слики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 10:00:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриени две досега непознати слики на Рембрант https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-dosega-nepoznati-sliki-na-rembrant/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-dosega-nepoznati-sliki-na-rembrant/#respond Mon, 22 May 2023 10:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=837335

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција. - Не знаев што ќе најдам... Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер. Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот - уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ - Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс. „Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 - 8 милиони фунти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-dosega-nepoznati-sliki-na-rembrant/feed/ 0
Аукција на донирани слики, средствата за помош на Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/auktsija-na-donirani-sliki-sredstvata-za-pomosh-na-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/auktsija-na-donirani-sliki-sredstvata-za-pomosh-na-turtsija/#respond Fri, 17 Feb 2023 09:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=801656

Аукција на слики од реномирани македонски уметници ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, во локалот „Тексас барбекју“ (поранешен Перон 8, кај железничка станица). Средствата што ќе се соберат од продажба на сликите ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција. Аукцијата ја организира хуманитарното здружение „Подај рака“, а донираните дела се на уметниците Сокол Марковски, Новица Трајковски, Тофе Јаковлевски, Благојче Наумоски Бане, Билјана Толевска, Драги Хаџи Николов, Виолета Силјан, Катерина Поп Арсова, Марија Панова, Оливера Ивановиќ, Љубен Цветкоски и Ванчо Јаков. На хуманитарната вечер ќе учествуваат и уметници музичари Џенгиз Ибрахим, Каан Мазхар, Јулија Мицевска, Нина Николовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/auktsija-na-donirani-sliki-sredstvata-za-pomosh-na-turtsija/feed/ 0
Британец ѝ подари на Франција досега необјавени слики од Хитлер во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-podari-na-francija-dosega-neobjaveni-sliki-od-hitler-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-podari-na-francija-dosega-neobjaveni-sliki-od-hitler-vo-pariz/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=758423

Британски колекционер ѝ подарил на Националната библиотека на Франција фотографии од посетата на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер на Париз, по германската инвазија на Франција во 1940 година. Некои од нив никогаш досега и не биле објавени, соопшти француската Библиотека. „Ова се фотографии направени од Хајнрих Хофман, официјален фотограф на Хитлер од 1924 година. Сликите се од 23 јуни 1940, кога Хитлер бил во Париз. Фотографиите се од непроценлива историска вредност и сведочат за клучната улога на Хофман како фотограф и издавач во градењето на имиџот на Хитлер како легенда“, соопштија оттаму. Чарлс Чадвик-Хили (82), колекционер, и самиот фотограф и издавач, подарил 20 слики, пренесува „Вијести“. Утрото, 23 јуни 1940 година, Хитлер слетал на Воениот аеродром „Бурж“ близу Париз, а потоа ја посетил француската престолнина, што тогаш веќе била напуштена. Тој се вратил во Германија истиот ден и никогаш веќе не пошол во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-podari-na-francija-dosega-neobjaveni-sliki-od-hitler-vo-pariz/feed/ 0
Изложба со слики на канадскиот уметник Мајкл Клос во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-so-sliki-na-kanadskiot-umetnik-majkl-klos-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-so-sliki-na-kanadskiot-umetnik-majkl-klos-vo-ohrid/#respond Tue, 16 Aug 2022 07:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=719140

„Сликарството на патот на хуманоста“ е насловена изложбата со слики на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос, што утре ќе биде отворена во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека „Григор Прличев“. Десетина слики на платно за публиката, како што соопшти Библиотеката, ќе бидат достапни до петок. На македонската турнеја ова лето Клос своите уметнички дела ги претстави во Свети Николе, а по Охрид ќе има изложба и во Куманово. Канадскиот уметник Клос, имал реализирано околу 130 самостојни изложби во интернационални и национални галерии во Романија, Соломонските острови, Виетнам, Словенија, Хрватска, Турција, Египет, Франција, Германија, Русија, Казахстан. Покрај во Охрид, најавена е изложба и во Куманово, а негови дела беа претставени и пред светиниколската публика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-so-sliki-na-kanadskiot-umetnik-majkl-klos-vo-ohrid/feed/ 0