случај сопот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 May 2018 13:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај сопот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советникот на Заев, Командант Хоџа тврди: ВЕРУШЕВСКИ СТОИ ЗАД СЛУЧАЈОТ СОПОТ! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/#respond Sun, 13 May 2018 07:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=53553

Шокантни тврдења од страна на човекот кого Заев си го избра за свој советник за безбедност, Шаќири – командант Хоџа. Тој тврди дека Зоран Верушевски учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили ,припадници на АРМ, па дури и НАТО војници. За командант Хоџа, актуелната Влада има доста високо мислење. Така, премиерот лично си го вработи во кабинетот за да го советува за безбедност, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го оправда ова вработување чудејќи се зошто некој истото го нарекува контроверзно. Владата на СДСМ преку нејзини високи претставници тврдеше дека овој човек има углед и е познавач на теренот. КУРИР деновиве објави низа скандалозни изјави од Шаќири, но најголемиот скандал го вадиме на очиглед на јавноста денес. ВНИМАТЕЛНО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТВРДЕЊАТА ДАДЕНИ ВО ИНТЕРВЈУ ВО 2010-ТА ГОДИНА КУРИР ВИ ГИ ПРЕНЕСУВА НАЈСКАНДАЛОЗНИТЕ ДЕЛОВИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ЧОВЕКОТ КОГО ЗАЕВ ГО ИЗБРА ЗА СВОЈ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ! Новинар: За доказите говоревте и во 2003-та, 2004-та и 2005-та година. Дали може барем еднаш да кажете кои се тие лица или тој човек кој ја подметнал бомбата во Сопот? Рековте дека ги имате доказите и ако сите овие личности од политиката во Македонија и од меѓународниот фактор знаат кој го сторил тоа, зошто тогаш да не се спомнат имиња? Шаќири: Ние случајно наидовме на едно 16-годишно момче кое било принудено да подметне мина во Сопот, ни ги кажа сите детали. Новинар: За кого станува збор? Шаќири: Тоа е Артим Дестани од селото Лојане, младо момче кое било манипулирано од тогашните структури на југословенската УДБА и денешна ДБК во Македонија предводени од ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ. Новинар: Претходно го спомнавте и Зоран Верушевски. Која била неговата улога во сето ова? Шаќири: Преку канцеларијата на ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ како поранешен директор на ДБК овие процеси биле монтирани, ја подметнаа експлозијата во кумановската железница близу село Ваксинце, две бомби во Куманово, две во Скопје, едната близу гимназијата, не знам дали бепе средно или основно училиште, но за среќа бомбата експлодираше пет минути пред децата да излезат, едно лице почина.  Друга мина експлодираше над село Лојане каде почина војник на АРМ. ВЛАДО БУЧКОВСКИ беше министер, сите овие докази ги имаат институциите во тоа време. Многу добро денес знае ВЛАДО БУЧКОВСКИ да излезе да покаже добра волја да изјавува во корист на случајот Сопот. Бучковски можел тоа да го направи подобро во тоа време, да не изигрува демократ и праведен сега во 2010-та, бидејќи тоа можел да го направи која бил премиер бидејќи располагал со сите докази, бидејќи кога ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ замина имал негов близок директор, Миле Зечевиќ!   Овие терористички акти во јавноста предизвикаа страв и тензии. Државата беше доведувана до нестабилност , а состојбата имаше потенцијал да предизвика меѓуетнички судир. Лицето кому премиерот Заев му даде максимална доверба да го советува за БЕЗБЕДНОСТ, тврди дека зад случајот СОПОТ стои Зоран Верушевски. Јавноста многу добро знае, пак, каква е поврзаноста меѓу Верушевски и Зоран Заев. Во 2003-та година, само две години по конфликтот во 2001-ва, двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево-Сопот. Следуваше тензична атмосфера на безбедносен и меѓуетнички план. Сличајот долги години се влечеше по судници. Во март 2010-та година се слушна пресудата. -Единаесеттемина жители на селото се виновни за поставување на мина на железничката пруга во селото во 2003 година кога загинаа двајца војници од контингентот на НАТО и еден жител на селото. Вкупно ќе треба да одлежат 150 години затвор. Шестмина од нив се осудени на затворска казна затвор во траење од 15 години, а еден на 14-годишна затворска казна, пренесоа медиумите. Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева го бараше случајот Сопот во своја надлежност.  Потоа се откажа од гонење за тероризам на обвинетите во случајот СОПОТ, бидеќи немала доволно докази. Осудените, беа ослободени од затвор.

ДА СЕ ИСТРАЖАТ ТВРДЕЊАТА НА КОМАНДАНТ ХОЏА, ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ НАЗНАЧЕН ЗА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ

ВРЗ ОСНОВА НА РЕЛЕВАНТНОСТА НА ИЗВОРОТ, ЧОВЕК ВО КОГО ПРЕМИЕРОТ И ВЛАДАТА ИМА СИЛНА ДОВЕРБА ДА ИМ БИДЕ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ, СЕ ОЧЕКУВА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО НАЈБРЗО МОЖНО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО ОДНОС НА ОВИЕ КВАЛИФИКАЦИИ. КОМАНДАНТ ХОЏА Е ОЧИГЛЕДНО ЛИЦЕ ВО КОЕ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ИМААТ МАКСИМАЛНА ДОВЕРБА И ЗА КОГО ТВРДЕА ДЕКА Е ДОБАР ПОЗНАВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ. ТОА Е ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ЗА ОВИЕ НЕГОВИ ТВРДЕЊА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ВИДЕЛИНА И ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ СО КОЈ НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА СЕ СООЧАТ И ДА ПРЕВЗЕМАТ НЕШТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/feed/ 0
Клучниот сведок во „Сопот“ бил крвнички тепан, врзан за радијатор го терале да потпише изјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kluchniot-svedok-vo-sopot-bil-krvnichki-tepan-vrzan-za-radijator-go-terale-da-potpishe-izjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kluchniot-svedok-vo-sopot-bil-krvnichki-tepan-vrzan-za-radijator-go-terale-da-potpishe-izjava/#respond Mon, 19 Mar 2018 20:04:32 +0000 http://kurir.mk/?p=31276

Четворица агенти на УБК во тајна база на полицијата во село Банско, близу Струмица, два пати, по неколку дена, крвнички го тепале и го гореле по телото Рамадан Бајрами од Куманово, со цел од него да направат лажен сведок во случајот Сопот, објавува порталот Судство. Бајрами, кој е од кумановоското село Сопот, во 2003 година, бил киднапиран од пред судот во градот од агенти на УБК и присилуван да ги обвини неговите соселани дека ја подметнале нагазната тенковска мина од која загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин. Ова го потврди обвинителот од СЈО при денешниот главен претрес за овој случај за кој нагласи дека ниту СЈО, ниту ОЈО имале било каков доказ дека лицата кои минаа години во притвор и затвор се сторители на тој трагичен настан. Истрагата утврдила дека исказот на Бајрами кој е клучен за  осомничените да бидат осудени за тероризам, била изнудена со закани од припадниците на УБК. Рамадан Бајрами, на 23.05.2003 година се упатил кон полициската станица во Куманово за да обезбеди извод за своето дете и пред трафика, каде што отишол да купи барање, од непознати лица, за кои подоцна дознал дека биле полициски службеници, бил удрен во задниот дел од главата. Тие му ставиле лисици, му ја кренале јакната преку глава и  откако го ставиле во возило, почнале да го удираат. Го возеле околу 2 часа и го однесле на непозната локација, пренесе НОВА ТВ.

-Таму бил држен шест дена и бил изложен на физичка и психичка тортура од припадници на УБК. Сведокот изјавил дека целиот период бил со едната рака заврзана за радијатор. Бил физички и психички малтретиран. Удиран со клоци и со летва по целото тело а еден од припадниците на УБК му држел запалена цигара до челото. Не му давале доволно вода и храна, а постојано добивал закани дека ќе го лишат од живот, доколку не постапи како што тие му кажуваат. Целта на тортурата била да се присили да потпише изјава дека тој бил стражар додека од нив посочените лица ја поставувале мината, пишува НОВА.

Фактот дека своерачна изјава од 25.03.2003 година била изнудена, непосредно го потврдува и еден од припадниците на УБК. Тој наведува дека кога разговарал со сведокот Рамадан, тој не му кажал ништо битно за инцидентот во Сопот.   -При извршените претреси во домот на таткото на Рамадан, Хајруш Бајрами, и во домовите на обвинетиот Сулејман Сулејмани и Зенел Клаиќи, не биле пронајдени докази во врска со кривичното дело. Немало ниту оружје, ниту муниција, ниту експлозиви и предмети кои можат да ги поврзат обвинетите со терористичкиот акт. Во меѓувреме, Рамадан бил присилуван повторно да го смени исказот, па од соизвршител да стане сведок со тоа што ќе изјавел дека за времето на поставување на експлозивната направа тој бил во својот дом и не бил задолжен да чува стража, објавува порталот.

СЈО утврдило дека очигледна била намерата, Рамадан Бајрами да добие својство на сведок во постапката, а не на обвинет, затоа што во случај да бил обвинет тој ќе морал да има бранител при неговиот распит, со што би се компромитирала реализацијата на планот. Од доказите произлегува дека е сторено кривичното дело, меѓутоа со ниту еден доказ кривичното дело не може да се поврзе со обвинетите, заклучува СЈО.

Специјалните обвинители веќе имаат одредени информации за евентуалниот сторител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kluchniot-svedok-vo-sopot-bil-krvnichki-tepan-vrzan-za-radijator-go-terale-da-potpishe-izjava/feed/ 0