служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 21:14:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инспекторатот во служба на авторитаризмот: Сите видоа прекршување на законите од двајцата пратеници, но не и Државниот инспекторат за труд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/#respond Wed, 21 Apr 2021 21:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=500600

Власта повторно им даде до знаење на граѓаните дека во земјава, законите не важат подеднакво за сите, односно дека тие се над нив. Со други зборови со својот однос и носењето на двајца пратеници позитивни на корона вирус покажа дека сите закони, донесени мерки и протоколи кои важат за сите за време на пандемијата не важат за власта. Сите видоа прекршување на законите и протоколите за изолација на пратениците од владејачкото мнозинство Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, но не и власта, ниту пак Инспекторатот. Државниот инспекторат за труд по извршениот надзор вчера во Собранието не констатираше никакви неправилности и оцени дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени. Тие го убедуваат народот дека тоа што го виделе, всушности и него виделе, бидејќи инспекторатот не го виде очигледното и тоа што им беше пред очите. Двајца пратеници позитивни на корона вирус, ги прекршија мерките за изолација и си се прошетаа до Собрание. Без око да им трепне ја прекршија изолацијата и Законот за заштита на населението од заразни болести и дури не убедуваат дека тоа е правилно и исправно. Неверојатно е како власта смета дека е исправно да се загрозат животите на граѓаните, на пратениците и вработените во Собрание, а уште поневеројатно е немањето чувство на срам и немањето одговорност во целиот настан. Да биде ситуацијата полоша, нивната ароганција оди до тој степен што тие дрско се расправаат со секој што ќе им воочи дека таквата постапка не беше исправна. Да прекрши изолација било кој друг ќе добие казна. Но, не и овие двајца пратеници, не и тие што им дозволиле да се појават на работа. Ужасот е уште поголем ако знаеме дека пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска ангажирала амбулантно возило како да е такси превоз. Сите знаеме дека во овој период дека амбулантите возила се најпотребни, но тоа не го знае пратеничката Бисера, а ни нејзината партија СДСМ. И колку да сакаат да манипулираат дека нејзиниот глас бил неопходен за плати и гласање на петтиот пакет на мерки, тоа не е точно. За пакетот на мерки гласаа 113 други пратеници, а нејзиното присуство беше заради другата собраниска седница од која власта не сакаше да се откаже иако во овој момент не беше толку приоритетна. Токму поради тоа овој чин, не само што беше покажување на мускули од страна на власта, туку и невиден преседан се покажува дека не сме сите еднакви пред законите и дека не живееме во демократско општество, туку во некоја форма на авторитаризам. За крај има една работа која ја забораваат а тоа е дек тие двајца се пратеници, народни претставници кои треба да даваат пример. А примерот кој го дадоа на сите останати граѓани е дека отсега секој може да ја прекрши изолацијата доколку облече скафандер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/feed/ 0
Кривична пријава за несовесно работење во службата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/#respond Mon, 23 Nov 2020 12:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=433213

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Т.А (49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата". Пријавениот, во текот на 2014 година, во својство на службено лице, вработен во Агенција за катастар на недвижности (АКН), постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на физичко лице М.Ц.од Скопје, која побаралa од АКН да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост за КО Оризари, постапил несовесно при извршување на својата службена должност. Имено, иако требало, тој не ја земал предвид потребната скица, како дел од службена документација за парцелата - предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата , која била предмет на пријавата за усогласување на површина, при што изготвил службен наод со невистинити податоци. На тој начин Т.А. овозможил на лицето, подносител на пријавата, без правен основ да се стекне со имотна корист - земјиште, со површина од 393м2 (вредност од 1.965.000 ден.) и истовремено од друга страна, за истиот износ му нанел значителна материјална штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/feed/ 0
Нотр Дам повторно во функција со служба за Велики петок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-povtorno-vo-funkcija-so-sluzba-za-veliki-petok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-povtorno-vo-funkcija-so-sluzba-za-veliki-petok/#respond Fri, 10 Apr 2020 11:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=330183

Во Катедралата Нотр Дам, која пред една година беше оштетена во пожар, парискиот надбискуп Мишел Упети ќе ја предводи службата по повод Велики петок според грегоријанскиот календар. За време на церемонијата, планирани се молитви, читање религиозни текстови и музика, но без поголемо присуство на верници. Службата, на која ќе учествуваат само мал број луѓе, бидејќи катедралата е затворена за јавност, ќе биде пренесувана во живо. Во пожарот што се случи на 15 април минатата година целосно беше урнат кровот на катедралата. Француската престолнина е во карантин поради коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-povtorno-vo-funkcija-so-sluzba-za-veliki-petok/feed/ 0