Слободан Унковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jun 2022 10:31:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Слободан Унковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уновски се враќа во МНТ со претставата „Сите сме птици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/unovski-se-vrakja-vo-mnt-so-pretstavata-site-sme-ptici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/unovski-se-vrakja-vo-mnt-so-pretstavata-site-sme-ptici/#respond Mon, 20 Jun 2022 10:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=693078

Режисерот Слободан Унковски по девет години пауза повторно се враќа во Македонскиот народен театар со нова претстава „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад. – Ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме – или мислиме дека сме. Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сè она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна, велат од МНТ. Во претставата ќе играат Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска. Унковски во изминатите децении на сцената на Македонскиот народен театар ги постави претставите „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова ’49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005) и „Изгубени германци“ (2013). Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/unovski-se-vrakja-vo-mnt-so-pretstavata-site-sme-ptici/feed/ 0