слива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Oct 2022 17:56:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кралица на варењето и чувар на коските: Поради ОВИЕ причини треба да јадете сливи https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-na-varenjeto-i-chuvar-na-koskite-poradi-ovie-prichini-treba-da-jadete-slivi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-na-varenjeto-i-chuvar-na-koskite-poradi-ovie-prichini-treba-da-jadete-slivi/#respond Thu, 27 Oct 2022 17:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=747827

Сливата е полна со витамини и минерали. Еве зошто треба сливите почесто да ги додавате во вашето мени. Сливата е кралица на доброто варење Богата е со прехранбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата и чистењето на организмот и влијаат на запекот. Го регулира крвниот притисок Во 100 грама свежи сливи се наоѓаат околу 160 милиграми калиум. Овој минерал игра важна улога во регулирање на крвниот притисок. Ја подобрува работата на срцето Истражувањата покажале дека редовното консумирање на сливите благопријатно делува на срцето и крвниот систем. Го зајакнува имунитетот Сливата е преполна со витамин Ц кој го чува здравјето на целото тело и го зајакнува имунитетот на поединецот. Добра е за кожата Бетакаротинот и витаминот Е кои ги содржи сливата ја одржуваат еластичноста на кожата и го забрзуваат зараснувањето на раните. Сливата е чувар на коските Големата количина антиоксиданси и минерали се заслужни за зачувување на коскената маса и придонесуваат за општо здравје на коскениот систем. Сливата го поттикнува слабеењето Во 100 грама сливи се наоѓаат само 45 калории. Поради тоа консумирањето на ова овошје им се препорачува на лицата кои се обидуваат да ослабат и да одржат здрава телесна тежина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-na-varenjeto-i-chuvar-na-koskite-poradi-ovie-prichini-treba-da-jadete-slivi/feed/ 0
Трипуновски: Власта наместо да се луксузира, да најде решение за производителите на слива бидејќи истата не се откупува, а цената е мизерни 8 денари по килограм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-namesto-da-se-luksuzira-da-najde-reshenie-za-proizvoditelite-na-sliva-bidejkji-istata-ne-se-otkupuva-a-cenata-e-mizerni-8-denari-po-kilogram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-namesto-da-se-luksuzira-da-najde-reshenie-za-proizvoditelite-na-sliva-bidejkji-istata-ne-se-otkupuva-a-cenata-e-mizerni-8-denari-po-kilogram/#respond Wed, 24 Aug 2022 13:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=723233

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во  Делчево и делчевско на посета и разговор со производителите на слива од овој регион кои во моментов се соочуваат со проблеми на пласман и откуп на сливата. -Денеска и земјоделците од овој регион протестираат против немањето откуп и ниската откупна цена која во моментов ја понудуваат откупувачите од овој регион, практично цената е мизерни 8 денари по килограм кој што едноставно никој не ги откупува, затоа и го блокираа регионалниот пат, да го изразат своето незадоволство кое што го живеат во моментов. ВМРО-ДПМНЕ секогаш давало поддршка на земјоделците, така да и мојава денешна посета е да уште еднаш да апелирам до власта, ова што се случува во земјоделскиот сектор во Република Македонија и со земјоделците од Малешевијата е навистина загрижувачки и дека навистина треба да ги одработат своите работни активности во и интерес на земјоделците, и министерот за земјоделство и владата на Република Македонија, рече тој. На владините функционери им порача да не трошат пари на луксуз и луксузирање на државен трошок туку навистина да работат во интерес на земјоделците. -Само за потсетување СДСМ во овој регион, во предизборието во 2016 година ветуваше и дистилерии и откупувачи и пласман сигурен на овој земјоделски производ, денеска гледаме дека земјоделците мака мачат како да го предадат родот свој. Оваа денешна посета е уште еден апел до власта, затоа што навистина земјоделците, жителите од овој регион кој што егзистираат и единствен приход им е одгледувањето и продажбата на сливата ќе не можат да ја презимат зимата која што е на самиот праг, затоа што овој производ им е единствената егзистенција, рече Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-namesto-da-se-luksuzira-da-najde-reshenie-za-proizvoditelite-na-sliva-bidejkji-istata-ne-se-otkupuva-a-cenata-e-mizerni-8-denari-po-kilogram/feed/ 0
Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rascvetaniot-badem-slivata-i-ranite-sorti-kajsii-na-udar-od-niskite-utrinski-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rascvetaniot-badem-slivata-i-ranite-sorti-kajsii-na-udar-od-niskite-utrinski-temperaturi/#respond Mon, 14 Mar 2022 09:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=646757

Студените утра оваа недела може да предизвикаат штети доколку во регионите каде што се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 степени, предупредуваат агрометеоролозите. Разладувањето на атмосферата со пониски дневни температури и врнежи од дожд и снег минатата недела, пак, го успори или го одржуваше на исто ниво пролетното будење на овошките што е добро во овој период од годината зашто зимата се уште трае. -Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 оС, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза. Во повисоките региони каде не е почната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза, која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rascvetaniot-badem-slivata-i-ranite-sorti-kajsii-na-udar-od-niskite-utrinski-temperaturi/feed/ 0
Кралица меѓу најздравите плодови: Зошто мора да јадете сливи? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-megju-najzdravite-plodovi-zoshto-mora-da-jadete-slivi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-megju-najzdravite-plodovi-zoshto-mora-da-jadete-slivi/#respond Tue, 19 May 2020 20:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=348039

Нутриционистите тврдат дека на врвот на листата од 24-те врсти на овошје, со најјако делување на антиоксиданти, се наоѓа сливата, која е најдобро да се јаде во свежа форма. Во 100 грама слива има 87 грама вода и 11 грама јаглени хидрати. Од витамини има највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Витаминот Ц е важен бидејќи помага подобро да се апсорбира железото во телото. Исто така, овој витамин помага во смалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, како и некои врсти на рак. Кога станува збор за минерали, богата е со калиум, фосфор, магнезиум, натриум. Диетските влакна кои сливата ги има се исто така важни, бидејќи помагаат во намалувањето на холестерол во крвта. Шеќерниот алкохол, познат како сорбитол, се наоѓа во сливите, а се користи како замена на шеќер во производството на слатки диетски производи за дијабетичари, но и за други личности кои внимаваат на внесувањето на шеќер. Нутриционистите тврдат дека се на врвот на листата од 24 врсти на овошје, со најјако антиоксидантно делување. Сувата слива во споредба со друго овошје има двапати повеќе антиоксидантна моќ. Во составот на сливата се наоѓа концентриран сорбитол и влакна кои даваат поголем лаксативен ефект во однос со свежи сливи. Затоа и свежите и сувите сливи претставуваат мало богатство на калиум, влакна, витамини, а трага може да се најде и од железо и магнезиум. Во било кој облик ова овошје е богато со уникатен фитонутритиенти, како и неохлороген и хлороген киселина. Оваа супстанца припаѓа на семејството на фенолни соединенија, чија антиоксидантна улога е потврдена од различни научни истражувања. При купувањето на слива треба да се земе тврда слива, неудрена и да има дршка. Површината треба да биде малку нејасна, што покажува дека сливата е добро третирана. Замрзнати сливи по правило треба да се чуваат во замрзнувач, најдолго до три месеци. Пред да ги ставите во замрзнувач треба да ги преполовите и да им ја извадите семката. Така преполовените сливи редете ги во сад со кожата надоле, па потоа замрзнете ги. Потоа ставете ги во пластична ќеса и вратете ги назад во фрижидерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralica-megju-najzdravite-plodovi-zoshto-mora-da-jadete-slivi/feed/ 0
Празник на сливата во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/praznik-na-slivata-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/praznik-na-slivata-vo-delchevo/#respond Fri, 21 Sep 2018 13:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=104236

На тринаесет штандови богати со најразлични производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи збогатени со сливи и изложени на продажните штандови. Во манифестацијата се вклучија сите образовни институции во Делчево, децата од Дневниот центар, локални институции, а учениците од СОУ „М.М. Брицо“ подготвија и ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“. Свои производи понудија и најголемиот откупувач и преработувач на овошје во регионот „Рудине ММ“, ЗФГ „Копачка“ од село Драмче, „Пијанечка пчела 2“, како и физички лица. За најубаво уреден штанд на годинашните „Пијанечки денови на сливата“ наградата од 3.000 денари ја добија учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево кои, покрај изложените производи, на самото место вареа и слатко од слива. Наградата, пак, за највкусен мармалад ја поделија Слобода Јовановска и ЗФГ „Копачка“. Епитетот највесела ракија, годинава ја заслужи производот на Тихомир Маринков. Тој доби 12.000 денари, а 8.000 отидоа кај Јован Медарски. Останатите двајца учесници, Стојмир Мицевски и Ѓорѓи Јовановски добија по 2.000 денари за учество и збогатување на манифестацијата. - Со денешната манифестација сакаме да покажеме дека сме горди на трудот на сливарите, на производството и на традицијата. Производството на сливи во Пијанец во својата историја бележи многу подеми и падови, но сливата опстојувала под различни искушенија, било од природата, било од некои други објективни или субјективни причини. Затоа, верувам дека овоштарството во регионот има иднина, а со поддршка на ЕУ фондовите, ИПАРД програмата, субвенициите од државата, може да создадеме планско производство, да го осовремениме, да создадеме услови за нови преработувачки капацитети, истакна градоначалникот Горан Трајковски. Според истражувањата на пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски, посебно е карактеристичен периодот на почетокот на 20 век, кога се создале големи бавчи со сина слива. - Расадот е донесен од Банско, Бугарија, затоа и е наречена банска слива. Потоа, овоштарите сами почнале да си произведуваат насади. Сината слива ја имало толку многу што останувала несобрана и до паѓањето на првиот снег. Во тој период, до 1940 година, се изградени многу сливарски фурни за печење на сината слива, истакнува Узунски. Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од градинката „Весели цветови“, играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“, од КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, од КУД „Гоце Делчев“, како и настап на пејачката група „Ѓурѓа“. Во Пијанец има 252.000 садници со сини сливи засадени на околу 650 хектари. Годинава се произведени рекордни 12 илјади тони. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/praznik-na-slivata-vo-delchevo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 20.000 тони слива од цела држава скапуваат по нивите, а Заев и Николовски мува не ги лази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-20-000-toni-sliva-od-cela-drzava-skapuvaat-po-nivite-a-zaev-i-nikolovski-muva-ne-gi-lazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-20-000-toni-sliva-od-cela-drzava-skapuvaat-po-nivite-a-zaev-i-nikolovski-muva-ne-gi-lazi/#respond Thu, 23 Aug 2018 06:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=91011

СДСМ расипнички управува со парите на граѓаните, несразмерно и неосновано се задолжува, а притоа целото стопанство пропаѓа. Земјоделието е гранка која најмногу трпи штета од неспособноста на власта предводена од Зоран Заев. Откако СДСМ е на власт нема земјоделска култура која имаше непречен откуп. Во изминатиов период откуп немаше за  оризот, доматите, бостанот, праските, пченицата, а сега нема  и за  сливите. Илјадници земјоделци не знаат како да ја преживеат годината, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -20.000 тони слива од цела држава скапуваат по нивите, а Заев и Николовски мува не ги лази.  За штетите во земјоделието главен виновник е СДСМ и нивната неспособност да обезбедат откуп. Зоран Заев од опозиција ветуваше обезбеден откуп и загарантирана цена, тој им ветуваше на земјоделците дека ќе донесе откупувачи кои ќе се тепаат кој повеќе да откупи, сега не само што не се тепаат, туку откуп нема. Зоран Заев ги излажа земјоделците. Илјадници земјоделци мака мачат што да прават со родот и како да ја преживеат годината. Доколку не го продадад годинешниот род под знак прашање се става и нивната производствена способност за идната година. Последиците кои ќе прозлезат од откупната криза оваа година ќе имаат далекусежни последици. Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за сите последици кои ќе настанат како резултат на кризата со откупот. Зоран Заев и СДСМ се неспособни да управуваат со земјоделието и државата воопшто. Земјоделците и сите граѓани во Република Македонија не се должни да ја трпат неспособноста на власта. СДСМ мора да  си замине, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-20-000-toni-sliva-od-cela-drzava-skapuvaat-po-nivite-a-zaev-i-nikolovski-muva-ne-gi-lazi/feed/ 0
Заев им ветуваше живот, а им донесе голгота: Овоштарите на големи маки чекајќи на слухот од власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-im-vetuvashe-zivot-a-im-donese-golgota-ovoshtarite-na-golemi-maki-chekajkji-na-sluhot-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-im-vetuvashe-zivot-a-im-donese-golgota-ovoshtarite-na-golemi-maki-chekajkji-na-sluhot-od-vlasta/#respond Mon, 20 Aug 2018 12:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=89908

Во предизборието, додека да дојде до нивните гласови, Зоран Заев на земјоделците им ветуваше се и сешто. Денес, кога тој е премиер на Република Македонија, земјоделците едвај преживуваат и минуваат низ тешка голгота. Производителите на сливи денес излегоа на протест. Велат, вложиле многу пари и труд, а откуп на сливите нема. Државата остана глува на сите нивни повици, па тие се решија вака да го изразат својот револт. Единствено што бараат е да им се исполнат ветувањата кои ги добиле. Вака, оставени сами на себе, велат дека тие и нивните семејства едвај сврзуваат крај со крај. Ни трага од “животот“ за земјоделците кој го ветуваше актуелниот премиер. -Бараме три денари за откупена слива. Имаше претставници од Министерството за земјоделие, ни кажаа дека од среда ќе дојдат трговците да купуваат. Ако е така ќе прекинеме со протестот, ако не е така од четврток натаму ќе бараме да доаѓаат и проценители и за сливата што останува на нивата да ни плаќаат. Во нашава држава, било кој да изрази некакво незадоволство, тоа станува политика. Тука има само овоштари, кои трпат загуби и веќе не знаеме како да ја поминеме годината. Само јас имам загуба од 300 тона, а за нив имам вложено да ги произведам 15.000 евра и голема работа, вели производителот Атанас Ангеловски од село Град. Агрономот Раде Манасиевски  кој со децении работи со производство на овошја како сливата и јаболката, вели дека никогаш не им било потешко на земјоделците. -Сме имале и во претходните години вакви проблеми како хиперпродукција, зголемено производство, но никогаш не било како оваа година. Секогаш имало откуп, имало проблеми со цените, но за пласман на производството никоја година до ден денешен немало проблем. Јас сум 30 години во оваа бранша. Пред 10-15 години и јас купував и извезував сливи, но во тоа време имаше натпревар меѓу цените. Оваа година што е трагедија, воопшто нема откуп, никој не прашува за цена. Сега имаме хиперпродукција, квалитетот е добар, порано сливата ни стаса за берба. Нашите капацитети во Македонија се ограничени.... Министерството треба да превземе мерки, треба на лице место со луѓето производители да разговараат, да се најде некој начин бидејќи сега слушнав еден производител убаво кажа, дека нас не снајде катастрофа, истакна агрономот. Голема мака со која се соочуваат овие земјоделци е фактот што родот скапува додека се чека откуп. За да им се реши проблемот, тие алармираат затоа што немаат време за чекање. За да не пропадне родот, овоштарите се согласни на тоа што им се нуди, но само доколку се оствари најавеното. - Поради топлото време сливата веќе почнува да се расипува. Мора што побргу да се реагира, ниска е цената за откуп од пет денари и дополнителни два денара од државата, ама сепак ќе се согласиме и на тоа, рече овоштарот Трајчо Стоилов. Манасиевски вели дека сливата итно треба да се собере од нивите. Во спротивно, се јавува ризик од појава на болеста монилија. -Родот поскоро треба да се складира, бидејки ќе се појави болеста монилија, а со тоа ќе се создадат нови проблеми за натамошниот род. Затоа апелирам, Министерството да смогне сили да најде решение, за да не се повтори 1984 година кога од преголемиот род, дрвјата од насадот со сливи се скршија и штетата беше ненадоместлива, рече Манасиевски. Наспроти денешната тажна слика од овошјето кое скапува додека одгледувачите се мислат како ќе преживеат, стои сликата која Заев им ја претстави на земјоделците за она што им го ветува. Но, наместо живот, им сервираше големи маки. -Цел свет има недостаток на храна, а нашиот земјоделец е најсиромашен на свет. До кога? Зошто? Ние не бараме од политичарите да копаат по нивите, да берат, да кројат и да продаваат. Бараме од нив да отворат пазар и да обезбедат пласман на земјоделското производство. Затоа ветувам, како идна влада, ќе ги отвориме пазарите кои што се затворени за Македонија - Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, Блискиот Исток. Ќе ги унапредиме со Европската Унија и бившите републики од СФРЈ, за да обезбедиме конкуренција, натпревар помеѓу откупувачите. Да донесеме колку може повеќе откупувачи овде, да се тепаат, да се натпреваруваат кој ќе плати повеќе, тој да го добие земјоделското производство. Тогаш ќе има пари кај земјоделците, тогаш ќе може да остане користа и ќарот кај земјоделскиот производител. Ќе правиме бартер-аранжмани. Ја гледам Кина, сака да финансира евтини кредити кон Македонија, па може да земе дел од земјоделските производи. Украина и Русија сакаат да купуваме железо од таму, ќе земат за возврат земјоделски производи, ама ќе обезбедиме живот за земјоделците, по достоинствени цени. Ќе се бориме за пласман во земјоделското производство со достоинствени, високи цени, каде што ќе биде вратена гордоста на земјоделецот. Мојата мајка беше наставник по биологија и хемија, па работевме земјоделие оти морав на студии, за да извадиме нешто пари повеќе. Ама се вадеше пари тогаш од земјоделството. Ќе го вратиме тоа време, вети тогаш Заев на предизборен митинг во Гевгелија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-im-vetuvashe-zivot-a-im-donese-golgota-ovoshtarite-na-golemi-maki-chekajkji-na-sluhot-od-vlasta/feed/ 0
Производителите на слива денес на протест: Државата останала глува на нивните барања да им се реши проблемот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-denes-na-protest-drzavata-ostanala-gluva-na-nivnite-baranja-da-im-se-reshi-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-denes-na-protest-drzavata-ostanala-gluva-na-nivnite-baranja-da-im-se-reshi-problemot/#respond Mon, 20 Aug 2018 07:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=89741

Делчевските производители на модра слива откако, како што велат, не добија никаков одговор на нивните барања за решавање на проблемот со откупот на сливи, решија своето незадоволство да го искажат денес со протест и блокада на Меѓународниот пат А3, кој од Делчево води кон Бугарската граница. -Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски. Се проценува дека без откуп во делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива. Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-denes-na-protest-drzavata-ostanala-gluva-na-nivnite-baranja-da-im-se-reshi-problemot/feed/ 0
Производителите на слива не добија решение за откупот од надлежните, утре ќе го блокираат патот кон границата со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-ne-dobija-reshenie-za-otkupot-od-nadleznite-utre-kje-go-blokiraat-patot-kon-granicata-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-ne-dobija-reshenie-za-otkupot-od-nadleznite-utre-kje-go-blokiraat-patot-kon-granicata-so-bugarija/#respond Sun, 19 Aug 2018 12:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=89527

Делчевските производители на модра слива откако, како што велат, не добија никаков одговор на нивните барања за решавање на проблемот со откупот на сливи, решија своето незадоволство да го искажат утре со протест и блокада на Меѓународниот пат А3, кој од Делчево води кон Бугарската граница. - Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во Делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние за утре најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски. Се проценува дека без откуп во Делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива. Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-sliva-ne-dobija-reshenie-za-otkupot-od-nadleznite-utre-kje-go-blokiraat-patot-kon-granicata-so-bugarija/feed/ 0
Поради проблемите со откуп на сливата, овоштарите од Пијанец за утре најавија протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-problemite-so-otkup-na-slivata-ovoshtarite-od-pijanec-za-utre-najavija-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-problemite-so-otkup-na-slivata-ovoshtarite-od-pijanec-za-utre-najavija-protest/#respond Mon, 13 Aug 2018 16:08:55 +0000 https://kurir.mk/?p=87468

Се уште нема решение за пласман на овогодинешниот род сливата во Пијанец. Надлежните институции немаат донесено одлука за петте илјади тони сина слива, само од делчевскиот крај, за кои досега нема ниту доволно откупувачи, а ниту добра откупна цена. Затоа тие за утре во 10 часот најавија мирен протест пред општинската зграда. Денеска, оние поупорните повторно се обидоа преку различни канали да продадат нешто, но велат дека тоа не е решение на проблемот. Еден од нив е Јован Стојменовски кој вели дека сината слива не може да достигне повеќе од два денари за килограм што не влева надеж дека ситуацијата ќе се смени. - Ги повикувам сите производители на сливи од регионот утре да дојдат на протестот, да донесат гајби сливи и да им поделат бакшиш на парламентарците, зашто тие не можат сами да си наберат. Еден пратеник што зема плата за цела година не може сите илјада производители да земат толку пари, вели Јован. Ист е проблемот и на Благојчо Георгиевски од селото Град кој има над 300 тони слива, а производител е веќе 18 години. - Контактиравме со Министерството за земјоделие и поранешните откупувачи, но ни велат дека оваа година нема да има ништо поради тоа што имаат проблеми со извозот. Тука тешко дека ќе може да се откупи, Рудине откупува во мала количина, но сега ги нема и откупувачите од Струмица, Радовиш со кои претходно соработувавме, рече Георгиевски. Овоштарот Бранко Величковски, грешката со пласманот на сливите и вишните ја гледа во Стопанската комора која нема формирано заштитна цена кон никој производител. Според него, големите трговци си направиле цена која им одговара па стануваат капиталисти, а производителите страдаат. - Нека има утре штрајк, ама нека дојде и министерот и од Стопанска комора и да ни објаснат дали може или не може да се среди, ако не може, барем производителите да си ги изораат нивите за ѓубре, вели Величковски. Откупувачот Менсур Адеми кој денеска од Скопје пристигна во Делчево вели дека доаѓа секоја година и се знае со дел од производителите ама годинава бидејќи нема заинтересирани, засега најверојатно ќе биде единствен. Бидејќи денеска му е прв ден вели дека се уште не знае колку би откупил. Освен во делчевско, без откуп ќе останат и околу 4 илјади тони сливи од Берово и Пехчево, а како што велат производителите пласманот годинава е лош не само за сливата туку и за вишните од кои 1.000 тони воопшто не се собрале од нивите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-problemite-so-otkup-na-slivata-ovoshtarite-od-pijanec-za-utre-najavija-protest/feed/ 0