Слободен печат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 13:08:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Слободен печат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Слободен печат“ открива: Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-otkriva-klinikata-za-onkologija-vo-2017-godina-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledene-na-tsitostatitsi-koj-onevozmozhuva-da-se-kradat-dozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-otkriva-klinikata-za-onkologija-vo-2017-godina-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledene-na-tsitostatitsi-koj-onevozmozhuva-da-se-kradat-dozi/#respond Sun, 03 Sep 2023 13:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=874044

Слободен печат открива дека Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите. Системот КАТО требало да стави крај на рачниот систем на дозирање, а идејата била да се спречи губење на дозите, да се обезбеди прецизно дозирање без грешка и безбедно чување на цитостатиците. Со КАТО било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба ни поради грешка. Но, по само шест месеци откако е набавен овој систем, во 2017 година, новиот директор Нино Васев го исфрлил од употреба. Кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците наречен КАТО систем, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување. Дополнително, со стариот начин на работа имало токсични труења и на медицинскиот персонал задолжен за подготовка на дозите. Во европските држави овој систем е одамна во употреба и речиси и нема болница во развиениот свет во која цитостатиците се подготвуваат рачно. Но, системот имал друга ,,маана” – со него не би можело да се украде ниту милиграм доза. Целата тема прочитајте ја на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-otkriva-klinikata-za-onkologija-vo-2017-godina-go-frlila-vo-podrum-sistemot-za-sledene-na-tsitostatitsi-koj-onevozmozhuva-da-se-kradat-dozi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и нивните медиуми го допреа дното со срамната насловна страница на „Слободен печат“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-nivnite-mediumi-go-doprea-dnoto-so-sramnata-naslovna-stranica-na-sloboden-pechat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-nivnite-mediumi-go-doprea-dnoto-so-sramnata-naslovna-stranica-na-sloboden-pechat/#respond Thu, 15 Mar 2018 08:58:04 +0000 http://kurir.mk/?p=30050

СДСМ и нивните медиумски апологети го допреа дното. Срамната насловна страница на „Слободен печат“ е уште еден доказ за нивото на кое се спушти новинарството и дел од медиумите кои го поддржуваат и се чувствуваат охрабрени од Зоран Заев и владеачката гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Политички да се злоупотреби и да се исмева повозрасна жена е ниско и недолично. Можеби нашата сограѓанка нема јахти како Радмила Шекеринска, хациенди како Зоран Заев или луксузни возила како Кочо Анѓушев, но тоа не им дава право на новинарските перјаници на СДСМ да ја злоупотребуваат нејзината состојба во обид политички да се додворат на нарачателите, стои во соопштението и се додава: „ВМРО-ДПМНЕ очекува новинарските здруженија и советот за етика соодветно да реагираат доколку им значи заштитата на дигнитетот на професијата. Политичките инспиратори на ваквите насловни страници секако ќе бидат казнети на наредните избори и од оваа жена и од стотици илјади граѓани и нивните најблиски кои беа ограбени и оставени на улица во времето на криминалната транзиција, а сега повторно се предмет на изживување од страна на ненародната власт“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-nivnite-mediumi-go-doprea-dnoto-so-sramnata-naslovna-stranica-na-sloboden-pechat/feed/ 0