слободен влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 May 2022 05:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слободен влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слободен влез во Музејот на македонската борба по повод Меѓународниот ден на музеите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sloboden-vlez-vo-muzejot-na-makedonskata-borba-po-povod-megjunarodniot-den-na-muzeite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sloboden-vlez-vo-muzejot-na-makedonskata-borba-po-povod-megjunarodniot-den-na-muzeite/#respond Wed, 18 May 2022 05:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=678130

Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот. Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, музејските раритети со исклучителни париња оружје и покуќнина, специјалната тактилна изложба ФОКУС, уметнички портрети на истакнати македонски историски ликови и останати презентации на македонското историско и културно наследство. Дел од програмата на музејот е и ретроспективната изложба „Хартии“ на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски која е поставена во холот на Музејот на македонската борба. Годинешната тема на Меѓународниот ден на музеите е „Моќта на музеите“. Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, е востановен од Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) во 1977, со цел да се насочи вниманието на јавноста за важноста на улогата на музеите во современите општества.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sloboden-vlez-vo-muzejot-na-makedonskata-borba-po-povod-megjunarodniot-den-na-muzeite/feed/ 0
Слободен влез во Словенија и за вакцинираните со „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sloboden-vlez-vo-slovenija-i-za-vakciniranite-so-sputnik-v-i-dzonson-i-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sloboden-vlez-vo-slovenija-i-za-vakciniranite-so-sputnik-v-i-dzonson-i-dzonson/#respond Thu, 15 Apr 2021 10:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=497582

Словенечката Влада направи неколку измени во врска со рестриктивните мерки на границата, вклучително и дозволен влез на нејзина територија без карантин за лица кои се имунизирани со вакцините „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“, под услов да ја примиле првата доза пред најмалку 21 ден, објави новинската агенција СТА. Влезот без карантин или бесплатен ПЦР-тест веќе важи за луѓето кои покажуваат документ дека се вакцинирани со Фајзер, Модерна или Астра Зенека. На владината седница е одлучено, исто така, времето на транзит низ Словенија да се зголеми од шест на 12 часа, а на листата се додадени и работи поради кои луѓето можат да влезат итно во државата без карантин или бесплатно да се тестираат на граница. Учениците над 15-годишна возраст, кои секој ден ја минуваат границата, и лицата кои ги носат на училиште веќе нема да мораат да се тестираат на неделно ниво, доколку веднаш се вратат во Словенија откако ќе ги остават учениците во соседната земја. Без карантин или со негативен ПЦР тест во претходните 72 часа, во Словенија можат да влезат лица од Европската унија, доколку работат како чувари или домашни помошници на луѓе кои имаат потреба од помош, или, пак, да работат на одржување на приватен имот кој го поседуваат, изнајмуваат или користат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sloboden-vlez-vo-slovenija-i-za-vakciniranite-so-sputnik-v-i-dzonson-i-dzonson/feed/ 0
Од утре слободен влез во Хрватска за вакцинирани против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-sloboden-vlez-vo-hrvatska-za-vakcinirani-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-sloboden-vlez-vo-hrvatska-za-vakcinirani-protiv-kovid-19/#respond Wed, 31 Mar 2021 12:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=490284

Вакцинирани со обете дози на вакцината, вклучително и кинеската и руската, и оние кои прележале Ковид-19 во последните шест месеци од утре ќе можат да влезат во Хрватска без негативен ПЦР тест, но ќе се овозможи и влез со негативен брз антиген тест, признаен во ЕУ. – На ниво на ЕУ, во моментов нема заклучок за вакцините кои не се регистрирани во рамки на ЕУ. Кога ќе дојде на дневен ред, ќе се донесе заеднички став и тогаш ќе се прилагодиме на таа одлука. Дотогаш, што се однесува до Хрватска, за нас е важно вакцината, и руска и кинеска, да е една од оние што се користат, изјави министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ, на прес-конференцијата на Националниот штаб за цивилна заштита. Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак рече дека е утврден период од 14 дена по втората доза на која било вакцина за преминување на границата затоа што „14 дена по втората доза на вакцината, се развива максимален имунитет кој останува стабилен”. Со одлуката за ограничување на преминот на државната граница, која ќе стапи во сила во четврток, 1 април, покрај потврдата за вакцинација со обете дози на вакцината, оние што имаат потврда за инфекција со коронавирус во последните шест месеци ќе можат да влезат во земјата без негативен тест. Сите други ќе мора да приложат негативен ПЦР тест, а ново е дека ќе биде неопходен брз тест признат од ЕУ. Поради влошување на епидемиолошката состојба, од утре се забрануваат тренинзите во затворени простории, освен за врвни спортисти, како и работата на детските игротеки. Националниот штаб допрва ќе го разгледува предлогот на Штабот за цивилна заштита во Загреб за задолжително носење заштитни маски на отворено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-sloboden-vlez-vo-hrvatska-za-vakcinirani-protiv-kovid-19/feed/ 0