случај рекет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 12:22:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај рекет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: Семејството Заеви е главата на целиот рекетарски октопод, сите кои се вмешани да седнат во обвинителна клупа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/#respond Thu, 03 Feb 2022 12:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=626461

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на писмото и оние конверзации кои што беа објавени во текот на вчерашниот ден од обвинетиот и осуден во случајот „Рекет“ истакна дека после сите писма и конверзации кои што излегоа во јавноста, јасно е дека главата на целиот рекетарски октопод е Зоран Заев, а сите оние кои се вмешани треба да седнат во обвинителна клупа. - Уште при самото објавување и обелоденување на случајот рекет, ние неколку пати стотици пати можеби потенциравме дека главните виновници за целиот случај рекет, главните рекетари во Македонија не се седнати во обвинителна клупа, дека тоа не би можело да биде организирано и направено, да толку многу луѓе да бидат уценувани и рекетирани доколку конците не ги држеле на Илинденска без број односно во Владата. По сите оние писма кои што излегуваат во јавноста и кои што јавноста со загрозеност ги гледа, што се правела владата и функционерите од власта, после сите оние конверзации кои што успеа јавноста да ги прочита и види, јасно е дека главниот на целата рекетарски октопод е Зоран Заев. Сега веќе јасно гледаме дека тој е човекот кој што примал бизнисмени и понатаму што разговарале треба самиот да каже. Но не да и каже на јавноста, бидејќи јавноста има впечаток и знае, туку да им каже на обвинителството, да седне во обвинителна клупа и да каже пред судот затоа што таму му е местото за сето она што го прави, истакна Арсовски. Портпаролот Арсовски додаде и дека сето она кое што го правеле функционерите од СДСМ и Заев е да се здобијат само со личен бенефит. - Сите сведочења од бизнисмени, сведочењата од страна на обвинетите дека парите треба да се бараат во Струмица кај семејството Заеви, веќе излегуваат на виделина и се потврдуваат. Очигледно е дека спрегата помеѓу власта, бизнисмените и она кое што го правеле како власт СДСМ, Зоран Заев па и Љупчо Николовски било единствено со една намера а тоа е да се здобијат со личен бенефит. Ова е впечаток на јавноста но за жал и ова е реалноста дека ним власта единствено им служи за уцени закани и рекет, нагласи Арсовски. Арсовски истакна дека изминатите пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, и закани, а од тоа штета имаат граѓаните и затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне. - Секогаш кога ќе излезат такви наводи докази дека тие се вмешани во криминал или молчат и ги нема скриени се обидуваат да дефокусираат. За вмешаноста на Зоран Заев, Љупчо Николовски подоцна Ден Дончев и сите други поврзани со рекетирање во Македонија треба да седнат во обвинителна клупа. Изминативе пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, закани, а од тоа штета имаат граѓаните. Затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне на сите светски ранг листи за нормално функционирање на една држава, додаде Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/feed/ 0
Николоски: Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупција во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sluchajot-reket-se-pokaza-deka-samo-neboto-e-granica-za-korupcija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sluchajot-reket-se-pokaza-deka-samo-neboto-e-granica-za-korupcija-vo-makedonija/#respond Tue, 05 Jan 2021 10:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452108

Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на „Радио Лидер“ кажа дека со случајот „Рекет “ повеќе од јасно е дека целиот систем скапува од корупција и дека во државата корупција има од најниско до највисоко ниво. - Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупцијата во Македонија што силно ги руши темелите на државата од морални вредности и систем затоа што било кој службеник на шалтер си вели зошто на странката која што доаѓа да не и побарам 100 грама кафе кога може премиерот на државата да бара милиони и гледаме дека скапува целиот систем во Македонија од корупција. Корупција има од најниско до највисоко ниво и Македонија за жал скапува во корупција, истакна Николоски. Тој исто така потенцираше дека случајот „Рекет“ е јасна последица од огромниот пораст на корупцијата во земјата и додаде дека таквата состојба единствено може да се реши со јасна политичка волја односно дека криминалците мора да одговараат. -Директна последица на „Рекет“ е енормниот пораст на корупција на сите нивоа затоа што не само од страв туку се изгуби и секаква почит кон државата што секако мора да запре. Се знае како запира со јасна политичка волја, расчистување со корупција, криминалците треба да одговараат. појасни Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sluchajot-reket-se-pokaza-deka-samo-neboto-e-granica-za-korupcija-vo-makedonija/feed/ 0
Кичеец се уште не се пријавил во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-se-ushte-ne-se-prijavil-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-se-ushte-ne-se-prijavil-vo-zatvor/#respond Tue, 13 Oct 2020 09:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=415637

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, на издржување казна затвор од три години за случајот „Рекет“, информира за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ. Според упатиот акт од Основниот кривичен суд во Скопје, Зоран Милески требал сам да се пријави на издржување на казната до вчера, на 12 октомври 2020 година. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-se-ushte-ne-se-prijavil-vo-zatvor/feed/ 0
Мицкоски: Во случајот „Рекет“ не се опфатени главните нарачатели, не сме задоволни со постапката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-sluchajot-reket-ne-se-opfateni-glavnite-narachateli-ne-sme-zadovolni-so-postapkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-sluchajot-reket-ne-se-opfateni-glavnite-narachateli-ne-sme-zadovolni-so-postapkata/#respond Sun, 04 Oct 2020 10:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=412141

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио Слободна Европа зборуваше за случајот „Рекет“ и рече дека не е задоволен од целата постапка за случајот „Рекет“ затоа што главните нарачатели не биле опфатени. На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не ја објави папката со документите што е посочено на партиска прес конференција Мицкоски одговори: - Видете мислам дека два такви аудио материјали беа објавени во јавноста кои што во еден добиен материјал кој што беше во рамките на парламентот објавен од страна на еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ каде што практично Зоран Заев вели дека помагал телевизија на еден од сега веќе првостепено осуден, дека помагале во таа телевизија и дека целосно запознаен за тоа што работеле со еден бизнисмен итн. Имено Претседателот Мицкоски говореше и за аудио материјалот на Антонијо Милошоски каде рече дека тоа било дел од она кое не било опфатено во судската постапка и вториот дел кој бил во таа папка бил материјал на еден поранешен пратеник кој што го објави на прес конференција транспарентно, а тоа е како се носат трас-трас судски одлуки, и каде што повторно директно се рефлектира и случајот Рекет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-sluchajot-reket-ne-se-opfateni-glavnite-narachateli-ne-sme-zadovolni-so-postapkata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-go-sozdade-najgolemiot-kriminalen-oktopod-vo-regionot-i-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-go-sozdade-najgolemiot-kriminalen-oktopod-vo-regionot-i-evropa/#respond Tue, 28 Jul 2020 06:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=382358

Случајот Рекет најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-go-sozdade-najgolemiot-kriminalen-oktopod-vo-regionot-i-evropa/feed/ 0
Целото писмо од Боки 13 испратено од затвор: Држен сум по секоја цена во притвор, додека вистинските криминалци шерифуваат и командуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celoto-pismo-od-boki-13-isprateno-od-zatvor-drzen-sum-po-sekoja-cena-vo-pritvor-dodeka-vistinskite-kriminalci-sherifuvaat-i-komanduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celoto-pismo-od-boki-13-isprateno-od-zatvor-drzen-sum-po-sekoja-cena-vo-pritvor-dodeka-vistinskite-kriminalci-sherifuvaat-i-komanduvaat/#respond Fri, 10 Jul 2020 08:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=373068

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе Боки 13. Тој од затворската ќелија каде ја издржува казната за случајот „Рекет“ каде тој е првообвинет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева второобвинета, испрати писмо дека единствен начин да го спречат е да го убијат. Во рачно напишаното писмото кое вчера го прочита неговиот адвокат Сашо Дуковски, а до кое дојде „Република“ Боки 13 од Шутка потврдува дека кривичните пријави, некаде околу 40, ги поднесува против политичари од власта, носители на јавни функции, кои се дел од актуелната власт, луѓе од нивните семејства и блиски до нив, како и бизнисмени. Јовановски преку писмото не наведува за кои функционери станува збор. Тој потенцира дека не можат да го спречат во неговата борба со, како што ги нарекува, криминалците без разлика на дали ќе му се закануваат и уценуваат. Се пожали и дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои според неговите зборови знаеле дека ќе заработат кривични пријави. Но иако не ги посочи јавно имињата на јавните функционери, недвосмислено наведува дека стои зад секоја негова изјава во судот, како и зад онаа при читањето на пресудата, кога посочи парите од „Рекет“ да се бараат кај Зоран и Вице Заеви. Писмото на Јовановски во продолжение Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, стручна јавност, почитувани претставници на дипломатскиот кор во нашата држава. Преку ова соопштение сакам да ви соопштам неколку важни факти и околности, повикувајќи се на начелото на транспарентност и начелото на висок степен на јавен интерес. Поради степенот на јавен интерес и заложбата за вистинско владеење на правната држава, јас, Бојан Јовановски како подносител и пријавител на кривичните дела би сакал да ве информирам дека се работи за сторени кривични дела кои се сторени во изминатиов период и за истите кривични дела поседувам докази кои ги предавам пред надлежниот обвинител тука во ОЈО. Сакам да ве информиран дека овие пријави за сторените кривични дела ги давам со целосна недоверба кон целиот јавно обвинителски систем во нашата земја, и токму поради таа основана недоверба побарав мониторинг од страна на меѓународната заедница и пријателските земји на кој главна заложба и императивна заложба е вистинското владеење на правната држава, а не користење на маркетинг политички трикови дека завладеала правната држава во оваа земја, а вистината е дека нема ни – П, од правна држава, туку само еден дерогиран правосуден систем во директна спрега со извршната власт. За да се избегнат сите шпекулации. Јас со ова соопштение Ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис секторот, за неколку цивилни лица блиски до политичарите и носителите на јавни функции. Кривичните пријави се однесуваат на предметот „Рекет“, за сите неодговорени прашања за случајот „Рекет“ каде сум првостепено осуден. Кривични пријави поврзани со случајот кој е во судска постапка – „Меѓународен сојуз“, но и за сторени кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а јас сум бил директен сведок, а се многу сериозни кривични дела, и за кои кривични дела се истите сторители, носители на јавни функции заедно во соизвршителство со членови на нивните семејства и нивни блиски соработници и сопартијци.       Почитувани, со оглед на степенот на кривична одговорност, за моите кривични пријави, за сензитивноста и доверливоста на сите факти кои ги изнесувам пред надлежниот обвинител, уште еднаш апелирам активно влучување на независни меѓународни правни тимови. Поради фактот што уште во месец ноември 2019 побарав да бидам изведен пред Републичкиот Јавен Обвинител – Љубомир Јовевски, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет. Бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи лични квалификации за мене. Во тоа име, и во име на вистината ќе ве молам побарајте го писмото кое му го испратив на Г-дин Јовевски во месец ноември да ви го даде на увид и да ја видите целата содржина на тоа писмо, за да нема забуни дека јас сум решил да пријавувам откако ме осудиле првостепено. Не, тоа е невистина. Барав да бидам изведен пред него – Републички Јавен Обвинител, многу порано од првостепената пресуда донесена без докази, само од политички причини, политички желби, и мотиви на политички поединци кои се директно засегнати. Кривичните пријави се однесуваат на повеќе кривични дела опишани во кривичниот законик на Република Македонија, и тоа: Се работи за кривични дела: 1. Злоупотреба на службената положба и овластување, 2. Трговија со влијание, примање награда за противзаконско влијание, 3. Уцена, 4. Изнуда, 5. Измама, 6. Тортура, 7. Обид за убиство, 8. Шпионажа, 9. Повреда и кршење на Уставот на Република Македонија, 10. Противправно присвојување на предмети при претрес или во постапка на извршување, 11. Давање на лажен исказ, 12. Местење тендери , злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба и оштетување на Буџетот ( Кривични дела против јавните финансии ), 13. Противправно стекнување и прикривање имот, 14. Несовесно лекување, 15. Неукажување на лекарска помош, 16. Расна и друга дискриминација, 17. Изработување и набавка на оружје и средства за извршување на кривично дело, 18. Изборна измама, 19. чл. 215 – Неовластено производство на дрога, 20. Злосторничко здружување. Почитувани, јас ќе ги почитувам одредбите од ЗКП и поради тајноста на предистражната постапка нема да ги наведам имињата на сторителите на погореспоменатите кривични дела. Сакам одговорно да Ви соопштам дека под целосна одговорност стојам позади секој свој збор и стојам позади изговорената реченица при изрекување на пресудата на 18.06.2020 година и истата соодветно законски и институционално ќе ја докажам. Затоа уште еднаш апелирам до нашата независна стручна јавност, меѓународната заедница, независни правни експерти – домашни и странски, веднаш и без одложување да се приклучат во овој значаен период за владеење на правната држава, за која толку многу се зборува, а ништо досега не се направи. Со оглед на условите во кои се наоѓам, со оглед на притисоците и заканите и огромната количина на докази и сознанија кои во наредниов период ќе ги пријавувам во ОЈО и ќе ги пријавувам очекувам сериозен и професионален однос кон мене согласно закон и Уставно загарантирани права. Во однос на мојата сегашна позиција и пеналните притворски услови во кои се наоѓам, ќе нагласам дека од денешна перспектива е и повеќе од јасно зошто само јас сум држен по секоја цена во притвор, додека вистинските криминалци шерифуваат и командуваат. Апелирам до целата јавност, стручна, независна, меѓународната заедница со големо внимание да го следи процесуирањето на моите кривични пријави, бидејќи имам основано сомневање дека веќе пријавените лица се запознаени со моите пријави – со содржината и доказите, и дека ќе се обидат, како што и се обидуваат да ме спречат, да вршат притисок врз мене и моето семејство, но одговорно Ви тврдам дека нема да ме спречат што и да применат како методи за уцени и закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот. Односно доколку посегнат по мојот живот, но повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера и во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела. Со случајот „Рекет“ си игравме правна држава, но доста беше, таа фарса првостепено заврши, сега треба да дојде време на вистинско владеење на правната држава, каде поштедени нема да има и каде нема да се крие мојот телефон и да се спречува негово вештачење, сега се Ви е појасно, зошто мојот телефон не е вештачен и зошто тоа го спречуваа во судската постапка по секоја цена. Преку бранител и полномошник Сашо Дукоски, Своеволно, Своерачно, Со почит Бојан Јовановски.   Своевремено Заев беше човек кој го примаше Бојан Јовановски во неговиот кабнет, а не се забораваат ниту неговите пофални зборови за роденденот на 1ТВ. -Едно од добрите нешта кое што им се случи на нашиот народ и на нашата земја е 1ТВ. Со својата новина, шареноликост, разноликост која што зрачи, навистина ги збогатува содржините во сите наши домови. Дури и за нас политичарите знае и добро да мавне, а знае и да го испрезентира тоа што е добро за граѓаните и државата. Јас верувам дека ќе продолжи вака да му пркоси на тешкото време за медиумите пред се од финансиски аспект, знаејќи дека доаѓа подобро време, истакна Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celoto-pismo-od-boki-13-isprateno-od-zatvor-drzen-sum-po-sekoja-cena-vo-pritvor-dodeka-vistinskite-kriminalci-sherifuvaat-i-komanduvaat/feed/ 0
Дуковски: Го затворија Бојан Јовановски за да ги прикријат крупните ѕверки кои имале допир со парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/#respond Mon, 22 Jun 2020 20:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=361140

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно” гостуваше адвокатот Сашо Дуковски, кој зборуваше за случајот “Рекет” како и за тенденциозниот пристап од страна на судот врз случајот со Бојан Јовановски. Адвокатот Дуковски се осврна на пресудата која што му беше изречена на неговиот клиент Бојан Јовановски во времетраење од девет години, што според него е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Тој вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен. „Ништо не укажува на тоа дека Бојан Јовановски има било каква поврзаност со рекетот кој наводно го направил. Судот дефинитивно донесе одлука која ќе мора во иднина да се преиспита поради тоа што ваквиот начин на носење одлуки не доликува на една таква сериозна институција”, вели Дуковски. Тој додаде дека судот донесува одлуки политички и дека целата процедура укажувала на тоа дека сите страни во случајот единствено сакаат да го затворат Бојан Јовановски, а да спасат поголеми ѕверки кои незаконски имале допир со тие пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/feed/ 0
Детали од записникот на Боки 13: Поради страв за мојот живот инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/#respond Sat, 20 Jun 2020 12:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=360213

Бојан Јовановски, кој пред неколку дена беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд, на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник, пишува Фокус. Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше. Обвинителот Јовески во разговор за „Фокус“ потенцираше дека во притвор бил испратен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се сретнал со Јовановски, но тој не сакал да зборува со него. Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив. „Фокус“ дојде до записникот од средбата која се одржала во истражниот затвор „Скопје“, на 24 февруари. -Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал. Целиот текст може да го прочитате во ФОКУС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/feed/ 0
Ларис Гајзер за Ало.рс: Заев е во паника, Боки 13 ќе ги открие неговите мрачни тајни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laris-gajzer-za-alo-rs-zaev-e-vo-panika-boki-13-kje-gi-otkrie-negovite-mrachni-tajni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laris-gajzer-za-alo-rs-zaev-e-vo-panika-boki-13-kje-gi-otkrie-negovite-mrachni-tajni/#respond Sat, 20 Jun 2020 10:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=360152

Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика Ларис Гајзер го раздрма целиот Балкан кога ја откри аферата „Рекет“ низ серија текстови и снимки во весникот „Верита“, кои ги објави во август минатата година, пишува Ало.рс. Аферата доби епилог пред два дена кога Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се осудени на 9 односно седум години затвор по обвинението дека од ноември 2018 година до април 2019 земале 1,55 милиони евра од Јордан Камчен, еден од најбогатите Македонци, а за возврат да му ја „олеснат позицијата“ во предметот Империја на СЈО во кој беше првоосомничен. -Се надевам, како и веројатно голем дел од Македонците, дека оваа пресуда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на злосторничката пирамида беше политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем. Впрочем, дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафијашки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат, наведува Гајзер за „Ало“. На прашањето дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува и нови обвиненија, одговара: -Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај Трамп да освои втор мандат. Последните месеци Зоран Заев сакаше брзи избори бидејќи беше исплашен од можната казна. Сега може малку да дише, но по изјавите на Боки во судот (Боки 13 му порача на судот дека парите може да ги најде кај браќата Заев), можеме да очекуваме почеток на втор круг. Во променето политичко друштво и чист правосуден систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја Кога станува збор за поранешниот премиер Зоран Заев, Гајзер вели: -Заев уште во август минатата година стана неважен во меѓународното друштво. По речиси една година од моите тесктови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката, вели Гајзер за Ало.рс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laris-gajzer-za-alo-rs-zaev-e-vo-panika-boki-13-kje-gi-otkrie-negovite-mrachni-tajni/feed/ 0
Се огласи Заев откако Боки 13 го обвини дека парите се кај него и брат му: Секој што се огрешил пред законот да си одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-zaev-otkako-boki-13-go-obvini-deka-parite-se-kaj-nego-i-brat-mu-sekoj-shto-se-ogreshil-pred-zakonot-da-si-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-zaev-otkako-boki-13-go-obvini-deka-parite-se-kaj-nego-i-brat-mu-sekoj-shto-se-ogreshil-pred-zakonot-da-si-odgovara/#respond Thu, 18 Jun 2020 14:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=359528

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ ги оценува како лажни обвинувањата што против него и неговиот брат ги искажа Бојан Јовановски – Боки 13, кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Тврди дека Јовановски лаже бидејќи тој ги одбил сите негови барања да му помогне во судскиот процес. -Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, наведува Заев. Тој додава дека продолжува да се бори за владеење на правото, законот да важи еднакво за сите, без разлика за кого се работи и, како што посочува, секој што се огрешил пред законот да си одговара. Покрај деветгодишната затворска казна за Бојан Јовановски, за случајот „Рекет“ затвор од седум години доби и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-zaev-otkako-boki-13-go-obvini-deka-parite-se-kaj-nego-i-brat-mu-sekoj-shto-se-ogreshil-pred-zakonot-da-si-odgovara/feed/ 0