Слободан Трендафилов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 09:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Слободан Трендафилов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трендафилов: Министерката за труд да стави потпис на решението за нов претседател на ССМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-ministerkata-za-trud-da-stavi-potpis-na-reshenieto-za-nov-pretsedatel-na-ssm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-ministerkata-za-trud-da-stavi-potpis-na-reshenieto-za-nov-pretsedatel-na-ssm/#respond Wed, 05 Jul 2023 09:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=852914

Новоизбраниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска упати апел до министерката за труд и социјална политика да стави потпис на решението со кое тој треба да биде впишан во Централниот регистар како нов претседател на ССМ. - Сакам да упатам апел до министерката за труд и социјална политика да не се меша во внатрешните работи на синдикатите. Конгресот на ССМ во петокот имаше седница на која едногласно бев избран за претседател на ССМ. Согласно Статусот на ССМ, Конгресот е највисокото тело кое разрешува и именува претседатели на ССМ. Тоа вчера беше потврдено и од претставниците на Меѓународната организација на трудот. За жал, Министерството за труд и социјална политика и министерката се ставаат над законите и над конвенциите на МОТ и им треба време да размислат кој да биде претседател на ССМ, изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање по состанокот во Министерството за финансии. Министерката, како што посочи Трендафилов, треба да креира политики во Министерството и да ги почитува легитимните одлуки на органите и телата на синдикатите без оглед на тоа дали се работи КСС, ССМ, КСОМ. - Апелирам до министерката тоа да го направи уште денес и да биде направена промената во Централниот регистар затоа што сеуште стои дека претседател ни е Дарко Димовски кој прерано го загуби животот. Се надеваме дека Министерството за труд и социјална политика нема да биде единствениот виновник да не бидат исплатени платите на вработените во ССМ во услови кога преговараме за зголемување на платите во јавниот сектор, рече Трендафилов. Доколку биде потребно, додаде Трендафилов, уште еднаш ќе го поднесат решението во Министерството и таму уште еднаш ќе го направат изборот, но тогаш и ќе побараат оставка од министерката. Трендафилов беше избран за нов претседател на ССМ во петокот на Конгрес што се одржа во Скопје. Тој беше единствен кандидат за претседател. Изборот за нов претседател на ССМ уследи откако по кратко боледување на 45-годишна возраст почина дотогашниот претседател Дарко Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-ministerkata-za-trud-da-stavi-potpis-na-reshenieto-za-nov-pretsedatel-na-ssm/feed/ 0
Трендафилов за ТВ 24: Не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/#respond Tue, 04 Jul 2023 20:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=852736

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии треба да се одржи состанок на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период. -Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември, рече Трендафилов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-tv-24-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/feed/ 0
Слободан Трендафилов избран за претседател на ССМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slobodan-trendafilov-izbran-za-pretsedatel-na-ssm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slobodan-trendafilov-izbran-za-pretsedatel-na-ssm/#respond Fri, 30 Jun 2023 12:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=851226

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ. Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување. Димовски ја извршуваше функцијата претседател на ССМ од декември 2017 година, а претходно беше претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slobodan-trendafilov-izbran-za-pretsedatel-na-ssm/feed/ 0
Трендафилов за Пендаровски: Уште еднаш докажа дека едно говори во јавност, а друго прави, математиката очигледно му е послаба страна, па затоа 72 му е помалку од 60 часови работна недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-pendarovski-ushte-ednash-dokazha-deka-edno-govori-vo-javnost-a-drugo-pravi-matematikata-ochigledno-mu-e-poslaba-strana-pa-zatoa-72-mu-e-pomalku-od-60-chasovi-rabotna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-pendarovski-ushte-ednash-dokazha-deka-edno-govori-vo-javnost-a-drugo-pravi-matematikata-ochigledno-mu-e-poslaba-strana-pa-zatoa-72-mu-e-pomalku-od-60-chasovi-rabotna-nedela/#respond Tue, 30 May 2023 18:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=840581

„На образложението на претседателот како ССМ не гледаме ама баш никако, навикнавме некако 4 години претседателот едно да кажува јавно, а потоа за 360 степени да го менува мислењето. Уште првиот момент кога кажа дека нема да ги потпише законите бевме целосно убедени дека истиот ќе ги потпише без да има апсолутно никаков приговор“, истакна Слободан Трендафилов од Сојуз на синдикатите на Македонија при гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија. Трендафилов додаде дека им е многу жал што на претседателот Пендаровски му беа потребни три дена за да изгледа три члена од законот за работни односи кои што се најспорни во целиот проект. „Ова го велам од причина што за тие три дена успеа да види дека нема 60 часовна работна недела, го поздравувам експозето на претседателот, навистина во законското решение никаде не пишува 60 часовна работна недела. Но, меѓутоа претседателот веројатно само предлог законското решение го читал, не и основниот текст на законот за работни односи. Доколку се врател назад еве два члена пред членовите кои се менуваат со предлог законот за работни односи ќе видел дека во законското решение пишува 72 часа работна недела имајќи во предвид дека работниците ќе ги „уживаат“ дневниот, неделниот и годишниот одмор. А, нашиот закон и Меѓународната конвенција предвидуваат минимум 12 часа дневен одмор и 24 часа неделен одмор“, заклучи Трендафилов. Тој посочи дека на Пендаровски математиката очигледно му е послаба страна, па затоа 72 му е помалку од 60 часови за да му биде далеку повеќе спорно 60 часовната работна недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-za-pendarovski-ushte-ednash-dokazha-deka-edno-govori-vo-javnost-a-drugo-pravi-matematikata-ochigledno-mu-e-poslaba-strana-pa-zatoa-72-mu-e-pomalku-od-60-chasovi-rabotna-nedela/feed/ 0
Трендафилов: Нашиот предлог за докуп на стаж за пензија прво беше прифатен од Владата, а сега се одолговлекува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-nashiot-predlog-za-dokup-na-staz-za-penzija-prvo-beshe-prifaten-od-vladata-a-sega-se-odolgovlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-nashiot-predlog-za-dokup-na-staz-za-penzija-prvo-beshe-prifaten-od-vladata-a-sega-se-odolgovlekuva/#respond Mon, 18 Jan 2021 18:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=456893

Слободан Трендафилов од Сојуз на синдикати во своето вклучување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за законот за пензионирање каде посочи дека нивниот предлог за докуп на стаж го доставиле но Владата прво го прифатила, а сега се одолговлечи и затоа апелира сите ветувања кои се дадени да се исполнат. Тој потенцираше дека е многу значајно претставниците на работниците и на работодавачите да присуствуваат на собраниските комисии. -Имаме сериозни забелешкките на начинот на кој тоа се случува и забелешките се во насока на тоа иако беше јасно и јавно кажано дека најголем дел од предлозите на ССМ се прифаќаат, но ситуацијата не е таква.Ние од Сојуз на синдикати доставивме предлози за старосна пензија по работен стаж, старосна пензија по дејности, неполна старосна пензија. Нашиот предлог за докуп на стажот и достоинствено заминување во пензија предвремено како еден од моделите кои ние ги предлагавме иако беше прифатен од страна на владата сега слушаме дека ќе се одолговлечи. Ние апелираме сите ветувања кои се дадени да се исполнат.Ние остануваме за соработка но нажалост ваквото законско решение за пензионирање на македонскиот работник со 64 години возраст не дојде на Седница на екононмско-социјалниот совет, не беше дискутирано со претставниците на работниците и претставниците на работодавачите и можеби е една од причините заради застојот во Собранието. Но во Собранието ние наидовме на пречка со тоа што не сме поканувани на тие собраниски комисии иако во минатото тоа беше многу позитивна пракса, рече Трендафилот во своето вклучување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trendafilov-nashiot-predlog-za-dokup-na-staz-za-penzija-prvo-beshe-prifaten-od-vladata-a-sega-se-odolgovlekuva/feed/ 0