случај планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Aug 2021 13:16:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вкупно 24 години затвор за групата од Грчец, ги прифатија обвиненијата за случајот „Планина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-24-godini-zatvor-za-grupata-od-grchec-gi-prifatija-obvinenijata-za-sluchajot-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-24-godini-zatvor-za-grupata-od-grchec-gi-prifatija-obvinenijata-za-sluchajot-planina/#respond Mon, 09 Aug 2021 13:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=548399

По спогодбите со седуммината припадници на т.н. група од Гази Баба осомничени во предметот „Планина“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог-спогодби со уште седум лица од групата во Грчец, соопштија од ОЈО Скопје. Откако биле запознаени со доказите што обвинителството ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, како што велат од обвинителство, обвинетите го признале извршувањето на кривичното дело за кое се товарат. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ги прифати Предлог – спогодбите и лицата ги огласи за виновни за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – На осомничениот С.С.(34) осудуван за други кривични дела во траење од пет години, на осомничените Б.Љ.(39) и Ф.Љ. (33) осудувани за други кривични дела во траење од по три години и шест месеци и на осомничените И.А. (19), С.Е. (21), Е.И. (24) и Ќ.Љ. (29) досега неосудувани во траење од по три години. Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор, соопштија од скопското обвинителство. Во периодот од месец март 2020 година до месец март 2021 година осомничените И.М. и Б.Љ. кои се недостапни на органите на прогонот, како и други НН лица, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики и други слични околности неовластено купувале наркотична дрога – кокаин, хероин и марихуана и истата ја криеле на безбедни локации во с.Грчец. Заради неовластена продажба организирале мрежа на препродавачи и посредници во која биле опфатени и останатите осудени и осомничени лица. Тие имале задача да воспоставуваат контакти со заинтересирани купувачи од Тетово, Гостивар, Скопје, Струмица и други градови. Откако ќе ја договореле цената, количината и видот на наркотичната дрога, ги известувале И.М. и Б.Љ. кои им ја давале измерена и спакувана нарачката. Препродавачите добивале процент од постигнатата цена која се движела од 4-5000,00 денари по грам за кокаин и од 12-15.000, 00 денари за 100 грама марихуана. Согласно член 215 став 6 од Кривичниот законик, во корист на Македонија, како предмети што се употребени за извршување и што потекнуваат од кривичното дело, се одземени: едно ПМВ марка АУДИ 3, 17 мобилни телефони, 32 држачи за СИМ картички, 13 СИМ картички, едно пакување бела непозната материја, 6 мали полиетиленски пакувања со наркотична дрога -кокаин, 5 капсули бела боја и еден куршум. Обвинетите што се спогодија со обвинителството се упатени на издржување на изречената казна, а за останатите истражната постапка е во тек.​  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-24-godini-zatvor-za-grupata-od-grchec-gi-prifatija-obvinenijata-za-sluchajot-planina/feed/ 0
Распишана меѓународна потерница за недостапните во акцијата „Планина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishana-megjunarodna-poternica-za-nedostapnite-vo-akcijata-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishana-megjunarodna-poternica-za-nedostapnite-vo-akcijata-planina/#respond Tue, 30 Mar 2021 10:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=489640

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет продолжува со истрагата поврзана со предметот Планина. Во рамки на дејствијата кои се преземаат се утврдуваат факти во предметот. Во моментов, во интерес на постапката е да не се споделуваат детали со јавноста. Кога ќе се создадат услови, обвинителството ќе извести за сознанијата и за преземените дејствија за натамошниот тек на кривичната постапка. Воедно , Ве известуваме дека за сите осомничени кои не беа пронајдени при акцијата и кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, распишана е меѓународна потерница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishana-megjunarodna-poternica-za-nedostapnite-vo-akcijata-planina/feed/ 0