случај поткуп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Feb 2020 10:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај поткуп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Република: Зошто за обвинителство е поважно кој ја пуштил снимката за „Поткуп“, отколку од ослободителната пресуда за Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zoshto-za-obvinitelstvo-e-povazno-koj-ja-pushtil-snimkata-za-potkup-otkolku-od-osloboditelnata-presuda-za-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zoshto-za-obvinitelstvo-e-povazno-koj-ja-pushtil-snimkata-za-potkup-otkolku-od-osloboditelnata-presuda-za-zaev/#respond Fri, 07 Feb 2020 10:26:59 +0000 https://kurir.mk/?p=300585

Четворица припадници на Министерството за внатрешни работи вчера беа повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постака, која е во тек. Според најавите од Обвинителство денеска ќе има повеќе официјални детали, но неофицијално, полицајците биле повикани да дадат исказ под сомнение дека одавале тајни податоци, прибавени од посебни истражни мерки, а во врска со случајот „Поткуп“, пишува Република. Целата снимка од овој случај беше обелоденета на 15 јануари од страна на новинарот Зоран Божиновски. Но, и до сега, ОЈО не презема никакви чекори, па оттука и прашањето зошто му е поважно да открие кој допринел снимката да протече во јавноста отколку самата содржина? Зашто, ако внимателно се слуша, може да се дојде до заклучок дека исклучувањето на јавноста од судницата не било ни малку наивно, ни случајно, анализира порталот „Лидер“, додавајќи дека ова оттаму што Зоран Заев беше ослободен од обвинението за поткуп иако на снимката нема никакви олеснителни околности врз основа на кои таа може да се оправда. Зошто обвинителството не се позанимава со обвинителот, кој бил надлежен за случајот „Поткуп“, но и со судијата, кој донел ослободителна пресуда? Дали со ваквата постапка тоа само ја потврдува автентичноста на снимката? До ден денес Зоран Заев ниту ја потврди, ниту ја демантира снимката, ниту, пак, се изјасни околу тоа дали таа била сечене, лепена, монтирана…Во текот на судскиот процес, пак, Заев во една прилика изјави дека целта на снимката била за него да се создаде грда слика во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zoshto-za-obvinitelstvo-e-povazno-koj-ja-pushtil-snimkata-za-potkup-otkolku-od-osloboditelnata-presuda-za-zaev/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудствотое на колена, судиите се во грч и работат под политички притисок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravosudstvotoe-na-kolena-sudiite-se-vo-grch-i-rabotat-pod-politichki-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravosudstvotoe-na-kolena-sudiite-se-vo-grch-i-rabotat-pod-politichki-pritisok/#respond Fri, 18 May 2018 07:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=55512

Правосудството во Република Македонија е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, споредбата како се водат случаите Поткуп и Тенк е најдобар доказ дека не постои правда, туку само политички нарачан прогон. -Случајот Поткуп каде што првообвинет е Зоран Заев, кого цела јавност го виде дека од позиција на градоначалник бара едно евро за себе и едно евро за црквата, чека правна разрешница цели пет години. Обвинението е поднесено уште во 2013 година. Случајот Тенк кој што се базира на незаконски стекнати прислушкувани разговори и претпоставка дека Никола Груевски влијаел врз Јанкулоска да го поттикне Поповски да набавел блиндирано возило, е започнат четири години подоцна. Рочиштата во случајот Поткуп се одложуваа десетици пати и се развлекуваа со месеци и години, а за Тенк се закажуваа експресно и траат дури и по 12 часа, се вели во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во случајот Поткуп сведокот го потврди кривичното дело и барањето поткуп. Потенцираат дека тој Кажа оти Заев му барал едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата. -Во случајот Тенк беа повикани околу 40 лица. 15 сведоци на СЈО и уште 20-тина на одбраната. Сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт. Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат безбедноснитр потреби. Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, а судиите судат според желба а не според докази и факти. Заеднички за двата спора е што завршуваат во исто време. Во неколку дена треба да биде изречена и пресудата за Зоран Заев и пресудата за случајот Тенк. Заеднички за двата предмети е што сите ги знаат однапред пресудите, а истите ги најави и самиот Заев. Медиумите веќе пишуваа и за наградата што треба да ја добие судијата Добрила Кацарска за одработената задача, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека тоа е разликата меѓу судството кое работело во „режим“ и ослободеното судство откако доjде живот. -Криминалниот картел е недопирлив, а сите неистомисленици се потенцијални политички жртви. Оваа неправда мора да престане. Сите судски одлуки донесени врз притисок еден ден ќе бидат преиспитани, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravosudstvotoe-na-kolena-sudiite-se-vo-grch-i-rabotat-pod-politichki-pritisok/feed/ 0
Стоилковски: Предметите Тенк и Поткуп се најдобар доказ дека судството работи под политички притисок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-predmetite-tenk-i-potkup-se-najdobar-dokaz-deka-sudstvoto-raboti-pod-politichki-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-predmetite-tenk-i-potkup-se-najdobar-dokaz-deka-sudstvoto-raboti-pod-politichki-pritisok/#respond Thu, 17 May 2018 12:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=55259

Правната држава е мисловна именка во Република Македонија. Правдата не постои во Македонија. Судството е целосно ставено во функција на политичка пресметка со неистомисленици. Сите процесите се водат врз политички факти. Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковскил. Тој направи споредба на судските процеси Тенк и Поткуп. - Случајот Поткуп стартува уште во 2013. година кога заради сомневање за коруптивни кривични дела се бара дозвола од надлежните органи, преку посебни истражни мерки и е документирано „барање поткуп“ од Зоран Заев, тогашен градоначалник на Струмица. Целата јавност потоа можеше да го види како бара едно евро за себе, што требало да биде платено кај Вице и едно евро за црквата, по метар квадратен и тоа за приватизација на државно земјиште. Станува збор за стотици илјади евра, рече Стоилковски. Според него, случајот Тенк почнува четири години подоцна, во јануари 2017. година и е почнат врз основа на незаконски стекнати, прислушувани разговори чија автентичност никогаш не е потврдена, бидејќи  како што рече, не постои оригинал кој што би се вештачел. - Случајот Тенк во кој се обвинети Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски се базира исклучиво врз претпоставка дека Никола Груевски ги поттикнал Јанкулоска и Поповски да набавеле блиндирано возило за да може тој да се вози во него. Противправна имотна корист не остварил никој, штета на државата не е направена бидејќи мерцедесот што е набавен се уште е во сопственост на Владата и во него се возат високи функционери од актуелниот картел на власт, посочи Стоилковски. Во однос на обвинителниот акт, вели дека тој за случајот Поткуп од страна на, како што рече, партиското обвинителство за кое СДСМ обвинуваше оти е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено во јуни 2015 година. -Повеќе од две години откако е поднесена кривична пријава и отворена истрага. На крајот Јавниот обвинител го преквалификуваше обвинението само за да се изземе снимката добиена законски со посебни истражни мерки и сега ги убедуваат граѓаните дека не го виделе тоа што го виделе и не го слушнале Заев како бара поткуп. Обвинителниот акт за случајот Тенк е поднесен шест месеци по отворањето на истрагата, односно во јуни 2017 година, спореди Стоилковски. Вели дека првото рочиште за случајот Поткуп е закажно во јануари 2016 година, шест месеци по обвинителниот акт и веданш потоа одложено за март, додека ричиштата за предметот Тенк се закажуваат експресно. -Пред да биде закажано првото рочиште претходеа изјави од Зоран Заев во кои што јавно го понижуваше судот. Велеше дека не го признава и дека нема намера да се пријавува редовно, односно да ја почитува определената мерка. Следуваат најмалку 12 одложени рочишта.  Прво Заев беше на службен пат, па адвокатите му патуваа, па Заев беше во Тирана, па во Сараево, па потоа на познатата средба со „Италијанскиот Амбасадор“. Во април 2017 година судењето беше одложено за во мај, а откако Заев од лидер на опозиција стана премиер, судењето се одлагаше и заради отсуство на судијката. Потоа следеше одложување заради посети во странство, па немање услови за прегледување на легално снимениот момент на барање пари. Рочиштата во Поткуп траат кратко и судот не си го пречекорува работното време. Рочиштата за предметот ТЕНК се закажуваат експресно. За правата на одбраната соодветно да не може да се подготви. Судијката Добрила Кацарска закажува и по четири рочишта неделно. Рочиштата траат од утро до мрак дури и по 12 часа. Не се водеше сметка ниту за барања за изземање, ниту за суштински приговори. Следуваа закани за стражарни приведувања дури и ако се доставаа уредни лекарски уверенија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на завршните зборови за двата случаи, Стоилковски вели дека завршните зборови за случајот Поткуп се одржаа на 15. мај, а за Тенк денеска, на 17. мај. Појаснува дека траењето на целата постапка во првиот случај, Поткуп е цели три години, додека Тенк за една година. -Да не заборавиме дека случајот Поткуп е многу поедноставен, со еден обвинет, за разлика од тројца обвинети во случајот Тенк. Случајот Поткуп е со една снимка која е законски прибавена со посебни истражни мерки, а случајот Тенк со повеќе снимки кои се незаконски прибавени. Случајот Поткуп е со еден сведок, а во случајот Тенк мораа да бидат сослушани 40-тина сведоци. Тоа што говореа сведоците во случаите е посебна споредба, вели Стоилковски. Појаснува дека во случајот Поткуп имаше само еден сведок кој го потврди кривичното дело на Заев, додека во случајот Тенк повикани беа околу 40 лица, 15 сведоци на СЈП и уште 20-тина на одбраната. Столковски вели дека сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт. -Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат законските безбедносни потреби. Сведочеа дека мора да се набави ново возило. Сведочеа дека постапката е целосно согласно закон. Сведочеа дека МВР дури не морало да распише тендер. Сведочеа дека не е фаворизирана ниту една компанија бидејќи било кој импортер можел да понуди возило соодветно на барањата. Сведочеа дека немало контакти меѓу МВР и компанијата што го добила тендерот. Сведочеа дека не била побарана нереална маржа и дека практично, никој не остварил некаква противправна корист, ниту е направена некаква штета, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.   Стоилковски посочи дека двата процеси влегуваат во финиш, иако едниот е почнат три години порано. Според него, за Поткуп СДСМ врискал дека е воден во време за режим, но молчи за Тенк. -Во првиот Јавниот обвинител го преквалификуваше обвинението само за да се изземе снимката добиена законски начин со посебна истражна мерка и сега ги убедуваат граѓаните дека не го виделе тоа што го виделе и не го слушнале Заев тоа што го бара. Во вториот се игнорира Европската конвенција за човекови права и одлуките на Европскиот суд за човекови права. Не верувам дека некој би прифатил да се обложува како ќе завршат овие два судски процеси. Сите се сомневаат на однапред договорен натпревар во кој секој ќе го добие тоа што не го заслужува. Но, постои голема можност, единствен добитник да биде судијката Добрила Кацарска, која фигурира и во двата предмети, со тоа што ќе го добие местото за кое конкурираше, а тоа е  Претседателка на Апелациониот суд. Тоа што се случува сега во судот е неправда која што мора да прекине, рече Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-predmetite-tenk-i-potkup-se-najdobar-dokaz-deka-sudstvoto-raboti-pod-politichki-pritisok/feed/ 0
„Сведок“: Судијката Кацарска и обвинителката Бислимовска нови „адвокатки“ на Заев во случајот „Поткуп“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-sudijkata-kacarska-i-obvinitelkata-bislimovska-novi-advokatki-na-zaev-vo-sluchajot-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-sudijkata-kacarska-i-obvinitelkata-bislimovska-novi-advokatki-na-zaev-vo-sluchajot-potkup/#respond Mon, 07 May 2018 16:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=51157

Зоран Заев слободно може да ги отпушти неговите адвокати кои го бранат во „Поткуп“, бидејќи денеска доби две нови „адвокатки“, судијката Добрила Кацарска и обвинителката Валентина Бислимовска, кои од петни жили се трудеа да го одбранат Заев, што предизвика низа реакции кај новинарите и публиката во салата, која го следеше судењето против Заев, пишува порталот Сведок. Посебно „инспиративни“ беа двете вкрстени прашања на обвинителката, која праша: Дали од некој, било од кого имало ПОПЛАКА за работата на Зоран Заев како градоначалник на Струмица и дали имало некаква, нечија одлука, било чија дека тој работел незаконски? На ваквото прашање почна да реагира Кацарска, па откако Заев одговори дека од него се жалеле Груевски, Мијалков, Јанакиески кои му поднеле обвинение за „Глобал“, се вклучи Кацарска и објасни дека обвинителката не мислела на тоа, туку дали некој граѓанин некогаш воопшто се пожалил на неговата работа, а не дали имало постапки и побара да ббиде појасна во поставувањето прашања.

Нормално, одговорот беше „не“. Бислимоска се истакна со уште едно вакво јако вкрстено прашање, по што продолжи Кацарска, која е втор судија во случајов да ги разјаснува дилемите, како на пример: дали снимката објавена на Јутуб како Заев бара поткуп е идентична на таа што ја гледале во судница? Заев рече дека не е идентична, бидејќи била извадена од контекст, па така, таму каде што се зборувало за „едно евро за Вицето“ всушност се зборувало „за цементо и градежни материијали“ за црквата. Целиот текст можете да го прочитате на сајтот Сведок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-sudijkata-kacarska-i-obvinitelkata-bislimovska-novi-advokatki-na-zaev-vo-sluchajot-potkup/feed/ 0
„Поткуп“ продолжува на 7 мај, во судот пуштена целата снимка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkup-prodolzuva-na-7-maj-vo-sudot-pushtena-celata-snimka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkup-prodolzuva-na-7-maj-vo-sudot-pushtena-celata-snimka/#respond Mon, 30 Apr 2018 10:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=47877

На денешното рочиште во Кривичниот суд без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп. Ново рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ е закажано за 7 мај кога исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната. Заев по денешното судење кажа дека ја почитува одлуката на Судот да биде исклучена јавноста при презентирањето на видео снимка, посочувајќи дека тоа би претставувало кршење на Законот за класифицирани информации. - Денеска имав прилика да ги видам снимките со кои се докажува токму тоа што го тврдевме. Со целосното гледање на снимките се гледаат двата намерни прекина и би кажал зла намера да се оцрне моето лице. Кога се зборува за парите се зборува за железо, за цемент, за тули, рече Заев. Тој додаде дека му е драго што со овие комплетни докази и сведочењата пред Судот ќе се докаже дека апсолутно станува збор за монтиран случај и оти ќе следува ослободителна пресуда. На почетокот на денешното судење беше прочитана одлуката на Апелацискиот суд Скопје, јавноста да биде исклучена од рочиштето на кое ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот Зоран Заев се товари за поткуп. На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според Заев, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот. Судот претходно одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителството реагираше на оваа одлука и поднесе жалба до Апелацискиот суд затоа што снимката е прибавена преку посебни истражни мерки и како таква подлежи на класификација. Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potkup-prodolzuva-na-7-maj-vo-sudot-pushtena-celata-snimka/feed/ 0
Снимката за „Поткуп“ се гледа без присуство на јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snimkata-za-potkup-se-gleda-bez-prisustvo-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snimkata-za-potkup-se-gleda-bez-prisustvo-na-javnosta/#respond Mon, 30 Apr 2018 09:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=47842

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Поткуп“ затворено за јавноста. На почетокот на судењето беше прочитана одлуката на Апелацискиот суд Скопје, јавноста да биде исклучена од рочиштето на кое ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот Зоран Заев се товари за поткуп. На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според Заев, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот. Судот претходно одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителството реагираше на оваа одлука и поднесе жалба до Апелацискиот суд затоа што снимката е прибавена преку посебни истражни мерки и како таква подлежи на класификација. Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snimkata-za-potkup-se-gleda-bez-prisustvo-na-javnosta/feed/ 0
Целосната снимка за „Поткуп“ денеска нема да се слуша во судот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celosnata-snimka-za-potkup-deneska-nema-da-se-slusha-vo-sudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celosnata-snimka-za-potkup-deneska-nema-da-se-slusha-vo-sudot/#respond Mon, 26 Mar 2018 09:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=33083

Целосната снимка за „Поткуп“ нема да биде пуштена на денешното рочиште, одлучи Кривичниот суд по барање на Основното јавно обвинителство. Причина за ова барање е затоа што станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот. Одбраната прво побара таа да ја слушне снимката за да може подготвена да го испрашува сведокот, но барањето беше повлечено откако вториот адвокат на обвинетиот Зоран Заев кажа дека тој веќе ја имал слушнато целосната снимка. На денешното рочиште присутен е и сведокот Иван Николов Сачевалиев, бизнисмен од Струмица, кому според обвинителниот акт Заев му побарал поткуп. Сведокот Сачевалиев пред судот изјави дека на 8 ноември 2013 година, на Митроведен, телефонски бил повикан од Заев во неговиот градоначалнички кабинет во Струмица. Кога пристигнал Заев му кажал дека го викнал за да му соопшти дека земјиштето за кое бил заинтересиран може да го купи по цена од 70 денари за метар, но под услов да даде уште по три евра - по едно евро за него, за црквата и за СДСМ. Тој му одговорил дека тоа се многу пари и дека за купување на земјиштето имал подготвено 100.000 евра. Заев, наведе Сачевалиев, му покажал хартии на неговото биро за кои му кажал дека се од фирми со кои е завршена работата на истиот начин како што нему му било понудено. Откако случајот го пријавил во МВР, Сачевалиев, како што појасни, бил препратен во ОЈО, каде му била дадена опрема за прислушување, по што повторно отишол кај Заев. Во меѓувреме Заев му кажал дека ја намалил цената на две евра - за него и за црквата. Се договориле да се сретнат и Заев му кажал дека парите треба да му ги даде на неговиот брат Вице. Заев и неговите адвокати на минатото рочиште од Судот побараа да не се исклучува јавноста кога ќе се гледа снимката во судница, бидејќи само јавна презентација на целосната снимка ќе може да врати дел од изгубената чест и углед на премиерот. Како премиер и претседател на СДСМ, како што рече Заев, бара снимката да биде транспрентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој впечаток за тоа што се случувало и за што всушност се разговарало. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celosnata-snimka-za-potkup-deneska-nema-da-se-slusha-vo-sudot/feed/ 0
Почна рочиштето за „Поткуп“, треба да се прикаже целата снимка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-rochishteto-za-potkup-treba-da-se-prikaze-celata-snimka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-rochishteto-za-potkup-treba-da-se-prikaze-celata-snimka/#respond Mon, 26 Mar 2018 08:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=33053

Во Кривичниот суд почна рочиштето за „Поткуп“ на кое треба да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати снимката да биде пуштена на рочиште на кое ќе биде присутна и јавноста. На денешното рочиште присутен е и сведокот Иван Николов Сачевалиев, кому според обвинителниот акт Заев му побарал поткуп. Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено затоа што во Судот немаше техничка можност за презентација на ваква снимка. Заев и неговите адвокати побараа од Судот да не се исклучува јавноста кога ќе се гледа снимката во судница, бидејќи само јавна презентација на целосната снимка ќе може да врати дел од изгубената чест и углед на премиерот. Како премиер и претседател на СДСМ, како што рече Заев, бара снимката да биде транспрентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој впечаток за тоа што се случувало и за што всушност се разговарало. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-rochishteto-za-potkup-treba-da-se-prikaze-celata-snimka/feed/ 0
Судењето за „Поткуп“ повторно одложено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-potkup-povtorno-odlozeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-potkup-povtorno-odlozeno/#respond Mon, 19 Mar 2018 09:37:52 +0000 http://kurir.mk/?p=31045

Судењето за „Поткуп“ е одложено за 26 март, бидејќи денеска во Кривичниот суд немаше услови за гледање на снимката. Судот одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителите од СЈО се против ова барање. Обвинителката од СЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето. И Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што рече, да си поврати дел од изгубената чест. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. Сведокот Сачевалиев денеска требаше да даде исказ, но не е дојден на рочиштето. Тој не присуствуваше и на претходното рочиште на 6 март, бидејќи не бил уредно поканет. Заев на претходното рочиште, на 6 март, рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата. Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли Судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на „Јутуб“ да бидат прифатени како доказ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-potkup-povtorno-odlozeno/feed/ 0
Продолжува судењето за „Поткуп“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-potkup/#respond Mon, 19 Mar 2018 08:22:46 +0000 http://kurir.mk/?p=31027

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. Предвидено е исказ денеска да даде Николов Сачевалиев кој не присуствуваше на претходното рочиште на 6 март бидејќи не бил уредно поканет. Треба да бидат прегледани и доказите и ЦД-та. Заев на претходното рочиште на 6 март рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата. Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта. Обинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ. Инаку, Заев во случајот „Поткуп“ е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште. Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-potkup/feed/ 0