случај титаник 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Mar 2019 17:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај титаник 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анализа на „Дојче Веле“: Пресудите за „Титаник 2“ нема да преживеат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/#respond Fri, 08 Mar 2019 17:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=172773

Правни експерти не веруваат дека ќе „преживеат“ пресудите што првостепениот суд денеска им ги изрече на обвинетите за изборни нерегуларности во случајот „Титаник 2“ - Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, објавува „Дојче Веле“. Како причина за тоа правните експери го посочуваат Начелното правно мислење што го донесе Врховниот суд на 30-ти јануари годинава, според кое, по истекот на законскиот рок кој важи до 30-ти јуни 2017 година, СЈО веќе не може да се смета за овластен тужител и да поднесува обвиненија. Одбраната на обвинетите денеска порача дека Судот треба да донесе ослободителна пресуда, повикувајќи се токму на правното мислење на Врховниот суд, односно дека обвинението е поднесено неовластено и по истекот на периодот од 18 месеци. Кула на проблематични темели Иако со одредба во предлог-законот за јавно обвинителство е предвидено СЈО да ги спроведува и обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година, тоа во практика нема да му ја олесни работата на Обвинителството. Законот не е донесен, но и кога би бил, според адвокатот Драган Малиновски, тој не може да има ретроактивно дејство. Некои од правните експерти велат дека ретроактивноста не е пречка кога станува збор за процесна материја, но Малиновски е дециден: „Закон за јавно обвинителство не е процесен закон“. „Судот е на тест. Сите се свесни дека е изминат рокот за обвиненија по 30 -ти јуни 2017 година, а се бара судот да размислува политички. Со вонредно преиспитување, тие пресуди на крајот ќе завршат пред Врховниот суд, чие Начелно правно мислење е обврзувачко за кривичните совети на овој суд. Да потсетам дека токму со уважување на жалбите за притвор на обвинетите во предметот 'Империја', Врховниот суд веќе го материјализираше, го имплементираше тоа Начелно правно мислење. Затоа, се сомневам дека овие пресуди ќе опстојат. На проблематични темели не се гради кула“, оценува Малиновски. Истите аргументи ги посочува и судијата и професор по казнено право, Лазар Нанев. „Не сум сигурен дека овие пресуди ќе опстојат со оглед на донесеното правно мислење на Врховниот суд, а во крајна инстанца пред овој суд завршува приказната“, вели Нанев. Според него, во моментов функционира правен систем со проблематична правна сигурност во примената на домашното законодавство, и заради квалитетот на законите, и заради други проблеми, од кои дел ќе се рефлектираат и во наредниот период, особено со балансираните и амортизирани ставови во новото законско решение за СЈО. Целата анализа на „Дојче Веле“ можете да ја прочитата ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/feed/ 0
Судењето за „Титаник 2“ одложено за 10 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/#respond Tue, 24 Apr 2018 08:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=45231

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд,  за кој судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО. Лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, обвинети во случајот, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд. Покрај Тачи и Мијалков, во овој случај обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои, исто така, беа присутни на рочиштето. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а обвинението на СЈО го застапува обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи. Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/feed/ 0