случај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 11:57:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png случај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР работи на расчистување на случајот во кој вооружени лица нападнале чувар во деловен објект во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchajot-vo-koj-vooruzeni-lica-napadnale-chuvar-vo-deloven-objekt-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchajot-vo-koj-vooruzeni-lica-napadnale-chuvar-vo-deloven-objekt-vo-skopje/#respond Wed, 07 Dec 2022 11:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=772224

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се работи на расчистување на случајот во кој неколку лица со закана со оружје изутрината во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. – Кога ќе има информации во однос на тоа, ќе ги споделиме со јавноста, одговори Спасовски на новинарското прашање за повеќе информации во однос на овој случај. Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, како што информираа од МВР, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchajot-vo-koj-vooruzeni-lica-napadnale-chuvar-vo-deloven-objekt-vo-skopje/feed/ 0
Обвинителството и по три месеци не постапува по пријава за случајот на малата Амила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-i-po-tri-meseci-ne-postapuva-po-prijava-za-sluchajot-na-malata-amila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-i-po-tri-meseci-ne-postapuva-po-prijava-za-sluchajot-na-malata-amila/#respond Fri, 28 May 2021 13:36:45 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516128

Три месеци, таткото на двегодишната Амила Несимовска од Дебар, Бајрам Несимовски очекува јавното обвинителство во Струга да почне да се занимава со случајот на неговата ќерка. Амила има нарушување откако е родена, не зборува и не ги распознава родителите или братчето, а Несимовски се сомнева дека ова е резултат на лекарска грешка која настанала при породувањето во струшката болница. Според документацијата што тој ја добил од детската клиника, Амила добила породилна асфиксија односно останала без воздух при породувањето во 2018 година. Сопругата на Бајрам, Сенида, имала уредна бременост но и било кажано дека околу вратот на бебето има обмотана папочна врвка и дека треба да се изврши породувањето во Струга. Повеќе прочитајте на Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-i-po-tri-meseci-ne-postapuva-po-prijava-za-sluchajot-na-malata-amila/feed/ 0
Судскиот случај за убиството на Џорџ Флојд предаден на поротата на одлучување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=499604

Со презентација на завршните зборови на обвинителството и одбраната во судот во Минеаполис заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за кое е обвинет поранешниот полицаец Дерек Шовин, а предметот натаму и е предаден на поротата која ќе треба да донесе одлуки за трите обвиненија од предметот, пренесуваат светските медиуми. Поротата се состои од шест бели жени, двајца белци, тројца црнци, една црна жена и две жени од мешани раси. Кога ќе почнат да одлучуваат за вината на Шовин, поротниците ќе бидат сместени во хотел, а времето за донесување одлука не им е ограничено. Обвинението против Дерек Шовин има три точки: убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен. За убиството од втор степен, најсериозното од сите три обвиненија, 12-те поротници мора да се согласат дека постапките на Шовин довеле до смртта на Флојд. Казната за тоа дело е до 40 години затвор, но законските прописи во Минесота ја намалуваат ваквата казна на 15 години за луѓе како Шовин, кои претходно не биле осудувани, соопшти Гласот на Америка. Обвинителството побара судијата Питер Кејхил да отстапи од тоа и доколку биде прогласен за виновен, тој да го осуди Шовин на подолга затворска казна. Претходно, во завршните зборови, претставникот на обвинителскиот тим, Стивен Шлејкер, побара од поротниците, како што рече, да веруваат во своите очи и објави видеа од приведувањето на Џорџ Флојд за време на кое тој почина. -Ова не е судски процес против полицијата која треба да биде храбра и да штити и да биде сочувствителна во службата. Џорџ Флојд не претставуваше закана за никого. за соочување со него тој ден не беше потребна храброст, која не ни беше искажана. Се што беше потребно беше покажување на малку сочувство, што, исто така, изостана, рече Шеклер. Адвокатот на обвинетиот Шовин, Ерик Нелсон, ги потсети членовите на поротата за презумпцијата на невиност на неговиот клиент. Осврнувајќи се на сведочењето на еден од полицајците, Џони Мерсил, тој тврди дека постапката што ја користел Шовин при апсењето на Флојд не е забранета и додаде дека тоа укажува на недостаток на намера затоа што, како што рече, Шовин имал намера да дејствува според правилата на кои е обучен. Во досегашните постапки, кои ги пренесоа сите светски медиуми, искази дадоа повеќе од 40 сведоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/feed/ 0
Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот: Вистината мора да се открие, а криминалците да одговараат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/#respond Thu, 17 Dec 2020 09:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=444486

Оштетените штедачи од Еуростандард бака апелираат до надлежните институции да реагираат доследо и да го решат овој, како што наведуваат во соопштение, масовен криминал во сега веќе затворената Еуростандард банка. -Може веднаш да започнат со луѓето на раководни позиции во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот преку делење на непокриени кредити, перење пари, фалсификувања и измами односно делени пари од депозитите на граѓаните и фирмите на вересија. Потоа лесно може да продолжат и со сите други инволвирани лица во криминалот, добро познати на раководните лица од банката. Вистината мора да се открие и правдата да се задоволи, а криминалците да одговараат за сторените проневери и злоупотреби. Зошто ако нема правда нема да има ни мир, наведуваат во соопштението. Додаваат дека и после четири месеци од затворањето на Еуростандард банка никој се уште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. -Напротив, сметаат, на главните носители на криминалот во банката, семејството Костовски, им се дозволува да отворат фирма за управување со инвестициски фонд за да продолжат со понатамошен грабеж или пак да го обновуваат познатиот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје, и сето тоа со нашите покрадени пари. Тие посочуваат на брзата реакција за случајаот со злоупотребата на парите од европските фондови и додаваат дека кога се работи за пари од европските даночни обврзници надлежните институции реагираат и санкционираат молскавично, а кога се работи за пари на граѓани и фирми во државава на кои им се ограбени нивните лични доверени средства во банка, постапката се очекува да трае со години, да се остави на времето за да можеби никогаш и не заврши. -Овие оштетени обични луѓе и фирми депоненти на банката, живеат, работат и функционираат во земјава, плаќаат даноци, се лојални на државата и директно придонесуваат во развој на домашната економија. Но сепак, кога ќе има потреба да државата ги заштити од проневери, злоупотреби и кражби и да веднаш ги санкционира оние кои тоа го направиле, тоа не се случува. Тие се оставени на немилост на системот којшто дозволил да бидат ограбени, излажани, измамени и оштетени, велат оштетените штедачи од Еуростандард банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/feed/ 0
Случај „Саздовски”: Одбраната бара преквалификација на обвинението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sluchaj-sazdovski-odbranata-bara-prekvalifikacija-na-obvinenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sluchaj-sazdovski-odbranata-bara-prekvalifikacija-na-obvinenieto/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=416740

Одбраната на обвинетите во случајот „Саздовски” и обвинителот Јован Стефановски од Вишето ЈО – Скопје, денеска во Апелацискиот суд Скопје ги образложија своите жалби по однос на првостепената пресуда. Бранителот на првообвинетиот Бесир Бела, адвокат Насер Рауфи во објаснување на поднесената жалба истакна дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се случило. – Немале умисла. Се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело ,,насилство”. После настанот и смртта на оштетениот се случија протести, имаше мешање на еден парламентарец. После овие случувања предметот се смени за 360 степени, рече адвокат Рауфи и додаде дека свирепоста напишана во пресудата е субјективна. Обвинителот од Вишето ЈО-Скопје, Јован Стефановски, во своето излагање кратко посочи дека жалбите на одбраната треба да се одбијат. Тој воедно рече дека предлог на Вишето ЈО-Скопје е да се потврди одлуката на првостепниот суд по овој предмет. Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор, во своите излагања бара да се судат за делото што го направиле. За нив е неприфатливо квалификацијата на обвинителството дека станува збор за „убиство на свиреп начин”. Судијата известител Зоран Димитриевски, читајќи ги отежнувачките околности на кој се осврнал Кривичниот суд Скопје при донесење на пресудата го наброи изгубениот живот на младото лице, фактот дека истиот не може да се врати и оштетата која ја претрпиле членовите на семејството на починатиот. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привчно младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sluchaj-sazdovski-odbranata-bara-prekvalifikacija-na-obvinenieto/feed/ 0
ЕУ: Русија мора да го расветли случајот Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-rusija-mora-da-go-rasvetli-sluchajot-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-rusija-mora-da-go-rasvetli-sluchajot-navalni/#respond Thu, 03 Sep 2020 12:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=398720

Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано повтори денеска дека Унијата очекува јасни одговори за обидот за убиство врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописничката на МИА од Брисел. Запрашан дали институциите и земјите на ЕУ имаат доверба во руските власти за оваа истрага, Стано изјави дека не сака да прејудицира и дека кога ќе дојде време ЕУ ќе ги анализира и резултатите од истрагата и процесот, иако, додаде тој, свесни се сите дека до сега Русија нема многу убедливи резултати во однос на претходни истраги за убиства, наведувајќи ги примерите на Ана Политковскаја, Сергеј Магницки и Борис Немцов. Според Стано, изјавите од Русија дека нема намера да отвора истрага за обидот за труење на Навални не се веќе актуелни. -Најновите изјави од руските власти укажуваат на соработка околу медицинските наоди за Навални, гледаме вербални сигнали на подготвеност за соработка, ќе видиме како ќе се развива тоа и што ќе направи Русија во однос на последните наоди, без разлика на претходните изјави, рече Стано. Европската Унија смета дека барањата на меѓународната како и на руската јавност за расветлување на овој случај не смеат да се игнорираат. -Не е нормално лице да биде предмет на обид за убиство со воен хемиски агенс кој не би смеел да циркулира во нашите општества, порача портпаролот на ЕУ за надворешни работи. Што се однесува до можни санкции, ЕУ од блиску ќе го прати процесот на истрага, доколку се отвори, до тогаш е премногу рано да се зборува за казнени мерки, додека не се знае кои се одговорните лица, рече Стано. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-rusija-mora-da-go-rasvetli-sluchajot-navalni/feed/ 0
ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Златев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-ojo-da-go-preispita-sluchajot-so-zlatev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-ojo-da-go-preispita-sluchajot-so-zlatev/#respond Fri, 31 Jul 2020 13:14:35 +0000 https://kurir.mk/?p=384386

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска преку соопштение изразуваат загриженост во врска со Обвинителниот предлог против Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за наводно сторено кривично дел „Оддавање на службена тајна“. Како што се наведува во соопштението, ОЈО во својата објава вели дека на 9 јули и 12 јули на интернет порталот на кој Златев е уредник како и на Фејсбук страницата од истиот медиум, објавил текст во кој сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои според ОЈО се класифицирани информации затоа што се однесуваат на оперативна проверка на лице. -Загрижува фактот што Основното јавно обвинителство секогаш е проактивно кога има пријава од страна на државна институција во делот на слободата на изразување, а кога има барања за кривични постапување за прекршување на правата на новинарите, истите најчесто ги отфрла. Во случаи кога ОЈО ќе отвори истрага по пријава од новинарските организации или група на новинари, овие случаи речиси никогаш не ни стигнуваат до Кривичниот суд или се влечат со години, за разлика од овој случај, каде практично за две недели ОЈО има завршена истрага и покренува обвинителен предлог, наведуваат двете новинарски организации. Укажуваат на, како што стои во соопштението, важноста на проценката за јавниот интерес во вакви случаи. -Како професионални новинарски организации сметаме дека секогаш кога институциите преземаат активности со кои може да се прекрши слободата на изразување клучно е внимателно и прецизно да се проценува дали јавниот интерес преовладува над нормативните акти. Институциите треба да земат во предвид дека при постапување во вакви случаи, треба да се водат од начелото на јавен интерес и од тоа колку ваквите судски постапки можат да предизвикаат самоцензура, а со тоа да се ускрати правото на граѓаните да бидат свесни за евентуални злоупотреби во институциите. Од друга страна, новинарите кога објавуваат сензитивни информации кои ги базираат на документи кои се класифицирани, потребно е да покажат висок степен на професионализам, односно на почитување на професионалните новинарски стандарди, како и на доследно почитување на Етичкиот кодекс на новинари, стои во соопштението на ЗНМ и ССНМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-ojo-da-go-preispita-sluchajot-so-zlatev/feed/ 0