случај титаник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Feb 2022 14:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај титаник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го злоупотребува судството за политички прогон, ние имаме нова генерација која ќе донесе промени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-go-zloupotrebuva-sudstvoto-za-politichki-progon-nie-imame-nova-generacija-koja-kje-donese-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-go-zloupotrebuva-sudstvoto-za-politichki-progon-nie-imame-nova-generacija-koja-kje-donese-promeni/#respond Mon, 28 Feb 2022 14:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=638091

Богданка Кузеска доаѓа од партија чиј претседател е амнестиран за криминал. Не видовме никој од СДСМ да побара оставка од Заев. И во овој момент очекуваме да одговори Богданка Кузеска дали СДСМ ќе пазари од најновата фирма на наследникот на Заев, Душко Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Колку 18 годишници во Македонија може да тераат милионски бизнис? Се што прави СДСМ е  злоупотреба на судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени. Пресудите во таканеречниот предмет Титаник се потврда дека Димитар Ковачевски продолжува со политиките на Зоран Заев, за злоупотреба на правосудните институции за партиски цели, се наведува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека од случајот Титаник може да видиме како функционира системот на изнуда на СДСМ.

-Во изминатиов период немаме никаква разрешница за Драги Рашковски, Ден Дончев, Зоран и Вице Заев, ниту бројните други функционери од врвот на власта кои во изминатиов период злоупотребуваа институции. И сега системот на заплашување и изнуди функционира за да можат Заеви и другите моќници од СДСМ да отвораат фирми и милионски бизниси за да профитираат на грбот на народот. Паниката во СДСМ е од новата генерација во ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои се непоколебливи и одлучни да расчистат со криминалот и корупцијата во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-go-zloupotrebuva-sudstvoto-za-politichki-progon-nie-imame-nova-generacija-koja-kje-donese-promeni/feed/ 0
Судењето за „Титаник“ продолжува на 22 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-prodolzuva-na-22-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-prodolzuva-na-22-fevruari/#respond Wed, 17 Feb 2021 14:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=470058

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“, продолжува на 22 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од обвинителството. На следното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. На денешното рочиште, сведочеше припадник на единицата „Алфа”, кој во 2013 година, од подрачјето на СВР Скопје, на ден пред изборите бил прераспределен во Охрид. – Старешината не извести, мене и уште девет лица и се упативме за Охрид, како мото-патролна служба. Наша задача како мото-патролна служба беше реонот на албанскиот дел на Охрид и задната капија горе на Кале. Во текот на целиот изборен ден бев во Охрид и се движевме во истиот дел, рече сведокот. Посочи дека, ако имало сомнителни лица и им направиле легитимација, мора да има и составено извештај за тоа. Нагласи дека се движеле со црвена „шкода октавија”, која имала флешери и тие носеле значки. Пред паузата на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои одговарајќи на прашања од обвинителството рекоа дека не им е познат начинот на финансирање на политичките партии, како и дека никогаш немаат уплатено парични средства во банка како донација за политичка партија. Потоа сведочеше благајник во НЛБ банка, која рече дека во 2014 година додека работела во експозитурата во Кисела Вода дошла поголема толпа луѓе со повеќе уплатници. Сведокот рече дека не се сеќава точно, но дека уплатите биле од 15 до 45-50 илјади денари, како и дека не може да тврди точно, но или биле на име на Коалицијата или на донаторска сметка за ВМРО-ДПМНЕ. Прашана дали тој ден лицата биле идентификувани при уплатата, сведокот рече дека според тогашниот закон немале обврска, ниту можност да ги идентификуваат клиентите. Прашана дали имало случај кога едно лице донело повеќе уплатници, сведокот рече дека во тој период во експозитурата такво нешто немало, но во нејзиното работење имало случаи едно лице да врши повеќе уплати. На прашање од одбраната дали уплатите за кои зборува, сите биле направени согласно закон и правилно, сведокот рече – да. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-prodolzuva-na-22-fevruari/feed/ 0
Сведок во „Титаник“ потвди дека македонските граѓани од Албанија ги исполнувале условите за добивање лични карти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-vo-titanik-potvdi-deka-makedonskite-gragjani-od-albanija-gi-ispolnuvale-uslovite-za-dobivanje-lichni-karti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-vo-titanik-potvdi-deka-makedonskite-gragjani-od-albanija-gi-ispolnuvale-uslovite-za-dobivanje-lichni-karti/#respond Wed, 04 Dec 2019 12:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=273251

Сведок во случајот „Титаник“, денеска потвди дека македонските граѓани од Албанија ги исполнувале условите за добивање лични карти. -Лицата, односно граѓаните кои доаѓаа кај мене за сликање за добивање на лични карти имаа државјанство и пријавено живеалиште. Така да јас неможев да ги одбијам. Тие ги исполнуваа условите за добивање на лични карти, рече во судница сведокот Ацко Секуловски, кој во 2012-2013 бил вработен во управни работи при МВР Кичево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-vo-titanik-potvdi-deka-makedonskite-gragjani-od-albanija-gi-ispolnuvale-uslovite-za-dobivanje-lichni-karti/feed/ 0
„Титаник“: Сведок, вработен во МВР бил со двојни аршини при издавање на жителство во Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-svedok-vraboten-vo-mvr-bil-so-dvojni-arshini-pri-izdavanje-na-zitelstvo-vo-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-svedok-vraboten-vo-mvr-bil-so-dvojni-arshini-pri-izdavanje-na-zitelstvo-vo-resen/#respond Wed, 04 Dec 2019 11:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=273228

Во Кривичниот суд денеска има расправа за случајот „Титаник“ во врска со наводни изборни нерегуларности, со испрашување на сведоци. Жанета Заец сведок, која е вработена во МВР Битола, а во периодот од 2012-2013 година работела како  соработник во управното одделение во Ресен, потврди дека избирачкото право се стекнува со статус граѓанин, односно државјанин на РМ. Таа потврди и дека издавала решенија за жителство во Ресен на граѓани кои биле од Австралија, Канада и други земји. Но, за македонските граѓани од Албанија издавала негативни решенија, со што имала двојни аршини при почитувањето на законските норми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-svedok-vraboten-vo-mvr-bil-so-dvojni-arshini-pri-izdavanje-na-zitelstvo-vo-resen/feed/ 0
Контрадикторното сведочење на Гулевска во „Титаник“ – резултат на незаконска спогодба со СЈО? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontradiktornoto-svedochenje-na-gulevska-vo-titanik-rezultat-na-nezakonska-spogodba-so-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontradiktornoto-svedochenje-na-gulevska-vo-titanik-rezultat-na-nezakonska-spogodba-so-sjo/#respond Thu, 31 Oct 2019 18:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=258528

Во Кривичниот суд Скопје 1 на денешно рочиште за предметот “Титаник”, сведочеше Јадранка Гулевска, поранешна началничка на Одделот за управни работи во Скопје. На прашање на одбраната дали била повикана на распит во СЈО во својство на осомничен, одговори потврдно, но по мимиките на обвинителката Лиле Стефанова веднаш го смени одговорот и одговори со НЕ. На вкрстените прашања Гулевска неколку пати ги менуваше своите одговори со да и со не по реакција на обвинителката Лиле Стефанова. Сведокот Гулевска во судницата, освен со Стефанова цело време беше во визуелна комуникација и со вработената во СЈО – Катерина Тунџева, ќерка на актуелниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев. На прашањето дали ѝ била понудена некаква спогодба од страна на СЈО, одговори ДА. Откако беше запрашана за каква спогодба станува збор и кога ја потпишала, таа одговори дека направила усна спогодба, за која никаде не е внесен писмен запис, ниту пак е известен судот. Сведокот одговори со неточен и невистинит исказ и околу самата постапка за издавање на лична карта, бидејќи согласно законските измени сите податоци кои странките треба да ги достават, а се службени документи, се прибавуваат по службена должност и странките не се должни да ги достават.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontradiktornoto-svedochenje-na-gulevska-vo-titanik-rezultat-na-nezakonska-spogodba-so-sjo/feed/ 0
„Титаник“: Судот со драконски казни од по 1.000 евра за 6 адвокати од одбраната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-sudot-so-drakonski-kazni-od-po-1-000-evra-za-6-advokati-od-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-sudot-so-drakonski-kazni-od-po-1-000-evra-za-6-advokati-od-odbranata/#respond Thu, 26 Sep 2019 09:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=244843

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ судијата Осман Шабани казни 6 адвокати од одбраната на обвинетите, меѓу кои Еленко Миланов, Димитар Дангов, Петар Василевски, Сања Алексиќ и други, со по 1.000 евра или 60 илјади денари, поради доцнење на денешната расправа. Адвокатот Дончо Наков побара од судијата да има разбирање за нивното отсуство, бидејќи рочиштата на СЈО се закажани многу густо, а тие имаат и други рочишта на кои треба да присуствуваат и побара од судот можност за ополномоштување на други адвокати за да се избегнуваат вакви драконски казни. Судијата Шабани нареди да се заклучи вратата и и се закани на судската полиција дека доколку пуштат некој од отсутните адвокати, ќе си имаат работа со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-sudot-so-drakonski-kazni-od-po-1-000-evra-za-6-advokati-od-odbranata/feed/ 0
Јанкулоска не дојде во суд – „Титаник“ одложен за 3 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-ne-dojde-vo-sud-titanik-odlozen-za-3-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-ne-dojde-vo-sud-titanik-odlozen-za-3-juli/#respond Thu, 31 May 2018 09:08:27 +0000 https://kurir.mk/?p=60447

Поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска заради влошена здравствена состојба односно ризична бременост, рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули. Како што информираше адвокатката на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи била спречена да дојде на рочиштето поради состојбата во која се наоѓа, при што достави лекарска потврда. Јавната обвинителка Лиле Стефановска истакна дека во лекарската потврда не е наведена болеста за што е издадено тоа боледување и нагласи дека не е оправдано присуството. Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата, што денеска требаше да почне со изнесување на доказите. Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,... МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankuloska-ne-dojde-vo-sud-titanik-odlozen-za-3-juli/feed/ 0
Со воведни зборови на одбраната почна рочиштето за „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vovedni-zborovi-na-odbranata-pochna-rochishteto-za-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vovedni-zborovi-na-odbranata-pochna-rochishteto-za-titanik/#respond Mon, 21 May 2018 09:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=56430

Со воведни зборови на одбраната денеска во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Во судница се присутни сите обвинети во овој предмет. Адвокатот Дончо Наков рече дека ќе докажат оти обвинетите не се виновни и не се вршители на дејствијата како што е наведено во обвинителниот акт. А некои од членовите на „злосторничкото здружување“, како што истакна Наков, само неколку часа биле членовина таа група, па според тоа невозможно е во тој краток временски период да извршиле некакво кривично дело. - Како одбрана ќе докажеме дека дел од обвинетите не можат да бидат осудени, рече Наков. Во „Титаник“ обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vovedni-zborovi-na-odbranata-pochna-rochishteto-za-titanik/feed/ 0
Одбраната во „Титаник“: Согласно кривичниот закон мора да се почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-titanik-soglasno-krivichniot-zakon-mora-da-se-pochituvaat-odlukite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-titanik-soglasno-krivichniot-zakon-mora-da-se-pochituvaat-odlukite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/#respond Mon, 21 May 2018 09:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=56423

Одбраната во случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавно обвинителство вели дека има цврсти докази оти обвинението нема основ и обвинетите се невини. Одбраната посочува дека делата од обвинителниот акт е се сторени, како и оти согласно Кривичниот закон мора да се почитуваат одлуките на европскиот суд за човекови права. Инаку, кон средината на месецов, во сила стапи Законот за измена и дополнување на законот за судовите, според кој, судот е должен да ги земе предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди. Особено имајќи ги предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови. (Службен весник бр.83 од 08.05.2018), каде законодавецот во членот 17 предвидел дека еден од основите за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон се смета дека е исполнет ако: -Е донесена пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права во која е утврдена повреда од членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права. А во членот 18 предвидел дека доколку судијата при одлучувањето не ги применува ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права, се смета дека прави потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на  одговорност на судија како основ за разрешување. Инаку, покрај невиноста на обвинетите која ја потенцираат од одбраната, пречка за донесување на било каква потенцијална пресуда е европското право, кое вели дека лицата кои се аболицирани, како во случајот „Титаник“ не можат да бидат осудени. Еднаш дадената аболиција од претседател на државата не може да биде повлечена, укината или на кој било друг начин тргната од правниот промет. Околу овој дел на европското право се осврна и професорката по уставно право, Тања Каракамишева, таа коментира дека ова правило кое го примени грчкото судство е правило кое важи во секоја правна држава, односно дека истото е правило и дел и од домашното казнено право. -Еднаш дадена аболиција, или помилување од претседателот на државата не може да биде повлечена, поништена, укината или на кој било друг начин тргната од правниот промет. Тоа многу добро го знаат експертите по Меѓународно кривично право, врховните судии на Грција, но и македонските професори по Казнено право кои во своите учебници ова го имаат многу убаво објаснето, но за жал не сакаат да го кажат во јавност, вели Каракамишева. За ова правило во својот учебник по Казнено право пишува и професорот Владимир Камбовски. -Станува збор за клучно правило во меѓународното, европското, но и во домашното казнено право кое има своја позадина во заштитата на општиот правен стандард-потребата да се почитува начелото на правната сигурност во државата. Ова го имав констатирано и во времето кога претседателот Иванов беше присилен од некои фактори да ги повлече веќе дадените аболиции, и тогаш реков, и сега потврдувам дека еднаш дадена аболиција не може да биде повлечена, коментира професорката. Таа и додава дека правната сигурност на граѓаните, но и правната сигурност која институциите се обврзани да ја штитат е врвен принцип во секоја правна држава. -Ако Македонија сака да биде правна држава мора да ги почитува овие општи правни стандарди кои се применуваат во сите демократски држави каде се почитува владеењето на правото, изјави Каракамишева. Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-titanik-soglasno-krivichniot-zakon-mora-da-se-pochituvaat-odlukite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/feed/ 0
Претседателот на судот се уште не одлучил по барањето на одбраната во случајот „Титаник“ за изземање на судскиот совет и судиите поротници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudot-se-ushte-ne-odluchil-po-baranjeto-na-odbranata-vo-sluchajot-titanik-za-izzemanje-na-sudskiot-sovet-i-sudiite-porotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudot-se-ushte-ne-odluchil-po-baranjeto-na-odbranata-vo-sluchajot-titanik-za-izzemanje-na-sudskiot-sovet-i-sudiite-porotnici/#respond Thu, 26 Apr 2018 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=46347

Претседателот на судот се уште не одлучил по барањето на одбраната во случајот „Титаник“ за изземање на судскиот совет, судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, како и судиите поротници. Според бранителот Еленко Миланов, СЈО треба да се изјасни во врска со прислушуваните судии. На денешното рочиште не беа спроведени од домашен притвор Едмонд Темелко и Мумир Пепиќ, а не беше присутна и обвинетата Гордана Јанкуловска на која боледувањето и истекува утре. Следното рочиште е закажано за 9 мај. Во овој предмет на СЈО обвинети се поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протугер, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и уште петнаесетина други лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudot-se-ushte-ne-odluchil-po-baranjeto-na-odbranata-vo-sluchajot-titanik-za-izzemanje-na-sudskiot-sovet-i-sudiite-porotnici/feed/ 0