случај 27 април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 10:41:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај 27 април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбраната со завршни зборови: На 27 април имаше насилство, но не и загрозување на безбедноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-so-zavrshni-zborovi-na-27-april-imashe-nasilstvo-no-ne-i-zagrozuvanje-na-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-so-zavrshni-zborovi-na-27-april-imashe-nasilstvo-no-ne-i-zagrozuvanje-na-bezbednosta/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=532751

Судот го одби барањето на одбраната за враќање на судењето за организаторите на 27 април во главна расправа. Ваквото барање следува откако во завршните зборови на обвинителката Вилма Русковска беше изменет диспозитивот на обвинението. Според судијата Илија Трпков, кој претседава со Кривичниот совет, обвинетите и нивните бранители досега имале можност да ги оспорат доказите, воедно обвинението ниту е проширено, ниту пак е променета квалификацијата на делото. По ваквата одлука на Советот, судењето продолжи со завршните зборови на одбраната, а адвокатот Еленко Миланов, кој е застапник на повеќето обвинети, истакна дека ниту еден од нив, односно Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, Владимир Атанасовски, не го сториле делото „терористичко загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата“. Тој истакна дека обвинението не може да се потврди. – Обвинителство сака да ве убеди дека бил загрозен уставниот поредок, но ајде сега да се вратиме пред инкриминираниот дел од обвинението, односно почетокот на 2017 година па заклучно со 27 април. Уставниот поредок во тој период е парламентарна демократија и уставниот поредок после 27 април е исто така парламентарна демократија. Истата оваа одредба ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок , а како дејствие се наведуваат предизвикување или закана со експлозија, пожар или друго опасно дејствие, а ништо таквво не се ни става на товар на било кој од обвинетите во оваа постапка. Тоа што треба да се стави на товар е акт на насилство, рече Миланов во завршните зборови. Претходно, пак,во своите завршни зборови обвинителката Вилма Русковска, кажа дека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април”, имал задача по секоја цена да спречи избор на нов претседател на Собранието на 27 април 2017 година. – Улогата на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски била да ги организираат протестите „За заедничка Македонија”, додека улогата на обвинетите Владимир Атанасовски, била да укаже поддршка со акти на насилство и да се спречи изборот на претседател на Собранието, рече обвинителката Русковска. Дел од организаторите на „крвавиот четврток“ според Обвинителството е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој според завршните зборови на Русковска, ги повикал граѓаните преку јавно обраќање „народот да не седи во папучи, да ја земе судбината во нејзини раце”. Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година. Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-so-zavrshni-zborovi-na-27-april-imashe-nasilstvo-no-ne-i-zagrozuvanje-na-bezbednosta/feed/ 0
Мицкоски за осудените од 27-ми април: Не барам милост и амнестија, барам правда за осудените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-osudenite-od-27-mi-april-ne-baram-milost-i-amnestija-baram-pravda-za-osudenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-osudenite-od-27-mi-april-ne-baram-milost-i-amnestija-baram-pravda-za-osudenite/#respond Fri, 21 May 2021 08:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=513161

- Јас ниту пред средбата, ниту на средбата, а ниту сега, не барам милост и амнестија, туку правда, исто како што имаше за случајот „Сопот“ или за „Монструм“. Доколку има нови докази, да има ново судење и обвинетите да докажат дека за она што се судени, нема докази. Меѓу обвинетите има полициско лице што е школувано да го брани уставниот поредок од своите средношколски денови, па сѐ до моментот кога е осуден и сега е во затвор. Ова лице кога почна судењето е ставено во куќен притвор. Обвинителството се жали и судот прифаќа притвор, без притоа да му даде можност на бранителот да објасни и да се жали. За овој процес му се нарушени човековите права и постои жалба пред ЕСЧП во Стразбур, која е прифатена, што значи дека има индиции дека му се повредени правата. И најверојатно, пресудата што ќе биде досудена, ќе биде во насока на тоа дека му се нарушени човековите права“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“. Мицкоски додаде дека истата таа Русковска, во едно друго интервју околу 27-ми април кажа дека се случила амнестија во Парламентот за други лица што беа осомничени, а некои и обвинети, а потоа беа ослободени со политички договор. Сега таа се премислува и вика тие беа ослободени заради повисока цели. Ако мисли за да гласаат за уставни измени, тоа е нешто друго. Таа нема кредибилитет. - Јас не сум ниту судија, ниту обвинител. Ама, ако обвинителката љуби да биде медиумска ѕвезда и да ги брани своите ставови, кои се неодбранливи, треба да биде свесна дека ќе наиде на реакции во јавноста. Не мора да сум јас, може да бидат социјалните медиуми. Сепак, не може ниту прагот на толеранција на политичарот да биде бесконечен. Таа нема морално право да ме критикува. Се сеќавам ми пишуваше и пораки, ќе ме викнела, ќе ме сослушала. Еве по минаа две години за еден друг случај, ниту ме викна, ниту ме сослуша. Значи брутално ја лажеше македонската јавност и има проблем со моралниот интегритет. Но, таа си знае на што мислам и нема да ја коментирам повеќе, истакна Мицкоски. Мицкоски посочи дека моменталната состојба е што поминаа три месеци од второстепената пресуда, а таа не им е дадена на обвинетите да ја обжалат и да побараат вонреден правен лек пред Врховниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-osudenite-od-27-mi-april-ne-baram-milost-i-amnestija-baram-pravda-za-osudenite/feed/ 0
„Трас-трас“ судство и за 27-ми април: Зошто Рускоска и Кацарска му веруваат на Нинџа, а не на сведоци, вештаци и факти? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvo-i-za-27-mi-april-zoshto-ruskoska-i-kacarska-mu-veruvaat-na-nindza-a-ne-na-svedoci-veshtaci-i-fakti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvo-i-za-27-mi-april-zoshto-ruskoska-i-kacarska-mu-veruvaat-na-nindza-a-ne-na-svedoci-veshtaci-i-fakti/#respond Thu, 24 Dec 2020 12:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=447712

Јавноста која ги следи случувањата во македонското правосудство во последните години, особено после најновите информации кои произлегоа од процесот за т.н. организирање на настаните на 27-ми април, логично е да се запраша: „каква е врската помеѓу еден криминалец со илјадници страници дебело досие и историјат на лажни сведочења, една судијка и една обвинителка?“ Одговорот е едноставен: сите тројца „ќариле“ после судските процеси за 27-ми април и казните од 211 години затвор за измисленото дело „тероризам“ - Рускоска стана шеф на обвинителството, Кацарска уставен судија, а Нинџа доби казна под минималната, поради своето „напорно сведочење“ со кое се чини имаше единствена цел да ги пополни дупките во обвинителниот акт на Рускоска и да и овозможи на Кацарска да ја донесе однапред одлучената пресуда. „Професијата“ на Нинџа не е непозната и секој кој ја следи темата правосудство знае за каков калибар на криминалец се работи. Но, она што беше непознато до неодамна е вештачењето кое го изврши Проф. Д-р Мирослав Котевски кое го урна темелот и на обвинителниот акт во двата случаи за 27-ми април - односно со тоа и пресудата во првиот случај изречена во огромен дел врз основ на кажаното во суд од страна на Александар Василевски Нинџа. ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ ЗА ИСТ НАСТАН, НО СЕПАК ЈА ИМА ДОВЕРБАТА ОД РУСКОСКА И КАЦАРСКА Вештачењето кое го негира она што Нинџа го тврди, дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред немилите настани, беше отфрлено од Рускоска, а таа отиде и чекор подалеку: лажеше пред камери дека Нинџа ги исклучил телефоните после 16 (едниот телефон) / 18 часот (другиот телефон), па поради тоа не можел да биде регистриран од базните станици дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, доказите за 27-ми април го докажуваат спротивното: мобилните телефони на Нинџа биле активни во целиот период по 16/18 часот, спротивно на она што го тврдат само Рускоска и Нинџа. Сето ова постои како податок добиен од мобилните оператори во вештачењето кое Рускоска го оспорува, иако на очиглед на јавноста тоа го прави на штета на можноста да се дознае вистината. Неверојатно, но вистинито - за Рускоска е единствено валиден исказот (односно четирите различни искази) на Александар Василевски Нинџа, а не вештачењето на Проф. Д-р Котевски. На сличен став за време на судењето беше и судијката Добрила Кацарска. Таа голем дел од пресудата со која „додели“ 211 години затворска казна (од кои „само“ 8 за Нинџа, 2 години помалку од минималната казна) го темели токму на една од верзиите за настаните која Нинџа ја раскажа во судницата. Истата беше оспорувана, негирана и прогласена за лага од страна на сите споменати во неа, но тоа не и пречеше на Кацарска да ја земе како релевантна. Дотолку повеќе, што за Кацарска изјавата на Нинџа вредеше повеќе од сведочења на луѓе под заклетва кои говореа сосема спротивни нешта од оние кои Нинџа ги „везеше“ во судницата. Па, имајќи ги предвид овие факти, се поставува прашањето што (или кој) е она што ги тера Кацарска и Рускоска да се држат за различните верзии и очигледни лаги на Нинџа „како пијан за плот“? УНАПРЕДУВАЊАТА КАКО БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОФИТ НА СДСМ? Вилма Рускоска стана шефица на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во периодот откако го напиша обвинителниот акт за т.н. терористичко загрозување на Уставниот поредок „по рецепт“ на Петре Шилегов, кој 2 дена по немилите настани ја истакна токму оваа квалификација како „препорака“ до правосудните органи. Односно, партискиот суд на СДСМ стана обвинител (а подоцна и осудител) во настаните од 27-ми април. Ова небулозно обвинение не наиде на поддршка од никого, освен од исказот токму на Василевски Нинџа, кој во судницата како да имаше задача да ги пополнува дупките и небулозните тврдења на Рускоска. Ова сведочење на Нинџа и користеше и на судијката Кацарска, која цитирајќи го него, а не сведоци под заклетва, ја испиша срамната пресуда од 211 години затвор. Токму за Добрила Кацарска се шпекулираше дека за извршената „задача“ на судењето, кое резултираше меѓу другото и со три гласа за промена на името од амнестирани пратеници, ќе добие унапредување во некој повисок суд. Се спомнуваа различни комбинации, но на крај за Кацарска дојде најголемата награда - владеачкото мнозинство на СДСМ ја избра за Уставен судија, со што стана првиот Уставен судија кому претходно, токму во случајот за 27-ми април, Уставниот суд и укинал казни кои ги додели на адвокатите на обвинетите, поради неуставо постапување. КОЈ Е ЧЕТВРТИОТ „МУСКЕТАР“ КОЈ ИМА МОЌ ДА НАРЕДУВА ВАКВИ ОДЛУКИ? И на ова прашање одговорот не треба да се бара и мозга премногу. Се работи за човекот кој во тајно снимени разговори се фали дека може да издејствува „трас-трас“ одлуки во правосудството, Зоран Заев. Начинот на дејствување на обвинителството и судовите во последните години, во огромен дел јавноста го препозна како дејствување во полза и корист на СДСМ и владеачката коалиција. Аферите за криминал и корупција за функционерите на СДСМ не се истражуваат или се забошотуваат, но затоа политичките противници на СДСМ се редовно и жестоко тормозени по судовите, кривичните пријави станаа „добро утро“ за сите противници на власта, а сето тоа се прави под будното око на човекот кој во време кога беше обвинет за поткуп, се самоназначи за раководител на реформите во правосудството. Од реформи немаше ни Р, но затоа за Заев имаше преквалификација на делото со која се оневозможи видео снимката со ПИМ мерки како Заев бара поткуп, да биде доказ според кој судот ќе одлучува. Конечно, Заев беше ослободен, а за да се прикаже лажна борба за правда, политичките противници на Заев и СДСМ откако ќе беа медиумски жигосани, беа спектакуларно, редовно и брутално притворани, па судени. ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО Но, некои факти не може да останат сокриени, колку и да се трудат тоа да го прават владините медиумски и судски перјаници. Па така, целата држава неодамна дозна од стручно вештачење на овластено лице, патем доктор на науки и професор, дека изјавата на Нинџа на која е темелена пресудата во првиот и цел втор случај за т.н. организирање на 27-ми април, е неточна ако се анализираат податоците од базните станици меѓу кои се движел Нинџа (со своите два телефони). На потег се повторно судовите, овојпат Апелациониот пред кој се наоѓа одлуката на Кацарска (211 години затвор) за т.н. терористичко загрозување на уставниот поредок, како и Кривичниот суд пред кој се води предметот за т.н. организирање на настаните. На секое објективно око му е јасно дека и без извештајот на вештакот кој го негира тврдењето на Нинџа, човек кој дал четири различни верзии за еден настан, има илјадници страници досие и историјат на лажни сведочења, не може и не смее да биде крунски и единствен сведок на очајните владини полтрони во правосудството. А самиот извештај на вештакот кој ја негира лагата на Нинџа ќе помогне кон расветлување на овие настани и вистинска правда, особено за луѓето кои се неправедно затворени во политички конструираниот случај како овој за 27-ми април. И тоа ќе мора да се случи, порано или подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvo-i-za-27-mi-april-zoshto-ruskoska-i-kacarska-mu-veruvaat-na-nindza-a-ne-na-svedoci-veshtaci-i-fakti/feed/ 0