slow food – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиFri, 15 Sep 2023 06:55:56 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngslow food – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Овој викенд во Бра, Италија, ќе се одржи „Cheese 2023“ – Меѓународниот фестивал посветен на сирењето
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/#respondFri, 15 Sep 2023 06:55:56 +0000https://kurir.mk/?p=878264„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава.
Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите.
Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји.
Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура.]]>„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава.
Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите.
Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји.
Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/feed/0„Slow Wine салон 2021“ – настан кој ги слави малите семејни винарии и дава придонес кон едукацијата и градењето на македонската винска култура
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/#respondFri, 03 Dec 2021 10:07:52 +0000https://kurir.mk/?p=603499„Slow Wine салон 2021“ е дводневен настан кој ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември 2021 во Битола во организација на „Слоу Фуд Македонија“ со локална поддршка на „Слоу Фуд Битола“.
Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст. На третото издание на винскиот салон „Slow Wine салон 2021“ ќе се претстават преку 30 производители, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи кои ќе бидат понудени за дегустација на големиот број на љубители на виното и храната.
На винскиот салон ќе му претходи промоција на првото македонско издание на „Slow Wine 2021“ која ќе се одржи на 3-ти декември со почеток во 18 часот во Кино Манаки. Се работи за концепт граден низ годините на развој на Слоу Фуд движењето кое од самите почетоци негува култ кон виното, последниве години го преточува во независен вински водич.
Придонесот на Слоу Фуд во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина.
Во сабота на 4-ти декември Офицерскиот дом Битола за првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“. Ова е еден од првите јавни настани кои ќе се одржат по реконструкцијата и пуштањето во употреба на Офуцерскот дом во Битола и претставува извонредна можност да се почувствува неговата убавина и амбиент збогатен со содржините од програмата на Slow Wine 2021.
Ограничен број на влезници за настанот ќе може да се купат онлајн: https://mktickets.mk/event/swbt/
Овој настан е од голема важност во едукацијата и градењето на винската култура, кон посреќна иднина во нашата земја.
Програма Slow Wine 2021, Вински салон Битола
03.12 2021, петок, Кино Манаки
18-19ч. – Промоција на водичот Slow Wine 2021
19-20ч. – Коктел
20-21ч. – Проекција на филм: Момчињата од Бароло
04.12 2021, сабота, Офицерски дом
16-23ч. – Вински салон со 30 винарии, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи.
* Настанот ќе се одржи во согласност со Covid-19 протоколот на Министерството за здравство. Задолжително треба да се покаже сертификат за двојна вакцинација, негативен PCR тест или сертификат за прележан Covid-19 во последните 30 дена.
Носење на маска е задолжително.