поглед на пробите, иако се трудеа тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак не признаваат – изјави неодамна изворот и продолжи:
-Многу се слатки, млади се, си одговараат еден со друг, но мислам дека се плашеа да ја обелоденат својата врска бидејќи натпреварот се уште траеше. Потоа беше поканет за коментар нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој беше многу краток.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

– Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам за ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот – накратко рече Ѓорѓе, додавајќи:
 
– Полека, луѓе! Има време за се, натпреварувањето нека биде приоритет. Но, како што заврши натпреварот, вистината излезе на виделина. Имено, Славица и Велсан се уште се во контакт и се голема поддршка еден на друг, иако тој не беше со неа на финалната вечер.
Инаку, победничата на овогодинешната сезона на Ѕвездите на Гранд има 21 година, додека Велсан има 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да лови риби. Вели дека е упорен, а недостаток му е тоа што е нетрпелив, додека за музички идол го наведе Саша Матиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nivnata-lubov-ne-mozheshe-vechno-da-ja-krijat-ovoj-kolega-od-zvezdite-na-grand-e-momcheto-na-nashata-pobednichka-slavitsa-site-dobro-go-znaete-foto/feed/ 0
ПОБЕДНИЧКАТА НА „ГРАНД“ СЕДНА ВО ПОДАРЕНИОТ АВТОМОБИЛ – од тоа што и го порача Саша Поповиќ кога ќе се врати со него во Струмица се смееја сите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pobednichkata-na-grand-sedna-vo-podareniot-avtomobil-od-toa-shto-i-go-poracha-sasha-popovik-koga-ke-se-vrati-so-nego-vo-strumitsa-se-smeeja-site-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pobednichkata-na-grand-sedna-vo-podareniot-avtomobil-od-toa-shto-i-go-poracha-sasha-popovik-koga-ke-se-vrati-so-nego-vo-strumitsa-se-smeeja-site-foto/#respond Tue, 27 Jun 2023 11:30:27 +0000 https://kurir.mk/?p=850070

Саша Поповиќ ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на нашата Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на гранд“ за сезоната 2022/23. Креативниот директор на „Гранд“ продукција доделувањето на клучевите го направи во склоп на комплексот кој го гради на Бежаниска коса каде и живее. -Ух кога ќе се појавиш во Струмица со овој автомобил, а сите знаат дека си го добила откако победи во „Ѕвездите на гранд“, тоа ќе биде шоу, вели Поповиќ. Нашата Славица на Саша му потврди дека има возачка дозвола и знае да вози автомобил. -Ова ти е полесно да стигнеш кога би имала обврски кон „Гранд“, кажа Ѓорѓе Давид. Саша Поповиќ додаде дека е горд поради тоа што победила на поштен начин и заслужено го добила овој автомобил. -Кариерата ќе ја гради и во Македонија и во Србија, ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Веруваме дека многу повеќе шанси има во Македонија, бидејќи е прва нивна победничка во ова шоу, но секако ќе се трудиме да ја туркаме и во БиХ, Србија и Црна Гора, вели Саша. За потсетување Славица во финалето победи освојувајќи 88.367 гласа, а нејзин ментор беше Ѓорѓе Давид.

Foto: Nikola Tomić/TELEGRAF.RS

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pobednichkata-na-grand-sedna-vo-podareniot-avtomobil-od-toa-shto-i-go-poracha-sasha-popovik-koga-ke-se-vrati-so-nego-vo-strumitsa-se-smeeja-site-foto/feed/ 0
ГРАНД ѝ додели на Ангелова кола од 20.000 евра, а само од нејзините гласови преку СМС продукцијата заработила вртоглава сума на пари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/grand-dodeli-na-angelova-kola-od-20-000-evra-a-samo-od-nejzinite-glasovi-preku-sms-produktsijata-zarabotila-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/grand-dodeli-na-angelova-kola-od-20-000-evra-a-samo-od-nejzinite-glasovi-preku-sms-produktsijata-zarabotila-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=849621

Младата натпреварувачка од Македонија – Славица Ангелова, триумфираше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и победи со над 88 илјади СМС гласови во самото суперфинале. Покрај титулата, студенткаta по медицина освои и песна и спот од продукцијата „Гранд“, како и автомобил вреден 20.000 евра. Во дел од медиумите се појавија критики за вредноста на наградите во најгледаното регионално музичко шоу, а босанските медиуми отидоа и чекор понатаму, па разочарани од тоа што нивниот претставник Драган Ѓуриќ беше поразен во финалето, ја доведоа во прашање компетентноста на музичкото шоу, правејќи споредба дека наградите наместо да растат во споредба со претходните години, тие се намалуваат. – Претходно победниците освојуваа албум и стан во Белград. Сега добиваат песна и автомобил од 20.000 евра. Тоа говори колку е паднато натпреварувањето, коментираат тамошните медиуми. Славица во финалната вечер освои 88.367 гласови, додека вицешампионот Драган Ѓуриќ 71.747. Цената на една СМС порака беше 19 денари, односно околу 0.3 евра. Ова значи дека само врз основа на гласовите испратени по СМС, продукцијата само од гласовите за Ангелова заработила околу 27.000 евра, додека од гласовите за вториот финалист Ѓуриќ околу 21.000 евра. Да потсетиме, во финалната вечера имаше вкупно 17 финалисти за кои гледачите може да гласаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/grand-dodeli-na-angelova-kola-od-20-000-evra-a-samo-od-nejzinite-glasovi-preku-sms-produktsijata-zarabotila-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
НИКОГАШ НЕМА ДА ЗБОРУВАМ ЗА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ: Која е победничката на „Ѕвездите на гранд“, Славица студира медицина и откри дали ќе се пресели во Белград https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-zboruvam-za-privatniot-zhivot-koja-e-pobednichkata-na-zvezdite-na-grand-slavitsa-studira-meditsina-i-otkri-dali-ke-se-preseli-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-zboruvam-za-privatniot-zhivot-koja-e-pobednichkata-na-zvezdite-na-grand-slavitsa-studira-meditsina-i-otkri-dali-ke-se-preseli-vo-belgrad/#respond Mon, 26 Jun 2023 06:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849575

Струмичанката Славица Ангелова исплива од сенка до победа во „Ѕвезде Гранда“. Не важеше за фаворит, но по девет месеци натпреварување освои дури 88.367 гласови на финалната вечер, доволно за победа. Но, која е нашата Славица? Има 21 година, живее во Струмица, а инаку е многу успешна студентка по медицина. – Клучот за нејзиниот успех е позитивниот став и јасно зацртаната цел, а Славица никогаш не бегала од работа кога нешто ќе науми. И автентичноста е клучот со кој ги освои симпатиите на публиката. Впрочем, и самиот факт што студира медицина, кој важи за тежок факултет зборува за нејзните изградени работни навики – објаснуваат од тимот на „Ѕвезде Гранда“. Нејзиниот репертоар е шаренолик. – Генерално сушам што срцето ми зборува и како се чувствувам, така и пренесувам, односно отпејувам. Мислам дека секој треба да биде оригинален и да го покаже тоа што го има во себе, зашто сите ние сме различни. Приватно слушам сè, и фолк и рок, и џез и блуз. Подеднакво сè обожавам – открива Славица. Често за време на натпреварувањата влегувала во конфликт со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, поради што рокерот се фаќал за глава од мака. – Не би знаела тоа да го објаснам, тоа ми се случува во мигот. Ние постојано се договараме за време на целото натпреварување, и секогаш се обидувам да го испочитувам тоа што сме го договориле на проба, но едноставно, некогаш така ми доаѓа и знам малку да ја „зезнам“ ситуацијата. Но се надевам дека на крајот се е сепак добро, како и овојпат – заклучува новата кралица на „Ѕвездите на Гранд“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-zboruvam-za-privatniot-zhivot-koja-e-pobednichkata-na-zvezdite-na-grand-slavitsa-studira-meditsina-i-otkri-dali-ke-se-preseli-vo-belgrad/feed/ 0
Завиткана со македонско знаме го прослави триумфот: Славица Ангелова победи во „Ѕвездите на Гранд“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavitkana-so-makedonsko-zname-go-proslavi-triumfot-slavitsa-angelova-pobedi-vo-zvezdite-na-grand/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavitkana-so-makedonsko-zname-go-proslavi-triumfot-slavitsa-angelova-pobedi-vo-zvezdite-na-grand/#respond Sun, 25 Jun 2023 10:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=849424

Со близу 90 илјади гласови, Славица Ангелова од Струмица е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023. По деветмесечно натпреварување, публиката одлучи да победи Славица, чиј ментор во шоуто беше Ѓорѓе Давид. -Славица е филигран која од втор план влезе и направи сериозна приказна. Имавме некои емотивни проблеми во текот на натпреварот, но се разбуди на време, рече Ѓорге Давид пред прогласување на победникот. Славица, пак, беше видно изненадена. По прогласувањето таа рече: -Пред сѐ благодарам на сите што гласаа за мене. Огромно благодарам и на мојот ментор Ѓорге Давид кој несебично се вложи во сите нас, не само во мене. Навистина сум фрапирана и ова реално не го очекував, рече таа. Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavitkana-so-makedonsko-zname-go-proslavi-triumfot-slavitsa-angelova-pobedi-vo-zvezdite-na-grand/feed/ 0
Славица Ангелова со отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavitsa-angelova-so-otvoreno-pismo-do-ministerot-za-vnatreshni-raboti-oliver-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavitsa-angelova-so-otvoreno-pismo-do-ministerot-za-vnatreshni-raboti-oliver-spasovski/#respond Sat, 14 Jan 2023 10:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=787221

Интегрален текст од отвореното писмо на Славица Ангелова до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски Почитуван министре, Ако можам да Ве наречам почитувам затоа што почит заслужуваат оние кои имаат резултат во работата, а Вие како менаџер на полициските станици во земјава место да се занимавате со расчистување на криминал, сузбивање на мито и корупција, зачувување на јавната безбедност, целиот Ваш мандат вашите кадри го поминаа во злоставување и прогон на политички неистомисленици. И не знам колку навистина сте запознати што се случува. Ви се обраќам затоа што ова што низ годините ми се случува е психичко злосторство од невидени размери кои ми го прават вашите кадри во Кочани. Злоупотребувајќи ја својата положба и искористувајќи ги моќта и влијанието секојдневно без причина ме малтретираат и вознемируваат, а го вознемируваат и моето семејство. Тоа што ми го прават вашите кадри во ПС Кочани е ѕверско изживување кое секојдневно ми нанесува душевна и физичка болка и дополнително ја влошува мојата лоша здравствена состојба. Ви се обраќам да превземете нешто затоа што тие се ваша слика, ваше огледало. Јас секако ќе поднесам кривична пријава за злоупотреба на службената положба на одредени структури и ликови во ПС Кочани. Тоа што никогаш нема да ги поддржувам политиките на партијата од која доаѓате, не ви дава за право за некој да бидете мајка, за друг маќеа. Нели е ова демократско општество, а политичката определба е право на избор на поединецот. Вие треба да бидете министер за сите. Со почит, Славица Ангелова

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavitsa-angelova-so-otvoreno-pismo-do-ministerot-za-vnatreshni-raboti-oliver-spasovski/feed/ 0
Ангелова за Брегалнички.мк: Филип Петровски имаше неуспешен обид да го разедини ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelova-za-bregalnichki-mk-filip-petrovski-imashe-neuspeshen-obid-da-go-razedini-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelova-za-bregalnichki-mk-filip-petrovski-imashe-neuspeshen-obid-da-go-razedini-vmro-dpmne/#respond Sat, 10 Dec 2022 09:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=773490

Една наша стара народна мудрост вели: На лагата кратки и се нозете, вистината е бавна но секогаш излегува на виделина, пишува Славица Ангелова за порталот bregalnicki.mk -Затоа време е да излезе на виделина, вистината која многумина функционери не ја знаат за да им станат работите појасни. За разлика од многу кои се на функција за да профитираат за себе, мојата борба сите овие години е за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ. Ако некогаш сакав да наштетам како што некои ме обвинуваат имав можност да го сторам тоа. -Во 2017 година, Филип Петровски користеше разни методи за да го растури ВМРО-ДПМНЕ, преку различни струи и пуштање ветар до обид за искористување на патриотските здруженија. Целта беше да формира радикална партија. Беше подготвен и статут за Трета радикална партија. Целиот текст прочитајте го на bregalnicki.mk Пишува: Славица Ангелова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/angelova-za-bregalnichki-mk-filip-petrovski-imashe-neuspeshen-obid-da-go-razedini-vmro-dpmne/feed/ 0
Бугарите направија талент шоу со 3500 кандидати: Кога на сцена се појави оваа Македонка им одржа лекција на сите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bugarite-napravija-talent-shou-so-3500-kandidati-koga-na-scena-se-pojavi-ovaa-makedonka-im-odrza-lekcija-na-site-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bugarite-napravija-talent-shou-so-3500-kandidati-koga-na-scena-se-pojavi-ovaa-makedonka-im-odrza-lekcija-na-site-video/#respond Sun, 14 Apr 2019 17:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=186392

Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17-годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија. Хитот „What’s up“ од 4 Non Blondes беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим. Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bugarite-napravija-talent-shou-so-3500-kandidati-koga-na-scena-se-pojavi-ovaa-makedonka-im-odrza-lekcija-na-site-video/feed/ 0