словенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 12:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png словенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенија воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-vovede-granichni-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-vovede-granichni-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=891579

Словенија на полноќ воведе полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија, а оваа мерка ќе важи најмалку 10 дена. Словенија воведе контроли откако Италија ја објави истата мерка на границата со Словенија, а како причина ги наведе зголемените безбедносни ризици поради организираниот криминал, ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и зголемениот прилив на мигранти, пренесува СТА. Министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, изјави дека граѓаните кои живеат во близина на границата и покрај воведените контроли ќе можат да продолжат да живеат нормално, истакнувајќи дека и дал инструкции на полицијата да го овозможи тоа. За патниците ќе бидат отворени 14 контролни пунктови - 12 на границата со Хрватска и две на границата со Унгарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-vovede-granichni-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/feed/ 0
Словенија од ЕК бара 400 милиони евра за справување со штетите од поплавите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/#respond Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=891125

Словенечкото Министерство за кохезија и регионален развој денеска ќе испрати барање до Европска комисија за добивање на 400 милиони евра од Фондот за солидарност на Европска Унија за справување со штетите предизвикани од поплавите што зафатија две третини од земјата во август. Словенечкиот министер за кохезија и регионален развој Александар Јеусак вчера најави дека ЕК има шест недели да одлучи каква ќе биде нејзината улога во справувањето со штетите од поплавите во Словенија. Тој изрази надеж дека ЕК ќе донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро и ќе ги испрати на Словенија средствата за обнова по природната катастрофа. Љубљана очекува околу 400 милиони евра од Фондот за солидарност, алатката на ЕУ за помош при природни катастрофи, а за годинава бара аванс од 100 милиони евра, а останатите средства очекува да ги добие следната година. Словенечката Влада пред неколку дена ја процени директната штета и мерките за санација на 9,99 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/feed/ 0
Словенија воведува гранични контроли поради заканата од тероризам, а не поради мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/#respond Thu, 19 Oct 2023 17:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=890937

Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголем ризик од тероризам, а не од илегални мигранти, и ќе направи се за да се осигура дека луѓето што живеат покрај границите не страдаат како резултат на оваа привремена мерка, изјави денеска во Луксембург словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклукар. - Словенија вчера најави и ги информираше министрите на двете соседни земји, Хрватска и Унгарија, дека ќе воведеме контрола на внатрешните граници поради зголемената закана од тероризам, изјави Поклукар на новинарите во Луксембург, каде што беше по повод средбата на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ. Љубљана вчера најави дека в сабота на полноќ ќе се воведат привремени контроли, на десет дена и дека во меѓувреме ќе се донесе одлука за нивно евентуално продолжување. И Италија в сабота ќе воведе и привремени гранични контроли со Словенија. - Сакам мерките на границата меѓу Италија и Словенија да бидат нормални, за да можете нормално да живеете долж границата. Му реков и на хрватскиот министер (Давор Божиновиќ), со кого разговарав на маргините на оваа средба, дека ние ќе ги приспособиме мерките на луѓето кои живеат на границата, за да не им го комплицираме животот, рече Поклукар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/feed/ 0
Од сабота Словенија воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-sabota-slovenija-voveduva-kontroli-na-granitsite-so-hrvatska-i-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-sabota-slovenija-voveduva-kontroli-na-granitsite-so-hrvatska-i-ungarija/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=890787

Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија. Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно на владината седница изјави дека станува збор за привремени мерки кои веќе ги воведуваат девет земји-членки на ЕУ. - Шенгенот не е завршен, но има проблем. Воведувањето гранични контроли не е новина, тоа доаѓа поради миграциските трендови и проценките за зголемените безбедносни закани поради тероризмот“, рече Пленковиќ. Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија. -Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-sabota-slovenija-voveduva-kontroli-na-granitsite-so-hrvatska-i-ungarija/feed/ 0
Словенија одлучува за граничните контроли со Хрватска и Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-odluchuva-za-granichnite-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-odluchuva-za-granichnite-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=890585

Словенечката влада денеска ќе одлучува за воведување гранични контроли со Хрватска и Унгарија, соопштија од словенечкото МВР, јавија словенечките медиуми. Министерот веќе ги известил своите хрватски и унгарски колеги. Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија. -Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-odluchuva-za-granichnite-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/feed/ 0
Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/#respond Wed, 18 Oct 2023 17:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=890452

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток. Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа. Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година. Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена. Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница. Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/feed/ 0
Запрена работата на нуклеарната електрана Кршко во Словенија: „Откриени се протекувања“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaprena-rabotata-na-nuklearnata-elektrana-krshko-vo-slovenija-otkrieni-se-protekuvana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaprena-rabotata-na-nuklearnata-elektrana-krshko-vo-slovenija-otkrieni-se-protekuvana/#respond Thu, 05 Oct 2023 17:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=885724

Нуклеарната електрана Кршко превентивно ќе биде стопирана, со оглед на тоа што е откриено зголемено испуштање на примарниот систем во внатрешноста на заштитната зграда, а точно треба да се утврди изворот на испуштањето и натамошните чекори за негова санација, соопштија денес попладне од Н.Е. Кршко. -Нуклеарната електрана Кршко (НЕК), која е во континуирана работа од завршувањето на ремонтот во 2022 година, ќе биде стопирана како превентивна мерка. Оперативниот тим откри зголемено празнење на примарниот систем во внатрешноста на зградата за задржување, се вели во соопштението. Од НЕК посочуваат дека испуштањето нема влијание врз работниците, населението и животната средина и е под граничната вредност утврдена со техничките спецификации. -За точно да се утврди изворот на испуштањето и натамошните чекори за нејзина рехабилитација, неопходно е да се запре електраната, така што оперативниот тим ќе започне со контролирано постепено намалување на моќноста“, соопштија од нуклеарната електрана. Во соопштението не се откриваат повеќе детали, ниту колку би можел да трае превентивното стопирање. Објаснуваат само дека при прекин на електраната повремено може да се испушта пареа од секундарниот - ненуклеарен дел на централата, која се слуша во непосредна близина и ги замолуваат жителите во близина на електраната за разбирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaprena-rabotata-na-nuklearnata-elektrana-krshko-vo-slovenija-otkrieni-se-protekuvana/feed/ 0
Штетите од поплавите во Словенија во август се проценуваат на 9,9 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/#respond Wed, 04 Oct 2023 16:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=885205

Словенечката Влада излезе со проценка дека директните штети од поплавите во август и нивните последици за луѓето, бизнисите и животната средина изнесува 9,9 милијарди евра, јави агенцијата СТА. Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата. -Претставената проценка ги опфаќа сите аспекти на природната катастрофа, вклучувајќи ги и напорите за обезбедување алтернативи на погодените згради, расчистување на речните корита, обновување на инфраструктурата, заштита и обновување на местата на културното наследство, како и отстранување и управување со отпадот, изјави денеска министерот за регионален развој Александар Јевшек , откако проценката беше разгледана од владата, пренесе интернет страницата „Словенија тајмс“. Проценката игра клучна улога во подготовката на пријавата за надомест на штети од Фондот за солидарност на ЕУ. -Барањето за помош секако ќе го поднесеме пред истекот на рокот, односно до 27 октомври, кажа министерот Јевшек. Поплавите предизвикани од обилните дождови во август, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги опиша како најголема природна катастрофа во последните 30 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/feed/ 0
Словенија воведува полициски контроли на границата со Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-politsiski-kontroli-na-granitsata-so-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-politsiski-kontroli-na-granitsata-so-hrvatska/#respond Wed, 27 Sep 2023 17:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=882438

Словенија одлучи да воведе полициски пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, па и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила и преку некогашните гранични премини ќе може да се минува без каква било контрола, но на територијата на Словенија ќе има полициски пунктови на кои полицијата ќе сопира и ќе проверува одделни возила. На таа најава денес реагираше претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ Њоњо, кој смета дека „тоа не е знак на недоверба, туку одговор на феноменот кој се случува и кој ја загрозува Европа“. Тој кажа дека хрватската страна ќе разговара со словенечките „колеги и пријатели“ со кои води „многу отворен дијалог“. „Имаме заеднички проблем кој мораме заеднички да го решаваме. Хрватска има над шест илјади полицајци на границите, ќе видиме дали треба да го зајакнеме надзорот на границите“, додаде тој. По влегувањето на Хрватска во Шенген зоната на почетокот на годината, бројот на мигранти кои по балканската рута нелегално влегуваат во Словенија значително пораснал. Словенечката полиција од почетокот на годината до крајот на август обработила 36.137 нелегални преминувања на државната граница меѓу Словенија и Хрватска. Во истиот период минатата година обработени биле 13.601 неовластен влез. Европската агенција за заштита на границите Фронтекс најави пред неколку дена дека поради зголемувањето на бројот на мигрантите кои пристигнуваат на островот Лампедуза, ќе ѝ пружи поддршка на Италија. Помошта значи дека ќе им овозможат на италијанските власти што подобро да го следат тоа што се случува на море и ќе им помагаат во операциите на потрага и спасување на мигрантите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-politsiski-kontroli-na-granitsata-so-hrvatska/feed/ 0
Маж во Словенија од тераса пука кон полицијата, интервенираат специјалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-slovenija-od-terasa-puka-kon-politsijata-interveniraat-spetsijaltsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-slovenija-od-terasa-puka-kon-politsijata-interveniraat-spetsijaltsi/#respond Tue, 26 Sep 2023 16:23:55 +0000 https://kurir.mk/?p=881953

Полицијата нешто пред 9 часот утринава добила дојава за пукање, во Драженци во близина на градот Птуј во Словенија. Маж од семејна куќа пука и во полицијата, која во меѓувреме ја опколила куќата. Напнатата ситуација трае со часови. Пристигнувајќи на местото на настанот пронашле маж со оружје и постојано барале од него да го спушти. Тој одбил да го стори тоа и почнал од балконот да пука кон полицајците. Според словенечки 24ur, мажот испукал неколку истрели од балконот. Според досегашните информации, нема повредени. На местото на настанот со хеликоптер пристигнале припадници на специјалната полициска единица и полициски преговарач, акцијата е во тек. Според првичните информации нема повредени, а полицијата апелира граѓаните да не се приближуваат на местото на настанот, пренесува словенечки 24ur. „Човекот неколку пати излегол на балконот од кој испукал неколку истрели во 9 часот и 48 минути. Целта му биле и полицајците“, изјави портпаролката на полициската управа во Марибор, Анита Ковачич Челофига. На прашањето дали се точни објавите на социјалните мрежи дека мажот во куќата држи заложници, Ковачич Челофига одговорила дека полицијата воспоставила контакт со едно лице и дека нема информации дека некој друг е со мажот во куќата. Таа исто така не можела да ги коментира информациите дали полицијата се подготвува да упадне во куќата. Мештаните за словенечката јавна телевизија изјавиле дека осомничениот имал многу оружје со себе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-slovenija-od-terasa-puka-kon-politsijata-interveniraat-spetsijaltsi/feed/ 0