сликар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 06:24:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сликар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот сликар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-klod-ruiz-pikaso-sin-na-legendarniot-slikar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-klod-ruiz-pikaso-sin-na-legendarniot-slikar/#respond Fri, 25 Aug 2023 06:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=870728

Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија, потврди синоќа неговиот адвокат. Имаше 76 години. Правникот не ја соопшти причината за смртта. Руиз-Пикасо беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома. Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден за време на врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година. Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза ​​Валтер, која почина во 2002 година. Клод и Палома се родени за време на врската со Франсоаз Жило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-klod-ruiz-pikaso-sin-na-legendarniot-slikar/feed/ 0
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=691452

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/feed/ 0