слободни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Aug 2022 20:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слободни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За утрешниот втор уписен рок, во гимназиите во Дебарско слободни места на претек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/#respond Sun, 21 Aug 2022 20:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=721807

Во трите гимназии, колку што функционираат во Дебарско, за утрешното, второ пријавување за упис во прва година, слободни се 338 ученички места, откако во трите пријавувања од првиот, јунски, уписен рок, се запишале само 70 ученици или 17,1 отсто од предвидените 408 со Конкурсот на министерството за образование и наука. Во дебарската гимназија „28 ноември“, во прва година, предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто. Запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик. -Врз основа на конкурсот на МОН, можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелки, од кои три, со 102 ученика, за настава на македонски и пет, со 170 ученици на албански наставен јазик, велат од управата на училиштето. И во двете останати гимназии слободни места има многу. Во гимназијата “АТА” во Центар Жупа планираната бројка за упис е 68 односно по 34 ученици на македонски и турски наставен јазик. Пополнети се само 18 ученички места од нив 17 за настава на турски и само едно на македонски наставен јазик. Од предвидените 68 ученички места, во две паралелки на македонски наставен јазик, во гимназијата ” Маврово-Ростуше” во Ростуше пополнети се само 15. Пријавувањето, кое е по електронски пат, ќе се врши во текот на утрешниот ден до 24 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-utreshniot-vtor-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debarsko-slobodni-mesta-na-pretek/feed/ 0
Во штипските средни училишта слободни места во прва година има за 976 идни средношколци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-slobodni-mesta-vo-prva-godina-ima-za-976-idni-srednoshkolci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-slobodni-mesta-vo-prva-godina-ima-za-976-idni-srednoshkolci/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=41886

Во штипските средни училишта слободни места за упис во прва година за учебната 2018-2019 година има за 976 идни средноколци, информираше денеска раководителот на Одделението за јавни дејности во Општина Штип, Билјана Казанџиска. Таа истакна дека според објавениот конкурс оваа година за четирите средни училишта нема никакви измени во делот на наставните програми и насоки. - Слободни места има за 976 идни средношколци, од кои 238 во гимназијата СОУ „Славчо Стојменски“, потоа 330 во средното електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“, 170 места во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“  и 238 слободни места во средното медицинско училиште „Јане Сандански“, вели Казанаџиска. Директорот на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски вели дека оваа година немаат нови наставни програми и насоки, но најави дека веќе од наредната учебна година почнуваат со реформираното средно образование, а ќе се воведат две нови насоки, кои ги бараат работодавците од текстилниот сектор. - Имаме два атрактивни профили, Техничар за облека и Техничар за моделирање облека, кои што се доста барани и атрактивни на пазарот на трудот и со помош на текстилниот Кластер и на Општина Штип, на сите други надлежни институции се надеваме и на обезбедување на стипендии за идните наши ученици, вели Доневски. Во средните училишта во источниот регион слободни места за упис во прва година за учебната 2018-2019 година има вкупно 3.128. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-slobodni-mesta-vo-prva-godina-ima-za-976-idni-srednoshkolci/feed/ 0