слонови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Nov 2022 12:37:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png слонови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кенија: Годинава поради суша угинаа повеќе од 200 слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/#respond Sun, 06 Nov 2022 12:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=756446

Повеќе од 200 слонови угинаа во Кенија поради суша во периодот од февруари до октомври оваа година, соопштија властите. Кенија, како една од главните туристички дестинации во Африка, веќе 40 години се соочува со суша, додека гладот ​​погодува околу четири милиони луѓе од вкупно 50 милиони жители. „Сушата предизвика смрт на диви животни, главно тревопасни, бидејќи немаше доволно храна и вода“, соопшти Министерството за туризам. Од февруари до октомври 2022 година, 205 слонови умреле поради недостиг на вода низ целата земја, како и 512 биволи, 381 зебра, 12 жирафи и 51 бизон. Во Кенија минатата година имаше повеќе од 36.000 слонови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/feed/ 0
Запленета слонова коска од 80 до 100 убиени слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-slonova-koska-od-80-do-100-ubieni-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-slonova-koska-od-80-do-100-ubieni-slonovi/#respond Fri, 20 May 2022 13:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=679553

Властите во Демократска Република Конго објавија дека во последните седум дена се запленети 1.500 килограми слонова коска, што претставува 80 до 100 убиени слонови. – Полицијата уапси две лица кои во посед имале 1.500 килограми слонова коска. Уапсените рекле дека не ги убиле слоновите. Тие изјавиле дека слонова коска им ја дале оние што убивале слонови и кои барале пазар за да ги продадат, рече Крис Камонге, офицер за безбедност во провинцијата Хаут-Катанга. Маитре Сабин Манде, член на мрежата за природни ресурси во ДР Конго, рече дека големината на секое парче покажува дека тоа е слонова коска на возрасни слонови. Тој истакна дека запленетата слонова коска сега е во рацете на властите, иако одговорните за убиството на слоновите не се уапсени. Убивањето слонови во ДР Конго поради нивната слонова коска е присутно многу години. Слоновата коска е назив за материјал направен од забите, односно бивните на одредени животни како што се слонови, нилски коњи, моржови, нарвали и слично. Најчесто се добива од забите на слон, па оттука и името слонова коска. Слоновата коска се користи за правење украсни предмети или предмети за практична употреба. Пред употреба на вештачки материјали (пластика и сл.), од слонова коска се правеле топчиња за билијард, клавиши за пијано, копчиња и разни украси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-slonova-koska-od-80-do-100-ubieni-slonovi/feed/ 0
Човекот викна на празно поле – неколку секунди подоцна, вистински шок од тоа она што следеше (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovekot-vikna-na-prazno-pole-nekolku-sekundi-podocna-vistinski-shok-od-toa-ona-shto-sledeshe-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovekot-vikna-na-prazno-pole-nekolku-sekundi-podocna-vistinski-shok-od-toa-ona-shto-sledeshe-video/#respond Mon, 14 Feb 2022 18:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=631415

Многупати сме виделе дека луѓето се поврзуваат со кучиња, мачки, птици и примати, но дали можете да замислите да имате пријатели на животни како слонови? Со текот на годините, Дерик разви вистинско пријателство со секој слон во паркот за природни слонови во Тајланд. Дерик ги сака сите слонови во природниот парк, но тој разви особено силна врска со Кам Ла. Кога Кам Ла го слуша Дерик во паркот, таа и остатокот од стадото прават нешто неверојатно. Снимката од нивната реакција на посетата на Дерик го освои Интернетот по нејзиното прво појавување, а и денес е популарна – кога сами ќе ја погледнете, ќе разберете зошто. Додека волонтирал, Дерик имал време да гледа како слоновите растат и бил дел од нивниот живот со години. Заедно, тие изградија врска која се сведува на доверба и која вклучува гушкање, гребење и играње. Иако сите слонови го сакаат Дерик, Кам Ла е целосно врзана за својот пријател човек. Затоа Кам Ла (и остатокот од стадото) е толку возбуден кога Дерик доаѓа на посета.Штом ќе го слушнат Дерик како го вика Кам Ла, се собира целото стадо. Кам Ла е секогаш пред другите, налетувајќи во прегратките на Дерик. Големината на слоновите е одлична споредба со големината на љубовта што ја имаат кон своите пријатели. Тие веднаш го препознаваат неговиот повик и го третираат како да е еден од нив. Иако слоновите во паркот се сметаат за диви животни, тие го третираат Дерик како вистински пријател. Луѓето како Дерик се доволно трпеливи да изградат доверба и тоа се исплатува на неверојатен начин. Многу истражувачи не се изненадени од ваквото однесување на слоновите. Тоа е затоа што се знае дека слоновите се интелигентни и можат да ги чувствуваат истите емоции како и луѓето “. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chovekot-vikna-na-prazno-pole-nekolku-sekundi-podocna-vistinski-shok-od-toa-ona-shto-sledeshe-video/feed/ 0
Раст на бројот слонови и жирафи во Кенија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rast-na-brojot-slonovi-i-zirafi-vo-kenija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rast-na-brojot-slonovi-i-zirafi-vo-kenija/#respond Wed, 01 Sep 2021 08:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=557652

Резултатите од пописот на диви животни вo Кенија покажуваат дека бројот слонови и жирафи во земјата е зголемен. Забележани се вкупно 36.169 слонови – 12 отсто повеќе од 2014 година и 34.240 жирафи. Тоа е зголемување од 49 насто на бројот на жирафи во споредба со тој пред три години, објави вчера Кениската служба за диви животни (КВС). Бројката на носорози, лавови, зебри и антилопи, исто така, се зголемила последниве години. Пребројувањето на животните траеше три месеци. Наведени се сите копнени и морски цицачи, важни видови птици и загрозените примати во Кенија. Списокот морски животни открива 63 кита со грпка, два сини кита и 29 големи бели ајкули во водите на Кенија. Владата на Кенија нареди истражување за да се провери ефикасноста на постојните мерки за заштита на животните.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rast-na-brojot-slonovi-i-zirafi-vo-kenija/feed/ 0
Гром уби цело стадо слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-celo-stado-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-celo-stado-slonovi/#respond Fri, 14 May 2021 06:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=510102

Гром уби 18 слонови одеднаш во Индија. Ова е најголемиот број слонови кои угинале во една несреќа, во областа Асам последниве 20 години. Владини претставници соопштија дека слоновите биле усмртени кога громот удрил во заштитениот шумски резерват Кандоли. Жители на селото во близина ги известиле надлежните веднаш откако пронашле неколку трупа на животни во шумата. Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, а околу 21 отсто од нив живеат во областа Асам. Министерот за шуми, Паримал Суклабајда на Твитер напиша дека е „длабоко шокиран“ од смртта на слоновите предизвикана од моќната молња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grom-ubi-celo-stado-slonovi/feed/ 0
Боцвана повторно се соочува со масовна смрт на слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bocvana-povtorno-se-soochuva-so-masovna-smrt-na-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bocvana-povtorno-se-soochuva-so-masovna-smrt-na-slonovi/#respond Fri, 29 Jan 2021 14:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=461551

Властите во Боцвана започнаа истрага за причините за ненадејната смрт на 11 слонови во еден од резерватите во земјата. Според Министерството за животна средина, природни ресурси и туризам, група специјалисти е испратена во резерватот Мореми да земат примероци од животинско ткиво за понатамошно истражување. Минатата година, меѓу мај и јуни, 330 слонови угинаа во делтата Окаванго, а истражувањето откри дека нивната смрт била предизвикана од голтање токсини произведени од цијанобактерии содржани во алгите во тамошните водни базени. Тие влегле во телото на животното преку водата, предизвикувајќи интоксикација и смрт. Денес, во Боцвана се наоѓа најголемата популација на слонови во Африка, 130 000. Во моментов има 350.000 слонови низ целиот континент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bocvana-povtorno-se-soochuva-so-masovna-smrt-na-slonovi/feed/ 0
Стотици слонови најдени угинати во Боцвана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-slonovi-najdeni-uginati-vo-bocvana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-slonovi-najdeni-uginati-vo-bocvana/#respond Thu, 02 Jul 2020 08:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=367165

Повеќе од 350 слонови мистериозно угинале во Боцвана за околу еден месец. Тоа стручњаците го опишуваат како еколошка катастрофа. Слоновите угинале од непознати причини, а фотографиите од воздух ги покажуваат нивните трупови расфрлани низ делтата на реката Окаванго и други делови на северот од земјата. – За време на тричасовниот лет беа забележани 169 мртви слонови… Еден месец подоцна, истрагата покажа бројка достигнува до 350, рече д-р Нијал Меккан за Би-би-си. Владата на Боцвана се уште не извршила тестови за траги на отрови или патогени. Антраксот, меѓутоа,  се отфрла како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно било користено од ловокрадци во Зимбабве. Научниците ја повикаа владата да ги тестира животните што е можно поскоро, за да се отфрлат потенцијално опасните патогени кои би можеле да се пренесат од животните на луѓето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-slonovi-najdeni-uginati-vo-bocvana/feed/ 0
ФОТО: Индиец го остави наследството на своите слонови, жената и децата му се налутија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-indiec-go-ostavi-nasledstvoto-na-svoite-slonovi-zenata-i-decata-mu-se-nalutija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-indiec-go-ostavi-nasledstvoto-na-svoite-slonovi-zenata-i-decata-mu-se-nalutija/#respond Fri, 12 Jun 2020 10:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=357002

Еден земјопоседник од Индија својот имот им го остави на двата слона што тој ги има. За нив тој вели дека еднаш му го спасиле животот во вооружен грабеж. Според тоа, животните ќе добијат 2,5 хектари земјиште. Таа одлука на Ахтар Имам ги налути неговата сопруга и децата. Тие, заедно со слоновите Моти и Рани, живеат на село во источната индиска сојузна држава Бихар. – Едноставно не сакам Моти и Рани да имаат тешкотии, тие мене, исто така, ми се семејство. Не сакам моите слонови да се соочат со судбината на напуштените животни што умираат на улица или на нива поради негрижа, рече Имам кој, инаку, е и борец за правата на животните. Тој ги има слоновите скоро откако се родиле. Сега Моти има 20, а Рани – 15 години. Но, Имам вели дека неговата љубов кон неговите домашни миленици се должи и на фактот што го спасиле од вооружени напаѓачи. – Кога ја отворив вратата за да видам зошто слоновите се така вознемирени, видов дека ги бркаат криминалците надвор од дворот. Јас сум жив поради нив, оти моите слонови ми се како телохранители, раскажува тој. Тој жали што неговото семејство „не разбира дека слоновите не се само миленичиња“, како што самиот вели… – Човечката алчност е бескрајна. Дури и ако им го дадете целиот свет, тоа нема да биде доволно, нагласува Имам. Азиските слонови се загрозен вид. Живеат, од прилика – до 70 години. Околу 45.000 единки има низ целиот свет, при што околу една третина од нив живеат во нечиј јарем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-indiec-go-ostavi-nasledstvoto-na-svoite-slonovi-zenata-i-decata-mu-se-nalutija/feed/ 0
Во Индија е отворена првата болница за слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-e-otvorena-prvata-bolnica-za-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-e-otvorena-prvata-bolnica-za-slonovi/#respond Sun, 18 Nov 2018 12:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=129191

Во северната индиска држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, што е опремена со најсовремени средства за лекување на тие животни. Првиот пациент во болницата е 49-годишниот слон Аша, кој има повреда на левата предна нога. Новата болница се простира на над 12.000 квадратни метри, а наменета е за лекување на повредени, болни и стари слонови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-e-otvorena-prvata-bolnica-za-slonovi/feed/ 0
Пристигнаа Дуња и Даела: Се отвора живеалиштето на слоновите во Зоолошката (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pristignaa-dunja-i-daela-se-otvora-zivealishteto-na-slonovite-vo-zooloshkata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pristignaa-dunja-i-daela-se-otvora-zivealishteto-na-slonovite-vo-zooloshkata-foto/#respond Sat, 29 Sep 2018 08:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=107695

Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе биде отворено жиеалиштето за двете нови слоници. Слониците Дуња и Даела доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Новото живеалиште има отворен и затворен дел и е направено според најсовремени стандарди. Отворањето е во рамки на настанот „За европска Зоолошка“ и ќе  настапат членовите на „Златно славечје“ и детската атракција Пет+бенд.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pristignaa-dunja-i-daela-se-otvora-zivealishteto-na-slonovite-vo-zooloshkata-foto/feed/ 0