сликовници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Aug 2022 08:43:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сликовници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавени сликовници со кинески народни приказни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-slikovnici-so-kineski-narodni-prikazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-slikovnici-so-kineski-narodni-prikazni/#respond Fri, 12 Aug 2022 08:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=717479

„Македоника литера“, во копродукција со кинескиот издавач „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина, деновиве публикуваше серија со сликовници со кинески народни приказни. Серијата содржи пет познати и репрезентативни кинески класични приказни, и тоа: „Говедарот и Ткајачката“, „Легендата за Неџа“, „Ќерката на Огнениот Император“, „Лотосовиот фенер“ и „Пангу ги создава земјата и небото“. Прераскажани се од Френсис Жерар (Англија), илустрирани се со оригинални илустрации од познати кинески ликовни уметници: Ванг Веиџи, Ли Хаијан и Ју Ѓун. Преводот од англиски јазик е на Дијана Крстевска, Бојана Богдановска, Елена Саздовска и Кристина Стаменова. Сите наслови се целосно илустрирани и целосно печатени во боја. Произлезени од легенди, басни и фолклор и пренесувани од многу генерации, овие приказни зборуваат за доблестите на смелоста, храброста, добрината, мудроста, понизноста, чесноста и добриот хумор. Преполна со фантастични слики и со раскажани приказни, оваа серија на младите читатели им отвора прозорец во богатото кинеско наследство од три илјади години неверојатна култура. „Македоника литера“ и досега му посветуваше внимание на публикувањето на народни приказни и легенди, така што веќе има публикувано: „Нордиски народни приказни“, „Шведски народни приказни“ „Руски народни приказни“, „Бугарски народни приказни“, „Корејски народни приказни“ и кинеските историски приказни и легенди „Подемот и падот на кинеските династии“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-slikovnici-so-kineski-narodni-prikazni/feed/ 0
Проект за подобрување на вештините за читање, сликовници за 7800 ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/#respond Thu, 01 Feb 2018 09:56:09 +0000 http://kurir.mk/?p=16923

Фондацијата на MoneyGram, во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Македонија и Центарот за образование на Косово – КЕЦ,  денеска го објавуваат почетокот на програмата која има за цел подобрување на навиките за читање кај првооделенците во Македонија и Косово. Со оваа иницијатива, 800 основни училишта од Македонија и Косово ќе добијат над 5500 пакети сликовници, со содржини и дизајн внимателно одбрани и прилагодени на возраста и интересите на децата од прво одделение. Оваа програма предвидува опфат од околу 78000 ученици кои ќе имаат директна придобивка од новите детски сликовници. Најновите резултати од студиите за писменост спроведени со најмладите ученици во Македонија и Косово покажуваат дека постои итна потреба од подигање на нивото на јазичната писменост, од која зависи успехот на учениците и во останатите области од образованието, како математиката или природните науки. -Студиите покажуваат дека читањето и останатите академски вештини на учениците можат да се подобрат кога интервенциите почнуваат што порано, додека учениците се на помала возраст. Од оваа причина, Фондацијата на MoneyGram ја започнува оваа иницијатива за учениците од прво одделение во Македонија и Косово. Возбуден сум што сум денес дел од овој настан и што можам да посведочам како оваа програма ќе донесе вистински промени во иднина, рече Aндреа Верначи, претставник на MoneyGram. Објавени се вкупно 30 сликовници подготвени од локални и странски автори и илустратори, а изборот на сликовниците е направен од експертска група од претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“  и  КЕЦ. Книгите се адаптирани на македонски и албански јазик и се дистрибуирани до 800 основни училишта во Македонија и Косово, заедно со прирачник за наставници, а беа спроведени и 42 работилници за користење на сликовниците во наставата. Во текот на учебната 2018/2019 година, ќе биде направен и мониторинг на употребата на овие сликовници во наставата, со цел да се следи влијанието и резултатите од програмата. -Во училиштата кои се вклучени во оваа програма, потребно е наставниците да ги охрабруваат децата постојано да читаат и да им дозволуваат на децата да позајмуваат книги и да ги читаат и дома, бидејќи сметаме дека така уште повеќе ќе се засили влијанието на оваа иницијатива. Веруваме дека на децата ќе им се допаднат сликовниците и дека за истите ќе разговараат со другарчињата или пак ќе изработуваат цртежи инспирирани од приказните кои ги читаат, изјави Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Од 2014 година, Фондацијата на MoneyGram има донирано над 233.000 $ за да поддржи образовни иницијативи во повеќе од 8 европски држави и со тоа има помогнато на повеќе од 100.000 деца. Донацијата од 65.580 $ на Фондацијата „Чекор по чекор“ и КЕЦ во 2017 година е првиот чекор за поддршка на локалните заедници во Македонија и Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-za-podobruvanje-na-veshtinite-za-chitanje-slikovnici-za-7800-uchenici/feed/ 0