слобода на печат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 May 2021 12:45:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слобода на печат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совет на Европа: Слободата на печатот е клучна во услови на криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-slobodata-na-pechatot-e-kluchna-vo-uslovi-na-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-slobodata-na-pechatot-e-kluchna-vo-uslovi-na-kriza/#respond Sun, 02 May 2021 12:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=504617

Генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ и германската министерка за правда Кристина Ламбрехт денеска изразија загриженост поради нападите врз новинари и ограничувањата на слободата на печатот во многу делови на Европа, нагласувајќи дека слободата на медиумите е од клучна важност во кризни времиња. Во заедничката изјава по повод утрешниот 3 мај – Светски ден на слободата на печатот, тие потсетија дека правото на слобода на изразување е содржано во членот 10 од Европската конвенција за човекови права, на која се обврзаа сите 47 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и 27 членки на Европската унија. „Во демократија, новинарите играат витална улога во откривањето на вистината и повикувањето на властите на одговорност. Нивната работа е да обезбедат граѓаните навремено да добиваат точни и веродостојни информации, што е уште поважно во контекст на пандемијата на Ковид-19“, се додава во соопштението. Оценето е дека медиумите треба да бидат слободни детално да го проучуваат и критикуваат одговорот на властите на кризата, но како што беше потврдено од последниот извештај на граѓанските организации кои соработуваат со Советот на Европа, многу новинари се соочуваат со зголемени опструкции додека ја исполнуваат оваа важна улога во текот на пандемијата. „За жал, исто така, сведоци сме на зголемен број напади и закани кон новинари кои известуваат од протести, што е неприфатливо. Сега, од кога било, е поважно новинарите да можат слободно и безбедно да си ја вршат својата работа“, се вели во соопштението. Промовирањето на слободата на изразување низ цела Европа е клучна цел на Советот на Европа, со кој моментално претседава Германија, се додава во соопштението и се истакнува дека паралелно со излегувањето од пандемијата сите влади мора заеднички да работат на зајакнување на слободата на изразување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-slobodata-na-pechatot-e-kluchna-vo-uslovi-na-kriza/feed/ 0
Одбележување на 3 Мај – Меѓународен ден на слободата на печатот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-3-maj-megjunaroden-den-na-slobodata-na-pechatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-3-maj-megjunaroden-den-na-slobodata-na-pechatot/#respond Thu, 03 May 2018 06:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=48994

3 Мај - Меѓународниот ден на слободата на печатот ќе биде одбележан денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Министерството за комуникации, отчетност и транспарентност, Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на САД. На настанот ќе се обратат претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, вршител на должност и шеф на одделот за политички прашања, информации и комуникации на Делегација на Европската Унија, Лукаш Холуб и шефот на политичко-економската канцеларија при Амбасадата на САД, Дејвид Стефенсон. Настанот се организира во рамките на проектот „Мрежа на новинарите за слобода на медиумите во Македонија”, финансиран од ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-3-maj-megjunaroden-den-na-slobodata-na-pechatot/feed/ 0