славица кутиров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 16:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png славица кутиров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорката на Царинската управа поднела оставка, Владата ја прифатила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-tsarinskata-uprava-podnela-ostavka-vladata-ja-prifatila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-tsarinskata-uprava-podnela-ostavka-vladata-ja-prifatila/#respond Tue, 13 Jun 2023 16:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=845378

Директорката на Царинската управа Славица Кутиров со соопштение до медиумите информира дека на денешната седница Владата на Република Македонија ја прифатила нејзината оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план. -Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата. На нејзиниот наследник му посакува успешна работа и, како што вели, уште подобри резултати.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-tsarinskata-uprava-podnela-ostavka-vladata-ja-prifatila/feed/ 0
Поткомитет со ЕУ за Царина: Нотиран добар напредок во спроведување на реформите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkomitet-so-eu-za-carina-notiran-dobar-napredok-vo-sproveduvanje-na-reformite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkomitet-so-eu-za-carina-notiran-dobar-napredok-vo-sproveduvanje-na-reformite/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=769960

„Ја докажавме нашата посветеност на процесот на пристапување во ЕУ, и тоа е нотирано во неодамнешниот извештај за напредокот на земјата, кадешто e забележана висока усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ. Продолжуваме со дигитализацијата, како еден од нашите главни фокуси во последната деценија, преку развој на нови ИТ системи и натамошно надградување и одржување на постоечките. Со тоа ќе овозможиме високо ниво на автоматизација на процесите, консолидирани бази на податоци, поедноставување на царинските постапки и натамошна интеграција“, рече директорката Славица Кутиров на 19тиот Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци помеѓу ЕУ и РС Македонија. Притоа, Кутиров додава дека во наредниот период ќе следи поинтензивна работа и напори насочени кон целосно усогласување со ЕУ регулативата, како и нејзино имплементирање во пракса, што ќе го презентираат на Билатералниот скрининг состанок во јуни следната година.

На состанокот од страна на претставниците од Европската Комисија, беше истакнат добриот напредок на Царинската управа во спроведување на реформите.

Во моментов, како што потенцира директорката, Царинската управа работи на имплементација на нови ИТ системи со што ќе се подобрат услугите за економските оператори, а воедно ќе се овозможи и поефикасна наплата на приходи, поефикасни контроли и сузбивање на сивата економија. Притоа, Кутиров нагласи дека неодамна се воведени и таканаречените „Зелени царински декларации“, со коишто царинската постапка автоматски се завршува во рок од еден час.

На поткомитетот се дискутираше и за мерките коишто беа имплементирани од страна на Царинската управа за справување со кризата предизвикана од пандемијата. Така, со цел обезбедување непречен проток на стоки, воспоставени се т.н. „Зелени коридори“ на граничните премини Табановце – Прешево, Ќафасан - Ќафтане, а од јули годинава и на преминот Богородица – Евзони, за стоки кои излегуваат кон Грција.

Како дел од активностите за олеснување на трговијата преку регионална соработка, по потпишувањето на протоколите за меѓусебно признавање на компаниите со статус Овластен економски оператор - ОЕО со Србија и неодамна со Албанија, интензивно се работи на нивна имплементација во пракса, со цел да се овозможат дополнителни бенефити за овие компании при спроведување на царинската постапка. Воедно беше потенцирано дека нашата држава е целосно подготвена и за меѓусебно признавање на овој статус со европските земји и приклучување во европскиот ОЕО систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkomitet-so-eu-za-carina-notiran-dobar-napredok-vo-sproveduvanje-na-reformite/feed/ 0
Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kutirov-zapochna-primenata-na-zelenite-carinski-deklaracii-carinenjeto-zavrshuva-za-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kutirov-zapochna-primenata-na-zelenite-carinski-deklaracii-carinenjeto-zavrshuva-za-eden-chas/#respond Fri, 25 Nov 2022 08:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=766240

Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација, објави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. „Ова е голема новина во царинското работење, која на економските оператори им овозможува огромно забрзување на постапката, заштеда на време и ресурси. Истовремено, со ова Царинската управа станува институција со високо ниво на дигитализација, препознаена во земјата и во регионот“, вели Кутиров. Во текот на вчерашниот ден, обработени се вкупно 833 увозни и 538 извозни зелени царински декларации, и за истите царинењето е успешно завршено за еден час, што претставува 80% од вкупниот број на поднесени декларации. Царинењето за еден час се овозможува за увозни и извозни декларации кои се правилно пополнети и автоматски валидирани, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно зелени, кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки. Во моментот кога декларацијата е селектирана од системот на зелен канал, започнува да тече тајмер подесен на еден час, после кој истата автоматски добива статус дека се пушта во слободен промет. Оваа постапка за царинење на стоката, застапниците ќе можат да ја спроведат далечински, без потреба да доаѓаат во царинските терминали и да комуницираат непосредно со царинските службеници. Комуникацијата со застапникот за останатите царински декларации, селектирани од системот или од царинскиот службеник за документарна контрола, врз основа на дополнителни сознанија, исто така ќе се одвива преку системот. За оваа новина во изминатата недела беа спроведени обуки за царинските службеници и  економските оператори. Притоа, економските оператори ги поздравија заложбите на Царинската управа коишто се преземаат во континуитет за дигитализација и олеснување на трговијата, како важeн фактор за зајакнување на конкурентноста на компаниите и економскиот развој на земјата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kutirov-zapochna-primenata-na-zelenite-carinski-deklaracii-carinenjeto-zavrshuva-za-eden-chas/feed/ 0
Славица Кутиров реизбрана за директорка на Царинската управа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavica-kutirov-reizbrana-za-direktorka-na-carinskata-uprava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavica-kutirov-reizbrana-za-direktorka-na-carinskata-uprava/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=634178

Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е реизбрана за директор на оваа државна институција. Според Кутиров, која беше в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во изминатиот период. -Како директор на Царинската управа, продолжувам во спроведување на сите законски надлежности и приоритетите за развој на институцијата. Во следниот период, целокупното работење го насочуваме кон реализацијата на повеќе проекти кои имаат цел да обезбедат поефикасна наплата на приходите и заштита на финансиските интереси и на општеството, олеснување на трговијата, пред се преку понатамошна дигитализација на царинските и акцизните постапки и интеграција во регионот, како и понатамошна модернизација на ИКТ инфраструктурата и граничните премини. Во оваа насока, потенцирам дека работиме во специфични услови од аспект на пандемијата, која налага умешност во исполнување на активностите на Царината и непречена прекугранична размена на продукти за снабдување на граѓаните со потребните намирници, но и суровини за производство и извоз на компаниите, вели Кутиров. Таа нагласува дека Царинската управа е значајна институција која има високо ниво на усогласеност со регулативата и стандардите на ЕУ и во континуитет дава силна поддршка на бизнис секторот и легалната економија во целина. Својата професионална кариера Кутиров ја развива во Царинската управа повеќе од дваесет години и е прв директор кој потекнува од институцијата, а доби мандат да ја извршува оваа функција во следниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slavica-kutirov-reizbrana-za-direktorka-na-carinskata-uprava/feed/ 0