случај тнт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 15:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај тнт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумовски односи на судијата и вештакот во ТНТ ја нишаат пресудата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/#respond Tue, 20 Dec 2022 15:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=778242

Кумовски врски. Вакви се односите помеѓу судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев. Двајцата со своја улога во предметот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“, пренесува А1он. Кумовските врски станале официјални еден месец откако Ставрев изрече затворски казни во предметот ТНТ. Грчев го изработи клучното вештачење со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и со кое се побија 36 судски пресуди. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски. Блиските релации ги потврдува и судијата Ставрев за „А1он“ по што се правда дека немало зошто да се изземе. По неколку реченици во одговорот, го оценува вештакот, кој му е кумашин, како професионалец. „Какви било роднински врски на судијата со вештото лице не се основ за изземање член на судечки совет, со оглед да ниту судијата ниту вештото лице не се странки во постапката. Донесената пресуда не се заснова само на конкретното вештачење, туку на сите изведени материјални и вербални докази во постапката. Станува збор за вешто лице – професионалец во конкретна област, кој постапува по наредба за изработка на вешт наод и мислење, кој потоа се изведува како доказ и кој странките имаат право да го оспоруваат. Но, во никој случај тоа не може да влијае во непристрасноста и независноста во одлучувањето на судијата и судијата нема никаков личен интерес од вештиот наод“, посочува судијата Ставрев за „А1он“. Судијата Ставрев ја правда одлуката што во пресудата со која досуди затворски казни се повикува на вештачењето од Грчев со кого е во фамилијарни односи. „Професорот Грчев е единствен лиценциран вештак во нашата држава за ваков тип вешти наоди и од тој поглед единствено тој можел да го вештачи конкретниот предмет. Изземањето судија од конкретна постапка, според законските одредби, но и праксата на Европскиот суд за човекови права, се бара доколку тој е во евентуална роднинска или друга врска со странките во постапката, како обвинетиот, оштетениот или приватниот тужител или, пак, нивните бранители, што може да отвори сомнеж за наклонетост при одлучувањето“, додава судијата. Судијата Ставрев тврди дека не може да постои сомнеж за негова наклонетост. Истовремено, во пресудата му дава верба само на вештачењето направено од Грчев, кој е урбанист. Иако вештакот бил побиван од вештаци геодети, кои се единствени надлежни за мерење коти, Ставрев останал на ставот дека ќе му верува само на кумашниот, односно на вештакот Грчев, чиј наод бил оспорен со три геодетски мерења направени од разни фирми. „Судот ги ценеше мислењето и исказот дадени од страна на техничкиот советник – Роска Пачемска, но тој не можеше да го прифати од причина што е во спротивност на вештите наоди и мислења на овластеното вешто лице проф. д-р Мирослав Грчев, кој е единствен вештак од оваа област на целата територија на Републиката. Впрочем, Роска Пачемска не може да изготвува вешти наоди и мислење од причина што таа е технички советник на одбраната во постапката и не поседува лиценца за изготвување вештачења од областа на урбанизмот“, стои во пресудата за ТНТ. „А1он“ побара став и од адвокатот Еленко Миланов, бранител во ТНТ. Тој тврди дека настрана од фамилијарните односи на судијата и вештакот, побарале изземање на Грчев поради други повреди, но за барањето никогаш не било одлучено. „Поднесовме барање за изземање на вештакот Грчев, но за изземањето не се одлучи, што е суштествена повреда на постапката. Одбраната обезбеди и вештачење од вешто лице – архитект, кое судот не дозволи да се изведе, а со кое во целост се побива вештачењето на вештакот Грчев. Морам да напоменам дека судот дозволи и му достави на архитектот, кој е вешто лице, и копија од списите и негово присуство на рочиштата за потоа да не дозволи одбраната да ги изведе техничкиот наод и мислењето“, вели Миланов. Низа пресуди донесени од Кривичниот суд се укинати од Апелација. Второстепените судии наоѓаат повреди сторени во текот на постапката, односно во начинот на водењето на постапката. Често се укинуваат пресуди и поради погрешно утврдена фактичка состојба, но и поради утврдување фактичка состојба без соодветни докази. Последна таква пресуда донесена од Ставрев, за која знае јавноста, е за актерката Силвија Стојановска, која ја осуди на затворска казна, па Апелација ја ослободи, за на крајот, и тој да донесе ослободителна пресуда при повторена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/feed/ 0
Одложено денешното рочиште за предметот „Т.Н.Т.“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/#respond Tue, 14 Dec 2021 08:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=608136

Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје. -Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката. Случајот „Т.Н.Т“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски. Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/feed/ 0
Адвокат со допис до судот по средба со Рустеми: „Судот ќе ги одбие доказите, за „ТНТ“ да заврши до крај на 2021“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-so-dopis-do-sudot-po-sredba-so-rustemi-sudot-kje-gi-odbie-dokazite-za-tnt-da-zavrshi-do-kraj-na-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-so-dopis-do-sudot-po-sredba-so-rustemi-sudot-kje-gi-odbie-dokazite-za-tnt-da-zavrshi-do-kraj-na-2021/#respond Tue, 26 Oct 2021 13:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=585931

Допис со обвинувања дека постои договор меѓу обвинителот Бурим Рустеми и Кривичниот суд, пресуди за предметите кој тој ги застапува да има до средината на декември е доставен до претседателот Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески и странски амбасади, дознава А1он.мк Според неофицијалните извори на А1он.мк, во дописот испратен од адвокатот Мерџан Даути, бранител на Елисавета Најдосвска обвинета во „ТНТ“, стои дека за да биде пресудата донесена што побрзо, обвинителот Рустеми бил на средба со бранителот и му посочил дека ќе продолжи на судечкиот совет да ги одбие овие докази на одбраната и тоа ќе биде прифатено. Рустеми за А1он.мк потврдил дека таа средба се остварила и дека се разговарало за докази, но не дека тие ќе бидат одбиени од судот. Целата објава може да ја погледнете на А1он.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-so-dopis-do-sudot-po-sredba-so-rustemi-sudot-kje-gi-odbie-dokazite-za-tnt-da-zavrshi-do-kraj-na-2021/feed/ 0
Одбраната на „ТНТ“ најави кривична пријава против Катица Јанева и Бурим Рустеми за измама од над 1 милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-tnt-najavi-krivichna-prijava-protiv-katica-janeva-i-burim-rustemi-za-izmama-od-nad-1-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-tnt-najavi-krivichna-prijava-protiv-katica-janeva-i-burim-rustemi-za-izmama-od-nad-1-milion-evra/#respond Tue, 15 Dec 2020 17:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=443661

Адријан Амзовски е бизнисменот кој што беше обвинет во случајот ТНТ за нелегално градење како инвеститор во објектот Космос. Но јавноста најмногу слушна за неговата вмешаност во случајот Маѓународен сојуз. Во овој случај, бизнисменот Амзовски го обвини Бојан Јовановски- Боки 13 и неговата невладина Меѓународен сојуз за измама од над 1 милион евра, заедно со уште еден бизнисмен за градење на старечки домови. Имено во овој случај, каде што според доказите во рочиштето ТНТ може да се види дека не се исплатени 270 илјади евра од страна на Амзовски, туку повеќе од 850.000 евра за помош од страна на Бојан Јовановски за повлекување на обвинението за случајот ТНТ. Ова обвинение најпрвo го поднесе ОЈО, но потоа го превзема Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство. Тогаш ОЈО поднесе обвинение против Адријан Амзовски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје (каде што основач е Фијат Цановски) поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Амзовски бил инвеститор. Се работи за нелегалностите во изградбата на објектот „Космос“. Ова обвинение од страна ОЈО поднесено во Основниот суд, тогаш беше прифатено и потоа и закажано судско рочиште. Но, потоа на 15.10.2017 беше превземено од страна на СЈО, по нарачка на Катица Јанева. За по превземањето експресно во рок од 5 дена, 20.10.2017 без ниту еден дополнителен документ или доказ ова обвинение го повлекуваат Катица Јанева и обвинителот Бурим Рустеми. Истиот ден според доказите од предметот Меѓународен сојуз Амзовски му испраќа порака на Јовановски. За целата разврска на овој предмет пред 10 тина дена во суднцата во основен суд Скопје беше презентирана комуникација помеѓу Јовановски и Амзовски, каде што се гледа дека бизнисменот му се заблагодарува на Боки 13 за завршената работа, за повлекувањето на обвинението од страна на Катица Јанева и СЈО. Според доказите јасно може да се види дека благодарноста од страна на Амзовски е на истиот ден кога е повлечено неговото обвинение. Според пораките презентирани во судница, Јовановски имал интензивна комуникација и со бизнисменот Ардијан Амзовски.. Заедно барале локација за изградба на старечи дом во Карпош. Во една од пораките, Амзовски пишува. „СЈО го повлече денеска предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-tnt-najavi-krivichna-prijava-protiv-katica-janeva-i-burim-rustemi-za-izmama-od-nad-1-milion-evra/feed/ 0
Судењето за „ТНТ“ повторно одложено поради здравствената состојба на Трајковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/#respond Wed, 15 Jan 2020 11:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=289951

Судењето за случајот „ТНТ“ повторно се одложи поради здравствената состојба на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Претходно судечкиот совет одлучи да го одбие предлогот на обвинителот Бурим Рустеми за раздвојување на постапката за Трајковски. Рустеми рече дека Трајковски сам кажал оти не може да ги следи рочиштата, повикувајќи се на медицинска документација. Денеска во судницата Трајковски побара да се одложи рочиштето и приложи документ од доктор во кој пишувало дека тој не можел да следи судења. Во предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски. Првото рочиште за „ТНТ“ се одржа на 24 јануари 2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/feed/ 0
Постапката за Т.Н.Т почнува одново- поротничката си даде неотповиклива оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-t-n-t-pochnuva-odnovo-porotnichkata-si-dade-neotpovikliva-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-t-n-t-pochnuva-odnovo-porotnichkata-si-dade-neotpovikliva-ostavka/#respond Mon, 13 Jan 2020 10:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=288862

На денешното рочиште за „Т.Н.Т“ во Кривичниот суд, судијата Огнен Ставрев соопшти дека постапката за случајот ќе почне одново, бидејќи поротничката Лилјана Ивановска Кочовска утрово си дала оставка. Кочовска, чиј мандат беше истечен до судот поднела неотповиклива оставка, од здравствени причини. Според Ставрев, поради непотполниот судечки совет, законот предвидува постапката да започне од почеток и побара од обвинетите и адвокатите до утре да се изјаснат дали се согласуваат тоа да се случи во скратена постапка. Рочиштето е закажано за утре во 12 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-t-n-t-pochnuva-odnovo-porotnichkata-si-dade-neotpovikliva-ostavka/feed/ 0
„Т.Н.Т“ продолжува на 17 јануари следната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-prodolzuva-na-17-januari-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-prodolzuva-na-17-januari-slednata-godina/#respond Tue, 24 Dec 2019 11:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=281590

На денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т“ обвинителот Бурим Рустеми побара од судот раздвојување на постапката за обвинетиот екс градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, кој моментално е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија и членовите на комисијата. Според одбраната тоа е апсурд, бидејќи во обвинтелниот акт стои синџир на потикнување, а обвинителството до сега не го сменил актот. По пауза од 15 минути, судскиот совет одлучи да не ја раздвојува постапката за Тони Трајковски, Марика Зафировска, Насер Алев и Александра Димитриевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-prodolzuva-na-17-januari-slednata-godina/feed/ 0
Ново рочиште за „ТНТ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-tnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-tnt/#respond Mon, 07 Oct 2019 07:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=248584

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната. Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-tnt/feed/ 0
Сведок на „ТНТ“: Објектот не е граден според проектната документација, има пропусти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-tnt-objektot-ne-e-graden-spored-proektnata-dokumentacija-ima-propusti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-tnt-objektot-ne-e-graden-spored-proektnata-dokumentacija-ima-propusti/#respond Tue, 12 Mar 2019 12:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=173938

Во Кривичниот суд со испрашување на сведокот Роска Паческа, денеска започна рочиштето за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
Паческа работи како геодет и има изготвено мислење со забелешки за документацијата во предметот. Таа од почетокот на рочиштето одговара на прашања од одбраната. Во исказот Паческа, посочи дека има забележано повеќе пропусти при градењето на објектот. Нагласи дека инвеститорот, оштетениот во случајот Фиат Цаноски, ја имал целата потребна документација за проектот, како што кажа, се до дозвола за градба. Во текот на денешното рочиште за предметот за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ ќе биде испитуван и архитектот Мирослав Грчев. На прашањето околу тоа како се бележи објектот и која е процедурата, Паческа посочи дека, повеќе геодетски фирми го извршиле одбележувањето, како и дека нивните мерења се совпаѓаат, но нагласи дека не биле изготвени извештаи од страна на геодетите. Дополни дека во проектанта документација било наведено дека ќе се градат три подземни катови, но биле изградени само два, напомнувајќи дека тие не ги задоволуваат потребните паркинг места, како и дека не биле изградени со соодветна големина. Паческа ги објасни сите пропусти во однос на градењето на објектот, што во целост не е граден според проектната документација. За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-tnt-objektot-ne-e-graden-spored-proektnata-dokumentacija-ima-propusti/feed/ 0
„Лидер“ со детали за случајот ТНТ: Преку притисоци се обидуваат да земат финансиска оштета од државата и од обвинетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-so-detali-za-sluchajot-tnt-preku-pritisoci-se-obiduvaat-da-zemat-finansiska-oshteta-od-drzavata-i-od-obvinetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-so-detali-za-sluchajot-tnt-preku-pritisoci-se-obiduvaat-da-zemat-finansiska-oshteta-od-drzavata-i-od-obvinetite/#respond Tue, 30 Oct 2018 15:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=121476

Денеска заврши уште едно рочиште за предметот ТНТ во Основниот Суд 1 во Скопје, кое се однесува на рушењето на недоизградената дивоградба Космос на Фијат Цаноски во 2011-та година. Според одбраната, материјалните докази кои денеска повторно беа презентирани во судот од СЈО, или немаа никакво значење, во смисла беа само презентирање документи кои биле дел од редовните процедури и не му помагаат никому во постапката, или документи кои наместо на СЈО многу им помагаат и се во полза на обвинетите, пренесува порталот Лидер.мк. Инаку, според одбраната, во случајот ТНТ се работи за класична дивоградба каде според градежната дозвола Фијат Цаноски требало да изгради три нивоа подземни гаражи, а тој изградил две нивоа со цел да заштеди 2 милиони евра, бидејќи при копањето на градежната јама, се појавила подземна вода, па тоа значело дополнителна инвестиција од 2 милиони евра, која Цановски како моќен човек во тоа време проценил дека некако ќе успее, иако незаконски, да ја одбегне. -Општина Гази Баба го открила истото и наложила рушење на делумно изградениот објект. Тогаш Цаноски побарал да му ја променат градежната дозвола и со тоа да му ја прилагодат на фактичката градба – дивоградба, што општината и да сакала не можела да го стори бидејќи тоа би било противзаконски. Но со тоа барање Цановски, де јуре, признал дека градел спротивно на градежната дозвола, а тоа се нарекува дивоградба. Потоа Цаноски тужел на суд и загубил на сите судови. Се обидел да издејствува привилегија и преку политички врски и лобирања, но не успеал. Доказот дека е дивоградба се уште стои на лице место, бидејки под земја не е срушено ништо и во секој момент може да се измери дека е градено поплитко за 1.43 метри, брифираат од одбраната. Тие додаваат дека сега повторно преку политички притисок и влијание на судот како и преку СЈО се обидува да се издејствува финансиска оштета како од државата така и од обвинетите. Едниот судија – Огнен Ставрев, син на поранешниот комунистички лидер во Македонија и на ниво на Југославија Драгољуб Ставрев во судските кулоари важи за жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ, како и близок пријател на Мирослав Грчев кој во случајот како „независен“ вештак иако неправилно и противзаконски, сепак ризикува и вештачи во корист на Цаноски. Вториот судија Осман Шабани, познато е дека е семеен пријател на семејството Цаноски. Од одбраната додаваат дека се надеваат дека овие двајца судии кои се клучни во постапката ќе успеат да се издигнат над ситуацијата, да ги разграничат приватните пријателства и партиските емоции со фактичката и реална состојба во еден предмет каде се е направено согласно закон, додава порталот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-so-detali-za-sluchajot-tnt-preku-pritisoci-se-obiduvaat-da-zemat-finansiska-oshteta-od-drzavata-i-od-obvinetite/feed/ 0