Славица Грковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 12:52:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Славица Грковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грковска: Принципите на добро владеење мора да се имплементираат на сите нивоа во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-printsipite-na-dobro-vladeene-mora-da-se-implementiraat-na-site-nivoa-vo-javnata-administratsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-printsipite-na-dobro-vladeene-mora-da-se-implementiraat-na-site-nivoa-vo-javnata-administratsija/#respond Wed, 20 Sep 2023 12:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=879908

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на панел дискусија посветена на деблокирањето на клучните реформи, која се одржа во рамки на конференцијата „Современа, Ефикасна, Дигитализирана Јавна администрација: Визија 2030 - Стратегија за администрација“. „Имајќи предвид дека администрацијата е сликата и столбот на државата и на општеството, тогаш принципите на добро владеење мора да бидат имплементирани секаде. А кога зборуваме за добро владеење, зборуваме за транспарентност, отчетност, интегритет, како и за брзи и професионални услуги“, изјави вицепремиерката Грковска, додавајќи дека од приоритетна важност е да се промени светогледот и да се зајакне свеста дека администрацијата е сервис на граѓаните. Во овој долг и тежок процес, додаде таа, клучно е политичарите да бидат пример за сите останати во општеството, со својот интегритет и со своето делување и работење за доброто на државата. Вицепремиерката Грковска се осврна на активностите кои изминатиот период ги презеде кабинетот со кој раководи, фокусирани на трите столбови: дигитална трансформација на општеството, транспарентност и ефикасност на институциите и антикорупциски политики, кои се испреплетени меѓу себе и директно поврзани со реформите во јавната администрација. Таа го истакна тековниот проект за преосмислување на управувањето, со кој се предвидува воведување индикатори за мерење на успешноста во спроведувањето на политиките и зајакнување на секторите за стратешко планирање во министерствата. Понатаму, таа информираше дека е веќе подготвен нацрт на Законот за архивирање, кој уредува како ќе се третираат дигиталните документи, а интензивно се работи и на воведувањето на електронска лична карта, како основа за понатамошен развој на дигиталните услуги. Во поглед на транспарентноста, вицепремиерката Грковска истакна дека таа е еден од главните механизми за спречување на корупцијата, но и начин како да се навикнат институциите дека треба да бидат отворени и на услуга на граѓаните. Во таа насока, беше подготвено упатство кое цели кон јакнење на проактивната транспарентност, сè до конечната цел која треба да биде исполнета во 2030, за отворени регистри кои им се на располагање на сите граѓани. Како заклучок на излагањето, вицепремиерката Грковска истакна дека една од клучните реформи за кои се залага кабинетот со кој таа раководи е донесување законско решение кое ќе оневозможи носители на функција или вработени во администрацијата на сите нивоа, да бидат лица кои не покажале капацитет за почитување на принципите на добро владеење. „Во ниту еден од трите столбови на власта, лице на кое му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, доколку е осуден или разрешен за злоупотреба на службена должност, корупција, судир на интереси, дискриминација и користење на службената положба за каков било облик на принуда, не може да биде избран или именуван на функција, односно да биде вработен во јавна администрација. Кандидат за носител на јавна функција, како и вработено лице во јавната администрација не може да биде лице кое се наоѓа на листата на санкции на САД, ЕУ или ООН“, заклучи Грковска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-printsipite-na-dobro-vladeene-mora-da-se-implementiraat-na-site-nivoa-vo-javnata-administratsija/feed/ 0
Грковска: Забелешките и коментарите на САД се од суштинско значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-zabeleshkite-i-komentarite-na-sad-se-od-sushtinsko-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-zabeleshkite-i-komentarite-na-sad-se-od-sushtinsko-znachene/#respond Wed, 13 Sep 2023 11:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=877679

Забелешките коментарите на САД и Европската унија во врска со изгласаните измени на кривичниот закон се од суштинско значење, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, пред денешната тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“. – Јас кажав дека членот за проширената конфискација е член кој дојде од мојот кабинет. За другиот дел изразив резерва. САД се наш стратешки партнер и за мене ќе биде суштински нивниот коментар и забелешка за овие законски измени. Исто така и со забелешките на ЕУ, изјави Грковска во одговор на новинарско прашање за изјавата на амбасадорката на САД Анџела Агелер дека американската администрација ќе ги разгледа измените на Кривичниот закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-zabeleshkite-i-komentarite-na-sad-se-od-sushtinsko-znachene/feed/ 0
Грковска: Пораките од меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-porakite-od-megunarodni-sojuznitsi-vo-borbata-so-koruptsijata-mora-da-bidat-razbrani-od-domashnite-pravosudni-organi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-porakite-od-megunarodni-sojuznitsi-vo-borbata-so-koruptsijata-mora-da-bidat-razbrani-od-domashnite-pravosudni-organi/#respond Wed, 21 Jun 2023 09:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=848148

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера за персона нон грата го прогласија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради неговата вмешаност во значителна корупција. -Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-porakite-od-megunarodni-sojuznitsi-vo-borbata-so-koruptsijata-mora-da-bidat-razbrani-od-domashnite-pravosudni-organi/feed/ 0
Грковска: Договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/#respond Wed, 17 May 2023 10:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=835267

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешниот брифинг со новинарите укажа дека договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност. -Мојата прва изјава за тоа беше дека во принцип не гледам причина да не биде објавен, освен ако има клаузула што би можела да влијае на таквата одлука и дека ќе проверам дали има таква клаузула. Меѓутоа, таква клаузула постои, веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста за постоењето на таква клаузула и дека таа не обврзува во еден дел за таква мерка, рече Грковска на средбата со новинари. Во однос на механизмот кој им стои на располагање - опомените за функционери кои го прекршуваат етичкиот кодекс и ја злоупотребуваат својата функција, Грковска нагласи дека без оглед за кого станува збор одлучуваат исклучиво врз основа на аргументите. Прашана дали има притисоци од страна на некои функционери, Грковска одби да одговори. -Ние без оглед на се и без оглед за кого станува збор одлучуваме исклучиво врз основа на аргументите и гледате дека и од функционерите на кои им е изречен очигледно дека не не засега многу за кого и за што туку дали аргументите укажуваат на тоа дали го прекршиле или не. Има влијание, има промена во однесувањето тоа се гледа по дискусиите што ги правиме, рече Грковска. Таа посочи дека е дадена препорака секое министерство и секоја институција да има лице задолжено за кодексот со цел најдобро имплементирање на етичкиот кодекс. -Во добра насока сме, тоа е процес заради тоа што досега не сме имале случаи на изрекување мерки и опоменување за такво однесување на функционери. Тоа е процес кој се надеваме дека еден ден ќе не доведе до ситуација кога свесноста на функционерите ќе биде на тоа ниво какво што е во денеска поразвиени демократски држави, но преку ноќ не се случува, рече Грковска. Одговарајќи на прашање што доколку некој и понатаму го прекршува кодексот, Грковска кажа дека доколку продолжи да го прекршува кодексот за истото за кое е опоменат, обврзани се да го информираат премиерот за тоа и понатаму тој треба да одлучи за каква мерка ќе се определи. Мерките се да побара оставка, разрешување и јавна опомена.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/feed/ 0
Претставката на Антикоруписка за Груби не е стигната кај вицепремиерката за политики за добро владеење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkata-na-antikorupiska-za-grubi-ne-e-stignata-kaj-vitsepremierkata-za-politiki-za-dobro-vladeene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkata-na-antikorupiska-za-grubi-ne-e-stignata-kaj-vitsepremierkata-za-politiki-za-dobro-vladeene/#respond Wed, 10 May 2023 09:53:17 +0000 https://kurir.mk/?p=832624

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели. Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, врз основа на аргументи. - И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор, рече Грковска. Според неа, има промена во начинот на однесување кај некои функционери и во зголемувањето на свесноста за разлика од порано и смета дека со мерките што се преземаат ќе дојдеме до момент кога некој ќе понесе одговорност за несовесно работење. - Има промена во начинот на однесување кај некои функционери, во зголемување на свесноста, меѓутоа тоа е прашање на време, не се случува преку ноќ. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент кога ќе посведочиме некој да понесе одговорност за несовесното однесување, рече Грковска. Не се согласува со констатацијата дека заложбите се само декларативни затоа што, како што вели, мерките што ги овозможува Етичкиот кодекс се конкретни. - Меѓутоа, тоа не е закон, нема можност за прекршочни одредби. Станува збор за етички мерки само што ние како општество се уште, за жал, не сме до дојдени до тој степен етичките мерки и Етичкиот кодекс да бидат со таа сила да влијаат многу повеќе отколку прекршочните одредби. Ние сме се уште до тој степен дека е полесно да се плати казната отколку да се внимава на тоа како да се однесуваме, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavkata-na-antikorupiska-za-grubi-ne-e-stignata-kaj-vitsepremierkata-za-politiki-za-dobro-vladeene/feed/ 0
Грковска: Инклузијата во спортот ја помага и инклузијата во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-inkluzijata-vo-sportot-ja-pomaga-i-inkluzijata-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-inkluzijata-vo-sportot-ja-pomaga-i-inkluzijata-vo-opshtestvoto/#respond Wed, 12 Apr 2023 13:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=823245

„Овозможувањето спорт за сите, преку отстранување на архитектонските и други видливи и невидливи бариери и инвестирање во опрема и посебни програми, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на луѓето со попреченост, туку и начин како општеството да станува подобро и поправедно“, истакна заменичката на претседателот на Владата на Република  Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на отворањето на првиот инклузивен спортски саем „Спорт за сите“. Овој настан се организира на иницијатива на вицепремиерката Грковска, а е поттикнат од минатогодишната евалуацијата на EPAS (Enlarged Partial Agreement on Sport), тело на Советот на Европа, кое претставува платформа за меѓувладина соработка на земјите-членки на полето на спортот. Потребата да се унапреди инклузијата во спортот беше една од главните забелешки на EPAS, чија евалуација опфати 40 институции и спортски организации. „Почитувањето на начелата „Никој да не биде изоставен” и „Ништо за нас без нас“, треба да се водилки и во сите останати области. Бидејќи само со целосно почитување на човековите права и со широка вклученост на засегнатите страни кога се носат и спроведуваат мерки и политики, можеме да  изградиме одржлив систем на добро управување, кој ќе функционира во интерес на сите граѓани”, изјави вицепремиерката Грковска, и ги охрабри присутните спортисти и спортски работници да се вклучат со свои коментари во подготовката на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 - 2030, која во моментов е поставена на ЕНЕР. Саемот се одржа во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост. „Лицата со попреченост многу често се соочуваат со бариери во секојдневниот живот, и за жал оваа целна група е генерално исклучена од скоро сите социо - економски текови. Во таа смисла, спортот претставува идеална средина каде што тие можат на еднаква основа со сите да се занимаваат со спортски активности без разлика дали се соочуваат со одредена попреченост или не. За да го засили позитивното влијание на спортот, а во насока на промовирање и на Целите за одржлив развој, УНДП во своите проектни активности е партнер со националните институции, спортските асоцијации и клубови за да обезбеди можности сите лица да се вклучат во одредена физичка активност на еднаква основа со сите“, потенцираше Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации. Целта на настанот е да се поддржат отворените дискусии меѓу Владата и организациите на лицата со попреченост за пристапот до спортот на професионално и рекреативно ниво на еднакви основи како и другите. Во таа насока, со свои излагања се вклучија и министрите за образование и локална самоуправа, Јетон Шаќири и Ристо Пенов, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и Бранимир Јовановски, претседател на Параолимпискиот комитет на Република Северна Македонија. На саемот беа презентирани можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови. Учесниците ги споделија предизвиците со кои се соочуваат во своето работење, како и своите идеи за создавање услови за учество во спортот за сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-inkluzijata-vo-sportot-ja-pomaga-i-inkluzijata-vo-opshtestvoto/feed/ 0
Грковска: Дефинирани се наредните чекори за воспоставување електронски идентитет за секој граѓанин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/#respond Wed, 25 Jan 2023 16:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=791859

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет, што беше усвоен на вчерашната владина седница. Како што се посочува во соопштението од владината прес-служба, на состанокот, на кој присуствуваа и претставници од амбасадата на САД во земјава, како поддржувачи на целиот процес, експертот Каидро го презентирал концептот во кој се дефинирани сите натамошни чекори, како и структурата што треба да биде воспоставена за да се воведе електронски идентитет, предуслов за процесот на дигитална трансформација на општеството. Вицепремиерката Грковска оценила дека станува збор за комплексен процес, но дека сите надлежни институции мора целосно да се посветат на планот за реализација на оваа активност, бидејќи преку дигитална трансформација може да се унапреди ефикасноста на институциите во интерес на граѓаните. Процесот на дигитална трансформација на општеството, како и воспоставувањето на електронски идентитет, Република Северна Македонија го реализира преку естонскиот Центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување, со поддршка на амбасадата на САД во земјава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/feed/ 0
Лефков до Грковска: Дали превземавте одредени дејствија за тоа што компанијата основана од кумот на Ковачевски земала државна помош? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-grkovska-dali-prevzemavte-odredeni-dejstvija-za-toa-shto-kompanijata-osnovana-od-kumot-na-kovachevski-zemala-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-grkovska-dali-prevzemavte-odredeni-dejstvija-za-toa-shto-kompanijata-osnovana-od-kumot-na-kovachevski-zemala-drzavna-pomosh/#respond Thu, 29 Dec 2022 14:28:14 +0000 https://kurir.mk/?p=782172

Првото прашање е до Славица Грковска, заменик на претседателот на Влада задолжен за политики за добро владеење. Ќе ве потсетам дека согласно членот 23 став 1 од етичкиот кодекс, вие сте одговорно лице за спроведување на кодексот и ќе ве потсетам дека за извршување на таа функција добивате соодветна поддршка односно имате вработени лица кои што ви даваат поддршка, имате еден службеник за оперативна поддршка, имате службеник за логистичка поддршка, имате посебен советник за координација, имате посебен советник за анализа за политики на добро владеење, други четири вработени преку авторска агенција кои ви даваат ваква или слична поддршка и добивате логистичка поддршка од уште 6 лица кои што ви даваат логистичка поддршка, вкупно вредите колку една собраниска комисија, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешните пратенички прашањa. -Дали знаете дека на денешен ден пред 365 дена во време на прогласена кризна состојба, во случај на нарушување на пазар и електрична енергија донесена за начинот на снабдувања со електрична енергија во кризна состојба, Владата во оставка на фирмата во сопственост на кумот на премиерот, а основана лично од премиерот добива над 200 000 евра државна помош, и тоа на 2 дена пред Нова Година, и тоа на 2 дена откако на седница на централниот одбор на СДСД, Ковачевски е избран за мандатар. Ќе ве потсетам дека сегашниот премиер на Влада, Ковачевски и кумот ја основале Пиксел Груп. 5 месеци откако СДСМ прави Влада. Оваа фирма добива 4 исплати од Фонд за иновации во вкупна вредност од 4 3240 363 денари или 70 314 евра. Државна помош во 8 исплати во вредност од 27 262 082 денари или неверојатно 443 000 евра. Кумот, а тоа е предвидено во Законот за спречување на корупција, а тоа е предвидено и во членот 5 од етичкиот кодекс, а вие сте одговорно лице за негово спроведување. Оваа фирма која што ја основа кумот добива и тендери во ЈКП Комуналец, Свети Николе во вредност од 100 000 евра, потоа во ЈП Пасишта, две набавки од 172 343 евра, општина Ѓорче Петров од 48 000 евра, општина Чаир 108 000 евра, тендер од ЕВН во вредност од 2 милиони евра. Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма во Софија со основачки влог од 15 000 лева. 8 месеци откако е премиер фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АС СОЛАР АД Тетово вредна 54 милиони евра, истакна тој. Пиксел основана од премиерот, а во сопственост на кумот има 40%, а фирмата од Софија 60%, рече тој. Лефков ја запраша Славица Грковска, заменик на претседателот на Влада задолжен за политики за добро владеење дали преземала одредени дејствија за тоа што компанијата основана од кумот на Ковачевски земала државна помош и дали со непостапување Грковска станува дел од организирана група која со тргување на влијание испумпува државни средства за себе или за свои блиски лица. -Барањето треба да стигне на адреса на Влада на Република Македонија односно барањето од компанија во која удел има кумот на Ковачевски ќе стигне на Илинденска бр2 кај кумашинот . Тоа што значи, дека компанијата која планира да гради фабрика за панели во индустриска зона аплицира за државна помош, а Паунов се повлече одборот на директори, но на крајот на денот парите ќе завршат во која има удел односно еден дел давател на помошта ќе биде Ковачевски, а од друга страна примател ќе биде кумот. Прашањето е дали вие Славица Грковска, како лице одговорно за спроведување на кодексот сте преземале било кави дејствија во врска со скандалот за исплата на државна помош на форма која била основана, а во момент на исплата е поседувана од кумот на претседателот на Владата. Дали сте преземале одредени дејствија за фактот што компанија основана од страна неговиот кум користи државни тендери од компанија во која мандатен сопственик е токму кумашинот? Дали ги земавте во предвид вашите задолженија како член на влада за почитување на Уставот, законите, етичкиот кодекс за кој сте непосредно одговорна и декларативните заложби за борба против корупција и дали мислите дека со непостапување станувате дел од организирана група која со тргување на влијание испумпува државни средства за себе или за свои блиски лица, рече Лефков. Второто пратеничко прашање на Лефков се однесуваше до министерот за правда, Тупанчевски односно дали Тупанчевски како министер за правда има контрола во секторот со кој раководи. -Второто прашање е до министерот за правда Тупанчевски, видовте дека според истражувањата на ИРИ најслабо котира кога станува збор правосудство од државата и според сите релевантни истражувања во државата судството бележи континуиран пад на довербата на граѓаните. Моето прашање е според Законот за организација и работата на органите на државната управа, министерство за правда ги врши работите кои што се однесуваат на судство, јавно обвинителство, кривична одговорност, прашањето е дали земајќи ги во предвид законските одредби, правата и обврските кои ги преземате со преземањето на функцијата дали сметате дека имате контрола во секторот кој го раководите, праша Лефков.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-grkovska-dali-prevzemavte-odredeni-dejstvija-za-toa-shto-kompanijata-osnovana-od-kumot-na-kovachevski-zemala-drzavna-pomosh/feed/ 0
Грковска: Мора брзо да се адаптираме на НАТО и ЕУ стандардите за сајбер безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-mora-brzo-da-se-adaptirame-na-nato-i-eu-standardite-za-sajber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-mora-brzo-da-se-adaptirame-na-nato-i-eu-standardite-za-sajber-bezbednost/#respond Mon, 12 Dec 2022 14:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=774505

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска заедно со e-Governance Академијата од Естонија организираше вежба за проверка на нашите капацитети за управување со кризи поврзани со сајбер напади. – Ова е вежба која ќе ни помогне на сите да ја унапредиме свесноста за потребата на воспоставување на систем кој ќе ја подигне сајбер безбедноста на нашите институции и ќе ни помогне подобро да ги дефинираме улогите, одговорностите и механизмите за координација меѓу релевантните организации, во случај на сајбер напади. Сајбер нападите сé повеќе претставуваат реалност и во нашата земја, бројот на истите за жал се зголемува, особено по нашето членство во НАТО и како што се доближуваме до пристапување кон Европската Унија. Со тоа, ургентна е и нашата улога, брзо да се адаптираме на НАТО и ЕУ стандардите за Сајбер безбедност и да изградиме инфраструктура и современи протоколи, кои во иднина ќе нé заштитат од нападите, ќе ги заштитат нашите системи и нашите граѓани, изјавила вицепремиерката Грковска, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет. Вицепремиерката истакнала дека ние како земја имаме многу направено во поглед на напредување во стандардите за сајбер безбедност и изразила надеж дека во следниот период ќе направиме уште неколку значителни чекори кои ќе нé доближат до ЕУ нормативите за сајбер безбедност. На вежбата присуствувале претставници и ИТ експерти од сите министерства во Владата на Република Северна Македонија, од Генералниот секретаријат на Владата, како и од Агенцијата за електронски комуникации. Грковска упатила благодарност до партнерите, естонската Влада и e-Governance академијата од Естонија, за досегашната поддршка. Според неа, ова е вежба која ќе помогне во иднина полесно да се справуваме со овие предизвици и да направиме, се вели во соопштението, да им биде посложено или невозможно на сајбер напаѓачите да допрат до нашите институции, нашите системи и датабази. цр/аа/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-mora-brzo-da-se-adaptirame-na-nato-i-eu-standardite-za-sajber-bezbednost/feed/ 0
Тензии меѓу извршната и судската власт во Македонија: Јовески ѝ го возврати “ударот“ на Грковска! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/#respond Sat, 10 Dec 2022 18:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=773694

Во синоќешното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше Славица Грковска вицепремиерка задолжена за борба против корпуцијата. Таа изјави дека има свој став за унапредувањето на Љубомир Јовески и дека таа не се согласува тој да биде Уставен судија. „Јас имам свој став околу предлогот за унапредување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Уставен судија и јас не сметам тека треба да биде уставен судија“, кажа Грковска. Грковска смета дека тој не треба да биде уставен судија поради непостигнатите задачи на таа функција. „Сметам дека она што како републички јавен обвинител требаше да го постигне на таа позиција не го постигна и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како Уставен судија“, посочи Грковска. Овие ставови, актуелниот  јавен обвинител  ги смета како атак врз самостојноста и  мешањето  во работата на обвинителството од страна на извршната власт. Државниот обвинител во отворена реакција смета дека се неосновани, паушални и неточни оценките за неговата и за работата на Јавното обвинителство кои вицепремиерката Славица Грковска ги изнесе на синоќешното интервју за „Топ тема“. Во својата реакција шефот на републичкото јавно обвинителство пишува: „Повеќепати сум барал и сум инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од Обвинителството. Како јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара ниту, пак, да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи“. Тој го “возврати ударот“, па испрати јавни поплаки и критики за работата на Владата во борбата против корупцијата и криминалот. Според него, не се точни ниту тврдењата на Грковска дека се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Јовески укажува дека секоја година на нивната сметка недостигаат парите кои Владата е законски обврзана да им ги префрла. „Во земјава има помалку од девет обвинители иако според Европската комисија за ефикасност на правдата, во европските земји, тој просек изнесува 12 обвинители на секои 100.000 жители. Состојбата не е подобра ниту кај јавнообвинителската служба, на што укажувам во сите мои јавни настапи. Доколку Грковска го посети Јавното обвинителство, изворно ќе биде информирана и за состојбата и за потребите за функционирањето на истражните центри“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/feed/ 0