Слобода превоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 15:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Слобода превоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конечно се јави: Наместо решение, Данела Арсовска уште повеќе го навлекува гневот кај приватните превозници и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konechno-se-javi-namesto-reshenie-danela-arsovska-ushte-povekje-go-navlekuva-gnevot-kaj-privatnite-prevoznici-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konechno-se-javi-namesto-reshenie-danela-arsovska-ushte-povekje-go-navlekuva-gnevot-kaj-privatnite-prevoznici-i-gragjanite/#respond Tue, 06 Dec 2022 15:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=771875

По блокадирте на сообраќајниците во Скопје од приватните превозници, кои си ги бараат парите, денеска се огласија од Град Скопје. Тие информираа дека оспособиле дополнителни 140 автобуси за ЈСП и дека утре ќе објават јавен повик за превозници за линиите 20 и 22. „Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје. Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга“, вели Арсовска. Јавниот повик ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба – тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна, додаваат од град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/konechno-se-javi-namesto-reshenie-danela-arsovska-ushte-povekje-go-navlekuva-gnevot-kaj-privatnite-prevoznici-i-gragjanite/feed/ 0
СКОПЈЕ БЕТОНИРАНО ОД АВТОБУСИ: Данела Арсовска се сокри од камерите, ја нема под дрво и камен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-betonirano-od-avtobusi-danela-arsovska-se-sokri-od-kamerite-ja-nema-pod-drvo-i-kamen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-betonirano-od-avtobusi-danela-arsovska-se-sokri-od-kamerite-ja-nema-pod-drvo-i-kamen/#respond Tue, 06 Dec 2022 10:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=771683

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ниту по вчерашната целосна блокада од приватните превозници, не попушти, а ниту пак се појави пред јавноста. Едноставно по вчерашната блокада на неколку главни точки во градот, и граѓаните соочени со неможност да стасаат на своето работно место на време, Арсовска се сокри и од камерите со цел да не одговори на новинарските прашања или пак да даде изјава. СКОПЈЕ БЕТОНИРАНО ОД АВТОБУСИ Вчера приватните автобуски превозници поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ „Мавровка“, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“ околу локацијата на градското Собрание. Превозниците во изјави за медиуми велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања, дури на блокадите ќе ги донесат и своите семејства. Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата. „Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните“, рече Муриќ во вчерашаната изјава за медиуми. „Слобода превоз“ во име на сите приватни превозници дури се извини до сите граѓани на Скопје кои се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. „Слобода превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат поддршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот. Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Вакво однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат“, пишува во објавата по социјални медиуми. ДАНЕЛА СЕ СОКРИ ОД ПРАШАЊАТА НА ЈАВНОСТА По поставувањето на блокадите од страна на приватните превозници, градоначалничката Данела Арсовска исчезна и не се појави ниту еднаш пред јавноста. Вчера пред просториите на Градот Скопје над петнаесетина новинарски екипи беа поставени и чекаа изјава од градоначалничката. Нејзината портпаролка во текот на вчерашниот ден ги извести новинарските екипи дека градоначалничката е на состанок и не може да даде изјава. Но исто така пред просториите на Градот Скопје можеше да се забележи и засилено присуство на припадници на МВР кои што ја заштитуваа. Додека градоначалничката се криеше во просториите на Градот и не излезе за да одговори на прашањата на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ во своите соопштенија ја повикаа на одговорност. „Тоа што Скопје е блокирано е заради тендерите на Ковачевски и Арсовска, наместо попуст за ЈСП има провизии за луѓе околу тајната коалиција. Коалицијата која го води Град Скопје се директорите на Левица, СДС и ДУИ. На едно место може да се најде кохабитација на овие три партии кои го предизвикаа хаосот, и на сето тоа додадена корумпираноста на Данела Арсовска“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение ја повика Арсовска да одговори на неколку прашања кои што заслужува јавноста да го слушне одговорот. „Дали на тајната средба што ја призна Ковачевски, е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП? Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП? Дали е точно дека за сите матни тендери провизија договара и едно блиско лице роднина на Данела Арсовска?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. А, само пред неколку дена во една изјава за медиуми Данела Арсовска нагласи дека нема да попушти на блокадите на приватните превозници. „Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните“, рече Арсовска на седницата на Советот на Град Скопје на 28.11.2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-betonirano-od-avtobusi-danela-arsovska-se-sokri-od-kamerite-ja-nema-pod-drvo-i-kamen/feed/ 0
„Слобода Превоз“ во име на сите Приватни Превозници им се извини на Скопје и скопјани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sloboda-prevoz-vo-ime-na-site-privatni-prevoznici-im-se-izvini-na-skopje-i-skopjani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sloboda-prevoz-vo-ime-na-site-privatni-prevoznici-im-se-izvini-na-skopje-i-skopjani/#respond Mon, 05 Dec 2022 09:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=771061

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје. – Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на Слобода превоз. Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание. Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат. – Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ. Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации. За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за последните случувања и натамошните чекори на превозниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sloboda-prevoz-vo-ime-na-site-privatni-prevoznici-im-se-izvini-na-skopje-i-skopjani/feed/ 0
ВО ПОНЕДЕЛНИК СКОПЈЕ ЌЕ КРАХИРА – Арсовска цел ден не сака да ги прими приватните превозници, најавија уште помасовна блокада! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-skopje-kje-krahira-arsovska-cel-den-ne-saka-da-gi-primi-privatnite-prevoznici-najavija-ushte-pomasovna-blokada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-skopje-kje-krahira-arsovska-cel-den-ne-saka-da-gi-primi-privatnite-prevoznici-najavija-ushte-pomasovna-blokada/#respond Fri, 02 Dec 2022 14:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=770243

Како што знаете, денеска, приватните превозници се откажаа од блокирање на градот поради барањата на граѓаните, но и поради молбите да има проток на движење за граѓаните и за децата кои треба да присуствуваат на Златно славејче. Како што гледате се е проодно, но тука сме за градоначалничката да види колку сме на број. Ова го истакна денеска Ленин Јовановски, директорот на „Слобода превоз“. Тој истакна дека по средбата меѓу приватните превозници, се договориле дека сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните, но се уште нема договор со градоначалничката на град Скопје. - Бидејќи градоначалничката не ги прими да ги сослуша превозници, да кажеме дека не сме тука да вршиме притисок, ние преку медиумите сакаме да порачаме дека, тука сме да кажеме дека и ние сакаме најбрзо што може да се надмине оваа ситуација. Значи, сакаме да им излеземе во пресрет и на граѓаните, и сакаме да потенцираме дека приватните превозници се спремни да почнат со работа веднаш штмо се рачисти долгот, бар дел од долгот, за да се надмине ситуацијата. Гледаме дека преку советот има разни стимулации за ЈСП, сега има дополнителни средства и за други јавни претпријатија. Приватните превозници вршат јавна дејност, и за да ја вршат им требаат средствата - укажува Јовановски. Тој дополни дека „Доколку навистина сакаат да се реши проблемот, еве шанса, тие ќе почнат веднаш да го вршат превозот... и ќе го вршат се додека не се реализира новиот концепт. За да нема вакви гужви низ градот, а кога ќе се почне да функционира новиот оглас, да продолжи превозот со новите превозници со кои ќе се потпишат договори. Ова е најоптимално решение, за да не им штетиме на граѓаните“. Тој истакна дека доколку имаме некакви сигнали, некаков одговор и некакво решение за оваа ситуација, за овој предлог кој сега го даваат, на кој инсистираат да се прифати, тогаш ќе престанат протестите. - Во спротивно, масовниот протест на приватните превозници кој го најавивме со блокирање на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и Илинденска ќе се реализира во понеделник - потенцираше Јовановски. Тој дури предложи и советот на град Скопје да изнајде решение, да издвои средства за приватните превозници, кои дури и немора да е исплата на севкупниот долг, туку поголем дел, и да продолжи да се серивисираат трошоците согласно договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-skopje-kje-krahira-arsovska-cel-den-ne-saka-da-gi-primi-privatnite-prevoznici-najavija-ushte-pomasovna-blokada/feed/ 0
Град Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“: Приватните превозници ќе го блокираат градот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-raskina-dogovorot-so-sloboda-prevoz-privatnite-prevoznici-kje-go-blokiraat-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-raskina-dogovorot-so-sloboda-prevoz-privatnite-prevoznici-kje-go-blokiraat-gradot/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=769565

Договорот со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од договорот.  Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат, информираат од Град Скопје. „Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела. Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми. Градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани. Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор“ - велат од Град Скопје. Координативното тело на приватните превозници донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест. Со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до МИ-ДА. Блокирањето ќе биде само на десните ленти. Според најавите, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“. Се очекуваат 200 автобуси да бидат паркирани за време на протестот. По најавите на Град Скопје дека договорот е раскинат, се очекува протестите да го блокираат Скопје.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-raskina-dogovorot-so-sloboda-prevoz-privatnite-prevoznici-kje-go-blokiraat-gradot/feed/ 0
Приватните превозници ги тргнаа автобусите поради посетата на Штајнмајер, велат рокот за договор е четврток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-gi-trgnaa-avtobusite-poradi-posetata-na-shtajnmajer-velat-rokot-za-dogovor-e-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-gi-trgnaa-avtobusite-poradi-posetata-na-shtajnmajer-velat-rokot-za-dogovor-e-chetvrtok/#respond Tue, 29 Nov 2022 06:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=767915

Приватните превозници вчера доцна попладне ги тргнаа блокадите од крстосницата кај „Мавровка“. На ваков чекор се одлучила поради посетата на претседателот на Германија кој во земјава пристигнува денеска. -Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот. – Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-gi-trgnaa-avtobusite-poradi-posetata-na-shtajnmajer-velat-rokot-za-dogovor-e-chetvrtok/feed/ 0
Приватните превозници утре на протест, со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-utre-na-protest-so-30-avtobusi-kje-ja-blokiraat-krstosnicata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-utre-na-protest-so-30-avtobusi-kje-ja-blokiraat-krstosnicata-kaj-mavrovka/#respond Sun, 27 Nov 2022 13:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=767210

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица. – Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокиранаат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“. Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје. – На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението. Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“. – Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatnite-prevoznici-utre-na-protest-so-30-avtobusi-kje-ja-blokiraat-krstosnicata-kaj-mavrovka/feed/ 0
Приватни превозници: Сакаат да нѐ исфрлат за да склучат договор со дебели провизии со приватна фирма од соседството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-prevoznici-sakaat-da-n-isfrlat-za-da-skluchat-dogovor-so-debeli-provizii-so-privatna-firma-od-sosedstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-prevoznici-sakaat-da-n-isfrlat-za-da-skluchat-dogovor-so-debeli-provizii-so-privatna-firma-od-sosedstvoto/#respond Wed, 23 Nov 2022 13:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=765412

Сакаат да нè исклучат од јавниот превоз за да си склучат договор со приватна компанија и да си поделат дебели провизии, кажаа на денешниот протест пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсоска приватните превозници во Скопје, пишува СДК.мк. Тие трет ден не возат, а од денеска автобуси нема ниту за приградските населби, па во Скопје владее хаос. По цел саат се чека на постојките, а кога ќе дојде автобус не можат сите патници да влезат бидејќи е преполн. -Јас сум уверен дека следува колапс на јавниот превоз. Имаме неофицијални информации дека се работи за некоја игра, прво сакаат нас да нè елеминираат од јавниот превоз за некој друг да го преземе односно некоја мултинационална компанија или фирма од соседството. Што ќе се случи тогаш, не смеам ни да помислам. Се спремаат за дебели провизии нас да нè исфрлат, рачето во медот, тоа сега е актуелно да се каже. Памтете ми го зборат, тогаш ќе му дадат и три евра за километар, само некој да си ја заврши работата, да се нафатира убаво и да има мирна пензија, рече Кемал Муриќ, раководител сектор сообраќај и контола во „Слобода превоз“, кој 32 години како приватен превозник е дел од јавниот превоз. Целиот текст на СДК.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-prevoznici-sakaat-da-n-isfrlat-za-da-skluchat-dogovor-so-debeli-provizii-so-privatna-firma-od-sosedstvoto/feed/ 0
Приватните превозници пред Град Скопје бараат средба со Арсовска, најавуваат блокади во наредните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/privatnite-prevoznici-pred-grad-skopje-baraat-sredba-so-arsovska-najavuvaat-blokadi-vo-narednite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/privatnite-prevoznici-pred-grad-skopje-baraat-sredba-so-arsovska-najavuvaat-blokadi-vo-narednite-denovi/#respond Wed, 23 Nov 2022 10:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=765267

По вчерашната одлука за штрајк на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје, денеска нивни претставници се упатуваат пред Град Скопје со барање за прием од градоначалничката Данела Арсовска. Доколку не биде постигнат договор, најавуваат приватните превозници, во наредните денови ќе има блокади на неколку сообраќајници во Скопје. -Почитувани ве известуваме дека приватните превозници од вчера во попладневните часови одлучија да стапат во штрајк. Со оглед дека на вчерашното барање на директорот на Слобода Превоз за средба со градоначалничката Данела Арсовска до сега не е одговорено, што им беше предмалку кажано, голем број од приватните превозници од пред просториите на Слобода Превоз се упатија (и веќе се) пред Градското Собрание каде ќе побараат прием кај градоначалничката, информираат од „Слобода Превоз“. Од „Слобода Превоз“ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да ја известуваат јавноста за случувањата иако, како што нагласуваат, според своите позиции и овластувања не се јавува како организатор и не може да учествува во штрајкот кој е во ингеренции на приватните превозници како директно засегната страна. Но, додаваат од „Слобода превоз“, ќе прават напори за изнаоѓање на правилно и прифатливо решение во дадената ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/privatnite-prevoznici-pred-grad-skopje-baraat-sredba-so-arsovska-najavuvaat-blokadi-vo-narednite-denovi/feed/ 0
Средбата на „Слобода превоз“ и Град Скопје заврши без договор, Градот засега нема средства за подмирување на долговите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredbata-na-sloboda-prevoz-i-grad-skopje-zavrshi-bez-dogovor-gradot-zasega-nema-sredstva-za-podmiruvanje-na-dolgovite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredbata-na-sloboda-prevoz-i-grad-skopje-zavrshi-bez-dogovor-gradot-zasega-nema-sredstva-za-podmiruvanje-na-dolgovite/#respond Mon, 21 Nov 2022 15:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=764318

Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје поради немање средства за исплата. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека тие линии кои не сообраќаа денеска нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците. – Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго за жал не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот сеуште не е поминат и дека единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет, изјави Јовановски на денешната изјава за медиумите по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Информираше дека во моментов се во ситуација каде што приватните превозници не можат да обезбедат средства за да ги покренат автобусите и дека со тој проблем се опфатени сите линии. Јовановски исто така нагласи дека линиите кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат ниту утре, додека околу приклучувањето на другите линии рече дека за тоа допрва ќе донесат одлука по средбата со превозниците. – Не знаеме во наредниот што ќе се договориме со истите и колку ние ќе бидеме воопшто способни да го одржуваме овој дел којшто го имаме договорно превземено и што тоа ќе значи понатаму, нагласи директорот на „Слобода превоз“. Додаде дека не добиле одговор на прашањето зошто е прекината исплатата на средствата што се слеваат во Јавното сообраќајно претпријатие по основ на извршен превоз, редовен превоз на патници и превозот од учениците, и зошто тие средства што се уплаќаат во ЈСП веројатно се користат исклучиво за потребите на самото претпријатие и зошто не се прават напори за дел од тие средства завршат кај нив. – Одговорите се криза, немаме доволно средства, не можеме да гарантираме редовни исплати и цело време се насочуваше на состојбата да се пролонгира целото ова решавање за четириесетина дена., рече Јовановски и даде дека не го разбрале моментот дека навистина долгот е огромен и дека приватните превозници не се во состојба да ги покренат автобусите и дека немаат дури ни за нафта и дека повеќе од три месеци немаат исплатено ниту плати на возачите. – Се повикаат на договорот којшто го имаме склучено, дека имаме обврска да го извршуваме превозот, доколку имаме некои побарувања тоа да го направиме во правна процедура и со евентуални тужби што ние не сме го правеле досега затоа што сме барале можности како целиот тој проблем да се реши, кажа првиот човек на „Слобода превоз“. Тој најави дека допрва ќе имаат средба со превозниците и дека тие ќе одлучат за понатамошните постапки во однос на евентуални протести или на штрајк, иако постои можност за раскинување на договорот ако падне превозот под 80 проценти. На новинарското прашање за постоење на можен „трик“ за прекинување на договорот, Јовановски изрази сомневање дека можеби намерно се провоцира овој проблем за поинаку да изреагираат приватните превозници за да може тоа да биде злоупотребено. – Зад целата оваа ситуација можеби стои некоја друга позадина што не ја гледаме а можеме да ја претпоставиме. Најсимптоматично беше моето инсистирање да се одговори каде ЈСП ги троши парите од прибраните средства коишто според договорот треба да стигнат кај нас, и неодговорањето на тоа прашање, и дека кој ги пренасочува, ако ги пренасочува каде и како ги пренасочува, ми остава мала „дамка“ во целиот овој разговор, рече Јовановски, додавајќи дека ќе чекаат да видат дали и градоначалничката Данела Арсовска ќе го подржува ставот на секретарот Глигоров или дали таа на некој начин ќе реагира околу ова прашање. Прашан за можноста на враќање на стариот систем на приватните превозници и да се водат посебно, тој рече дека немало таква дискусија и појасни дека тоа најверојатно не би одговарало на ниедната страна но дека се спремни да разговараат и за тоа прашање и за сите опции, меѓутоа информираше дека со стариот систем средствата се слевале во самите приватни превозници а сега сите средства се слеваат во ЈСП и не стигнуваат до нив и дека токму затоа се довеле до оваа ситуација. – ЈСП за три дена доцнење го блокираше комплетниот јавен превоз и за многу краток рок се најдоа многу милиони за да се исплатат плати. Ние тоа што го бараме е многу помалку од износите што ги бараше ЈСП а сепак не се наоѓа соодветно решение, посочи Јовановски кој додаде дека според неговиот впечаток, од состојбата во кои се дојдени приватните превозници веројатно ќе се случат протести, штрајк и блокади во наредниот период. Прашан за висината на сумата што им го должи Град Скопје, информираше дека сумата изнесува над 61 милион и 800 илјади денари, но истакна дека не се вклучени овие 20 дена дена од последниот месец со коишто заедно со следните десет дена од месецот долгот дополнително ќе се зголеми за околу 25 милиони денари. И претставниците од приватниот превозник „Макекспрес“ исто така чекаа за средба со претставници од Град Скопје, но сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски, информираше дека и покрај долгото чекање не биле примени од страна на градските власти. Тој информираше дека од 53 фирми коишто работата во составот на „Макекспрес“ околу 120 до 130 вработени останале без работа по раскинувањето на договорот од страна на Град Скопје. Додаде дека имале опомена пред тужба кое било поднесено од архивата на Град Скопје и дека чекале недела дена за информации околу тоа но не добиле никакви информации, и дека по средбата со адвокатите најверојатно ќе следат тужби. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 денеска не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот, додека линиите 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73 продолжија да оосбраќаат. Од друга страна, приватните превозници од компанијата „Макекспрес“ истоа така поради неисплатени долгови од страна на ЈСП односно Град Скопје прекинаа со превоз на нивните линии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredbata-na-sloboda-prevoz-i-grad-skopje-zavrshi-bez-dogovor-gradot-zasega-nema-sredstva-za-podmiruvanje-na-dolgovite/feed/ 0