славјан ка петровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Sep 2023 16:26:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png славјан ка петровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петровска за настаните во Косово: Поддршка за КФОР и активностите во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-za-nastanite-vo-kosovo-poddrshka-za-kfor-i-aktivnostite-vo-nasoka-na-garantirane-na-mirot-i-stabilnosta-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-za-nastanite-vo-kosovo-poddrshka-za-kfor-i-aktivnostite-vo-nasoka-na-garantirane-na-mirot-i-stabilnosta-vo-regionot/#respond Sun, 24 Sep 2023 16:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=881305

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска преку својот фејсбук-профил ги осуди инцидентите на северот од Косово, каде во раните утрински часови беше убиен припадник на косовската полиција. -Силна осуда за инцидентот кој се случи денес во Косово и за сите оние кои допринеле за тој да се случи. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот, напиша Петровска на објавата на Фејсбук. Претходно, првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Oсмани го осудија убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изразија сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград. Косовската полиција го потврди убиството на тројца напаѓачи во северно Косово, како и апсењето на еден припадник на групата и на уште четворица осомничени кај кои се пронајдени апарати за радио-врски, јави дописникот на МИА од Приштина. Од полицијата, како што пренесуваат косовските медиуми, информираат и за откривање на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-za-nastanite-vo-kosovo-poddrshka-za-kfor-i-aktivnostite-vo-nasoka-na-garantirane-na-mirot-i-stabilnosta-vo-regionot/feed/ 0