случај онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 10:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на АНБ денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/#respond Wed, 23 Nov 2022 10:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=765303

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово рече дека Димовски ќе информира за сите детали како е издадено државјанството на Укранинецот Олександер Онишченко, односно како се обезбедени позитивните мислења. – Понатаму од тоа не можам да коментирам, со оглед на тоа дека од затворени седници на Влада не може да се даваат информации, бидејќи тоа е тешко казниво дело, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за нова инвестиција на германската компанија Киел во ТИРЗ Тетово. Ковачевски, исто така, не одговори и дали средбата со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедност и контраразузнавање била за случајот „Онишченко“. – Не можам да кажам детали за разговорот со помошникот генерален секретар на НАТО за безбедност, изјави кусо Ковачевски. Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0